Лицата со респираторни заболувања, мали деца, стари лица и бремени жени се советуваат да избегнуваат активности на отворено. Кога е неопходно движење на отворено во области кои се во непосредна близина на опожарени места, да се користат соодветни маски. Ова се дел од препораките од Институтот за јавно здравје во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани во случаи кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и ...

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, во случаи кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи, на населението му се препорачува: – Во подрачја каде постои ризик од загаден воздух, да се остане внатре и да се затворат прозорците и вратите, особено во подрачјата на непосредна близина на места каде има активни пожари како и подрачјата кон кои ...