Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе ја заштити слободата на пловидба и безбедноста на поморските трговски патишта. „Поставив едноставна цел. Целта на морнарицата, како и на Израел, е да ги обезбедат поморските патишта и слободата на поморската трговија, кои се од клучно значење за Државата Израел“, рече Нетанјаху за време на посетата на поморската база во Хаифа, објавува „Тајмс оф Израел“. Според израелскиот ...
Три танкери беа погодени од ракети денес во Ормускиот теснец, објави британската армија. Новите напади се закануваат да го задушат протокот на сообраќај во теснецот токму кога земјите се надеваат дека превозот во регионот ќе се врати во нормала и дека ќе се намали глобалниот економски товар од војната меѓу САД и Иран. Еден од танкерите што пловеше во близина на брегот на Оман беше погоден и се запали, според Центарот за поморски трговски ...
Првиот локално развиен и целосно независен AI модел за HR процеси носи нов стандард во регрутацијата. Пронаоѓањето на вистинскиот кандидат никогаш не било поважно ниту покомплексно. Компаниите секојдневно добиваат десетици, па и стотици CV-а, апликации и профили од различни канали. HR тимовите треба брзо да препознаат кој кандидат има вистинско искуство, вистински вештини и вистински потенцијал за конкретната позиција. Во време кога ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Анкара дека претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, со кои неодамна разговараше по телефон, сакаат мировен договор, и го повтори своето незадоволство од одговорот на европските сојузници во НАТО на војната во Иран, како и од ставот дека Гренланд треба да биде под контрола на Вашингтон. „Мислам дека двајцата сакаат да постигнат договор“, изјави Доналд Трамп пред ...
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да не ја допира италијанската премиерка Џорџа Мелони, нарекувајќи ја „кралица“. Во изјава за „Политико“, Франкен истакна дека Европејците не треба непотребно да го навредуваат Трамп, бидејќи ќе им треба американска воена заштита најмалку уште десет години, но веднаш направи исклучок. „Секако дека ни е потребен како сојузник, но не ја допирајте ...
Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во населбата Млаки во Гостивар, информира МВР. Несреќата била пријавена на 6 јули во 23:10 часот во ОВР Гостивар, а во неа учествувале „цитроен берлинго“, управуван од 59-годишниот Р.Ј. од Гостивар, и „сеат леон“, управуван од 70-годишниот О.Р. од Гостивар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатниците М.С.(64), З.И.(45) и С.Р.(60). Тие биле пренесени во ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја коментираше стратешката ситуација на Арктикот и идејата на Доналд Трамп за купување на Гренланд, нагласувајќи дека американскиот претседател бил во право во однос на растечките закани во тој регион, пренесува „Политико“. „Претседателот беше во право. Постои проблем на Арктикот бидејќи Кина и Русија се обидуваат да обезбедат пристап таму. Мора да се погрижиме Арктикот да остане безбеден“, изјави ...
Владата донесе одлука за престанок на мандатот на неодамна починатиот градоначалник на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, со што се создаваат законски предуслови за за распишување нови избори за градоначалник. Владината портпаролка Марија Митева информира дека на денешната седница Владата ја разгледала и усвоила информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа за настапување законски основ за предвремен престанок на мандатот ...
Намерата на власта не била реформа и подобрување на Изборниот законик, туку изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови на дијаспората, обвини пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска. „Се потврди дека намерата на власта не беше ниту за реформи, ниту за подобрување на Изборниот законик, туку само за изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови на дијаспората“, изјави Тренчевска. Таа реагираше на повикот опозициските партии меѓусебно ...
Ниту една земја кандидатка никогаш не добила гаранција дека нема да се појави друг спор во текот на процесот на пристапување кон ЕУ. Ова го изјави еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во интервју за МИА, пренесува БГНЕС. Кос рече дека напредок кон ЕУ остваруваат оние што ги исполнуваат веќе преземените обврски. „Северна Македонија покажа дека може да постигне резултати кога има политичка волја. Тоа јасно го гледаме во нејзиниот ...
Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна за злоупотреба на средства на Европската Унија, но ѝ ја скрати забраната за вршење јавни функции, со што останува можноста да се кандидира на претседателските избори во 2027 година. Судот ѝ изрече тригодишна затворска казна – две години условно и една година со електронски надзор. Ле Пен претходно изјави дека не сака да води претседателска кампања ...
Турската полиција утрово приведе дел од учесниците на протестот против НАТО во центарот на Анкара, каде за време на Самитот на Алијансата е воведена општа забрана за протести и се применуваат строги безбедносни мерки. На снимка објавена од опозицискиот весник „Џумхуријет“ се гледа како полицајци им ставаат лисици на демонстрантите и ги внесуваат во полициски автобус во близина на паркот Куртулуш. Протестот бил блокиран на околу седум ...
Без вода утре ќе останат корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Гемиџиска“, крак 1 и крак 2. Водоснабдувањето ќе биде прекинато утре, 8 јули, од 8:30 часот до завршување на работите. ...
Во Основниот суд во Куманово на 9 јули, четврток, започнува судскиот процес против Т.Б. (25) од Старо Нагоричане за четири убиства како и за два обиди за убиство. Од Обвинителството наведуваат дека бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Предметот во судска постапка ќе го застапува Љубомир Лапе, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Куманово. Согласно ...
Позитивната листа на лекови од први јули е прошиена со три антикоагуланти, Еноксапарин (Клексан), Надопарин и Ривароксабан кои треба да бидат достапни на рецепта во секоја аптека. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, вели дека иако веќе се на позитивната листа на лекови и за нив пациентите плаќаат само партиципација, системот со рефундирање ќе остане во функција до 15 јули. „Бидејќи преминуваме од еден систем во ...
Во Собранието денеска се одржа промоцијата на Кодексот за етичко однесување на пратениците, кој претходно беше донесен од страна на пратениците. На настанот се обратија претседателот на Собранието Африм Гаши; шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал; вишиот резидентен директор на НДИ Северна Македонија и лидер на тимот на Швајцарската програма за парламентарна поддршка (ПСП), Роберт Скот Хејзлет; претставничката на ...
Никица Корубин Времето е најдобар тест, велат, особено временската дистанца за да се види намерата и матрицата на однесување. И токму “црвената линија” во тој модел на однесување ја открива природата на односот кон некое прашање или носител на тоа прашање. Кај нас, несомнено “црвената линија” била и останала европската и евро-атлантската интеграција – ЕУ како систем на вредности и систем на одржливост. Политичка, економска, безбедносна, ...
Турската полиција утрово приведе неколкумина учесници на протестот против НАТО што се одржа во центарот на Анкара и покрај строгите безбедносни мерки и општата забрана за протести за време на самитот на алијансата, објавија локалните медиуми. Во видео клип од опозицискиот весник „Џумхуриет“ објавен на платформата X, полицајци ставија лисици на рацете и ги влечеа демонстрантите во полициски автобус во близина на паркот Куртулуш во Анкара. ...
Ребалансот на Буџетот уште еднаш покажа дека културата не е приоритет за оваа власт. Наместо инвестиции во културното наследство, македонскиот јазик и капиталните културни проекти, се крати токму таму каде што државата има обврска да заштитува и да вложува, обвини пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска на седницата на Комисијата за буџет. Таа посочи дека зад бројките во ребалансот се крие јасна политика на запоставување на ...
Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе можат побрзо и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на седницата на која ...
Советот на Општина Битола на денешната седница донесе Одлука за бесплатно паркирање на јавните паркиралишта на ЈП „Паркинзи“ за лица со аутистичен спектар. Повластената паркинг карта може да ја користат на следните паркинг зони: Б1, Б2, Б5, Б7, Д1, Х1, А8, А10 и А2. Картичката е со важност од една година и се издава на барателот по претходно поднесено барање, таа не е пренослива на други лица, односно не може да ја користат други лица или ...
Либерално-демократската партија соопшти дека Европската комисија најавила дополнителна флексибилност во примената на новиот систем за влез и излез (ЕЕС), само еден ден по Конгресот на АЛДЕ во Виена, на кој била усвоена итна резолуција против малтретирањето на граѓаните на границите на Европската Унија. Според ЛДП, резолуцијата била предложена од партијата и сестринските партии од ЛИБСЕН и усвоена со големо мнозинство. Македонската ...
ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати договорот што опозициските партии ќе го постигнат за измените на Изборниот законик, сè додека се овозможи дијаспората да гласа на изборите, изјави пратеникот Бојан Стојаноски по денешната средба на работната група. Стојаноски рече дека на средбата било разговарано за ставовите на политичките партии и за предлозите поврзани со гласањето на дијаспората. „Нашиот предлог беше прво електронско гласање, потоа, поради ...
Мет Дејмон пристигна на лондонската премиера на неговиот нов филм „Одисеја“, одржана во понеделник, во придружба на целото негово семејство. 55-годишниот актер беше поддржан од неговата сопруга Лусијана (49) и нивните четири ќерки: Алексија (26), Изабела (19), Џија (17) и Стела (15). Додека Дејмон избра елегантен сив троделен костум, Лусијана блескаше во црна тоалета со декоративни детали и крената коса. Нивните ќерки исто така избраа ...
Легендарниот фронтмен на Pearl Jam, Еди Ведер, привлече внимание за време на натпреварот на Светското првенство помеѓу САД и Белгија, не поради музиката, туку поради еден симпатичен момент од трибините. Камерите го фатија 61-годишниот рокер како пие пиво на големиот екран на стадионот, а неговата спонтана реакција брзо се прошири на социјалните мрежи. Ведер го гледаше натпреварот на Lumen Field во Сиетл, градот од каде што потекнува неговиот ...
Телото на Анастасија Березовскаја, осомничена за учество во обидот за убиство на санкционираниот украински милионер Вадим Јермолаев во Монако, е пронајдено вчера во близина на Киев. Според неофицијални информации, жената е застрелана, пишува „Украинска правда“. Извори од украинските судски власти наведуваат дека телото е откриено вчера околу 23 часот по локално време. Исто така, се дознава дека жената била во странство од 22 март минатата ...
Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери, најави градоначалникот Горан Герасимовски. Тој вели дека се предвидува воведување на сензорски системи кои во реално време ќе ја покажуваат пополнетоста и расположливоста на паркинг-местата во Општината. Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои ...
Експлозии се слушнаа денеска во сирискиот главен град Дамаск, во близина на хотел каде што требаше да престојува францускиот претседател Емануел Макрон, потврди безбедносен извор, јавува Ројтерс. Патиштата беа блокирани, а безбедносните мерки беа засилени по експлозиите. Сведок на Ројтерс во близина ги слушнал експлозиите и видел како чад се крева од местото на настанот. مشاهد من لحظة حدوث الانفجار الثاني جراء عبوات ناسفة بدمشق ...
Општина Гази Баба го објави јавниот повик за субвенционирање на набавка на печки на пелети. „Со оваа мерка се поттикнува користењето на поеколошки и поефикасни системи за затоплување, кои придонесуваат за намалување на загадувањето на воздухот; почиста и поздрава животна средина; поефикасно и поквалитетно затоплување на домовите; намалување на трошоците за греење на долг рок и поттикнување на користење енергенси со помало влијание врз ...
Како дел од напорите за привлекување нови инвестиции, поттикнување на извозот и продлабочување на економската и трговската соработка, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, официјалната посета на Државата Катар ја заокружи со две значајни деловни средби, со извршните директори на Qatar Airways и Barzan Holdings. На средбата со раководството на Qatar Airways, една од водечките светски авиокомпании, министерот ...