Хајди Клум откри дека нејзиниот сопруг Том Каулиц ја охрабрил да ја прифати својата пополна фигура, години откако се соочи со критики во светот на модата за нејзиниот изглед. Германската манекенка, која го прослави својот 53-ти роденден во јуни, е во брак со 36-годишниот музичар од бендот Tokio Hotel од 2019 година. ѓ„Мислам дека изгледаме подобро со возраста кога не сме толку слаби. Мојот сопруг беше првиот што го истакна тоа. Ми рече: ...

Иран ќе го затвори Ормускиот теснец во случај на какви било нови американски напади, изјави ирански безбедносен извор за Press TV. Соопштението дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на НАТО во Турција изјави дека САД „ќе удрат силно вечерва“ врз Иран, објави Sky News. „Новата стратегија на Иран е дека по секој напад, Ормускиот теснец ќе биде целосно затворен“, рече изворот. Водниот пат е клучен за глобалната ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со комесарката за проширување, Марта Кос, која е во еднодневна посета на земјата. На средбата присуствуваа и пратеничките Ели Панова, Бисера Костадиновска Стојчевска и Рина Ајдари, како и генералниот секретар на Собранието Марина Димовска. На средбата се разговараше за напредокот на земјата на патот кон членство во Европската Унија, со посебен акцент на спроведувањето на Реформската ...

Барселона денес ја забележа највисоката температура во историјата на шпанскиот град, 40,5°C, објавија регионалните метеоролошки служби, со што го сруши претходниот рекорд од 40°C поставен во јули 2024 година. Во овој многу популарен туристички град во Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Шпанската метеоролошка агенција „Аемет“ вчера издаде црвено предупредување за екстремна топлина во делови од три ...

Образовната инфраструктура во Македонија се модернизира забрзано и со голема поддршка од Европската Унија и Германската развојна банка – KFW. Заедно креиравме финансиска рамка од 86 милиони евра со кои ќе реализираме 16 капитални инвестиции – ќе се реконструираат 9 државни студентски домови и 7 ресурсни центри за деца и младинци со посебни образовни потреби. Ова денес го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која ...

Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, денеска пристигна во Охрид од каде ја започна официјалната посета на Република Северна Македонија. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ генералниот секретар Уркиза беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, каде двајцата одржаа и билатерална средба. „На средбата се разговараше за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, размената на информации и ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, наговести дека САД може да ѝ дадат на Украина дозвола за производство на ракети „Патриот“. Американскиот претседател рече дека „птица му шепнала“ дека се планира таков потег, а предлогот го даде во контекст на дискусија за доцнења во испораката на американските ракети, објави „Скај њуз“. Во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трамп рече: „Една од темите за кои ќе разговараме е дека ...

По период посветен на создавање нова музика, македонскиот поп изведувач Марко Logout го претставува својот најнов сингл „Прв потег“. Станува збор за современа поп песна со модерен звук, впечатлива продукција и приказна за моментот кога еден поглед, една одлука или еден чекор може да промени сè. „Прв потег“ зборува за неизвесноста и храброста да се направи првиот потег кога срцето го води патот. Музиката и текстот за песната ги потпишува ...

Патот на Србија кон членство во Европската Унија наиде на нова пречка, бидејќи на состанокот на амбасадорите во Брисел денеска не беше постигнат договор за понатамошните чекори во процесот на пристапување. Осум од 27-те земји-членки се спротивставија на отворањето на ново поглавје од преговорите со Србија, што го потврдија три дипломатски извори од ЕУ, пишува „Еуроњуз“. На отворањето на Кластер 3, кој се фокусира на конкурентноста и ...

Обидот на францускиот претседател, Емануел Макрон, да покаже почит кон турската прва дама, Емине Ердоган, се претвори во незгоден момент што ја засени неговата официјална посета на Анкара. Иако главната причина за неговото доаѓање беше дводневниот самит на НАТО посветен на зајакнување на европската безбедност, вниманието на јавноста го привлече снимка од нивниот состанок, која покажа како дипломатските обичаи можат да се разликуваат од земја ...

СДС продолжува со лаги и манипулации на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Прашуваат чии интереси штити СДС. Според ВМРО-ДПМНЕ, тврдењата дека „се излажани пациентите” се неточни и намерно ја игнорираат целата слика. „Точно е дека референтната цена на „Фостер” беше намалена откако генеричкиот лек влезе на позитивната листа, токму со цел да се создаде конкуренција и пациентите да добијат алтернатива, наместо да зависат од еден единствен ...

Советниците на Општина Карпош го усвоија Општинскиот енергетски план за 2027 година, врз основа на согласноста од 27.05.2026 година, издадена од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во постапка пропишана со закон. Основната цел на овој план, според соопштеното,е да се воспостави систематски одржлив и ефикасен пристап кон управувањето со енергијата на локално ниво, во согласност со законските обврски, националните ...

Либерално-демократската партија информира дека претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ. На 33-тата годишна сесија на ПС на ОБСЕ во Хаг, Холандија, кандидатурата на Зајкова доби силна поддршка од парламентарните делегации на 57 земји од Европа, Северна Америка и Централна Азија, соопштија од партијата. Овој успех, велат од ЛДП, има ...

Копенхаген е прогласен за најпогоден град за живеење во светот втора година по ред во годишното истражување на Economist Intelligence Unit (EIU). Данската престолнина повторно ја надмина Виена, која со години доминираше на ранг-листата, и го потврди својот статус како град со извонреден квалитет на живот. Во студијата објавена вчера, EIU рангираше 173 градови низ целиот свет според низа фактори, вклучувајќи стабилност, здравје, култура, ...

На самитот на НАТО во Анкара, кој започна вчера и кој помпезно беше најавен како состанок што конечно би можел да ги смири односите меѓу сојузниците, се одржа долгоочекуваната средба меѓу Доналд Трамп, претседателот на САД, и Џорџа Мелони, премиерката на Италија. Тоа е нивна прва средба по жестокиот конфликт што избувна откако Трамп рече дека Мелони „го молела за фотографија со него“ на неодамнешниот самит на Г7 во Франција. AT THE NATO ...

Од Министерството за здравство информираат дека лекот „Фостер“ во најскоро време ќе им биде достапен на пациентите без доплата. „Министерството за здравство е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“ што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови, дека овој лек повторно ќе биде достапен зa пациентите без доплата, во најскоро време“. МЗ, додаваат од таму, и понатаму ќе спроведува активности со ...

Градоначалничката на Општина Кисела Водa, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска направи увид во почетокот на градежните активности за изградба на нова водоводна мрежа на улицата „Речиште 1“, во Драчево. Со овој инфраструктурен проект, чија реализација е целосно финансирана од Општина Кисела Вода, се поставуваат нови водоводни цевки во должина од 310 метри. Дополнително, општината ги покрива и трошоците за изведба на приклучоци за водомери, со ...

Уставните измени остануваат неопходниот следен чекор за започнување на пристапниот процес кон Европската унија, ова денеска го изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос, на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата на Република Северна Македонија. ,,Проширувањето на ЕУ не е изградено на гаранции кои што се даваат однапред туку се гради врз доверба, обврски, посветеност, нивно исполнување и работа”, изјави ...

Синоќа во 22:10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Н.(59) со престојувалиште во Скопје. Полицијата реагирала по претходна пријава дека тој во продажен објект допирал по телото 31-годишна жена. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира МВР. Текстот Маж допирал по телото 31-годишна жена во продавница е превземен од МАКФАКС. Синоќа во ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потпиша Меморандум за разбирање со „Emirates Investment Group“, со цел воспоставување рамка за соработка во насока на меѓународно позиционирање на предложената иницијатива за Дигитален иновациски хаб. Меморандумот, од страна на „Emirates Investment Group“, го потпиша Хамад Ал Шамси, претседател на Бордот на групацијата. Целта на меморандумот, според соопштеното, е да се овозможи ...

Македонија во следните пет години нема да биде меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа, реагираат од СДСМ. Меѓународниот монетарен фонд во последниот извештај, потсетуваат од оваа партија, прогнозира дека македонската економија до 2031 година ќе има просечен раст од 3%. „Пред нас се Албанија со раст од 3,19%, Молдавија, Србија со 3,5% Украина, Косово со 3,95% раст, а прва е Малта со економски раст од 3,96%. Ова е вистината. Не му ...

СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони, соопшти полицијата. „Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. ...

Со посветена работа од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се остварува стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот, истакна на прес-конференција, Душко Иванов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Како никогаш до сега во поновата историја на државата се случува голем бум на градежништво, како еден од главните драјвери на економскиот развој, се градат патишта, автопатишта, експресни патиштата. Тоа го потврдуваат и од ...

Google Street View се враќа во РС Македонија за обемно обновување на сликите од Street View со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на Google Maps. Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, Street View повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на РС Македонија и ќе го направи подостапен ...

Според ЛДП, денешното утро е клучен момент за иднината на Македонија. За само неколку часа во државава, потсетуваат од оваа партија, пристигнува еврокомесарката Марта Кос, во денови кога, као што велат, судбината на парите од Европската Унија наменети за македонските граѓани виси на конец поради политичка неодговорност и партиски пазарења. „Либерално-демократската партија излегува со јасен, конкретен и итен предлог до Собранието: бараме уште ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков реагира на изнесените тврдења во дискусијата на седницата на Комисијата за ребалансот на Буџетот, оценувајќи дека тие не кореспондираат со официјалните буџетски документи. „Во политиката постојат различни толкувања, но фактите не се прашање на толкување. Во официјалниот ребаланс не постојат тврдењата дека средствата за кадровско зајакнување и инспекцискиот надзор се пренаменуваат за канцелариска ...

Владата на Мицкоски ги изигра и ги излажа пациентите кои боледуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест, кажа денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Прво, Фондот за здравствено осигурување ја зголеми цената на лекот „Фостер“ од околу 300 на 1.080 денари. Во оваа сиромаштија во која ВМРО ги доведе граѓаните, многу пациенти едноставно немаат можност да издвојат уште 780 денари плус за терапија без која не можат нормално ...

„Андреј Петров во емисијата „Во Центар“ покажа дека старите навики тешко се менуваат. Младите социјалдемократи кои не се согласуваат со неговата иницијатива ги нарече „носачи на плакати“, а обичните членови на СДСМ – луѓе со кои „не сака да седи на маса“ бидејќи не се на „иста бранова должина“ со интелектуалците“, реагираат од опозициската партија. Ова, како што шпосочуваат, доаѓа од човек кој како генерален секретар во 2013 година ја одведе ...

СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик, а ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати се што ќе побараат, само дијаспората да гласа по електронски пат или по пошта, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Македонксата јавност, вели тој, е сведок на целосна политичка конфузија од страна на СДС, Левица и ДУИ во однос на новиот Изборен законик. „Не може еден ден да се договараат, а ...

Судскиот совет денеска ја избра судијката Даниела Димовска за претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Како клучни предности според членовите на Советот кои ја поддржаа кандидатката, беа посочени нејзиниот акциски план, визионерскиот пристап во раководењето, капацитетот за унапредување на независноста и транспарентноста на судот, како и резултатите постигнати во текот на изминатата година додека ја извршуваше функцијата в.д. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34