Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Евтин за пазарџиите беше денешниот петок на штипскиот пазар. Среде јуни, граѓаните велат дека со истите пари, како претходниот петок, купиле повеќе овошје и зеленчук од вообичаеното. Богатата понуда и пониските цени ги наполнија пазарот со купувачи уште од раните утрински часови. Најбарани беа сезонските производи, кои денеска се продаваа по попристапни цени. И купувачите и продавачите се надеваат дека ваквите цени ке останат и во наредниот ...
Најстроги казни за подметнувачите на пожар , бараат граѓаните на Штип. Револтирани по последните пожари над градот, велат дека поради нечија неодговорност во опасност можат да се најдат многу семејства, домови и природни богатства. Според нив, паричните казни не се доволни и не ги отргаат сторителите од вакви дела. Дали причината е финансиска корист или нешто друго, се прашуваат и самите, но порачуваат дека институциите мора да бидат ...
Изградбата на нов Клинички центар повторно стана тема на жестока политичка пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, откако двете партии разменија обвинувања за одговорноста за нереализирањето на овој капитален здравствен проект. Од СДСМ обвинија дека актуелниот премиер Христијан Мицкоски повторно дава ветувања за нов Клинички центар, иако, според нив, токму ВМРО-ДПМНЕ во минатото ја блокирало реализацијата на проектот. Од партијата потсетија дека во ...
Продолжуваат активностите за уредување и подобрување на јавните зелени површини во Скопје, информираат од Град Скопје. Во рамки на тековните активности, започнато е уредувањето на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во општина Карпош. „Во паркот се поставува нова урбана опрема, вклучувајќи клупи и корпи за отпадоци, а се врши и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани. Целта е да се подобрат условите за престој, ...
Дата центрите, најавени како двигател на дигиталната економија, отворија сериозни прашања за струјата, водата и улогата на државата во нивната изградба. Партиите ДОМ и Левица со низа забелешки предупредуваат дека измените на законите се туркаат без транспарентност, со можни последици врз струјата, водата и локалните заедници. Демократската обнова на Македонија (ДОМ) реагира на начинот на кој во Собранието помина првиот филтер за измените во ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека сите странски дигитални услуги можат да се вратат на рускиот пазар ако се придржуваат кон домашните закони. Во разговор за ТАСС, Песков рече дека „случајот Роблокс“ покажува дека на услугите може да им се дозволи враќање ако ги исполнуваат законските барања и безбедносните стандарди утврдени од руските регулатори. Според него, прашањето за потенцијалното враќање на платформи како што ...
Општина Велес ги известува граѓаните дека првото авионско третирање против комарци ќе го изврши во понеделник, 15 јуни, годинава, во раните утрински часови. Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ ...
– Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B настани и B2B средби, односно тоа што го отпочнавме во Унгарија и тоа што го продолживме во Австрија, потоа со хрватската бизнис заедница на билатералната средба во Охрид, го продолжуваме сега овде во Истанбул, изјави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Истанбул, Турција. – Нашата цел е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овдека во Истанбул, ...
Девет години нерешени прашања ја загрозуваат работата на такси-превозниците и безбедноста на патниците, соопшти Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје. Таксистите укажуваат на диви превозници, непријавени возачи и нерегуларности со таксиметрите. Дополнителен револт предизвикало одбивањето за издавање лиценци на возила постари од 2011 година. Според нив, ваквата мерка може да остави стотици возачи без работа. Од Владата бараат законски ...
Претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, изјави дека вчера во Собранието беше изгласана првата фаза од измените на Законот за игри на среќа, со што, како што рече, започнува вистинското институционално ограничување на игрите на среќа и нивно оддалечување од децата и училиштата. Меџити посочи дека очекува целосно да заврши постапката за усвојување на законот, со што, според него, ќе се реализира едно од најзначајните ветувања на ВЛЕН. „Со ...
„Парковите се белите дробови на градот. Таму децата растат, семејствата создаваат спомени, младите се дружат, а повозрасните наоѓаат мир, сенка и простор за одмор“. Со оваа порака градоначалинот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски објави дека е започнато уредувањето на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3, каде се поставува нова урбана опрема - клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани. - ...
Пожарот во близина на Штип е локализиран и ставен под контрола, а беа зафатени се неколку викендички. Според градоначалникот Иван Јорданов, огнот избувнал на околу еден километар од првиот пожар кој би ставен под контрола, што отвора сомнежи за можните причини за негово настанување, односно дека е подметнат. Во пожарот е повреден сопственик на викенд куќа, кој е во стабилна здравствена состојба. Во акцијата биле вклучени и воздушни сили, при ...
Комитетот за истрага на несреќи и сериозни инциденти во воздухопловството (КИНСИВ) и Министерството за внатрешни работи со меморандум за соработка денеска дефинираа рамка за размена на информации, техничка поддршка и оперативна координација, особено во случаи што бараат паралелно постапување – безбедносно истражување на местото на настанот и судско-истражни активности на надлежните органи. На тој начин, информира КИНСИВ, се осигурува дека ...
Ни денешниот трет обид да се одржи собранието на Лекарската комора, не помина успешно. Причината, повторно немање кворум. Дел од делегатите по неуспешното собрание во изјава за Курир велат дека извесен период се прават манипулации и се вршат притисоци за да се избегне одржувањето собрание на комората, иако роковите за негово одржување се пред истекување. Со неодржувањето на собранието и одлучувањето по клучни прашања не може да се почне ...
Демократската унија за интеграција изразува сериозна загриженост за начинот на кој Министерството за односи меѓу заедниците распределило 36 проекти во вкупна вредност од околу 18 милиони денари (приближно 300 илјади евра), наменети за промоција на меѓуетничките односи. Според објавените податоци, резултатите покажуваат длабоко неурамнотежена распределба и постапување спротивно на самата цел на програмата. Од 36-те финансирани проекти, ...
Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, амбасадорот на Република Франција во земјава, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, и министерот за правда Игор Филков денеска потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence). Меморандумот ја утврдува рамката и модалитетите за соработка ...
Македонија ќе добие стручна помош во делот на конзервација и заштита на културното наследство од Франција и за заштита на културното наследство во Охрид согласно препораките на УНЕСКО. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и францускиот амбасадор Кристоф ле Риголе денес потпишаа меморандум за соработка во област на културата и туризмот. Од нашата мрежа Германија: Масовен скок на банкротите кај компаниите, граѓаните спасот го… 9 минути ...
Основниот суд Велес соопшти дека, постапувајќи по обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Велес, донел пресуда со која Ѓоре Петровски од село Ореше, Општина Чашка, и Даниел Димески од Прилеп се огласени за виновни за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ поврзано со предизвикување пожар, со што целосно била опожарена куќа во село Нежилово. Како што информира Судот, по одржана главна, јавна и усна расправа на 5 јуни ...
„Република Клуб Ресторан“ подготвува настан што ќе понуди повеќе од обична вечерна забава. Од пладне па сè до доцните ноќни часови, посетителите ќе имаат можност да уживаат во музика, дружење и одлична атмосфера. Дневниот дел е бесплатен и започнува во 12:00 часот со DJ Marko, кој ќе се погрижи за позитивна енергија и добра музика во текот на целиот ден. Дополнително, ќе биде активна и специјалната промоција 5+1 за „Skopsko Smooth“ и ...
Во Основниот граѓански суд Скопје објавени се повеќе известувања за презакажани и одложени рочишта за кои странките дополнително ќе добијат нови термини. Од Судот информираат дека станува збор за одложувања на предмети на тројца судии, кои со одлука на Судскиот совет се времено делегирани во други судови. – Предметите на делегираните судии согласно опертивниот систем АКМИС по автоматска распределба веднаш се распределени кај судиите во ...
Шеесет и деветгодишниот сопственик на викендица во штипската викенд населба Кумлак е во добра и стабилна состојба информираат од Клиничка болница-Штип. Посочуваат дека е подобар, но поради изгорениците по екстремитетите и вдишаниот чад ќе остане под лекарски надзор. Тој при гаснењето на пожарот на кровот на неговата викендица се здобил со изгореници од втор степен на потколениците и левата рака. Според информациите од Дарко Коцев пожарникар ...
Газменд Алиу од „Вреди“ денеска на прес-конференција зборуваше за како што рече, сериозен проблем кој со години беше сокриван зад статистики и официјални извештаи, а во пракса директно му наштетувал на правото на Албанците за правична и соодветна застапеност во државните институции. Алиу посочи дека со години на граѓаните им се тврдело дека механизмот наречен Балансер обезбедува правична етничка застапеност во администрацијата. Меѓутоа, ...
Проектот за спортскиот базен во ООУ „Исмаил Ќемали“ е реализиран согласно договорот и законските прописи – обвинувањата се целосно неточни и тенденциозни Во интерес на точно и објективно информирање на јавноста, Општина Чаир информира дека проектот за изградба на затворен спортски базен во ООУ „Исмаил Ќемали“ е реализиран согласно договорните обврски и важечките законски прописи. Финансиските обврски поврзани со проектот се реализираат ...
Детските игралишта станаа собиралишта на тинејџери кои во вечерните часови не само што прават врева од која жителите не можат да спијат туку и зад себе оставаат неред, турнати канти за ѓубре, скршени клупи и лулашки, ама и празни шишиња од алкохол. Ваквото лошо поведение се очекува да ескалира, особено откако учениците се распуштија, па излегувањата ќе станат секојдневни. Последниот инцидент само ја дополнува сликата на несовесно и некултурно ...
Јавното претпријатие „Водовод“ – Куманово упати апел до граѓаните за рационална потрошувачка на вода од водоснабдителниот систем на градот. – Во услови на зголемена температура во летниот период, потрошувачката на вода значително се зголемува како резултат на нерационално и несовесно користење на водата од водоснабдителниот систем на градот. Поради ова и ваква потрошувачка, се јавува недостиг на вода и намален притисок во повисоките делови од ...
Подружницата на „Македонски пошти“ Куманово доби нови шест возила од дирекцијата. Генералниот дректор, Орхан Куртиши рече дека со примопредавање на новите возила се обновува возниот парк на поштенската подружница во Куманово. – Досега подружницата располагаше со четири возила, а сега се обезбедени уште шест нови, со цел подобрување на ефикасноста и квалитетот на поштенските услуги – изјави Куртиши. Од менаџментот посочија дека со оваа ...
За речиси пет минути со воз од Маџари до центарот на Скопје, наспроти многу подолго патување со автобус на истата релација, медиумите денеска направија практична споредбена тура низ главниот град во рамките на конференцијата Traffic for All – Skopje, организирана од „Го грин“. Турата почна со градски автобус на релација Карпош 4 – Маџари по трасата предвидена за идниот брз автобуски превоз (БРТ) по што учесниците се префрлија на воз од Маџари ...
Деветтоодделенците од денеска електронски се пријавуваат за упис во средно образование за учебната 2026/2027 година. Согласно конкурсот, пријавувањето се одвива преку порталот uslugi.gov.mk, со корисничките имиња на schools.mk, каде што учениците треба да ги прикачат скенирани или фотографирани документите за упис, односно свидетелствата од 6 до 9 одделение, додатоците на свидетелства како и извод од матична книга на родени. Како и изминатите ...
ВМРО-ДПМНЕ со соопштение остро реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ, оценувајќи дека Александар Наумоски е последниот што може да зборува за борба против корупцијата. Од владејачката партија потсетуваат дека Наумоски, поранешен градоначалник на Општина Ѓорче Петров и актуелен член на Извршниот одбор на СДСМ, уште на почетокот на својот мандат ја зголемил градоначалничката плата, а јавноста, како што наведуваат, го памети и по ...
Јас сум Даница, а ова е мојот став: Конечно имаме добра вест: Македонците раѓаат деца, но, единствениот мал проблем е што сè почесто тоа го прават во Германија. Вртејќи низ социјалните мрежи, ми излезе податок дека лани, во Германија се родени 1.620 македонски бебиња, наспроти 16.061 кои проплакале дома, кој отвора еден фасцинантен и помалку морничав парадокс на нашиот транзициски карактер. Лани во Германија се родени 1.620 македонски ...