Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Здружението „Проект среќа“ чиј основач е пејачката Кристина Арнаудова, на Фејсбук објави повик за донирање бебешка облека за возраст до 3 месеци, откако „Слободен печат“ вчера објави дека на Клиниката за гинекологија и акушерство бебето на мајката ѝ било дадено за првпат да го види – во бенкица со дупки. На „Фејсбук“ страницата на здружението пишува дека стапиле во контакт и со раководството на ГАК. -Стапивме во контакт со одговорните од ...
Просечен Македонец лани направил 417 килограми ѓубре, кое речиси целосно завршило на депониите. Тоа е помалку за речиси пет отсто (околу 20 килограми помалку) од претходната 2024 година и помалку од европскиот просек. Вкупно во државата биле создадени 755,7 илјади тони ѓубре, а на депониите завршиле речиси 640 илјади тони комунален отпад. Иако сме направиле помалку ѓубре, комуналните претпријатија собрале повеќе отколку во 2024 година. ...
Повод: Финалната декларација на НАТО од Анкара: „Рејунион“ на трансатлантскиот Сојуз-потврда на членот 5, ама и нова распределба на товарот меѓу Америка и Европа Кога пред само неколку месеци американскиот претседател Доналд Трамп отворено го доведуваше во прашање опстанокот на НАТО, заканувајќи се со можно американско повлекување од Алијансата и обвинувајќи ги европските сојузници дека живеат под американски безбедносен чадор без да ја ...
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во гостување на Канал 5 оцени дека пропаѓањето на новиот Изборен законик е последица на тоа што власта се обидува да наметне еднострани решенија, наместо да гради политички консензус околу суштинските изборни реформи. „Поразително е што Владата по две години мандат покажува дека не знае да комуницира со опозицијата, туку сака само да акумулира што повеќе моќ. Самото гласање за потребата од носење нов ...
Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги осудува сите обиди за одземање на правото на глас на Македонците кои живеат надвор од Македонија. Таквиот потег е неприфатлив и претставува израз на длабоко непочитување кон Македонците во дијаспората. Ние, Македонците надвор од Македонија, сакаме активно да учествуваме во градењето на слободна, демократска и просперитетна држава. Правото на глас ни припаѓа, пред сè, поради нашето потекло, грижата за ...
Во „Тема на денот“ на МРТ гостуваше организациониот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, кој говореше за активностите на институцијата насочени кон модернизација на возниот парк, намалување на злоупотребите на службените возила и регулирање на статусот на државниот имот. Осврнувајќи се на воведувањето на обоените регистарски таблички за службените возила, Томовски оцени дека мерката дала ...
Транспаренси Интернешнл-Македонија го објави најновото издание на месечниот мониторинг „Бистро-Матно“, во кое ги издвојува случаите поврзани со корупција и борбата против корупцијата во земјава за јуни 2026 година. Во категоријата „матни“ настани, организацијата ги посочува истрагата за проневера од околу три милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија, во која осомничени се двајца поранешни претседатели на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДС и Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, оценувајќи дека двете партии дејствуваат координирано и спротивно на интересите на државата. Од партијата тврдат дека предлог-законот ги содржи забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и предлозите што со месеци биле усогласувани во рамки на работната група со учество на политичките партии. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС се спротивставува на ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со мерките што директно им помагаат на граѓаните да инвестираат во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во „Службен весник“ е објавена Програмата за изменување на Програмата за поттикнување за снабдување со гас во домаќинствата за 2026 година, со која рокот за аплицирање за финансиска поддршка се продолжува до 31 октомври 2026 година. Со оваа одлука, ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“, за да се информира како се реализира проектот и какви придобивки носи услугата за повозрасните жители на општината. „Во моментот услугата ја користат 73 наши сограѓани, а вкупниот капацитет на проектот е за 90 лица, што значи дека има уште слободни места и ги повикувам сите ...
Второто авионско третирање против комарци, Општина Велес, ќе го изврши во петок, на 10 јули, во раните утрински часови. Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари. „Со третирањето ...
Охрид, 7. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Животот е прекраток за да се пие лошо вино, порачуваат од винаријата „Поетика“ од Кавадарци, од каде по охридската промоција на нивните врвни вина, Ви ги презентираат и локациите каде можете да ги пробате и купите. – Дисконтот за пијалоци „Алпојо“ е локален партнер на „Поетика“ во Охрид и место каде можете да ги купите нашите вина. Станува збор за компанија со сериозна традиција, која работи уште од далечната ...
Охрид, 7. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска е 7 јули, денот кој во светот се одбележува како Светски ден на чоколадото. Според Календарот на светски денови, девет од десет луѓе сакаат чоколада, додека околу 1 милијарда луѓе јадат чоколадо секој ден. Чоколадото се добива од семето на тропското дрво Теоброма (Theobroma cacao). Какаото се одгледува најмалку три милениуми и расте во Мексико, Централна Америка и Јужна Америка. Најраната позната ...
Стомачните вируси кои активно заразуваат периодов можеби и не можеме да ги спречиме, но може да се заштитиме од труењата со храна, кои, исто така, се ризик што ни го носи топлото време и летото. Затруени со расипана или неправилно чувана и третирана храна, се редовни пациенти на инфектолозите, особено на лето. За да се спасиме од мачните симптоми на труење, лекови, инфузии или лежење во болница тие советуваат да бидеме повнимателни, а доколку ...
Општина Карпош продолжува со обновување на детските игралишта и урбаната опрема на своја територија. Во рамки на тековниот проект за санација и реконструкција, заменети се старите и оштетени реквизити на уште две локации наменети за најмладите жители. На игралиштето на улицата „Никола Парапунов“ поставени се нови лулашки, обновени се клупите и санирана е останатата урбана опрема, со што просторот е уреден за побезбедно користење. ...
Охрид, 7. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – 11 капалишта на охридското крајбрежје имаат воспоставено безбедносни услови и критериуми за безбедно капење, спорт и рекреација со ангажирање на спасители на вода, информира за OhridPress и Супер радио претседателката на Црвен крст Охрид, Весна Терзиоска. – Ангажирана спасителна служба имаат 11 капалишта и тоа: „Куба Либре“, „Голден бич“, „Егоист“,„Инекс“, „Метропол“, базенот во хотел „Белви“, хотел „Мизо“, ...
Моделот една Изборна единица, според пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, ќе го намали бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека тоа е вистина и таков е моделот. -Ќе им минусира пратеници, а дијаспората, потенцијално ќе им донесе пратеници. ВМРО-ДПМНЕ знае само да размислува во плус за себе. Тие го водат Изборниот законик за да си ги појача своите позиции, а не за скопјани кои што треба да вложат 12 илјади глаасови за да добијат ...
Убаво е Скопје навечер!. Ова на социјалната мрежа Фејсбук вчера го напиша градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -„Уште еден прекрасен мост светна и ќе мами погледи, претворајќи се во уште едно препознатливо светло обележје на нашиот град. Мал детал што носи голема разлика и уште една причина да се гордееме со убавината на Скопје”, напиша Ѓорѓиевски, споделувајќи фотографија на Фејсбук. Убаво е Скопје навечер!. Ова на социјалната ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски за третиот тендер за набавка на 150 автобуси, синоќа не можеше да даде детали и остави на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, очекувајќи тој да открие. Градоначалникот и понатаму тврди дека првите автобуси ќе пристигнат до крајот на 2026 година. Ако претпоставиме дека овој трет тендер биде успешен, Ѓорѓиевски вели дека ќе имаат заедничка прес-конференција со Николоски. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Во Собранието денеска ќе биде промовиран Кодексот за етичко однесување на пратениците, документ со кој се утврдуваат принципите и стандардите за однесување на избраните претставници во законодавниот дом. Кодексот беше усвоен на 15 јуни годинава, а според претседателот на Собранието, Африм Гаши, неговата цел е да воспостави јасни правила за етичко постапување и одговорност на пратениците во извршувањето на нивната функција. На промотивниот ...
УХМР ги измери температурите во осум часот, во градовите низ Македонија. Според мерењата на УХМР, утринава е најсвежо на Попова Шапка, каде се измерени 14 степени во 8 часот. По Попова Шапка следи Берово со 16 степени. Најтопло утринава е во Гевгелија со измерени 25 степени Целзиусови. Потоа следат Кавадарци со 23 степени и Струмица со 22. Во Скопје утрово се измерени 20 степени во осум часот, покажаа податоците на УХМР. Денешниот ден ќе биде ...
Ова не е приказна за суша, туку за систем што губи вода пред да стигне до чешмата. Северна Македонија во 2025 година произвела 271.237.804 кубни метри вода, но фактурирала само 100.223.592 кубни метри, односно 36,95 проценти. Останатите 171.014.212 кубни метри се водат како неприходувана вода, што на национално ниво изнесува 63,05 проценти. Најтешката слика е во Југозападниот регион, каде неприходуваната вода достигнува 73,10 проценти. Тоа е ...
Добивај вести на Viber Дигиталното евро веќе не е далечна идеја, туку проект што Европската централна банка го подготвува како нов начин на плаќање во еврозоната. Тоа би било дигитална форма на официјалното евро, издадена од централна банка, а граѓаните би го користеле преку телефон, картичка или дигитален паричник. ЕЦБ планира да биде подготвена за можно прво издавање во 2029 година, доколку европската законска рамка биде усвоена во 2026 ...
Во Собранието денеска се очекува продолжување на разговорите меѓу координаторите на пратеничките групи во обид да се постигне согласност за измените на Изборниот законик. Во фокусот на преговорите останува прашањето за начинот на гласање на македонските државјани во дијаспората. Од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат гласањето да се организира по пошта, а деталите за неговата примена да бидат утврдени со подзаконски акт што Државната изборна комисија би го ...
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска ќе одржи прес-конференција во Владата, на која ќе даде дополнителни информации за неодамнешното проширување на Позитивната листа на лекови. Целта на обраќањето е да се разјаснат прашањата и недоумиците што се појавија околу практичната примена на новите решенија, како и да се објаснат придобивките од измените. Од Фондот за здравствено осигурување информираат дека по ...
Потпретседателката на СДСМ, Јованка Тренчевска вели дека за нејзината партија е неприфатливо електронското гласање за дијаспората бидејќи, како што вели, тоа е обид за изборен грабеж. -Кога минатата недела се договарааше меѓу координаторите, зборувавме дека уредувањето на начинот на гласање да биде со потзаконски акт кој што ќе го донесе ДИК. На самите преговори, беше договорено да се донесе со консензус на сите членови на ДИК, за потоа да ...
По пауза од 26 години, во државата се возобновува средното полициско образование. Министерството за внатрешни работи (МВР) објави јавен повик за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија „7 Мај“ за учебната 2026/2027 година. Наставата ќе се реализира во рамки на Центарот за обука на МВР во Идризово, каде што учениците ќе следат стручна и општообразовна настава и ќе престојуваат во интернат. Голема ...
За десетина дена ќе започне втората фаза од изградбата на подземната сообраќајница под комплексот „Лимак“, која предвидува изградба на тунелите што ќе го поврзат Центар со Кисела Вода, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, гостувајќи во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител. „Во наредните десетина дена започнуваме со втората фаза, односно со изградба на тунелите за поврзување со подземната сообраќајница под ‘Лимак’, ...
Добивај вести на Viber По појавата на нови случаи на заболувања што ги пренесуваат комарци и крлежи, повторно се отвора прашањето дали климатските промени го зголемуваат ризикот за појава на заразни болести во Македонија. Професорот д-р Драган Даниловски во својот најнов осврт објаснува дека ситуацијата бара внимание и надзор, но не и создавање непотребна паника. Според него, болестите што се пренесуваат преку вектори – како комарци, крлежи ...