Додека светот сè повеќе со нетрпение ја очекува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за евентуален воен напад врз Иран, тензиите на Блискиот Исток влегуваат во нова, поопасна фаза. Иран и неговите сојузници велат дека се подготвени за најлошите сценарија, додека Вашингтон и Тел Авив демонстрираат воена подготвеност и координација, оставајќи впечаток дека одлуката за војна зависи од еден потег од Белата куќа, пишуваат светските ...
Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ и придружните воени бродови пристигнаа на Блискиот Исток, изјавија за Ројтерс двајца американски функционери, отворајќи ја можноста за потенцијална воена акција против Иран. Носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ и неколку разорувачи со наведувани ракети пристигнаа во регионот на Блискиот Исток, кој е под Централната команда на американската војска. Американскиот претседател, Трамп, ...

