Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната седница истакна дека оваа влада ја гарантира правичната застапеност и новиот закон доби позитивна препорака од Венецијанска комисија што е обврзувачко во процесот кон ЕУ, а проектот „Безбеден град“ не етнизира, туку спасува човечки животи. „Што се однесува за правичната застапеност можам да кажам дека апсолутно се води сметка за правичната ...
Општина Илинден, како една од најбрзорастечките општини во регионот, со континуиран раст на локалните економски зони и бизнис секторот, продолжува со активни мерки за создавање поволна бизнис клима и поттикнување на претприемништвото, велат од Општината. „За таа цел, општина Илинден во 2023 година воведе субвенции за млади претприемачи кои имаат регистрирано трговско друштво со седиште на територија на општина Илинден. Од оваа година, ...
Националниот парк Шар Планина информира дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите од планината кои се наоѓаат на надморска височина над 1700 метри. Зголемената лавинска опасност, како што појаснуваат, е резултат на специфична комбинација на временски услови, вклучувајќи ја температурата на воздухот, правецот и јачината на ветерот, како и снежните врнежи во изминатите неколку денови. ...
Центарот за менаџмент на обезност (дебелината) при Клиника Жан Митрев се стекна со престижниот статус EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM) и е официјално акредитиран од Европската асоцијација за проучување на обезноста (EASO) за периодот 2026–2028 година, со што станува признат како водечки центар за третман на обезност на европско ниво. Оваа акредитација претставува највисоко европско признание во областа на третманот на ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше за започнување на најобемната инвестиција во јавната чистота во изминатата деценија, со официјален почеток на постапката за набавка на повеќе од 40 нови, современи и специјализирани возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“. „Со оваа одлука, Град Скопје прави суштински исчекор кон трајно и системско решавање на проблемот со одржувањето на јавната чистота, подобрување на ...
Сопругата на Бруклин Бекам, 31-годишната Никола Пелц, заедно со другите членови на семејството Бекам, деновиве е во центарот на вниманието, особено поради објавата на социјалните мрежи што дојде само неколку часа откако познатите Бекамови се појавија без неа и нејзиниот сопруг во Париз. Откако Никола се огласи објавувајќи романтични моменти со сопругот, истото го направи и Бруклин. Меѓу фотографиите што ги објави беше и онаа на која Никола е ...
Дева Касел неодамна присуствуваше на ревијата на Диор што се одржа во рамките на традиционалната Недела на модата во Париз, и ги воодушеви сите присутни, и со својот стил и со природната убавина. View this post on Instagram A post shared by Deva Cassel (@devacassel) За оваа пригода, таа одлучи да носи комбинација инспирирана од модниот тренд „old money“. Таа блескаше во сина кошула и елек со интересни детали што ги комбинираше со широки беж ...
Русата коса изгледа прекрасно, но е најзахтевна кога станува збор за нега, па затоа не би било лошо да ѝ посветите малку повеќе време. Бидејќи русата боја за коса е најсилна, таа исто така најмногу ја оштетува косата. Сепак, со соодветна грижа, русата коса може да биде совршено здрава и убава. Многу жени со руса коса најчесто се соочуваат со проблемот на сува и оштетена коса, но со следните пет совети, вашата коса ќе биде обновена и ќе ...
По разводот од Бастијан Швајнштајгер, Ана Ивановиќ одлучи да се посвети на себе и на своите деца. Таа стана активна и на социјалните мрежи, каде што редовно „качува“ фотографии од својата приватна и деловна средина. Атрактивните објави се честа појава на нејзините социјални мрежи и судејќи според фотографиите, таа конечно ужива во животот. Ана сега одлучи да им открие на своите обожаватели како го поминува времето во тишината на својот дом ...
Трендовите во бојата на ноктите повеќе не се само естетски каприц – тие стануваат мал ритуал на смиреност, суптилен моден потпис, детаљ што многу зборува за стилот – со други зборови, нови трендови за убавина. Овогодинешната палета совршено ја балансира ненаметливата елеганција и силниот карактер, комбинирајќи безвременска софистицираност со модерна, урбана атмосфера. Според експертите, овие пет нијанси ќе доминираат во салоните во текот на ...
Чувствителноста се покажува многу отворено кај некои луѓе, честопати преку солзи што доаѓаат побрзо отколку што би сакале. Не станува збор секогаш за големи проблеми, туку за мали нешта што емоционално ги преоптоваруваат. Сè што е потребно е погрешен збор, погрешен тон или лош ден за емоциите да излезат од контрола. Ваквите реакции не се нужно знак на слабост, туку на интензивно доживување на сè околу нив. Според астрологијата, луѓето родени ...
Познатата актерка Клер Дејнс (46) не крие дека доживеала „емотивен слом“ кога дознала дека е бремена по трет пат. Актерката ја роди својата ќерка Шеј во 2023 година, но неодамна се сети колку била во паника на почетокот. Клер гостуваше во подкастот „Good Hang“ и зборуваше за своите искуства, вклучувајќи ја и бременоста. „Го повикав гинекологот во солзи, тоа беше чист нервен слом. Не планиравме ништо од ова, имав 44 години и мислев дека е ...
Познатата актерка Марго Роби моментално го промовира својот нов филм „Wuthering Heights“, па затоа е многу поприсутна во медиумите и затоа, нејзините модни изданија доаѓаат во центарот на вниманието, иако таа е неоспорна кога станува збор за лежерноста. Уште од првите кадри од филмот „Барби“, во кој Марго ја играше главната улога, беше јасно дека таа целосно припаѓа на тоа. Физичката сличност со познатата кукла е неверојатна, а актерката го ...
Пукање и експлозии се слушнаа рано утрово во близина на меѓународниот аеродром Нијамеј во Нигер, објави Ројтерс. Сведоци рекоа дека пукањето траело повеќе од еден час, додека видеото објавено на платформата на социјалните медиуми X покажа ноќен хоризонт осветлен од пукање. Ројтерс не ја потврди независно снимката. #Breaking A passenger flight from Algiers to Niamey has been diverted to #Burkina_Faso, amid heavy gunfire and explosions at the ...
Агентите на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во среда добија нови инструкции да избегнуваат контакт со „агитатори“ додека ги спроведуваат мерките на Трамп против имигрантите, објави Ројтерс, кој ги поседува новите упатства. Новите инструкции, кои доаѓаат по две убиства на американски граѓани кои протестираа во Минеаполис, исто така им наложуваат на службениците на американската Служба за имиграција и царина да се фокусираат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува опции против Иран, кои вклучуваат целни напади врз безбедносните сили и нивните водачи за поттикнување на демонстрантите, потврдија повеќе извори за Ројтерс. Но, израелски и арапски претставници велат дека само воздушните напади не се доволни за соборување на режимот. Два американски извори запознаени со дискусиите рекоа дека Трамп сака да создаде услови за промена на режимот откако ...
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги осуди руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура и најави испраќање генератори во Украина. „Вчерашниот напад врз патнички воз во регионот Харков е неприфатлив. Франција остро ги осудува руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура. Соочени со итноста, се мобилизираме. По состанокот на Г7+, на кој копретседател е Франција, во Украина ќе бидат испратени генератори за ...
Автомобил вчера удри во вратата на седиштето на еврејски религиозен ред во Њујорк, во инцидент што полицијата го истражува како злосторство од омраза. Никој не е повреден во инцидентот во светското седиште во Бруклин, а полицијата соопшти дека возачот на автомобилот е уапсен. Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, рече дека уапсениот човек „намерно и повеќе пати удрил со автомобилот во зградата“. I am at 770 Chabad World Headquarters in ...
Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, се сретна во Пекинг со советникот за национална безбедност на британскиот премиер, Џонатан Пауел, и рече дека, како постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, Кина и Велика Британија имаат значајна одговорност за светскиот мир и развој. Ванг, член на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК) и директор на Канцеларијата на Централната комисија ...
Во последните денови, украинскиот претседател Володимир Зеленски се најде во центарот на остри критики и контрадикторни пораки што доаѓаат и од украинските политички кругови и од меѓународната сцена. Додека некои аналитичари укажуваат на неговата амбиција да влезе во историјата како лидер кој „ја спаси Украина“, други го означуваат како најконтроверзна и корумпирана фигура во модерната историја на земјата. Поранешниот украински премиер ...
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир) – во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. ...
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, може да се изврши ...
„Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната, е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за работниците и е политичка маша на СДС, ДУИ и Левица. ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците. Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш ...
Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера во службата и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. За дејствија на проневера предвидена во член 354 од Кривичниот законик обвинети се поранешна директорка на ЈЗУ Општа Болница Прилеп и уште тројца вработени во болницата, кои во ...
Поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета во акција спроведена од мобилни царински тимови и царински службеници од царинарница Битола, при контрола на малопродажен објект во Струга. При контролата пронајдени се 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење, без акцизни ...
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов и стручни лица од Агенцијата, неделава одржаа работни состаноци со Министерот за локална самоуправа Златко Перински, Градоначалникот на Град Скопје и Претседател на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевки. На состаноците се разговараше за неколку актуелни прашања од надлежност на АХВ и локалните самоуправи, за чие решавање е потребна заедничка ...
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски се обрати до граѓаните, а по повод пресудата на Апелациониот суд во Скопје за враќање на 127 милиони денари за Скопски саем. „Од првиот ден кога ми ја дадовте довербата да ја водам Општина Гази Баба, јавно се обврзав на транспарентно, отчетно и одговорно работење. Мојот однос кон Вас, кон народот секогаш бил искрен, директен и отворен, без прикривање на проблемите, колку и да се тешки. За ...
Општина Центар започна со подготвителни работи за партерно и хортикултурно уредување на потегот во Градски Ѕид, од Зелено пазарче до ул. „Македонија“. Во рамки на активностите, се отстранува дотраеното детско игралиште во делот зад објектот „Краш“. На истата локација ќе биде поставен нов проширен простор наменет за детска игра, со нови реквизити и подлога. Веднаш до него се планира и поставување модерна фитнес зона, опремена со справи за ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека привремената влада на Венецуела се согласила секој месец да го доставува својот буџет на одобрување до Соединетите Американски Држави. Обраќајќи се пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, Рубио рече дека американската влада одлучува за што може да се користат средствата, во рамки на она што го опиша како „краткорочен механизам“. Тој додаде дека венецуелските власти ветиле ...
Градскиот совет на Сараево денес даде согласност Градот да се приклучи кон кривичната постапка што во Милано се води против лица осомничени за снајперско дејствување врз цивили за време на војната. Одлуката е донесена откога италијанското обвинителство покрена истрага за таканаречените „викенд-снајперисти“, кои наводно плаќале за да пукаат врз цивили во опколениот град, пренесе Радио Слободна Европа. Италијанските медиуми на почетокот на ...