Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Поради слабости во системските контроли и службената размена/преземање на податоци по службена должност за 2024 година, државните ревизори откриле дека 235 корисници неосновано стекнале, односно користеле права од социјална заштита и пензија, во висина од 14,5 милиони денари, пишува во ревизорскиот извештај „Исплата на права на парична помош од социјална заштита“ кај Министерството за социјална политика, демографија и млади. Како што се ...
Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 11 јуни 2026 г. на МРТ 1 Во новото издание објавуваме: – три крупни одлуки кои парламентот сè уште не ги донел – законот за јавното обвинителство, изборот на Мери Дика за уставна судијка и законот за високо образование; – разликата меѓу парите што македонските граѓани ги платиле за нови лични документи во периодот 2021-2025 г. (73 милиони евра) и парите што МВР и ...
НУ Музеј на македонската борба за самостојност во соработка со Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија, на 15 јуни 2026 година во 17.00 часот во Порта Македонија во Скопје, организира предавање и изложба посветени на историските случувања на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна. Координатор на настанот е м-р Даниела Николова. Во рамките на програмата, историчарот проф. Фабио Котифава ќе одржи предавање на тема ...
Проблемот со бездомните кучиња по скопските улици е сѐ поактуелен кај граѓаните, кои постојано бараат итно решавање на глутниците, Градот исплаќа енормни суми за каснатите граѓани, а во сета оваа мисија централна улога има претпријатието „Лајка“, кое заедно со своите стационари и дополнителни простории е сместено покрај кејот во Гази Баба. Стотици кучиња чекаат да бидат вдомени „Слободен печат“ беше во посета на објектот, каде што уште на ...
Општина Ѓорче Петров започна со спроведување на дератизација и дезинсекција на повеќе локации низ општината, како дел од редовните активности за заштита на јавното здравје и подобрување на хигиенските услови. Од локалната самоуправа информираат дека мерките се преземаат со цел превенција од појава и ширење на штетници, намалување на ризиците по здравјето на граѓаните и обезбедување почиста и побезбедна животна средина. — реклама — ...
Премиерот вчера даде совршен одговор и конкретен. Ставовите што ги имаме како Влада сме ги кажале многу пати. Преминување преку црвените линии нема да има, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во врска со изјавата на евроамбасадорот Михалис Рокас, дека нон-пејперот не ги исклучува уставните измени за почеток на преговорите. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето Меморандум за соработка со Амбасадата на ...
Опозициската СДСМ порачува дека нема да биде алиби на власта за распишување предвремени парламентарни избори. Обвини дека најавите за избори се обид да се прикријат економските проблеми и закочениот процес на евроинтеграции. Од ВМРО - ДПМНЕ велат со став, единствено на Филипче и Бугарија им одговараат уставни измени. Анита Димитријевска Велковска ги следи партиските прес-конференции и ставови. Опозициската СДСМ порачува дека нема да биде ...
На 11.06.2026 во периодот од 21.30 до 21:40 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Деве Баир ги лишиле од слобода Х.Х.(47) и М.Д.(47), двајцата од Република Турција. При извршени пасошки контроли и гранични проверки било констатирано дека Х.Х. кој допатувал со товарно возило „ман“ со полуприколка со турски национални ознаки и М.Д. кој допатувал со товарно возило ...
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Батинци, скопско, бил нарушен јавниот ред со физичка пресметка помеѓу повеќе лица. Како што се наведува во полицискиот билтен, во пресметаката учествувале Б.Д.(38) и В.Д.(30), од една страна и С.М.(27), Д.М.(33), Д.М.(38) и С.М.(44), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје било ...
Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) и Дебарско-кичевската епархија испраќаат покана до верниците за заедничко молитвено торжество по повод празникот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски, нашиот духовен застапник, чиј спомен торжествено се празнува секоја година. По тој повод, во недела, на 14 јуни 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во манастирот посветен на светиот ...
„На 11.06.2026 во 10:00 часот во СВР Велес било пријавено дека во домот во Велес била пронајдена почината П.С.(84) од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес. Дијана Иванова Сподели: Поврзано: „На 11.06.2026 во ...
На местото на поранешната планинарска куќа „Ловечка“ на Пелистер која изгоре во ноември 2021, ќе се изгради мултифункционален објект за рана детекција на пожари, мониторинг на видови и планинарско катче. Минстерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа на Пелистер најави дека годинава планираат дополнителна поддршка за Националниот паркСЗ. „Ќе инвестираме во современ објект за зајакнување на капацитетите за рана детекција и ...
Малолетник вчера нападнал и ограбил млада Германка во центарот на Скопје. - На 11.06.2025 во 05:50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 14-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал Ц.Л.(27) од Германија и ѝ го одзел мобилниот телефон, информираа од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Малолетник вчера нападнал ...
Општинското комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ ги информира жителите на Црешово, Смилковци, Виниче, Раштак и Булачани дека поради зголемена и нерационална потрошувачка на вода за пиење, во водоводната мрежа е забележано драстично намалување на притисокот. Оттаму апелираат до сите корисници водата да ја користат исклучиво за основните потреби на домаќинствата и рационално да располагаат со овој значаен ресурс. Екипите на ЈКП „Гази Баба ...
Коцкањето претставува сериозен здравствен ризик, а најефективната терапија за зависноста е превенцијата, порача министерот за здравство Азир Алиу во видео-обраќање, давајќи поддршка за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, кој веќе помина во прво читање во Собранието. Алиу истакна дека коцкањето не смее да се третира како забава кога преминува во зависност што има последици врз поединецот и семејството. Не може да зборуваме за ...
Дефектот на трафостаница кај бунарите во Пепелиште причина е за прекинот на водоснабдувањето на населените места Пепелиште и Криволак заедно со полигонот на АРМ кои се снабдуваат со вода од истиот водоснабдителен систем. Од ЈП „Комуналец“ Неготино соопштија дека екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот. Штом го отстранат ќе се нормализира водоснабдувањето за сите потрошувачи на вода за пиење во овој дел на општината како и ...
Според партијата, повод за реакцијата се јавно објавените резултати од конкурсот, при што финансиска поддршка добиле 36 проекти на здруженија и фондации, но ниту еден проект од организации кои дејствуваат во интерес на турската заедница не бил избран за финансирање. ТХП оценува дека ваквиот исход отвора сериозни сомнежи за транспарентноста и правичноста на процесот, поради што бара од надлежните институции да утврдат дали распределбата е ...
Добивај вести на Viber Вработените во Јавнообвинителската служба при сите Обвинителства испрати остра реакција до медиумите во врска со Предлог законот за јавнообвинителска слуќба. - Вработените во јавнообвинителската служба предупредуваат дека Предлог-законот за јавнообвинителска служба, во сегашната форма, не претставува реформски исчекор, туку пропуштена можност за спроведување на неопходните промени во јавнообвинителскиот систем. Особено ...
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција упати сериозни критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека нагло го променил ставот и сега брза кон брзи предвремени избори. Од опозициската партија порачаа дека Мицкоски со месеци тврдел дека избори нема да има, но сега најавува дека тие ќе се случат „многу скоро“, со што, според нив, уште еднаш докажал дека неговиот збор не вреди ...
Денеска пристигна тажна вест, на 80 години почина Светислав Димовски – Срцка, човекот кој долги години беше пирум сите спортски терени во Македонија. Веќе со децении, без оглед дали се игра ракомет или кошарка, дали настапува Македонија, Работнички или МЗТ, ниту еден настан во Скопје не помина без него. Во својата кариера има над 10.000 мечеви во било кој спорт. Тој беше душата на спортската сала, задолжен да биде се како што треба. Погребот ...
„Ова е ден кога им оддаваме признание на генерациите питомци кои своето образование го минале токму тука, на офицерите и професорите кои со својата работа, знаење и посветеност ја граделе и ја унапредувале Воената академија како еден од најзначајните столбови на македонскиот одбранбен систем” рече министерот Владо Мисајловски, денеска, (12 јуни) на свеченоста по повод одбележување на Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” ...
Филипче ветуваше нов Клинички центар, а остави руинирано здравство и сомнежи за корупција. Венко Филипче со години ги лажеше граѓаните со ветувања за нов Клинички центар, додека македонското здравство тонеше во хаос, скандали и негрижа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Додека Филипче ветуваше модерен здравствен комплекс, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем. Наместо инвестиции во здравството, со СДС ...
По разузнавачка царинска информација, Царинската управа спречи обид за неовластен промет со дрога којашто државјанин на САД се обидел нелегално да ја внесе во државава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а коишто пристигнале во ЦИ Пошти од Франција. По пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршија контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана сомнителна содржина. Повикан е мобилен ...
Зголемувањето на пензиите за 50 отсто во текот на еден четиригодишен мандат е технички и економски остварливо, оценуваат дел од пензионерите и експертите кои ја следат оваа област. Според нивните пресметки, ваквиот раст би значел просечно годишно зголемување од околу 10 отсто, што, како што велат, не е нереално во услови на повисока инфлација и зголемени трошоци за живот. Пензионерите посочуваат дека клучен предуслов за повисоки пензии е ...
Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охриѓанец Петар Гавриловски со својата виолина успеа да ги придобие симпатиите на жирито и освои втора награда на International youth music competitions, што се одржа неодамна во Атланта,САД. Тој го изведе делото „Melodia e Toccata” од познатиот охридски композитор професорот Гоце Гавриловски, а под менторство на професорката Марија Илиева од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип, каде е ученик во осмо ...
Охрид, 12. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Пред бројна публика, во прекрасниот амбиент на предворјето на црквата „Света Софија“, синоќа беше изведена комедијата „Очекувај го неочекуваното“ од страна на младите актери при Црвен крст Бар од Црна Гора. Претставата на духовит и сатиричен начин го обработува феноменот на „д-р Гугл“ – амбуланта во која пристигнуваат пациенти што самите си поставиле дијагнози врз основа на интернет пребарувања, убедени дека ...
Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министеротза транспорт на Турција. Средбата се оддржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум што ...
Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје денеска ќе се одржи деветото издание на завршната манифестација на Деветтиот фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2026“. Основната цел на Фестивалот е поттикнување на книжевното творештво за деца и поддршка на авторите кои создаваат поезија наменета за најмладите. На распишаниот конкурс од организаторот пристигнале поетски творби од околу 150 афирмирани и неафирмирани автори од Македонија и од ...
На зелените пазари велешани купеното го плаќаат со банкноти и монети. Во маркетите, кафулињата и трговските центри, каде пазарува воглавно помлада популација, сѐ почесто плаќањето се реализира со едно допирање на картичка или на мобилен телефон. „Парите во рака се најсигурни“, велат повозрасните велешани. Многумина сметаат дека кога парите ги имаат во паричникот точно знаат колку трошат и колку им останува. „Од банка, на шалтер, ја земам ...
Прометот во индустријата, вкупно, во април 2026 година во однос на април 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 %, Капитални производи за 12.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %. Прометот во индустријата, вкупно, во април 2026 година, во однос на март 2026 година, бележи ...