Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ синоќа по вторпат беше затворен повеќе од час и половина поради забележан нов дрон, само неполн час откако водушниот сообраќај од и кон него беше возобновен по речиси едночасовен прекин, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис на холандски јазик ВРТ. „Зевентем“ првично беше затворен за сообраќај нешто пред 20 часот откако во воздушниот простор над аеродромот беа забележани три дрона. По нешто повеќе ...
Белгискиот премиер Барт де Вевер за утре закажа вонредна седница на Советот за национална безбедност на Белгија, на која главна тема ќе бидат зачестените инциденти со појавата на дронови над аеродроми и воени бази во земјата. Седницата е закажана на предлог на министерот за внатрешни работи Бернар Квинтан, кој синоќа по временото затворање на аеродромите во Брисел и Лиеж поради забележани дронови во нивниот воздушен простор, побара од премиерот ...

