Фудбалските клубови Вардар и Црвена Ѕвезда утре од 20 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе одиграат пријателски хуманитарен натпревар во чест на трагично загинатите во пожарот во Кочани, а на средбата потврдено е присуство на многу легенди и ветерани на српскиот гигант и некогашен европски и светски првак. Ѕвезда потврди дека дел од хуманитарниот натпревар во Скопје ќе бидат легендарните фудбалери како Станислав Караси, Владимир ...

Осумдесеттина ученици од Охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ во придружба на професори присуствуваа на хуманитарниот фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда што се одигра синоќа на арената „Тодор Проески“ во Скопје по повод катастрофалниот пожар во Кочани во кој смртно настрадаа 62 лица, а околу 200 беа повредени, од кои дел тешко. Заедно со актерите на мечот тие им оддадоа почит на загинатите во најголемата трагедија во ...

Во паузата меѓу двете полувремиња од хуманитарниот натпревар меѓу Вардар и Црвена Звезда, легендите на двата клуба ги поздравија присутните на трибините на арената Тодор Проески. Со овации беа поздравени легендите кои во минатото го носеле “црвено-црниот” дрес. Легендите беа предводени од Кочо Димитровски, а на теренот се појавија Стојмир Урошевиќ, Вујадин Станојковиќ, Ванчо Балевски, Ѓоре Јовановски, Бобан Бабунски, Зоран Бошковски, Никола ...

Пред повеќе од 15 000 гледачи вечерва на арената Тоше Проески во Скопје најтрофеjните фудбалски клубови во Македонија и Србија, Вардар и Црвена Ѕвезда одиграа хуманитарен меч во чест и спомен на трагично загинатите млади луѓе во пожарот во Кочани. Гостинот од Белград го доби овој фудбалски дуел на големи пријатели со 3-1 во натпревар во која резултатот беше во втор план. Натпреварот во Скопје беше емотивен за сите присутни на нашиот најголем ...

Јосип Бартон, долгогодишниот македонски судија, а сегашен претседател на Комисијата за делегирање на судии при ФФМ, доби подарок на мечот меѓу Вардар и Црвена Звезда. Бартон беше на терен во првите 15 минути, а потоа играта застана затоа што за него ова беше официјално заминување во пензија. Доби подароци од генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски. На негово место на теренот влезе Игор Стојчевски, кој ја презеде улогата на главен судија. ...

Во пресрет на вечерашниот хуманитарен натпревар меѓу Вардар и Црвена Звезда на арената „Тодор Проески“ во Скопје во спомен на настраданите во трагедијата во Кочани, кој носи пред се поддршка за семејствата на сите жртви од ужасот кој ја потресе Македонија и регионот, нескриени се сеќавањата и за голем број вардарови бисерни натпревари од минатото кои ги прославиле црвено-црните бои. Вардар и претходно зад себе има бројни хумани мисии. Една од ...

Шампионот на Србија, тимот на Црвена Звезда од Белград, туку што пристигна во Скопје. „Црвено – белите“ вечерва гостуваат на Арената Тодор Проески во Скопје, каде што пред полн стадион ќе го одиграат хуманитарниот дуел против тимот на Вардар. Еден од најдобрите клубови во овој дел од Европа со задоволство ја прифати поканата за овој меч во име на хуманоста и помошта за настраданите во трагедијата во Кочани. Се е подготвено за вечерашниот меч, ...

Точно еден месец од ужасната трагедија која ја потресе Македонија. И се уште нема зборови, се уште силна тишина, тага и болка, која денеска ќе биде поделена и меѓу двата пријателски клубови уште од поранешна Југославија, но во исто време и секогаш лути ривали, нашиот најтрофеен фудбалски клуб Вардар и поранешниот европски шампион Црвена Звезда. Многу гости од соседна Србија заедно со, сигурно, повеќе од 25.000 љубители на фудбалот вечерва на ...

Утре голем фудбалски спектакл на „Тодор Проески“ во чест на Кочани Вардар и Црвена Звезда утре во Скопје. Националната арена „Тодор Проески“ од 20:00 часот ќе биде домаќин на хуманитарниот натпревар. Тој е организиран во чест на настраданите семејства од трагичната несреќа во Кочани. Целиот приход од натпреварот ќе биде дониран за поддршка на семејствата на загинатите. Посебен сообраќаен режим – СВР Скопје со важна најава Секторот за внатрешни ...