Вечерва (30 јуни) од 19 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје ќе се одржи гала оперски концерт во рамките на проектот „Жените во музичката уметност низ вековите“. Настапуваат сопранистките Магдалена Алексовска (фото) и Тина Ристеска, мецосопранот Даница Станојоска, Ивона Давидовска на контрабас и Наташа Калајџиева-Здравева на пијано. Уметнички соработник е Милан Јанкулоски. Влезот за публиката е слободен. „Концертите имаат за цел ...

Од 3-6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката на РС Македонија ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на Анте Поповски – неговата дејност ...

Oдложено е предавањето „Театар на капиталот – модерната драма и економски живот“ со Алиса Жулина, кое беше предвидено да се одржи вечерва (30 јуни) на програмата на КРИК – Фестивал за критичка култура. „Добивме известување од Алиса Жулина дека, поради здравствени причини, не е во можност да го одржи предавањето. Жалиме што нема да имаме можност да го реализираме овој настан и им се извинуваме на сите посетители, партнери и медиуми кои го ...

Во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, синоќа на плоштадот „Скендербег“ се одржа премиерата на албанскиот филм „Salman“, која привлече голем број граѓани и љубители на филмската уметност. Филмот, во режија, според сценарио и во продукција на Ментор Нуредини, беше пречекан со голем интерес од публиката. Главните улоги ги толкуваат Ментор Нуредини, Висар Етеми, Блерим Дардишта, Бејтула Керими и Илбер Муртези, кои на ...

Воведување на Resort 2027 Модата често го наградува повторното откривање. За Resort 2027, Дејвид Кома се насочува кон нешто поиздржливо – кодовите што ја дефинирале куќата од самиот почеток: телото, неговото откривање, заштита и неговата моќ. Колекцијата започнува со движење. Кома е привлечен од атлетската грациозност на женското тело во движење: тензијата помеѓу силата и флексибилноста, сензуалната кореографија на фигура што се отвора низ ...

Постојат идеи што изгледаат како да немаат крај. Милион можни насоки, милион различни приказни, милион начини да се раскаже една земја. Македонија е токму таква инспирација, слоевита, контрастна, длабоко визуелна и полна со градови кои секој на свој начин носат сопствена естетика, светлина и карактер. Секој македонски град е посебен универзум. Со свои знаменитости, своја архитектура, свој ритам и своја автентичност која не може да се ...

Со проекција на епскиот филм „Троја“ од 2004 година на 3 јули ќе со работа киното под отворено небо во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје. Во текот на целото лето, публиката ќе може да ужива во одбрана филмска програма секоја среда, петок и сабота, со почеток во 20.30 часот, во уникатниот амбиент на покривот на трговскиот центар. И оваа година програмата ќе понуди посебни филмски настани. Еден од нив ќе биде и прославата на 10-годишнината ...

Актерот Том Харди се подготвува да го издаде својот деби рап албум. Тој соработува со „Царфејс“, супергрупата од Источниот Брег, на албумот „Czarface Meets Frankie Pulitzer“. Френки Пулицер е раперското алтер-его на Харди. Гости на албумот се и Метод Мен и Баста Рајмс. Харди веќе го објави првиот сингл од албумот насловен „Brothers Grimm“. Харди долго време се занимава со рап, а во 2011 откри дека склучил договор за снимање кога имал 15 ...

Гласови и срца, сцената гори, а историјата се пишува во живо! Подгответе се за незаборавно аудио-визуелно доживување и емотивен спектакл каков што ретко се гледа. Македонскиот непокор и гордост преку НУ „ТАНЕЦ“ и хрватската безвременска традиција преку АНСАМБЛ „ЛАДО“ се спојуваат во совршена симфонија на традицијата, младоста и врвната уметност. Ова лето, бидете дел од магијата на две ексклузивни локации: 08 ЈУЛИ | БИТОЛА – Антички ...

Кога двете најголеми фолклорни сили на Балканот ќе ги здружат своите чекори, гласови и срца, сцената гори, а историјата се пишува во живо! Подгответе се за незаборавно аудио-визуелно доживување и емотивен спектакл каков што ретко се гледа. Македонскиот непокор и гордост преку НУ „ТАНЕЦ“ и хрватската безвременска традиција преку АНСАМБЛ „ЛАДО“ се спојуваат во совршена симфонија на традицијата, младоста и врвната уметност. Ова лето, бидете дел ...

Во непосредна близина на Хидроцентралата Вруток, на самиот извор на реката Вардар, се наоѓа едно од најзначајните, но и најмалку познати монументални уметнички дела во Македонија – мозаикот „Човекот и светлината“, дело на големиот македонски уметник Глигор Чемерски, создаден во 1975 година. Монументална уметност во срцето на енергетиката Мозаикот не е поставен во галерија или музеј, туку во индустриски контекст – во просторот на една од ...

На 01.07.2026г. – среда, со почеток во 20:30 часот во Едукативниот културен центар – Лабараториум, ќе се одигра театарска претстава „Кокошка“ на Независниот театар Вортекс во копродукција со НУ Театар Комедија. Претставата „Кокошка“ е создадена според Николај Кољада, во режија на Теодора Силјаноска. Костимограф е Maрија Пупучевска, соработник за сценски движења Дарко Велиќ, изборот на сценографија и музика е на Teoдора Силјаноска, додека ...

МАЈКИ Mothers Милчо Манчевски / Македонија / Франција / Бугарија / 2010 / 123 мин Две деветгодишни девојчиња даваат извештај во полиција дека ги вознемирил манијак, иако никогаш не го виделе. Тројца филмаџии ги снимаат единствените двајца жители во едно пусто село – еден постар брат и сестра кои не зборуваат еден со друг во последните 16 години. Најдени се жени-пензионерки силувани и удавени, во еден мал град. Фикцијата полека се претвора во ...

Драмски театар Скопје првиот дел на сезоната ја заокружува со гостување во Белградскиот драмски театар. Вечерва и утре вечер во 20:30 часот ќе се изведе претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ. Претставата е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште, Местното ...

Популарната британска група „Ајдлс“, која настапи на третата вечер од годинашниов Д фестивал, во Штип пристигна со три шлепери опрема, иако организаторот веќе имаше инсталирано бина со комплетна опрема, со која во претходните два дена настапија останатите учесници. „Тоа е група која сака висок професионализам и затоа секаде каде гостува, настапува со своја опрема. Бараа од нас да овозможиме пристап на камионите за да ја инсталираат. Групата ...

Поетесата Марија Ангеловска е добитничка на наградата „Енхалон” за најдобра прочитана песна од млад автор, а поетесата Лју Јуе од Кина ја доби наградата „In vino veritas“ за најдобра песна посветена на виното на 65-тите Струшки вечери на поезијата. За наградата „Енхалон“ се пријавија седум поети со по три песни, додека за најдобра песна посветена на виното, напишана на етикетите на вината на „Тиквеш“ во конкуренција беа 23 автори. ...

Авалон продукција, која го организираше последниот концерт на Владо сподели со јавноста датум и време на последното испраќање на Јаневски. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во среда (1 јули) во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел. Авалон продукција, која го организираше последниот концерт на Владо ...

Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, вчеравечер беше отворена самостојна изложба на академскиот сликар Владимир Темков. Пред љубителите на ликовната уметност се претставени 25 дела, изработени во техниката акрил на платно. „Секоја изложба е средба меѓу уметникот и публиката, тивок дијалог што се одвива преку бојата, светлината и емоцијата. Делата што ќе ги видите вечерва се повеќе од слики – тие се фрагменти од еден внатрешен свет, ...

По четири дена исполнети со музика, уметност, дебати и средби, викендов заврши јубилејното 25. издание на „Битола Отворен Град“ фестивал кој веќе четврт век претставува едно од најзначајните обележја на урбаната култура во Битола и Македонија. Со повеќе од 30 програмски содржини реализирани на десетина локации низ градот, годинашното издание уште еднаш ја потврди својата препознатлива мисија, културата да излезе од затворените простори и да ...

Претставата „Анна“ според текст на Драгана Лукан Николовски, а во режија на Нина Николиќ, освои Гран при на 27. Меѓународен фестивал на камерен театар „Златен лав“ што заврши синоќа во Умаг, Хрватска. Актерката што ја толкува насловната улога, Маја Љутков, ја доби наградата за најдобра актерка. Претставата е копродукција помеѓу Театар Комедија Скопје и „Перипетија продукција“. Како што се наведува во образложението на одлуката, „наградата ѝ ...

Спомен-плочата на Гаврило Принцип, поставена во Сараево во спомен на Видовденскиот атентат од 1914 година, станала симболичен воен трофеј на нацистичка Германија. Кога трупите на Вермахтот во април 1941 година го окупирале Сараево, една од нивните први акции била отстранувањето на ова обележје од ѕидот кај Латинскиот мост. За Адолф Хитлер, тоа парче камен не било само локален споменик, туку симбол на почетокот на Првата светска војна и на ...

Поглед од милион долари, но и конструкција што мора да издржи стотици тони Некогаш симбол на ексклузивните хотели во Дубаи, Сингапур или Мајами, денес кровните базени сè почесто се појавуваат и како дел од современите станбени комплекси. Она што до пред една деценија беше резервирано за најлуксузните светски дестинации, постепено станува еден од најпосакуваните архитектонски елементи и во современото домување. Но, зад спектакуларните ...

Универзитетот за пријателство меѓу народите „Патрис Лумумба“ е основан на 5 февруари 1960 година во Москва како еден од клучните проекти на Советскиот Сојуз за поддршка на антиколонијалните движења ширум светот. Веќе следната година, универзитетот го добива името на брутално убиениот лидер и херој на независноста на Конго, Патрис Лумумба, што претставувало јасен политички сигнал за поддршка на новоформираните држави од Глобалниот Југ. Иако по ...

Министерството за култура и туризам извести дека со длабока тага ја примиле веста за смртта на истакнатиот македонски театарски режисер, драматург и културен деец Сашо Миленковски. „Со неговото заминување, македонската култура загуби еден од своите најзначајни и најавтентични театарски творци, чиј богат уметнички опус остави неизбришлива трага во современиот македонски театар. Во текот на својата повеќедецениска кариера, Миленковски ...

„Македоника литера“ деновиве го објави вториот дел од книгата „Филетизам или проклетство: Аспекти на големобугарскиот шовинизам“, од бугарскиот универзитетски професор Константин Георгиев, во превод од бугарски на македонски јазик на Ванчо Меанџиски. „Филетизам или проклетство“ е капитален историографски и социолошки труд на универзитетскиот професор д-р Константин Георгиев од Софија, Р. Бугарија (првиот дел од овој обемен труд е веќе објавен ...

Античкиот град Ефес во Турција деновиве е домаќин на исклучителен културен настан. Во оваа позната археолошка дестинација се одржува деветтиот Меѓународен фестивал на опера и балет, на кој од петокот минатата недела па сѐ до 8 јули под отворено небо ќе може да се следи богата програма, што ги вклучува и величествените „Лебедово Езеро“, „Кармина Бурана“ и „Тоска“. Летото е период во кој блескаат отворените сцени во Турција. Станува збор за ...

Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во сабота во кафе-книжарницата „Буква“, ќе одбележи петгодишнина од својата работа. Роденденот се прославува под мотото „Ослободи ја младинската култура“ и токму затоа овој настан е отворен за целата публика, за сите уметници и секој може да земе директно учество во него. „Култура Бета“, најпрво како неформална, а потоа и како формална организација постои и работи во сите полиња ...

Легендарниот белградски рок бенд „Партибрејкерс“ одлучи да го забрани снимањето со мобилен телефон на своите концерти, придружувајќи се на растечкиот број глобални уметници кои сакаат публиката повторно да доживее настапи без екран меѓу нив и сцената. Во иднина, на влезовите на концертните места ќе бидат поставени јасни известувања во кои ќе биде наведено дека фотографирањето и снимањето не се дозволени. Бендот на „Арсенал Фест“ изјави дека ...

Традиционалната изложба „Поместени граници“ чиј организатор е Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а која годинава се реализира како резиденцијален престој во текот на мај и јуни во Уметничката резиденција „Македонида“ ( семејна куќа на ул.„Атинска“ бр. 2, во скопската населба Тафталиџе), свечено ќе биде и отворена во истиот простор на 30 јуни во 20.30 часот. Кураторка на оваа изложба чиј концепт со наслов „Разбудени сеќавања“ е ...

Култната македонска музичка група „Фолтин“ денеска и официјално со прес-конференција го означи почетокот на прославата на својот голем јубилеј под мотото „30 години музичка слобода и жива врска со публиката“. Главниот настан на оваа тридецениска приказна започнува вечерва во Скопје со јавна промоција на нивното најново ексклузивно издание. По неколкумесечна напорна работа во студио, снимање, мастеринг и комплетна подготовка, пред јавноста ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87