Централниот настан ќе биде големиот јубилеен концерт во Хераклеа во август, по што ќе следуваат концерти во Скопје и повеќе градови во регионот. Со овој концерт, Фолтин ќе ја има честа да го затвори Битфест 2026. Во годината на прослави Фолтин решава дел од прославата да им ја препушти на другите. Ја препушта на пријателите, на музичарите со кои се сретнале по патот на оние што во некој момент влегле во нивната музика, а потоа ја понеле со ...

Според официјално објавените информации од организаторот, Кашавелски го освои првото место во конкуренција на современи уметници од повеќе земји. Во образложението на одлуката е наведено дека жирито ја издвоило неговата слика поради „длабочината, иновативноста и моќниот уметнички израз“, оценувајќи дека делото претставува инспиративен пример за трансформативната моќ на современата уметност. Наградата е доделена во рамки на Progressus Art ...

На 30 јуни во Кинотека се одржа работилница и демонстрација на Бунраку, традиционален јапонски професионален куклен театар, впишан на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото на УНЕСКО. Настанот започна со поздравни обраќања на амбасадорката Кавахара и деканот Владимир Павловски, по што следуваа демонстрација и работилница посветени на оваа единствена театарска уметност. Преку прецизната анимација на куклите, ...

Во сабота, 4-ти јули, во Куќата на Уранија во Охрид ќе се отвори изложба на мозаици на академскиот сликар и мозаичар Ѓорѓи Томовски. На изложбата ќе бидат прикажани 30 мозаици, симболично претставувајќи ги 30-те години активно творештво на авторот во оваа вековна сликарска техника, a на отворањето свој музички перформанс ќе има професорот Драган Даутовски. Томовски е еден од ретките мозаичари на овие простори кој активно работи во оваа ...

Виктор Вилис, фронтменот на диско групата „Вилиџ пипл“, почина на 74 години, објави бендот на социјалните мрежи. Тој беше главен вокал и коавтор на најголемите хитови на групата, како „YMCA“, „Go West“ и „In The Navy“. Групата стана меѓународно позната во 1970-тите благодарение на стереотипните маџо имиџи на членовите. Вилис настапуваше како полицаец или морнарички офицер. Тој го напушти бендот во 1980 и потоа со години водеше судски битки за ...

Стотројка го објави „Дома“, најновиот малбум (EP) на Тодор Караколев, пејач-песнописец и продуцент кој создава композиции со силен емотивен набој и луцидна лирика, движејќи се лесно и непредвидливо помеѓу различни стилови на електронската музика. Како што пишува Џо Јанглав (Joe Younglove) од Канал 103, „Дома“ отвора простор во кој се преплетуваат кошмарни и фантазмагорични визии. По инструменталната „103“, која упатува кон едно посебно „дома“ ...

Во издание на „Или-Или“ излезе од печат книгата „Пустинско срце: Петнаесет години во Авганистан“ од Ана Пејчинова. Станува збор за книга на сеќавања, заснована врз вистинити настани, во која авторката го раскажува своето искуство од петнаесетгодишниот живот и работа во Авганистан. Низ лична, динамична и книжевно обликувана проза, Пејчинова го води читателот низ Кабул, Кандахар, Лашкар Гах и други места обележани од војна, пустина, древна ...

Слободната геометрија претставува точка каде инженерството престанува да биде чиста дисциплина на стабилност, а станува експеримент со граници, физички, математички и материјални. Тоа се објекти што ја напуштаат правата линија, класичната симетрија и предвидливата структура, и влегуваат во сфера каде формата е резултат на дигитална пресметка, а не на традиционална конструктивна логика. Овие згради денес се сметаат за едни од најтешките за ...

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа ги кажа имињата на новите министри што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ исто така, а денес се јавни и предлозите на Вреди. Нов министер за култура и туризам ќе биде Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во ресорот што го водеше Зоран Љутков. Седат Сулејмани е роден во Тетово, во 1975 година. Дипломирал на Универзитетот Улудаг-Бурса во Турција. Студирал постдипломски студии на УЈИЕ, Факултет за ...

Терминот „анатемисана архитектура“, „проколната или вознемирувачка архитектура“ не е официјален архитектонски правец, но сè почесто се користи во современиот визуелен и културен дискурс за да се опишат објекти што предизвикуваат нелагодност, збунетост или силна естетска поларизација. Во суштина, станува збор за архитектура која се движи меѓу три паралелни значења: интернет-феномен, историски отфрлена архитектура и митологизирани „проколнати“ ...

„Македонски филм. На големо платно“ продолжува и во јули и август! И ова лето уживајте во бесплатни проекции на македонски филмови во Cineplexx MK., информираа од Агенција за филм. Секој понеделник | 19:00 | Cineplexx | Влезот е бесплатен. ▪︎ 06.07 „Скопје ремикс“ | омнибус филм ▪︎ 13.07 „Лазар“ | Светозар Ристовски ▪︎ 20.07 Блок кратки анимирани филмови | 5 филмa ▪︎ 27.07 „Мими“ | Дарјан Пејовски ▪︎ 03.08 „Деца на сонцето“ | Антонио ...

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 2 јули (четврток), со почеток од 18:30 часот ќе се отвори ликовната изложба на младиот македонски уметник Давид Атанасоски од Прилеп. Изложбата е составена од дваесетина дела, изработени како колажи од фотографии од претходно создадени објекти од картон. Давид Атанасоски за својата изложба „Трансформации на структурата од картон кон форма“: „Во современата уметничка практика, ...

Под водство на маестро Сашо Татарчевски, Женскиот младински хор при МКЦ во месец јуни оствари учества на два реномирани меѓународни фестивали. На веќе традиционалниот „Vox Lychnidos“ фестивал во Охрид, во безвременската катедрална црква „Света Софија“ хорот настапи на 20 јуни со интересна програма составена од квалитетни хорски аранжмани на џез и популарна музика. Освен Женскиот младински хор при МКЦ, на фестивалот учествуваа уште два ...

Ако реконструкцијата на Владата има за цел да испрати порака дека се коригираат слабостите во работењето на министрите, тогаш смената во Министерството за култура и туризам е една од најлесно објаснивите политички одлуки. По речиси две години мандат, министерот Зоран Љутков зад себе не остава голем реформски проект, ниту препознатлива културна политика што би го обележала неговото раководење. Наместо тоа, неговиот мандат беше одбележан со ...

На 3 јули во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 20.30 часот ќе се одржи концерт на НУ „ТАНЕЦ“. На 6 јули на истото место настапува хрватскиот фолклотрен ансамбл „Ладо“, со кој „Танец“ често соработува. Двата познати фолклорни ансамбли потоа ќе имаат два заеднички концерти, на 8 јули на античкиот локалитет Хераклеја во Битола и на 10 јули во Скопје, во Националната опера и балет (НОБ) во Скопје. „Овој незаборавен аудио-визуелен ...

Петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“, кој годинава за првпат се одржува во три града: Дојран, Струмица и Гевгелија носи исклучително филмско доживување. Иранската кинематографија е во фокус на фестивалот, а публиката ќе има ретка можност да проследи и ексклузивна светска премиера. Овие пет филма заедно ја илустрираат огромноста, ширината и амбицијата на современото иранско кино, секој од нив нудејќи ...

Во рамките на 41.издание на Штипско културно лето во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ денеска беа промовирани две книги „Јасновидец, трагичен македонски пророк“ од Ставре Џиков и „Гоце Делчев љубов и смрт“ роман од Зоран Спасов Ѕоф. Џиков истакна дека неговата книга „Јасновидец, трагичен македонски пророк“ се однесува за Кочо Рацин, но големата историска врска е поврзана со починатиот претседател Киро Глигоров. -Јас ги барав ...

Пеејќи песни од Владо Јаневски, стотици фанови се собраа пред Арената „Борис Трајковски“ во Скопје за да му оддадат почит на кантавторот кој почина на 28 јуни во Скопје, по кусо боледување. На настанот кој го иницираа фановите на Јаневски, а го поддржа продукција „Прагма“, дојдоа и негови колеги и пријатели кои со години соработувале со него. Пеејќи го евергринот „Некогаш и негде“ заедно со водителот Марко Марк, фановите направија ѕвездено ...

Фото: Клаудија Кмет Промовирана книгата „Улогата на дипломатските мисии во промовирањето на родовата еднаквост и социјалните реформи“ од Клаудија Кмет. Објавена е книгата „Улогата на дипломатските мисии во промовирањето на родовата еднаквост и социјалните реформи“ од авторката Клаудија Кмет. Делото ја обработува улогата на дипломатските мисии во унапредувањето на родовата еднаквост, човековите права и социјалните реформи, истакнувајќи го ...

Концерт без концерт. Без главниот изведувач. Токму тоа се случи вечерва на платото пред СЦ „Борис Трајковски“, каде Владо Јаневски ги имаше најголемите настапи. Фановите со присуството му се одолжија за хитовите што им ги подари во кои се препознаваа, се заљубуваа, тагуваа, се забавуваа. Со свеќи во рацете ги пееја песните од Владо кои ечеа од видеобимот. Со ѕведеното небо му порачаа „Некогаш и негде“. Последното испраќање на Владо и по некој ...

Во организација на Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, од 2 до 4 јули (четврток, петок и сабота) во Кавадарци ќе се одржи традиционалниот Меѓународен фестивал „Кавадаречки фолклорни средби 2026“. Фестивалот ќе се оддржи на Градски плоштад Кавадарци, со дефиле низ главната кавадаречка улица „Илинденска“ со сите учесници пред секоја фестивалска вечер. Дефилеата започнуваат во 19.30 часот, а концертите сите три фестивалски вечери ...

Денес, по три децении, официјално започна изградбата на Музејот на современа уметност „Арс Аеви“, еден од најзначајните културни проекти во Босна и Херцеговина, на Вилсоновото шеталиште покрај Миљацка. Музејот, дизајниран од италијанскиот архитект Ренцо Пијано, се гради со финансиска поддршка од Европската Унија преку проектот EU4Culture. Завршувањето на работите е планирано за две години. Шефот на Делегацијата на Европската Унија и ...

Во пресрет на големиот меѓународен настан „Европска ноќ на истражувачите и Истражувачи во школи“, студенти, професори, ученици, наставници, претставници на Народна техника, Општина Битола и медиумски партнери се обединија во инспиративна работилница за изработка на кратки видеа за промоција на науката.Целодневната работилница се одржа на 29 јуни 2026 година во CoSpace просторот при Студентскиот информативен центар на УКЛО, во синергија со ...

Во рамките на четирите фестивалски вечери, публиката имаше можност да ужива во настапите на изведувачи и кореографи од Кина, САД, Бразил, Јужна Кореја, Германија, Шпанија, Италија и Македонија. –Годинашното издание на фестивалот „Креденс денс“ со својата програма беше дел од активностите за чествување на 60-годишниот јубилеј на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Тоа подразбираше сериозно дизајнирана ...

Љубовен хорор инспириран од еврејскиот фолклор. Маја, поранешна данска актерка, се вљубува во Лија, млада еврејска научничка од Лондон. Кога Лија доживува мистериозен напад, Маја заминува со неа во Лондон за да ѝ помогне во закрепнувањето. Но, во домот на Лија почнуваат да се случуваат необјасниви настани, а нејзината мајка Чана крие мрачни тајни поврзани со древни верувања и натприродни сили. Додека се обидува да ја открие вистината, Маја се ...

Данска, 1933 година. Oпштеството има многу специфични очекувања за тоа како треба да се однесуваат младите жени. Седумнаесетгодишната Марен е дива и непослушна па за да се адаптира е испратена во женска институција на островот Спроге бидејќи локалните власти ја сметаат за „неморална“ и „непослушна“. Одвоена од семејството и лишена од слободата, таа се соочува со суров систем кој настојува да ги контролира и преобликува жените што не се ...

Поранешната политичарка Јуња живее мирен, стабилен живот со својот сопруг Мати, свештеник по професија. Нивниот брак изгледа совршено – додека таа не открие дека Мати има афера со помлада жена. Наместо да го напушти, Јуња одлучува да го прифати новиот аранжман, отворајќи го патот кон полигамен однос што вклучува уште двајца љубовници. Со текот на времето, четворицата се обидуваат да најдат рамнотежа меѓу љубовта, љубомората и слободата – во ...

Кога мистериозна сила ја исфрла Месечината од нејзината орбита, Земјата се соочува со апокалиптична закана. Поранешен астронаут и научник, заедно со решителна хероина, тргнуваат во невозможна мисија за да ја спасат планетата. Во трка со времето, тие откриваат шокантна тајна за вистинската природа на Месечината. Кога мистериозна сила ја исфрла Месечината од нејзината орбита, Земјата се соочува со апокалиптична закана. Поранешен астронаут и ...

Современите згради повеќе не се борат против силите на природата – тие учат да живеат со нив Кога гледаме облакодер висок 300 или 500 метри, најчесто мислиме дека неговата најголема сила е цврстината. Но современото градежништво одамна откри дека најбезбедните објекти не се оние што се најкрути, туку оние што знаат да се движат. Во инженерството постои едно правило што денес го потврдуваат најголемите светски конструктивни инженери: зградата ...

Capital Hill Residence – архитектонска скулптура во која живее иднината Постојат згради што се восхитуваат поради својата големина. Други поради нивната функција. Но постојат и објекти кои го менуваат начинот на кој размислуваме за архитектурата. Таква е Capital Hill Residence, единствената приватна куќа што некогаш ја проектирала и ја реализирала легендарната архитектка Заха Хадид. Сместена во шумата Барвиха, недалеку од Москва, оваа ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25