Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на територијата на град Скопје почна широка и координирана пролетна акција за генерално чистење, со цел унапредување на јавната хигиена и заштита на животната средина. Акцијата започна во општината Кисела Вода, а во неа се вклучени екипи од повеќе јавни претпријатија. Од Комунална хигиена интензивно ги чистат улиците и го отстрануваат отпадот, вклучително и неправилно ...
Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, во обраќање до јавноста оцени дека изборот на нов јавен обвинител не е само кадровско прашање, туку клучен тест за тоа дали државата конечно ќе обезбеди вистинска правда или ќе продолжи практиката на селективност. Таа посочи дека со години се води иста дебата за правосудството, без суштински промени, и ја критикуваше постапката во која прво се избира обвинител, а потоа се менуваат законските решенија. ...
Една фотографија од комеморацијата за жртвите од ПУЛС во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани отвора прашање што е потешко од секој протоколарен говор и од секоја свечена порака за сеќавање. Ако ознаката на ПП апаратот на таа фотографија навистина покажува дека последниот сервис бил извршен на 6 септември 2023 година, тогаш во салата во која државата, локалната власт, семејствата и граѓаните се собраа да им оддадат почит на 63-те жртви ...
Додека Македонија се соочува со економска неизвесност, СДСМ наместо кон граѓаните, повторно е свртена кон себе. Наместо јасна опозициска стратегија, партијата тоне во внатрешни пресметки и меѓусебни обвинувања. Судирот меѓу Петре Шилегов и Венко Филипче, со обвинувања кој повеќе „одработува” за ВМРО-ДПМНЕ, е само последниот доказ за длабоката криза. Наместо навремени и соодветни политики во корист на Македонија, јавноста добива сдсмовски ...
На почетокот на денешната седница беше прифатена измена во еден член од законот за изградба на коридорите по предлог на Владата, кој ќе се носи по скратена постапка. Покрај Владата од Буџет, отсега и Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги дава средствата кои се неопходни за изградба на коридорите 8 и 10 односно за делниците Тетово- Гостивар- Букој- чани, проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан и делница од автопатот Прилеп ...
На 17 март 2026 година во 17:15 часот на Граничниот премин Јажинце, полициски службеници го лишиле од слобода А.Т. (41) од селото Горно Седларце, општина Боговиње. — реклама — При гранична и пасошка контрола било утврдено дека патничкото возило „шкода октавија“, кое го управувал, било барано по Интерпол Австрија. Возилото е одземено, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. — реклама — На 17 март 2026 година во 17:15 ...
Во текот на 17 март 2026 година на подрачјето на СВР Тетово била спроведена засилена контрола на возила и возачи. — реклама — При контролата биле санкционирани вкупно 18 возачи за непрописно паркирање, од кои 14 во Тетово и 4 во Гостивар, додека 12 возила во Тетово биле подигнати со специјално возило „пајак“. Дополнително, биле евидентирани и 67 други видови сообраќајни прекршоци, од кои 43 во Тетово и 24 во Гостивар. — реклама — Во текот на ...
Втор ден по ред, инфантилната кујна на Бихаќка очигледно претерува со иљачот на Шмрчко и тера еден од најступидните наративи во историјата на македонската политичка сцена. Да не се лажеме и пошироко. Очекуваниот ефект никому не е јасен, освен ако можеби се работи за некаков полтикантски мазохизам и само-желба да служат за потсмев и заебанција, но новата мантра на пи-ар ајваните од СДС е дека, замислете – СДС се договориле ВМРО-ДПМНЕ да ...
Откако вчера двете завојувани страни во СДС (Шилегов и Филипче) преку меѓусебните обвинувања и’ открија на јавноста дека сите на Бихаќка одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ, денеска во уплав од новиот Државен јавен обвинител чија прва работа треба да биде справувањето со високата корупција и скриените предмети за Венко и Зоран во фиоките, кај дечките од Бихаќка се јави Фројд, пишува Курир. Навистина се јави, та поведени од Фројдовиот комплекс, ...
Пратеникот Малиша Станковиќ од Социјалистичка партија на Македонија изјави дека ќе го поддржат изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител, но упати и остри критики кон досегашното раководство на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Станковиќ оцени дека Савески презема „многу тешка и храбра задача“, бидејќи институцијата, според него, има исклучително ниска доверба кај граѓаните. „Обвинителството има само околу 2 ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска информираше дека денес извршила увид во градежните активности во населбата Пинтија, каде целосната реконструкција на објектот на месната заедница влегува во својата завршна фаза. Објектот, кој подолг период беше во лоша состојба, наскоро ќе го добие својот нов, современ лик, вели градоначалничката во објава на Фејсбук. „Месната заедница е првата и најважна алка помеѓу ...
Градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски изврши увид на градежните активности кои се одвиваат во населеното место Долно Дупени каде се гради канализациона мрежа со пречистителна станица во селото. Од Општина Ресен информираат дека станува збор за регионален проект за третирање на атмосферските води, односно изведба на канализациони системи за да се зачува биолошката разновидност околу Преспанското Езеро. -Реализацијата на овој проект ...
Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, во Собранието оцени дека изборот на нов државен јавен обвинител не треба да се сведува само на личноста на кандидатот, туку на контекстот и системот во кој тој ќе функционира. Таа кажа дека СДСМ нема да гласа „против“ изборот на предлогот. „СДСМ јасно порачува дека Савески е партиски обвинител на ВМРО-ДПМНЕ. Во мандатот влегува без поддршка на опозицијата. Секое сомнително постапување ќе се смета за ...
Само во последните две недели, граѓаните платиле над 10 милиони евра повеќе за нафтени деривати, тврди Имране Велиу Алиу од ДУИ, која денеска изнесе податоци и анализа во врска со, како што рече, неинтервенирањето на Владата пред драматичниот раст на цените на нафтените деривати. „Врз основа на годишната, месечната и дневната потрошувачка во Северна Македонија, произлегува дека потрошувачката на нафтени деривати за транспорт изнесува околу ...
На Македонија очајно ѝ е потребна правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем, рече вицепремиерот Александар Николоски на собраниската седница на која се избира државен јавен обвинител. Во име на Владата, предложен е Ненад Савески, за кој вицепремиерот Николоски истакна дека е професионалец, докажан во својата работа и, ...
Прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година, според главните индустриски групи, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.5 %, Капитални производи за 9.5 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.4 %, соопшти ДЗС. Прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, бележи ...
Општинската организација на Црвен крст Битола во соработка со Муфтиство на ИВЗ – Битола и муфтијата Хаџи Ефенди Амид Расими, по повод верскиот празник Рамазан Бајрам и 17 март – Ден на основање на Црвениот крст на Македонија, додели донација хуманитарна помош која ќе биде поделена на социјално-загрозени семејства од исламска вероисповед. Општинската организација на Црвен крст Битола, по повод Денот на основањето на Црвениот крст, во соработка ...
Поради планирани технички интервенции во електроенергетската мрежа, неколку локации во општина Карпош денеска, 18.03.2026 година, ќе останат без напојување со електрична енергија. Како што информираат од надлежните служби, прекинот ќе трае од 08:30 до 14:00 часот. Без струја ќе бидат корисниците од следните локации: Дел од улицата „Скупи“ (во близина на кружниот тек, кај „Стоп енд Го“ и „Мултибренд“). Улицата „Калош Дани“. Поради планирани ...
На 17.03.2026 во 11:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.У.(52) од Валандово. Тој се сомничи дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот од дворно место сопственост на Ј.К.(70) од село Прдејци, гевгелиско, го одзел неговото патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки. По преземени мерки, возилото е запрено во Гевгелија и по преземени мерки е констатирано дека го управува без ...
Во сабота ќе се одиграат натперварите од 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а од коло во коло борбата за горниот дел од табелата станува неизвесна, атрактивна и доста возбудлива, бидејќи секој „кикс“ може многу работи да промени. Тимот на Осогово прикажува одлични резултати во пролетниот дел има четири победи и еден пораз од Скопје во Автокоманда, но ваквите резултати на „жетварите“ добиваат на тежина бидејќи веќе се израмнија на ...
Уште еден аспект во насока на енергетската стабилност, растот и развојот на Македонија од областа на енергетиката Во време на енергетска нестабилност, ценовни шокови и засилени климатски предизвици, прашањето за енергетската иднина на Македонија се инкорпорира во најсуштинските прашања на една долгорочна национална стратегија. Во таа равенка, хидроенергијата не е само уште еден обновлив извор туку таа е еден од столбовите на енергетската ...
Мартовската „илјадарка“ за пензионерите доаѓа во момент кога секој дополнителен денар е важен, но и во време кога растот на цените одамна престана да биде краткотраен притисок и стана дел од секојдневието. На хартија, зголемувањето изгледа како конкретна помош. Во пракса, пак, тоа е сума што може привремено да го ублажи ударот, но тешко дека може суштински да ја врати куповната моќ на повозрасните граѓани. Власта најави линеарно зголемување ...
На 17.03.2026 во 12:26 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Сремски Фронт“ во Штип, патничко возило „шкода октавија“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(63) од Штип, удрило во пешакот М.С.(62) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. На 17.03.2026 во 12:26 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Сремски Фронт“ ...
СДС и ССМ се повеќе ја губат и онаа мала поддршка од граѓаните, обидите за манипулација на работниците не им поминуваат. Наместо на протестот да бидат вистинските работници, протестот на ССМ беше предводен од раководствата на локалните ограноци на СДС, кои со партиски маички беа во првите редови, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Автобусите во организација на лица од СДС, кои патуваа празни за Скопје се доказ дека протестот ...
Началник на СВР Штип и на ОВР Кочани, главен инспектор за прекуграничен криминал, инспектори за дрога и оружје и за општ криминал, сменоводители, водич на реон во Кочани… Oва се профилите на полицајците кои треба да седнат на обвинителна клупа на први април, кога почнува судењето за полициското непостапување во кочанската дискотека „Пулс“. Обвинението кое БИРН го доби од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, ја лоцира ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска сподели дека тимот на ученици на ООУ „Дане Крапчев“ постигнал извонреден и историски успех, освојувајќи го првото место на Државниот натпревар „FIRST LEGO League 2026“, натпревар кој ги обединува најдобрите млади умови во областа на роботика, програмирање, наука, технологија, инженерство и математика. „Со својата креативност, знаење и тимска работа, овие ученици покажаа дека кога ...
Стојанче Јовановски на 30 март ќе седне на обвинителна клупа за неколку кривични дела поврзани со смртта на неговата сопруга Ивана и ќерка Катја. На Јовановски ќе му се суди за нанесување телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство. Тој седум години физички и псхички ја малтретирал неговата сопруга, при што, според обвинението, ја довело ...
Откако претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, со поддршка на група пратеници, ги поднесе измените и дополнувањата на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, денеска Собранието го одби ваквиот предлог. Од 94 регистрирани пратеници, само 27 гласаа „За“ и немаше „против“ или „воздржани“. И лани во април, Зајкова го поднесе истиот предлог-закон кој тогаш исто ...
Екипи на секторот за инспекциски работи на Општина Гази Баба утрово урнаа дивоградба во населбата Керамидница, изградена на државно земјиште. Акцијата беше спроведена со присуство на надлежните служби, со цел да се заштити јавниот интерес и да се воспостави урбан ред. Градоначалникот Бобан Стефковски порача дека институциите нема да прават компромиси кога станува збор за бесправното градење. – Урната е уште една дивоградба и испраќаме јасна ...
Во пресрет на почетокот на пролетта, учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ со насмевки, рецитали, ритмички точки и детска игра ја најавија новата сезона во Општина Бутел. Настанот помина во ведра атмосфера, а најмладите преку својата креативност и енергија испратија порака за убавината на пролетта, природата и значењето на уредената животна средина. Со ова симболично одбележување беше означен и почетокот на новите активности насочени кон ...