Ракометарите на ГРК Охрид стигнаа до првата победа во новата сезона од домашниот шампионат откако денеска на домашен терен во „езерското дерби“ како дел од 2. коло од Суперлигата славеа над Струга со убедливи 40-16. Домаќините ги разрешија сите дилеми околу победникот уште во првото полувреме кое го добија со убедливи 24-7. Во вториот дел охриѓани само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 40-16. Ристески и Цирар со по ...

Второто коло од Супер лигата ја донесе езерската пресметка во „Билјанини извори“ каде ГРК Охрид убедливо ја совлада РК Струга со 40:16. Разликата во квалитет помеѓу двете екипи беше очигледна, за што говори и резултатот во натпреварот кој секогаш го носи епитетот Езерско дерби. И додека на трибинати се одвиваше вистински дуел помеѓу навивачките групи „Рибари“ и „Паткари“, на теренот доминираше една екипа. Охрид почна силно и по 10 минути игра ...