Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Добивај вести на Viber Издавањето сместувачки капацитети преку booking нуди предности и привлекува гости од многу земји, но оние кои веќе се присутни на платформата велат дека има и недостатоци, затоа што се случува гостите да резервираат сместување, а да не дојдат или да оставаат негативни коментари, со што се уништува репутацијата на објектот. „Се случува често некој да резервира, а да не дојде и просторот останува празен. Некогаш и ...
Во турската престолнина Анкара денеска почнува дводневниот самит на НАТО на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа утре ќе учествува на Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што ќе се одржи во претседателскиот комплекс „Бештепе“. Таа ја ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министрите за одбрана Владо Мисајловски, и за надворешни работи и надворешна трговија ...
Во „Европската куќа“ во Скопје денеска ќе биде претставен новиот Кодекс на новинари – документ што претставува значаен чекор во унапредувањето на професионалните и етичките стандарди во новинарството, информираа од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ). – Иницијатива за измената и дополнување на Кодексот на новинарите, како една од носечките активности во рамките на проектот „Јакнење на ...
Координаторите на пратеничките групи денеска во нов обид да ги испеглаат разликите околу Изборниот законик и да стигнат да го донесат до рокот што го постави Европската унија за Реформската агенда. Власта бара електронско гласање или гласање преку пошта на дијаспората, нешто со што не се согласува опозицијата која во ваквиот начин на гласање гледа можност за изборни манипулации. Првиот човек на македонското Собрание Африм Гаши се согласува ...
Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот Архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захарија во Ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, Архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем сè до осмиот ден по раѓањето на ...
Македонците кои работат во Германија како и сите работници во оваа земја ќе изгубат повеќе привилегии, ако германската влада го прифати пакетот од 30 радикални мерки на тамошната Пензиска комисија. Со овие мерки се укинуваат две важни привилегии кои ги користат работниците – мини – работните места и популарната можност за предвремено пензионирање на 63 години т.н. „мит за Ренте 63“. Покрај тоа, новиот усвоен план носи драстично продолжување ...
На Вук Мараш, извршен директор на БИРН Црна Гора, денеска му беше забранет влезот во Србија на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Мараш изјави дека во писменото решение е наведено дека му се одбива влез како „заштитна мерка за отстранување, односно безбедносна мерка за протерување на странец“. Според него, одлуката најверојатно претставува контра мерка поради тоа што црногорските власти претходно му забранија влез во земјата на ...
Беше едно време кога случаен граѓанин, кој од време на време чита впортали или гледа вести на телевизија, знаеше да наброи барем 5-6 луѓе од врвот на партијата СДСМ, од Бранко Црвенковски на падоле, барем толку. Без оглед дали му се допаѓаат или не, тие сепак оставиле трага во јавноста. Но, времињата се променија. Ниту во СДСМ има идеологија и препознатливост, ниту има луѓе кои знаат кој раководи со партијата. Никој надвор од СДСМ не може да ...
Битола, 6 јули 2026 (МИА) - НУ „Завод и музеј“ - Битола и Центарот за истражување на предисторијата, заедно со експерти од Германскиот археолошки институт и Универзитетот во Базел ги завршија теренските истржувања во арехолошкиот локалитет Велушка Тумба во Пелагонија. Во текот на истражувањата тимот археолози добија повеќе податоци за архитектурата, материјалната култура, стопанството и обредите на заедницата која што ја основала оваа ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамките на својата посета на Турција, оствари средба со припадници на македонската заедница во просториите на македонската амбасада во Анкара. На средбата присуствуваше и Севим Оздемир, претседателка на Здружението „Иселениците од Румелија“. Меѓу присутните беа истакнати универзитетски професори, лекари, научници и професионалци кои изградиле успешни кариери во Турција, но остануваат длабоко ...
Преку Тајане-Бојане децата учеа да се дружат Децата од Битола некогаш со големо нетрпение чекаа да дојде Иванден, еден од големите христијански празници од летниот циклус кога се слави раѓањето на Свети Јован Крстител. Нетрпеливо чекаа зашто на тој празник адет беше да се организира детска маалска свадба, односно да се спроведи на дело обичајот Тајане-Бојане. Од дечињата во улицата се одбираа зет, невеста, свекрва, кум, девер и сватови. Се ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во гостување во Вестите на Сител, најави дека проектот за брз автобуски транспорт, БРТ, ќе биде ставен во функција до крајот на неговиот мандат. Тој посочи дека, покрај изградбата на коридорот од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, предвидена е и набавка на 40 автобуси кои ќе сообраќаат на оваа траса. Според Ѓорѓиевски, до крајот на годината треба да започнат и теренските активности поврзани со реализацијата на ...
По повод претстојните празници, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, ќе богослужи и ќе проповеда: – 07.07.2026 г. Рождество на свети Јован Претеча – Иванден, Света архиерејска Литургија со почеток во 08:30 часот, во манастирот „Свети Јован Крстител“ – Бигорски. – 12.07.2026 г. Св. апостоли Петар и Павле – Петровден, Света архиерејска Литургија со почеток во 08:45 часот, во храмот „Свети ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител, најави дека во наредните десетина дена започнуваат градежните активности за поврзување на подземната сообраќајница под „Лимак“ со булеварот „Македонија“, како и изградбата на кружни текови на влезот и излезот од оваа клучна сообраќајница за главниот град. „Во наредните десетина дена започнуваме со втората фаза, односно со ...
Иванден – еден од големите христијански празници од летниот циклус каде се слави раѓањето на Свети Јован Претеча и Крстител Господов. Во македонската народна традиција овој празник е поврзан со летниот солстициј, односно со периодот на долгодневницата. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божиќ, денот поврзан со зимскиот солстициј, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празници ги поврзуваат и повеќе обичаи и ...
Целта на Град Скопје е да нема дивоградби, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во ТВ гостување осврнувајќи се на неодамнешното рушење на тобакото „Али“ кое беше лоцирано на тротоар на Бит Пазар. – Ноќеска е тргнато и она тобако што беше после тобакото „Али“, кое 15-тина години исто така оневозможуваше користење на велосипедска и пешачка патека. Мојот успех е во тоа – 15 години таму полицајци се удираа во пајаци, граѓаните беа оневозможени ...
Директорот на Фондот за здравствено осигирување (ФЗО) и кандидат за министер за здравство, Сашо Клековски вечерва информира дека заедничките служби на Клинички должат 35 милиони евра, а Клиниката за онкологија, како што рече, е најголем должник меѓу клиниките. – Реалноста е дека долгови има. Најголем должник е Клиниката за онкологија и тоа е наследен долг – мислам дека е околу една милијарда денари. Меѓутоа, кога ќе земете дека буџетот на ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва најави дека наскоро ќе има тендерска постапка за целосно сервисирање на жичницата на Водно. Тој уште еднаш нагласи дека до крајот на сезоната, жичницата нема да биде ставена во функција. – Ќе има постапка објавена за скоро време, тендерска, во која ќе треба да се сервисира целосно. Јас кажав дека до крајот на сезоната нема да биде ставена во функција. Ако ревитализацијата биде целосно ...
Добивај вести на Viber Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија, за Градски воз посочи дека тој лично смета дека истиот ќе влијае на подобрување на состојбите и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град и дека се работи на адаптирање на линиите на истиот. „Ќе има адаптирање на линиите, има тело коешто работи во соработка од страна на службите на Градот Скопје, ЈСП ...
До 20 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои два се сè уште активни, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во близина на стадионот во Кичево, каде што гори стрниште и сува трева, како и кај тунелот на обиколницата во Битола. Во текот на денот изгаснати се пожарите во Демир Капија, Ѓорче Петров, Центар (на две локации), Новаци, ...
Традиционално, со децении, Македонците најмногу се заинтересирани за работа во Германија каде, освен добрите плати, ги очекува среден живот и добра поддршка од јавниот сектор. Официјалниот број регистрирани во германскиот завод за статистика изнесува 161.044 лица од Македонија но, според проценката на аналитичари кои се занимаваат со миграции во Германија има околу 220.000 луѓе од Македонија. Македонците во Германија, најчесто, работат во ...
Учеството во сообраќајот со елекртични тротинети или мопеди, на малолетни но, и на лица под дејство на алкохол или необебзедени со кациги претставува сериозна закана за безбедноста на сите, и нивната и на пешачите и возачите на автомобили кои се обврзани со строги законски мерки. Со примена на новите прописи и овие учесници во сообраќајот се онтролираат. Вчера во периодот од 17 до 23 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на ...
Владата го разгледала извештајот на независната комисија составена од Министерството за здравство, а која заклучи дека во земјава се изведувале непотребни операции на срце. Извештајот бил разгледан на затворена седница. Овие информации ги сподели Сашо Клековски, кандидат за министер за здравство и директор на ФЗО, во интервју за 360 степени“ на МРТ 1. Сепак, Клековски не откри дали и какви заклучоци донела Владата во врска со извештајот. ...
Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани низ државата денеска до 20 часот, од кои два сѐ уште се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Едниот активен пожар е во близина на Стадионот во Кичево, каде што горат стрниште и сува трева. Другиот активен пожар е на битолска територија, кај Тунелот на обиколницата. Изгаснатите пожари биле на територија на општините Дебар, Дебарца, Демир Капија, Ѓорче Петров, ...
„Податокот дека над 40 проценти од граѓаните немаат намера да гласаат или не знаат дали ќе гласаат е за жал потврда за континуираната ерозија на доверба во политичкиот систем. Ова не мора да значи дека овие граѓани се аполитични или целосно исклучени од политичките процеси. Иако, секако, има и таков дел, во оваа група можат да се идентификуваат неколку потгрупи. Дел од нив преку негласањето праќа порака на незадоволство од работата на ...
Владата на Христијан Мицкоски сака да биде запаметена по автопати и големи инфраструктурни проекти. Но вистината е дека ќе биде запаметена по систематското ново задолжување и по политиката на изолација која ја спроведува., велат од СДСМ. Проблемот не се автопатите сами по себе. Проблемот е што оваа Влада секојдневно се задолжува. Јавниот долг со оваа Влада веќе надмина 11 милијарди евра. Само за две години криминалната Влада, која ја сочинува ...
„Се зголеми позитивната листа и допрва ќе се зголемува позитивната листа за да се неутрализира овој катастрофален ефект по џебот на граѓаните што го наследивме и кој е историски – мислам повеќе влади придонеле кон тоа. Меѓутоа не е само позитивната листа. Ние имаме три сегменти во пристап на лекови – прво е позитивната листа, второ се болничките лекови, третата компонента се посебно скапите лекови. Морам да кажам дека во 2025 г. во однос на ...
„Во иднина, ќе имаме зголемување на апстиненцијата, односно се помала излезност, но тоа мислам дека дури и ќе им одговара на доминантните политички партии“, вели политичкиот аналитичар, Благојче Атанасоски за последната анкета за јавното мислење и податокот дека 28,1 отсто од граѓаните рекле дека нема да гласаат, додека 11,8 отсто посочиле дека не знаат дали ќе гласаат на следните избори. Тој очекува партиите да продолжат по старо, бидејќи, ...
На новинарска констатација дека министерката Сања Божиновска е единствената со помал партиски стаж од него во Владата, Клековски вели дека тоа има и позитивни и негативни страни Кандидатот за министер за здравство, Сашо Клековски, дипломирал на Медицинскиот факултет при УКИМ и е доктор по професија, но нема ниту еден ден стаж во струката. Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, рече дека иако факултетот го завршил со висок просек (9,7), ...
Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Град Скопје во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија се осврна на проектите кои се реализираат на територијата на Градот Скопје, меѓу кои и за почетокот на теренските градежни активности за мостот Генерал Михајло Апостолски, кои беа најавени претходната недела. „Во програмата внимателно ветував и кога стануваше збор за овој мост каде што знам дека има и судски ...