Сношти во Охрид во Музејско-културниот центар „Лапидариум“ беше промовирано реизданието на песнарката „Охридски музички бисерник“ дело на прерано починатиот член на ВИС „Билјана“, Андреј Лаброски. Неговите другари и колеги по музиката секоја година преку концерти, креативни настани и промоции му оддаваат достојна почит. Меѓу кориците на песнарката има близу 70 текстови запишани на кирилица ама и на латиница, како и нивни нотни записи и ...

Охрид, 16. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва на плажата „Сараиште“, со почеток во 19:30 часот ќе се одржи годинашното издание на концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“, во организација на ВИС „Билјана“ од Охрид. – Како и секоја година имаме чест да ве поканиме на хуманитарниот концерт „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“. Оваа година на самиот настан ќе се продава песнарката „Охридски музички бисерник“ напишана од Андреј по ...