Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Палеонтолози од Тајланд тврдат дека откриле нов вид диносаурус по анализата на фосили пронајдени во провинцијата Каласин, во североисточниот дел на земјата. Новиот вид е наречен Uragasaurus kalasinensis, а научниците претпоставуваат дека овој тревојаден диносаурус живеел пред околу 150 милиони години. Неговата највпечатлива карактеристика бил исклучително долгиот врат, кој достигнувал до 20 метри – должина споредлива со терен за крикет. ...
Украинските одбранбени сили соопштија дека во ноќта меѓу 10 и 11 јули извршиле напад врз руски пловила во Азовското Море, при што бил погоден 21 руски танкер што, според Киев, се користел за транспорт на нафта и нафтени деривати. Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, танкерите биле дел од логистичката мрежа преку која Русија ги заобиколува меѓународните санкции и обезбедува приходи за финансирање на воените операции во ...
Министерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид. Со поддршка на Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и кабинетите и работилниците за практична настава во електр-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“, а следна голема инвестиција е темелната обнова на државниот ...
РС Македонија повеќе не е на европската агенда и останува на страна од европските процеси поради неспособноста и погрешните политики на Христијан Мицкоски, кажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека државата е доведена во состојба на политичка изолација и неизвесност во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е високо на нејзината агенда. „Во текот на вчерашниот ден и ...
Иако авионот на „Рајанер“ со сериозно оштетен десен мотор и скршен прозорец слета безбедно во Солун, истрагата за инцидентот ја води Македонија, бидејќи настанот се случил во македонскиот воздушен простор, пишува Aero.rs. Американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) соопшти дека назначил акредитиран претставник кој ќе ѝ помогне на Македонија во истрагата за сериозниот инцидент со летот на „Рајанер“. The NTSB has ...
Фотографија од 61-годишниот српски државјанин кој за малку ќе го загубел животот за време на летот на авиокомпанијата „Рајанер“ е објавена во грчките медиуми. Мажот, чие име сè уште не е соопштено, се наоѓа во болница во Солун, каде се опоравува од повредите и шокот по драматичниот инцидент. Несреќата се случила на летот на релација Солун – Минхен, кога за време на летот дошло до пукање на прозорец во кабината. Српскиот патник седел до ...
Американскиот бизнисмен од Мајами, Артур Шеху, за кого албанските власти распишале потерница поради сомневања за перење пари од дрога, е осомничен и за фалсификување имотни документи за земјиштето на кое зетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, планира да изгради луксузен комплекс вреден милијарди долари. Според документите на албанската Специјална структура за борба против корупција и организиран криминал ...
Европските земји разгледуваат предлози со кои би се овозможила наплата на надоместоци за навигациски услуги во Ормутскиот Теснец, но само доколку тие не бидат задолжителни и бидат поддржани од агенцијата на Обединетите нации задолжена за регулирање на поморскиот сообраќај. Иницијативата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу САД и Иран, а целта е да се најде долгорочно решение за управувањето со еден од најважните светски поморски ...
Дваесет и шестгодишен маж кој беше уапсен под сомнение за убиството на поранешната британска пратеничка Ен Видикомб е пуштен од притвор и повеќе не е дел од истрагата, соопшти полицијата на Девон и Корнвол. Телото на Видикомб беше пронајдено во четвртокот околу 11:40 часот во нејзиниот дом во Хејтор, во областа Девон. Полицијата соопшти дека жената имала „тешки повреди“. Истрагата продолжува Полицијата во петокот започна потрага по маж ...
СДСМ обвини дека додека граѓаните се соочуваат со економски проблеми и ниски примања, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на поранешниот премиер Никола Груевски. Од партијата наведуваат дека станува збор за станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски, според нив, располага со многу поголеми средства и имот надвор од земјата. „Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална ...
Обновувањето на билатералната соработка меѓу Уставните судови на Македонија и Србија, по 15 години, не е обична институционална размена. Тоа е дел од системското продлабочување на врските меѓу два авторитарни режима кои се поврзани преку сестринските партии ВМРО и СНС, велат од СДСМ. „Претседател на Уставниот суд на Србија, Владан Петров, е јавно познат по својата отворена политичка поддршка за Александар Вучиќ уште од 2017 година. Неговиот ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 29 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 14 степени, а максималната ќе достигне до ...
ВМРО-ДПМНЕ ги обвини опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ дека „со свои различни изговори“ го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Од партијата оценуваат дека причината за нивното однесување е иста – ниските рејтинзи и стравот од изборен пораз. „Јавноста е сведок како секоја од нив излегува со различни тези и изговори, како намерно да сакаат да креираат конфузија и збунетост кај граѓаните. СДС не сака македонската дијаспора на ...
Жителите на градовите Пакдаш и Чиамдаш, источно од иранската престолнина Техеран, пријавиле дека слушнале силни експлозии, објавија локалните медиуми. Според извештаите, засега не е познато од каде потекнуваат експлозиите, ниту која е нивната точна локација. گزارشهای دریافتی از شنیده شدن صدای انفجار حوالی پارچین، پاکدشت و قیامدشت در جنوب شرق #تهران و دیده شدن دود:https://t.co/iruJ7RQGHL شنبه ۲۰ تیر #Iran pic.twitter.com/lQ5yvFbBrg — Vahid ...
Седумдесетгодишниот Х.Б. од Нови Пазар трагично го загуби животот на граничниот премин Градина, откако врз него се спуштил камион што се обидувал да го поправи. Несреќата се случила во средата, нешто по 18 часот, по ненадеен технички дефект на возилото, пренесуваат локалните медиуми. Според првичните информации, возачот во текот на возењето забележал проблем со камионот, по што го запрел возилото за да провери за што станува збор. Додека се ...
Најмалку 23 лица и натаму се водат како исчезнати во големиот шумски пожар што го зафати регионот Леванте Алмериенсе во шпанската покраина Андалузија. Во пожарот досега загинаа 12 лица, а пожарникарите и понатаму се борат со огнената стихија. Според локалните власти, пожарот продолжува да се шири поради неповолните временски услови и силниот ветер. До петокот вечерта огнот зафатил околу 4.000 хектари вегетација, пренесуваат шпанските ...
Бројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 4.118, соопшти во петокот претседателот на Народното собрание, Хорхе Родригез. Според најновите официјални податоци, во катастрофата се повредени 16.740 лица, додека 17.907 жители останале без своите домови. Овие бројки остануваат непроменети во однос на претходниот извештај. Двата разорни земјотреси, со јачина од 7,2 и 7,5 степени според ...
Британската полиција соопшти дека уапсила 26-годишно момче под сомнение за убиството на Ен Видекомб, поранешна конзервативна министерка која подоцна стана портпаролка на партијата Реформа на Велика Британија. Полицијата од Девон и Корнвол соопшти дека 78-годишната Видекомб била пронајдена мртва во нејзиниот дом на Дартмур во Девон претходното утро, со сериозни повреди. Мет Лонгман од полицијата од Девон и Корнвол изјави дека осомничениот е ...
Поранешниот републикански сенатор од Јута, Мит Ромни, индиректно ги критикуваше сегашниот и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп и Џо Бајден, во ново интервју, велејќи дека верува дека луѓето над 80 години не треба да ја водат земјата. Ромни, кој има 79 години, ја наведе сопствената возраст како главна причина зошто го напуштил Сенатот во 2025 година и зошто нема повторно да се кандидира за претседател. Гостувајќи во подкастот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се во врска што во последните месеци сè повеќе наликува на политичка сапуница, пишува израелскиот „Хаарец“ во анализа на продлабочувањето на кризата во израелско-американските односи. Трамп му рече на израелскиот новинар Барак Равид минатата сабота навечер дека Нетанјаху побарал лична средба, која можеби требало да се одржи оваа недела. Сепак, до четврток ништо ...
Украинските сили извршија серија напади во текот на ноќта врз голема руска рафинерија за нафта, нафтени терминали и други воени цели, потврди Генералштабот на украинските вооружени сили. Нападите се дел од поширока кампања насочена кон руската енергетска инфраструктура што ги поддржува воените напори на Кремљ, пишува The Kiev Independent. Според соопштението на Генералштабот, целите на нападот биле рафинеријата за нафта Илскиј во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека САД се согласиле да продолжат со преговорите со Иран, но во исто време повтори дека Вашингтон јасно му ставил до знаење на Техеран дека прекинот на огнот повеќе не е на сила. „Исламската Република Иран побара продолжување на преговорите. Ние се согласивме со тоа“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social. „Но, Соединетите Американски Држави им ставија до знаење дека примирјето е ...
Во рамките на истражната постапка што ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При тоа, се приведени три лица, од кои двајца ...
Многу луѓе бараат стручна помош само кога нивната врска е во длабока криза и честопати се целосно изненадени кога нивниот партнер одеднаш одлучува да прекине врска за која верувале дека е стабилна. Во такви ситуации, често се покажува дека суптилните, но опасни модели на однесување ја поткопуваат врската долго време. Многу парови едноставно ги превидуваат токсичните динамики и го потиснуваат сопственото незадоволство наместо искрено да ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денес учествуваше на меѓународниот младински настан RinCamp 2026, кој се одржува во Република Албанија, каде беше панелист на сесијата „Европската интеграција во пракса: Предизвици и перспективи за младите во Северна Македонија“. Во своето обраќање, Лимани истакна дека Северна Македонија и Албанија ја делат истата визија – полноправно членство во Европската Унија и ...
Во моментов во Собранието се прават измени на Законот за студентскиот стандард во делот на сместувањето и користењето на услугите на студентските домови. Целта е подигнување на безбедноста во објектите и спречување на негативни практики кои постоеја во минатото, како неосновано долгорочно сместување на поединци. Министерката за образование и наука Весна Јаневска на прес конференција ги образложи поважните измени. „Ја ограничуваме возраста на ...
Градот Скопје започнува со реализација на проектот за изградба на нов мега-парк во општина Карпош, на површина од 72.000 квадратни метри, со што долгогодишно запуштениот простор, кој со години беше претворен во дива депонија, ќе биде целосно уреден и ставен во функција на граѓаните, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Проектот предвидува целосно хортикултурно уредување на просторот, изградба на парк за миленици, детски ...
Парламентарното мнозинство на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ се зголемува и брои 59 пратеници, Демократската партија на Турците на Македонија се приклучува кон коалицијата, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. „Со потпишување на Договорот за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија испраќаме јасна порака дека кога станува збор за интересите на граѓаните и иднината ...
Предолго молчевме, работејќи во тишина за да ги решаваме проблемите што ги наследивме, но кога некој се обидува да ја искриви реалноста и да ја доведе јавноста во заблуда, наша должност е да ги изнесеме фактите пред граѓаните, истакна на прес-конференција Петар Јанков, градоначалник на Општина Струмица. „Кога ја презедов функцијата градоначалник не наследив стабилна и финансиски здрава општина, наследив сериозни обврски, долгови и финансиски ...
Основното јавно обвинителство Гостивар побара обдукција на 14 – годишното девојче кое почина откога падна од лулашка на игралиште во Гостивар. Ќе се испитуваат сведоци и ќе се проверува безбедноста на реквизитите на игралиштето. „Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место. Дадена е наредба за обдукција, како и насоки да се преземат повеќе дејствија за испитување на евентуални сведоци и проверки по ...