Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година. Според првичните сознанија, на 22 јуни осомничените учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини ...

Град Скопје обезбеди бесплатна психолошка поддршка за средношколци, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Нема поважна обврска од тоа да се грижиме за младите, за нивното ментално здравје, нивната безбедност, нивниот мир и чувството дека не се сами. Живееме во време во кое младите често носат тивок товар. Притисоци, стравови, несигурности, предизвици во училиште, дома или во општеството. Понекогаш им е потребен само еден разговор, еден ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 24 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 19 управувале возило без возачка дозвола (пет во Неготино, по четири во Скопје и Струмица, две во Тетово и по едно Демир Капија, с.Дебреште, Кривогаштани и Штип). Под дејство на алкохол возеле три лица (во Тетово, Ресен и Велес), а две лица на автопатот во гевгелиско возеле со ...

Најпрометниот аеродром на Сицилија ги суспендираше сите полетувања и пристигнувања поради вулканска активност на Етна. Аеродромот објави дека летовите ќе бидат суспендирани најмалку до 18 часот и им советуваше на патниците да не пристигнуваат на аеродромот без претходно да ја проверат состојбата на летот со нивната авиокомпанија, објавува Euronews. Некои летови се пренасочуваат кон аеродромот во Палермо, каде што вчера, 5 јули, слетаа ...

По повод две години од работата на Владата, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа прес-конференција на која даде пресек на постигнатите резултати и започнатите капитални процеси во ресорот, нагласувајќи го институционалниот континуитет и стабилноста во реализацијата на политиките. Тој кажа дека во изминатиот период, Министерството обезбеди средства и започна со реализација на над 300 инфраструктурни ...

Со цел да им се излезе во пресрет на жителите кои претрпеа поголеми штети поради неодамнешните обилни врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на град Скопје, Општина Кисела Вода отвора постапка за доделување на еднократна парична помош за овие граѓани, информираат од таму. Лицата кои ќе аплицираат за оваа помош, потребно е до Архивата на Општина Кисела Вода да достават барање придружено со следната документација: фотокопија од ...

Од полноќ, дизелот ќе поскапи за 2,5 денари, а бензините за еден денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 7.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 85,50 (денари/литар) Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 87,50 (денари/литар) Дизел гориво – ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Идризово присуствуваше и се обрати на промоцијата на Каталогот за континуирани обуки на Министерството за внатрешни работи, изработен во соработка со Полициската академија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека Каталогот претставува значаен чекор во унапредувањето на професионалниот развој, стручноста и капацитетите ...

Програмата „Месеци на практикантство“ ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините, истакна на прес-конференција Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Со реализацијата на овие активности спроведуваме, рече тој, една од мерките предвидени во Стратегијата за ...

Андреј Петров е човекот кој ја предводеше најголемата изборна катастрофа во СДСМ, велат од оваа партија. „Во емисијата „Во Центар“, Андреј Петров, еден од главните промотори на иницијативата за „реформи“ во СДСМ (Платформа за иднина на Мицкоски – ЗНАМ 2.0), сам се разоткри. Тој беше шеф на изборниот штаб во Првата изборна единица на последните парламентарни избори во 2024 година – единицата во која СДСМ постигна историски најлош резултат, ...

Мицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200.000 гласови од дијаспората. Откако сфати дека не може да го протнешверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никака контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „И повторно без никаква контрола и гаранција за почитување на слободната ...

Македонската песна повторно ќе одекне меѓу вековните камени ѕидини на Античкиот театар Хераклеја. На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, еден од најавтентичните и најемотивни интерпретатори на македонската музика, Влатко Миладиноски, ќе одржи голем концерт кој ветува незаборавно музичко доживување. Во еден од највпечатливите културно-историски локалитети во земјата, публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со безвременски ...

Вчера (05.07.2026), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во содејство со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на пристаништа Охрид, реализираа координирани акциски контроли кон пловните објекти во водите на Охридското Езеро. Мерките беа преземени согласно одредбите од Законот за внатрешна пловидба, при што е извршена контрола на вкупно 63 ...

Изградбата на новиот спортско-рекреативен центар во населеното место Кучевишка Бара напредува со одлична динамика, соопшти Општина Бутел. Новиот спортски комплекс се протега на површина од 2000 метри квадратни и содржи фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, детско игралиште, летниковец и нови клупи, парк и нови зелени површини. „Општина Бутел се менува. Маалскиот дух се чува и негува. Локалната самоуправа инвестира и создава ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро реагира на опасните манипулации кои деновиве се пласираат во јавноста дека текстот за Изборниот законик бил „усогласен“. Презентирањето на очигледни невистини како готови факти е крајно неприфатливо и претставува директен упад во демократијата, вели во својата видео изјава Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор (ИО) на ЛДП. Ваквите намерни медиумски манипулации, според Цветановски, се ...

Автопатот Скопје -Блаце е важен чекор во реализацијата на стратешката визија Македонија да стане клучна сообраќајна крстосница на Балканот. Тој е дел од транс-европската рута 6, која Македонија ја поврзува со Косово, со пристаништата во Албанија и Црна Гора и што го прави значаен во аспект на трговија, бизнис и развој на туризмот, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на потпишувањето на ...

Според астролозите, наредните денови би можеле да донесат долгоочекуван пресврт во љубовта за еден знак. Ако сте родени под хороскопскиот знак Вага, ѕвездите ве подготвуваат за период полн со емоции, нови можности и пријатни изненадувања. Вагата отвора ново љубовно поглавје Венера, планетата на љубовта и хармонијата, има силен ефект врз вашиот знак и ви носи поголема самодоверба, привлечност и желба за поврзување со другите. Ќе бидете ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес му се закани на Иран, велејќи дека секој иден ирански лидер кој ќе се обиде да му наштети на Израел ќе ја претрпи судбината на врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад. Додека во Иран се во тек погребните церемонии за поранешниот ирански врховен лидер Али Хамнеи, Кац вети дека Израел ќе се одмазди на секој иден ирански лидер кој ќе се ...

Општина Ѓорче Петров обезбедува еднократна годишна финансиска поддршка во износ од 10.000 денари за секој ученик со попреченост, согласно класификацијата МКФ и мислење на ЗМЗ, во текот на целото образование. Со оваа мерка, општината им излегува во пресрет на семејствата на учениците со попреченост, обезбедувајќи финансиска помош наменета за покривање на дел од трошоците поврзани со образованието, развојот и секојдневните активности на ...

Од 15 до 18 октомври во Струга ќе се одржи седмиот Конгрес на еколозите на Македонија, со меѓународно учество, во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД). До ден-денес, Конгресот останува еден од најголемите научни собири на еколозите во регионот, во чиј фокус се еколошките истражувања во последните години. „Науката е тимска работа. Нашите конгреси се уникатна можност еколозите лично да ги запознаат колегите од регионот, да ...

Ричард Гир (76) сподели ретка семејна фотографија за да го прослави Денот на независноста на Америка. Славниот актер позираше со својата сопруга Алехандра Гир (43) и нивните два сина на брод во Њујорк, со Статуата на слободата во позадина. Гир, кој следниот месец ќе наполни 77 години, е во брак со шпанската публицистка осум години. Двојката го прослави Денот на независноста со пикник на плажа со своите синови, седумгодишниот Александар и ...

Поранешниот германски министер за надворешни работи Јошка Фишер оцени дека Европа повеќе не може да ја гради својата безбедност врз основа на претпоставката дека Соединетите Американски Држави трајно ќе останат столб на НАТО и гарант на американскиот нуклеарен чадор. Во интервју за „Berliner morgenpost“, Фишер предупреди дека САД, според сегашната политика на Доналд Трамп, се на пат да излезат од НАТО и дека Алијансата, во својата сегашна ...

„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните, велат од МВР. „Резултатите веќе го потврдуваат тоа. Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40% – од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година. Од почетокот ...

Секој хороскопски знак има нешто што го крие, дури и од себе. Што е тоа што никој од нас нема да го признае гласно? Секој има мисли и чувства што претпочита да ги чува за себе. Додека некои немаат проблем да кажат што им е на ум, други ќе кријат одредени работи дури и од луѓето најблиски до нив. Вашиот хороскопски знак може да открие што на некои луѓе им е најтешко да признаат. Еве што секој знак најмногу премолчува. Овен Ретко ќе признае ...

Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на дискусија на самитот на НАТО оваа недела во Турција, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, реагирајќи на најновите напади на Русија врз Украина. „Синоќа, руските сили повторно безгрижно нападнаа цивили од воздух, со повеќе од 400 беспилотни летала и ракети што го нападнаа главниот град. На Украина итно ѝ е потребна дополнителна воздушна ...

Фатмир Битиќи Во последните денови повторно, како ехо на авторитарно време кое мислев дека е зад нас, се наметна една теза: дека партијата им дала сè на луѓето. Изговорена можеби како порака за лојалност, но доживеана како потсетник дека поединецот треба вечно да биде должен. Како човекот да е политички производ, а не личност со труд, став, биографија, интегритет и јавен придонес. Тоа ме натера да размислам за едно суштинско прашање: кој ...

„Игор Ивановски, познат и како ‘Шема’, во 30-минутното интервју за националната телевизија ниту еднаш не го спомена Христијан Мицкоски. Ниту еднаш. Затоа што не може да ја напаѓа својата шема“, велат од СДСМ. „Човекот кој се претставува како алтернатива, како „опозиција на опозицијата“ и како демократ, во моментот кога СДСМ минува низ најсериозниот период на консолидација, од удобната фотелја и матните политички кулоари се обидува да тргува ...

Водителката Дилета Леота, која неодамна се породи по втор пат, позираше за време на одморот во елегантно бикини кое ја истакнуваше нејзината витка фигура и исончаниот тен. Многумина забележаа дека изгледа беспрекорно, а комплиментите за нејзиниот изглед се нижеа во коментарите. View this post on Instagram A post shared by Diletta Leotta (@dilettaleotta) Покрај тоа, водителката покажа и неколку семејни моменти, заедно со своите деца и ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изрази надеж дека следниот британски премиер ќе може да ја „поправи“ земјата по години „неуспешно лидерство“. Во едно интервју, тој нагласи дека Обединетото Кралство долго време е разочарано од своите лидери и дека се надева дека наследникот на Кир Стармер ќе се справи со структурните промени што ги бараат гласачите, објавува „Телеграф“. „Нешто е длабоко погрешно во британската политика“ Венс ги наведе ...

Пејачката Рита Ора ги покажа своите затегнати стомачни мускули во сребрено бикини додека споделуваше прекрасни фотографии од одморот на Миконос на Инстаграм. 35-годишната пејачка позираше на луксузна јахта додека уживаше во друштво на пријателите. Покрај сребреното бикини, Рита носеше и зелена марама за да ја заштити косата и да ја одржи совршено стилизирана. „Ми треба ресетирање на душата, сонце, бикини и музика“, напиша пејачката во описот ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Кобалт

33.53