Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Триесет и шестгодишниот С.С. од Сарај пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник во основно училиште во скопската општина Ѓорче Петров. Според информациите на МВР, на 26 јануари 2026 година, околу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека нападот се случил истиот ден во 12:40 часот, во спортската сала на основното училиште. За нападот е пријавен А.П. (48) од Скопје, кој работи како наставник во истото ...
Шефот на кабинетот на премиерот, Владимир Нелоски, ги отфрла тврдењата на СДСМ дека фирмата на неговиот татко учествува во државни тендери. Тој најави тужба против партијата. „Ја гледам онаа тирада на нечесни и валкани прес конференции на СДС партијата која е петта во градот Скопје и трета во државата. Тие изобилуваат со невистини, креирани информации и полу информации. Тие треба да го свртат вниманието од комплетното растројство и ...
Меѓународната веб-страница GlobalFirepower.com ја објави годишната ранг-листа за 2026 година, со која се оценува воената моќ на 145 држави ширум светот. Рангирањето се базира на повеќе од 60 индикатори, меѓу кои воените капацитети, финансиските ресурси, логистиката, технологијата и географските фактори, врз основа на кои се пресметува индексот на моќ (PowerIndex – PwrIndx), пишува zoom.mk. Во објавената листа, стрелките во боја го ...
Потпорен ѕид на улицата Љубен Иванов во Штип, во близина на клиничката болница, утрово околу 9 часот се сруши и падна врз две паркирани возила, јавуваат локалните медиуми. Во инцидентот нема повредени лица, а на местото на настанот веднаш излегле надлежните служби. Според првичните информации, причина за уривањето на ѕидот се неповолните временски услови. Текстот Потпорен ѕид се урна во Штип и оштети автомобили кај болницата е превземен од ...
Над 35.300 единки од 44 различни видови на водни птици беа попишани за време на зимското пребројување на птици на трите природни езера во Македонија, што под водство на Македонското еколошко друштво кај нас се случува секој јануари од 2010 година наваму како дел од Меѓународниот зимски цензус на водни птици. „Споредено со податоците од претходните пет години, популациите на птици на Дојранското Езеро, иако мали, се стабилни. На Преспанското ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши работна посета и детален увид на локалитетот Скопско Кале, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, со цел целосно согледување на актуелната состојба и утврдување на реалните можности за негово понатамошно отворање и ставање во активна културна функција. Во рамки на посетата ...
Состојбата по поплавите во Струмица се стабилизира, соопшти Центарот за управување со кризи. Од таму, исто така, наведуваат дека до овој момент во РЦУК Скопје нема пристигнато пријави за штети предизвикани од врнежите од дожд. Состојбата е редовна и континуирано се следи. Струмички регион Според информациите од ЕЛС Струмица, состојбата е стабилизирана и се бележи опаѓање на водостојот на реките Струмица и Тркања, иако на одделни места сè ...
Доналд Трамп рече дека Иран сака да склучи договор, бидејќи американски носач на авиони и придружна борбена група пристигнаа на Блискиот Исток. Американскиот претседател претходно се закани дека ќе го нападне Техеран ако тамошната влада не престане со насилното задушување на протестите, објавува Телеграф. Трамп ја омекна својата реторика откако Иран го увери дека некои планирани егзекуции на притворени демонстранти се запрени и откако доби ...
Силна зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави донесе нови снежни врнежи на североисток, додека југот е замрзнат, оставајќи многу жители на студ уште една ноќ и без струја. Најмалку 30 смртни случаи се регистрирани во државите погодени од екстремниот студ, објавува АП. Снежна покривка висока над 30 сантиметри, што се протега во појас од 2.100 километри од Арканзас до Нова Англија, го парализираше сообраќајот во понеделник, ...
Црна Гора го затвори преговарачкото поглавје 32 – Финансиски надзор вчера, на Меѓувладината конференција меѓу Црна Гора и Европската Унија во Брисел. Ова значи дека Црна Гора го затвори 13-то од 33-те преговарачки поглавја во преговорите со Европската Унија. Европската комесарка за проширување Марта Кос потсети дека Црна Гора затворила пет преговарачки поглавја во декември 2025 година и дека оваа серија продолжила и оваа година. Таа, исто ...
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, денес ги откри имињата на 72 научници кои ќе бидат додадени на листата со имињата на научници врежани на првиот кат од Ајфеловата кула пред повеќе од 130 години, според француските медиуми. Списокот опфаќа речиси 250 години историја, а го вклучува и името од Анжелик ди Кудре, бабица од 18 век, до неодамна починати научници, објасни претседателката на здружението „Жени и наука“, Изабел Воглен, објави ...
Москва сè уште не е запознаена со официјалната реакција на Вашингтон на иницијативата на Русија за префрлање на една милијарда долари од средствата замрзнати во САД на Одборот за мир, но тоа секако отвора нови хоризонти за соработка со САД, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Досега не сме слушнале никаква јавна реакција на ова“, рече Песков, пренесува Спутник. Во исто време, тој рече дека Кремљ забележал дека американскиот ...
Речиси 4.000 летови беа откажани денес до или од Соединетите Американски Држави, а аеродромите во Бостон и Њујорк се најтешко погодени, според податоците од веб-страницата „FlightAware“. Од петок, повеќе од 20.000 летови беа откажани поради зимската бура, објавува „ABC News“. Само во неделата беа откажани повеќе од 11.000 летови, што е најголем број дневни откажувања од пандемијата на коронавирусот, според податоците од компанијата „Сириум“. ...
Унгарија ќе покрене судска постапка со цел да се поништи декретот за постепено укинување на увозот на руски гас до 1 јануари 2027 година, кој беше усвоен претходно денес од земјите на Европската Унија, објави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. „Доколку не можеме да купуваме сурова нафта и гас од Русија, сметките за енергија на домаќинствата ќе се зголемат тројно, а фабриките може да се соочат со тешкотии поради ...
Во Киев, воздушната тревога денеска траеше повеќе од четири часа, поради заканата од нови руски беспилотни летала, објавија Воздухопловните сили на Украина, пренесуваат агенциите. Според украинските воздухопловни сили, руски беспилотни летала биле откриени во текот на денот како се приближуваат кон Киев од неколку насоки, што довело до продолжување на тревогата во главниот град. Full house in the Kyiv metro during an air raid alert that ...
Поранешниот британски премиер Харолд Вилсон забележа дека „една недела во политиката е долго време“. Изминатата недела го докажа тоа. Изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд, заканите за царини, критиките за придонесите на сојузниците на НАТО во Авганистан и формирањето на Комитет за мир во Газа, во кој го вклучи и белорускиот претседател и го покани Владимир Путин, потврдија дека стариот светски поредок е минато без ...
Индиските власти потврдија два нови случаи на смртоносниот вирус „Нипа“ во Западен Бенгал, што ги натера здравствените службеници да воведат карантин и да го интензивираат надзорот. Станува збор за смртоносен вирус за кој нема лек, пишуваат медиумите. Според извештаите, две медицински сестри во приватна болница во близина на Калкута се заразени со вирусот. „Две медицински сестри од приватна болница се заразени со вирусот „Нипа“, од кои ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за актуелните настани во светот. – Кога имав 16, 17 години, девојка ми ме напушти, и не можев да се свестам една година, си помислував што ќе ми се случи. Па, исто е и со Европа, таа мисли дека Америка ќе ѝ се врати, дека оваа љубов е вечна. Не е“ – рече Вучиќ во видео објавено на Инстаграм и додаде: Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an Ein Beitrag geteilt von Александар Вучић ...
Комисијата за одбрана и безбедност денеска одржа работна средба со претставник на Министерството за одбрана, Елај Калиф, и амбасадорката Вивиен Аисен на Државата Израел, на која се дискутираше за соработката во областа на одбраната и безбедноста. Посебен акцент беше ставен на соработката во рамките на НАТО, како и на размената на искуства и добри практики од областа на одбраната. Претставникот на Министерството за одбрана на Државата Израел ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година до 23.01.2026 година, во угостителски објект во валандовското село Јосифово, неовластено заради продажба држел 121,40 грама марихуана, 751,99 грама хашиш и 37,44 грама мешавина од хашиш и марихуана. Дрогата била спакувана во најлонски и книжни омоти ставени во пластична кофа со капак под ...
Утре претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одржа координативен состанок со стручни тимови од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјално пуштање во функција на „Сејф Сити“ системот, соопштија од Град Скопје. Притоа беше истакнато дека Градот Скопје ќе има клучна и активна улога во имплементацијата на овој современ систем, со цел воспоставување ред, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража. Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, соопшти АМСМ. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и ...
Градот Скопје на 9 декември 2025 година упати јавен повик до сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои имаат неплатени обврски по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина за изминатите години, да ги подмират своите долгови во најкраток можен рок, информираат од таму. Од Град Скопје појаснуваат дека заклучно со 23 јануари 2026 година, вкупно 830 даночни обврзници ги ...
На итниот самит на лидерите на Европска унија во Брисел почнаа да се обликуваат темелите за посилна и пообединета Европа, поттикнати од заканите на Доналд Трамп, војната што Владимир Путин ја води на нејзиното источно крило и Кина како немилосрден конкурент, пишува „Телеграф“. Во новата ера на светски сили, ЕУ настојува да стане поголема, побогата и посилна „супер Европа“, способна да им се спротивстави на хировите на светските автократи. ...
Земјите-членки на ЕУ денес формално усвоија регулатива со која се воведува правно обврзувачка, постепена забрана за увоз на руски течен природен гас и гас од гасоводи со целосна забрана од крајот на 2026 година, односно есен 2027 година. „Се ослободуваме од штетната зависност од рускиот гас и во духот на солидарност и соработка правиме голем чекор кон автономна енергетска унија“, рече кипарскиот министер за енергетика, Михаел Дамијанос, чија ...
Иран планира да почне преговори со Турција за воспоставување заедничка слободна економска зона, соопшти Врховниот совет за зони на слободна трговија, индустрија и посебни економски зони. „На состанокот одржан на 14 јануари, Владата му даде овластување на Врховниот совет за слободна трговија, индустриски и посебни економски зони да започне преговори за договор за воспоставување слободна економска врска меѓу Иран и Турција“, се наведува во ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул предупреди дека Русија ќе остане закана за европската безбедност дури и доколку тековните преговори резултираат со мировен договор меѓу Киев и Москва. „Владимир Путин го направи судирот со Западот водечки принцип на руската надворешна политика и создава можност за иден војен конфликт против НАТО“, изјави Вадефул за време на посетата на Летонија. „За жал, ниту еден мировен договор со ...
Кремљ соопшти дека разговорите меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави за ставање крај на војната сè уште се во рана фаза и дека не треба да се очекуваат опипливи резултати. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека би било погрешно да се очекуваат „големи резултати“ од трилатералните разговори што се одржаа минатиот викенд во Обединетите Арапски Емирати. Според него, темите биле тешки, но самиот факт што контактите ...