Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб се одржа концерт на младите и исклучително талентирани уметници, виолинистот Александар Војнески и пијанистот Арда Мустафаоглу, кои на публиката ѝ приредија вечер исполнета со врвна музичка изведба, емоција и уметничка зрелост. Пред почетокот на концертот, присутните ги поздравија директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, и македонскиот ...
Академијата за филмски уметности и науки покани 529 нови членови, со што дополнително се проширува гласачкото тело кое ги одлучува добитниците на Оскар. Меѓу поканетите се познати имиња од филмската индустрија, вклучувајќи ги Џена Ортега, Џејкоб Елорди, Тејана Тејлор, Џош О’Конор, Сима Лиу, како и режисерите и авторите Џош и Бени Сафди, пренесуваат странските медиуми. Доколку сите поканети го прифатат членството, Академијата ќе има вкупно ...
Францускиот институт во Скопје информира дека и оваа година го организира 27. издание на Регионалниот летен универзитет во Струга, кој ќе се одржи од 29 јуни до 3 јули 2026 година. Овој настан претставува значајна традиционална средба и обука на професорите по француски јазик од поширокиот регион, отворена за учесници од Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Словенија, Турција, Романија и Унгарија. ...
Вистинскиот луксуз сè поретко се изразува преку видлива раскошност. Наместо мермерни фасади и отворени претерано декорирани ентериери, новата елита на станбена архитектура се насочува кон нешто многу посуптилно или простор што постои, но не се гледа. Тајни простории, скриени премини и „невидливи“ функционални зони стануваат еден од најкарактеристичните трендови во луксузното домување, особено во глобалните метрополи. Архитектурата на ...
Филмови за Мајлс Дејвис, „Дјуран Дјуран“ и „Крафтверк“ ќе бидат дел од 12. издание на фестивалот на музички документарци Скопје синема сити, што ќе се одржи на 26 и 27 јуни во кино Фросина во Младински културен центар. На отворањето од 20 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Мајлс Дејвис: Раѓањето на култот“, во чест на 100 години од раѓањето на легендарниот џез-музичар. Втората фестивалска вечер се проекциите на „Дјуран Дјуран: Зад ...
Вечерва на Кеј Македонија во Охрид започнува Ohrid Wine Festival Vol. 5, тридневен настан кој од 25 до 27 јуни ќе ги обедини македонските вина, домашната музичка програма, гастро понудата и летната атмосфера покрај езерото. Фестивалското дружење започнува во 19:00 часот, додека музичките настапи стартуваат еден час подоцна. Првата фестивалска вечер носи настапи на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија, со програма наменета за различни ...
В петок, на 26 јуни на програмата на Скопско лето ќе се одржат следните настани. Во Културно информативниот центар – Скопје со почеток во 19:00 часот ќе се отвори фотографска изложба насловена „Мали нешта“ на Анне-Мет С. Сомер од Данска, авторка зад Kelter Photography. Настанот е во соработка со „Зрно“ Фестивал. Изложбата претставува избор на дела што го следат нејзиниот уметнички развој – од серијата „Течни фустани“, создадена со техниката ...
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија на 26 јуни (петок) 2026, со почеток од 18:30 часот, ќе бидат проектирани краткометражните филмови „Баба Деспина и Султанот“, „Исчекување“, „Селска свадба“, „Смртта во Битола“ и „Хуриет во Битола“, снимени од камерата на Манаки. Во истиот термин ќе биде отворена и изложбата на фотографии „La Belle Epoque“ – Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки од крајот на XIX и ...
Со детската ликовна работилница „Ѕвездена ноќ“, инспирирана од творештвото на Винсент ван Гог, во сабота 6 Јуни, пред Општина Центар ќе започне прославата по повод 40-годишнината на скопскиот Ван Гог Бар – едно од најпрепознатливите урбани собиралишта во градот. Прославата ќе биде официјално отворена во 12:00 часот од менаџерот Никола Грујоски и сопственикот Коста Димитров, по што ќе следува креативна работилница наменета за најмладите ...
Урбанизацијата станува сè погуста, а климатските предизвици сè поизразени, па архитектурата одамна престана да биде само прашање на естетика. Денес таа е прашање на адаптација, интелигентно користење на просторот и нов начин на живот. Токму затоа, најнеобичните домови во светот, од куќи вкопани во земја до структури што „лебдат“ над вода, навистина нудат вредни лекции што Македонија допрва може сериозно да ги разгледа. Куќи вкопани во ридови: ...
Скопје оваа петок и сабота ќе стане место каде што музиката ќе се гледа, а филмот ќе се слуша. Од безвременскиот џез на Мајлс Дејвис, преку поп-феноменот Duran Duran, до електронската револуција на Kraftwerk – 12. издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“ на 26 и 27 јуни во кино „Фросина“ при Младинскиот културен центар ќе понуди две вечери исполнети со извонредни музички приказни, легендарни имиња и ...
Охрид, 25. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – По изведбите во Македонија и Србија, делото „Маестри виртуози” на познатот охридски и македонски композитор Гоце Гавриловски прозвучи и во Њујорк – САД. Оваа композиција Гавриловски ја создаде специјално за јубилејот 15 години постоење на „Трио Академико“, кое го сочинуваат проф. д-р Златка Митева – флејта, а воедно и декан на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев”, во Штип, д-р. Бранко ...
По две години чекање, обожавателите на серијата „Куќата на змејот“ (House of the Dragon) конечно ја дочекаа третата сезона. Новите епизоди започнаа со спектакуларна поморска битка, која авторите ја најавуваат како една од најголемите телевизиски продукции досега, но вниманието на гледачите го привлече контроверзна сцена меѓу Ајмонд Таргаријен и неговата мајка Алисент Хајтауер, која предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Новата ...
Изрази задоволство за укажаното внимание да се вброи во плејадата на големи светски поетски имиња кои го понеле „Златниот венец“. „Јас сум првиот холандски поет што ја добива оваа оваа награда и тоа ми претставува голема чест. Со тоа се оддава почит на целата холандска поезија“, рече Брасинга. Холандскиот јазик, истакна, се зборува на една многу ограничена област. „Многу поети од други култури се пренесени на холандски јазик: Данте, Шекспир, ...
– Во галерија „Остен“ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Дијалог на форми“, на која ќе бидат претставени слики од Мице Јанкуловски и скулптури на Блаже Крстаноски. Како што соопшти „Остен“, изложбата го истражува длабокиот дијалог помеѓу двајца автори, две уметнички дисциплини и два креативни света. -Изложбата е место на средба во која формите водат свој разговор, без зборови, но со силен визуелен јазик. Посетителот има можност да ...
Нетфликс го објави првиот трејлер за филмот „Последната куќа“, мистериозен трилер кој ја раскажува приказната за семејството кое еден ден се наоѓа во ситуација од која нема излез. Домот им станува затвор, а сите можни излези се затворени. Во главните улоги се Грета Ли и Вагнер Мура, кои ги толкуваат родителите на семејство кое останува заробено во сопствената куќа. Филмот раскажува за брачна двојка чии деца први откриваат дека влезната врата ...
Вечерва Струга повторно станува место каде што зборот ја надминува својата книжевна форма и добива сила на духовен настан, рече министерот за култура Зоран Љутков во своето обраќање на свеченото отворање на Струшките вечери на поезијата. На бреговите на Црн Дрим, под истото небо што со децении ги собира најзначајните поетски гласови на светот, започнува ново издание на Струшките вечери на поезијата, манифестација која одамна ја надрасна ...
Откако лани кадри на Вреди станаа директори на три национални институции од културата, преку политички договор со владината коалиција, извесно е дека партиите ВМРО и Вреди, според неофицијалните информации, ќе ги разменат и министерствата за социјална политика и за култура, во рамките на најавената реконструкција на Владата. Тоа би значело дека досегашниот министер за култура и туризам, Зоран Љутков ќе замине од Владата, што беше предмет на ...
В петок, на 26 јуни во галеријата „Метаноја“ во Скопје ќе биде отворена изложбата „Играта која останува“ на Боре Митовски. Издвојуваме дел од од освртите на рецензентите, д-р Коста Милков и м-р Ева Мештровиќ. „Како поклоник на симболизмот во сликарството Боре Митовски насликал слика која ја именувал „Сон“. Во негов препознатлив стил, композицијата го привлекува погледот кон средината со две фигури кои би можеле да претставуваат разни нешта. ...
Со прес-конференција во кафе „Тигре“ денеска официјално беше отворено јубилејното 25. издание на фестивалот „Битола Отворен Град“, кој од 24 до 27 јуни ќе донесе концерти, изложби, работилници, јавни дискусии и диџеј-сетови на повеќе локации низ градот. Фестивалот, кој веќе четврт век е дел од урбаната и културната сцена во Битола, повторно ќе ги претвори улиците, локалите, плоштадите и алтернативните простори во отворени сцени за музика, ...
Холандската поетеса Анеке Брасинга, добитничка на највисокото признание „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата денеска на прес-конференција изрази задоволство што се вброи во редот на најзначајните светски творци, добитници на наградата. „Бев многу трогната од тоа внимание. Јас сум првиот холандски поет што ја добива оваа награда и тоа ми претставува голема чест. Со тоа се оддава почит на холандската поезија. Холандскиот јазик се ...
Актерот Бранислав Лечиќ (70) го игра Воислав Шешељ во новиот долгометражен документарен филм „Како го освоив Хаг“. Овој филм ќе се занимава со долгогодишниот живот на лидерот на Српската радикална партија во Хашкиот трибунал, неговата борба со судот и начинот на кој успеал да ги победи и на крајот да биде ослободен. „Да, вистина е, јас го играм Шешељ, а снимањето е завршено. Не знам кога ќе биде премиерно прикажан филмот. Ниту во најлудите ...
На централното шеталиште во Стар Дојран во сабота, 27 јуни, со почеток во 10 часот, ќе се одржи настанот „BorderBite“, посветен на промоција на локалните производители и поврзување на граѓаните и здруженијата од пограничниот регион. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со производите на малите и семејни производствени капацитети, локалните ракотворби и органското производство. Во рамките на настанот е предвидена и културно-уметничка ...
– Сметам дека секогаш треба да им се дава простор на младите актери, и никогаш не е доволно тоа. Ние сме новата енергија и двигатели на театарот, оние што носат нови идеи, различни погледи и свежина на сцената. Публиката треба да има можност да ги запознае и да ги поддржи младите уметници бидејќи тие се иднината на театарот. Но, исто така, не сметам дека секогаш треба да ја чекаме шансата, ако не доаѓа таа, треба да најдеме начин сами да ја ...
Во петок, 26 јуни си почеток во 20 часот, во Култ Културен Центар во Охрид ќе биде отворена втората изложба од серијата резиденции на странски уметници. Голема чест ни е што овојпат тоа е Милица Мацановиќ, добитничка на повеќе престижни награди за фотографија, меѓу кои и неодамнешниот златен медал на fotoslovo.art, информираат од Култ Културен Центар. Изложбата се отвора во 20 часот. Г.М. Во петок, 26 јуни си почеток во 20 часот, во Култ ...
Иако оваа историската фикција и епска сага почива на темелот на дамнешни податоци и случувања, како и на слободниот уметнички израз на авторот, во ниту еден случај не ја игнорира фактографската документација што произлегува од реалните историски истражувања за настанот на Беласица. Суптилниот пристап во реализацијата на ова дело и неговата срцевина му дава можност на читателот постојано да го истражува и да гради сопствен став за понудените ...
КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, напровокативниот и најактуелниот филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29. 06. 2026 (понеделник), со почеток во 20:00 часот, во Музеј на современа уметност, ќе имаме привилегија да го проследиме предавањето на Мартин Хеглунд насловено :: Овој живот – критика и еманципација :: кое се заснова на неговите тези епистемолошки разработени во неговата веќе култна книга :: Овој ...
Денес заедно со претседателот на МАНУ Академик Живко Попов, и почитуваните академици, а во соработка со Владата на РМ, ги започнуваме активностите поврзани со Плаошник и започнуваме процес за изработка на елаборат за обновување на Охридската книжевна школа, ојави на социјалните мрежи Весела Честоева, директорка на УЗКН. Плаошник е едно од најзначајните места на македонската духовност, писменост и култура, поврзано со делото на Свети Климент ...
Вчера вечер беше прикажан филмот „Кратка љубовна приказна“, дебитантско остварување на италијанската режисерка и сценаристка Лудовика Рампoлди. Комбинирајќи романтични елементи, иронија, хумор и неочекувани пресврти филмот ја освои бројната публика, која уживаше и се соживеа со приказната, наградувајќи го остварувањето со топол и долг аплауз на крајот. Вечерва на ред е „Премолчените нешта“ (2026) на Габриеле Мучино, еден од најпознатите и ...
Песната со која Ај Кју победија на Скопскиот фестивал во 2015та година е една од ретките во нивниот репертоар што досега немаше официјален запис. Со текот на годините, „Убава“ на сосема природен и ненаметлив начин си го пронајде патот до публиката, станувајќи синоним за прв свадбен танц на многу вљубени парови. Токму затоа, дуото одлучи оваа безвременска љубовна песна да ја круниса со видео запис составен од најубавите моменти од нивната ...