Полицијата во Абу Даби денеска соопшти дека уапсила 109 лица за снимање и ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток. Полицијата го објави соопштението на социјалната мрежа „Икс“ откако земјите од Заливот ги зајакнаа контролите на местата поврзани со иранските напади. Приведените се од различни националности, наведува полицијата. МИА Полицијата во Абу Даби денеска соопшти дека уапсила 109 лица за снимање и ширење лажни информации ...

Откако САД и Израел започнаа напади минатиот месец, Иран возврати со напади врз сојузниците на САД низ Саудиска Арабија, Катар, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и други. Од нив, Катар, наводно, изгубил околу 20 милијарди долари годишен приход откако иранските напади го оневозможија извозниот капацитет на земјата за течен природен гас, а милијардерот и поранешен катарски премиер Хамад бин Јасим бин Џабер Ал Тани предупреди дека иранските ...