Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
На властите им пријавил обична трикатна куќа, но кога градбата била завршена, жителите останале без зборови пред раскошно архитектонско дело какво што никој не очекувал. Во Баварија, на југоистокот на Германија, се наоѓаат некои од најубавите градови во земјата, бајковити замоци, алпски пејзажи и историски градби што го одземаат здивот. Меѓу нив особено се издвојува Пасау, познат како „градот на трите реки“, бидејќи токму тука се спојуваат ...
Вечерва (06.07.2026г. – понеделник), во Сули ан со почеток во 20:30 часот ќе се одржи концерт насловен „Вечер на романтични серенади“ во изведба на НУ Камерен оркестар на Битола. Проектот „Вечер на романтични серенади“ претставува концертна програма посветена на романтичниот музички израз, лириката и длабоката емоционалност во класичната музика. Замислен како суптилно, елегантно и уметнички заокружено музичко доживување, концертот има за цел ...
Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – спој на младоста и искуството, а како заедничка особина и на двајцата, како и на целиот тим вклучен во овој проект: енергијата, трудот и искрената желба да се создаде не само песна со видео запис, туку парче уметност. Главниот „виновник” за спојот на оваа група уметници е продукцијата „Fresh Union” зад која стои Васко Павлевски кој безрезервно се вложи тимот да е составен од најдобрите од најдобрите, ...
Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката вечерва во 19 часот ќе има можност да проследи бесплатна кинопроекција на „Скопје ремикс“, во режија на Борјан Зафировски, Огнен Димитровски, Јане Алтипармаков, Синиша Евтимов, Вардан Тозија, Даријан Пејовски, Срѓан Јaнакиевиќ, Бојан Трифуновски, Саша Станишиќ, Ѓорче Ставрески. Филмот е од 2012 година, а влезот е бесплатен. „Скопје ремикс“ е омнибус-филм за градот Скопје, ...
Од 4 до 8 август, во Струмица, традиционално по 21. пат ќе се одржи интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Според овогодишното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ бројните приказни раскажани од различни краишта на светот. Физиономијата на фестивалот, кој е препознатлив не само во регионот туку и во меѓународната ...
Охрид, 6. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва се спушта завесата на јубилејниот 65. Балкански фестивал на народни песни и игри. На завршната вечер ќе настапат КУД „Дримкол“ од Вевчани и Државниот ансамбл на Хрватска „ЛАДО“ од Загреб. Ансамблите ќе настапат во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:30 часот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: 1 Охрид, 6. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва се спушта ...
Претставата „Чичко Кумплунг“ од Сашко Насев, во режија на Јани Бојаџи ќе биде премиерно изведена на 8 јули, во 20 часот на големата сцена на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. „Чичко Кумплунг“ е култен лик од македонскиот филм „Самоуништување“ на Ербил Алтанај од 1996 година. Црна комедија и сатира за општеството во транзицискиот период во Македонија во 90-тите години. Чичко Кумплунг е ексцентричен, темпераментен и ...
Култната прилепска фонтана „Раце“, еден од препознатливите симболи на стариот градски центар, повторно е поставена во прилепската чаршија, откако пред неколку дена граѓаните ја затекнаа запоставена, оштетена и оставена како заборавен дел од урбаната историја на градот. Фонтаната, која со децении живее во сеќавањата на прилепчани, некогаш се наоѓала во централното градско подрачје, во близина на поранешниот хотел „Скопје“. За многумина таа не ...
Македонскиот Културно-информативен Центар во Белград, со поддршка од Министерството за култура и туризам, организира концерти со новоформираното трио „Нова“, составено од веќе меѓународно афирмирани македонски музички уметници: бас-баритонот Иван Наумовски; Јордан Петрушевски на пијано и Ѓорѓи Петрушевски на обоа и англиски рог. Првиот од двата предвидени концерти во Р. Србија насловени како „Медитеранска Ноќ“, ќе се реализира на 6 јули во 21 ...
Македонската електронска музичка сцена доби уште едно значајно регионално признание. Композицијата „Чекор“ на македонскиот композитор и музички продуцент Darkoff се најде меѓу 47-те избрани песни кои продолжуваат во трката за престижната регионална Награда „Милан Младеновиќ“ 2026, што се доделува за најдобра авторска песна создадена на просторот на поранешна Југославија. На овогодинешниот конкурс пристигнале 173 валидни пријави, а петчленото ...
Тим Дилон, 4 јули и Америка како хорор-комедија Вистинската комедија никогаш не е само смешна. Таа е најсилна кога е ставена во функција на општествена критика – кога низ смеа го кажува она што сериозниот говор веќе не може, или не смее, да го каже. Некогаш тоа беше Џорџ Карлин: последниот голем американски комичар за многумина, човекот кој ја претвораше сцената во операциона сала за американските митови. Потоа дојде Бил Хикс, премногу остар, ...
„Нешенал џиографик“ на 26 јуни го отвори новиот Музеј на истражувањето (National Geographic Museum of Exploration), вреден 300 милиони долари и со површина од околу 9.300 квадратни метри, на местото на поранешниот музеј на „Нешенал џиографик“, кој беше затворен во 2023. Во новиот музеј во Вашингтон, посетителите можете да се сретнат „очи в очи“ со дивиот свет преку 1.000 портрети на животни, да ги следат стапките на експедиција на Монт ...
Британската актерка Емили Вотсон, една од најценетите филмски и театарски актерки на денешницата, ќе биде претседателка на жирито на Натпреварувачката програма за долгометражен игран филм на 32. Сараевскиот филмски фестивал. Покрај оваа улога, на Вотсон ќе ѝ биде врачено и „Почесното Срце на Сараево“, признание што фестивалот го доделува за исклучителен придонес во филмската уметност. – Дваесет години по нејзината последна посета на Сараево, ...
Збирката „Во куќата“ на Николина Андова Шопова, во издание на „Бегемот“, е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година, а наградата традиционално на лауреатката ѝ беше врачена на поетското читање „Мостови“ во Струга. Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за најдобра поетска книга на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата. Добитници на наградата се најзначајните автори од, ...
Библиотеката на Еко, една од најважните современи лични збирки книги, содржи над 32.000 наслови, а сега е преместена од миланскиот дом на писателот во простор што му припаѓа на Универзитетот во Болоња, каде што тој бил професор. Библиотеката содржи збирка што го одразува целиот спектар на интереси на Еко, од средновековната филозофија до семиотиката, од литературата до лингвистика и од популарната култура до стриповите, давајќи извонреден ...
Јубилејното, 30. издание на Вижн фестивалот годинава се одржа во Абрамс Артс Центарот на њујоршкиот Лоуер Ист Сајд, од 22 до 28 јуни, потврдувајќи го својот статус на едно од најзначајните светски случувања посветени на авангардниот џез, слободната импровизација и интердисциплинарната уметност. Под уметничко водство на Патриша Николсон, фестивалот понуди внимателно осмислена програма што ги обедини авангардниот џез, поезијата, современиот ...
Факултетот за ликовни уметности при УКИМ од 19 до 26 јуни ја организираше четвртата сесија на Летната школа „Њу арт фор(у)м“ во Лазарополе, Општина Маврово Ростуше. Четвртата сесија на проектот „New art for(u)m“ беше насловена „Кинетички фотографии“. Оваа сесија ја третираше синемаграфијата како медиум во кој статичната слика и минималното движење коегзистираат. Во Лазарополе и околните села учесниците имаа можност да снимаат ентитети кои го ...
Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје на 2 јули, на сцената во салата „Фросина“ во Младинскиот културен центар, премиерно ја изведе претставата „Теорема, леме“ поставена според романот и филмот „Теорема“ на Пјер Паоло Пазолини во режија и адаптација на Мирко Радоњиќ од Црна Гора. Идејата за поставување на претставата се појавила пред две години, додека активната подготовка на претставата „Теорема, леме“ траела два месеца. Во режија и ...
Оваа уметничка акција и скулптурата на Калимеро имаат цел да нѐ потсетат на две различни, но тесно поврзани неправди. Од една страна, Калимеро гласно зборува за Македонија, која со години се соочува со бројни неправди и блокади на патот кон Европската Унија. Но, од друга страна, истиот тој Калимеро не може, а да не констатира дека, иако можеби за Македонија нема правда во процесот на европската интеграција, правда нема ниту во самата ...
Од 4 до 8 август, во Струмица, традиционално по 21. пат ќе се одржи интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Според овогодишното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ бројните приказни раскажани од различни краишта на светот. Физиономијата на фестивалот, кој е препознатлив не само во регионот туку и во меѓународната ...
Миле Кузмановски, го најавува својот голем солистички концерт насловен како „Ехо од Хераклеа“ закажан за 15.07.2026 година, со почеток во 20:30 часот во Хераклеа, Битола. Публиката ќе има можност да ги слушне неговите безвременски хитови во едно поинакво издание, а ќе биде придружуван од НУ Камерен оркестар на Битола. Заедно ќе направат битолска приказна која ќе се памети, највува и гости кои за сега остануваат изненадување. Картите можат да ...
Од 4 до 8 август, во Струмица, традиционално по 21. пат, ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, соопштија денеска организаторите. Според овогодишното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ бројните приказни раскажани од различни краишта на светот. -Физиономијата на фестивалот, кој е препознатлив не само во ...
Интернационалниот филмски фестивал „Тофифест“ што се одржа од 27 јуни до 3 јули во Торуњ, Полска, ѝ ја додели наградата најдобра актерка на Ева Костиќ за улогата во „17“ на Косара Митиќ. Жирито и’ ја доделува наградата „за нејзината длабоко трогателна изведба на ликот Сара во ’17’“. – Со извонредна чувствителност и храброст, таа го води својот лик низ искуствата на траума, осаменост, отуѓеност, срам и страв. Преку воздржана, но експресивна ...
Триесетина дела во различни сликарски техники инспирирани од прекрасниот духовен амбиент на манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски” од врвни светски сликари и уметници од САД, Јапонија, Турција, Словенија, Србија, Бугарија и Македонија, беа изложени синоќа на завршната изложба 40-то јубилејно издание на Мeѓународна ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“. Изложбата беше поставена во галеријата на стариот конак на манастирот, а ...
Новинската агенција „Асошиејтед прес“ го објави изборот на најдобрите филмови во првата половина од 2026 година. На списокот се најдоа големи студиски продукции, независни филмови, како и неколку авторски остварувања што пријатно ги изненадија критичарите. Според оценката на агенцијата, првите шест месеци од годината ги одбележаа високата заработка во кината, враќањето на младата публика од генерацијата Зет во киносалите, но и нерамномерниот ...
Софија има целосна сила, динамика и инфраструктура за покривање на Евровизија и оценувам дека ние ќе бидеме домаќин, престојат разговорите со партнерите, но Софија е природен домаќин, што докажа со претседавањето со ЕУ, беше домаќин на Детската Евровизија, на Џиро д’Италија, изјави пред новинарите заменик-градоначалничката за култура и туризам во општина Софија Ирина Дакова. Македонија оваа година ќе учествува на Евросонг Софија има целосна ...
Ексклузивна изложба „Поздрав од Македонија – фотографии на македонски фолклорни групи на Меѓународната смотра на фолклорот Загреб“, реализирана во соработка со Меѓународната смотра на фолклорот Загреб, најпрестижната меѓународна и светски реномирана манифестација на аматерски фолклор во Хрватска, беше отворена синоќа во македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Загреб по повод 60 години од нејзиното одржување. На отворањето ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 338, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (4-5.7.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со Николина Андова Шопова, добитничка на „Браќа Миладиновци“ на СВП 2026: Поезијата секогаш нè враќа на почетокот – разговор со Мирко Радоњиќ, театарски режисер од Црна Гора кој постави претстава со театарот „Златен Елец“: ...
Популарниот анимиран детски серијал „Маша и Медо“, кој со години е меѓу најгледаните содржини за деца во светот, се најде во центарот на политичка расправа во Велика Британија. Група пратеници од повеќе британски партии побараа владата да разгледа можност за забрана на неговото емитување во земјата тврдејќи дека серијата претставува прикриен облик на руска пропаганда, пишува „Гардијан“. Цртаниот филм, инспириран од руска народна приказна, ...
Во најновото издание на ТВ магазинот „Трилинг“, познатата македонска актерка Слаѓана Вујошевиќ отворено зборуваше за својот професионален пат, личниот развој и предизвиците со кои се соочува во театарот и животот. Позната уште од детските емисии, а денес како истакнат дел од ансамблот на Турскиот театар во Скопје и гласот на популарната хероина Биби, Вујошевиќ сподели длабоки размислувања за нејзината професија. Враќањето од Истанбул во ...