Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Мета почна да ги затвора Инстаграм профилите што ги користат нејзините паметни очила за тајно снимање и вознемирување. Извршниот директор на Инстаграм, Адам Мосери, потврди дека платформата повеќе нема да толерира содржина создадена со неовластено снимање на луѓе на улица или на работното место . Поради честата злоупотреба и нарушување на приватноста , овие паметни очила веќе добија прилично лоша репутација во јавноста. Покрај бришењето на ...
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Најголема фреквенција на возила е забележана на граничниот премин Богородица, каде што за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата. Интензитетот на сообраќајот на патните правци ...
Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел. Во исто време, цвеќе ќе положат и претставници на ...
Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува од југоисток. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. ...
Подзаконските акти за Законот за органодарителство – уредбите и правилникот се ставени на јавна расправа на веб-страната на Министерството за здравство по што се очекува да поминат на седница на Владата. Со примената на Законот за органодарителство, најавена за 1 октомври годинава, граѓаните ќе може кај својот матичен лекар да потпишат согласност за органодарителство. Во Велес денеска се одржа панел дискусија за органодарителството, со цел ...
До 18 часот денеска на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во атарот на селата Плешинци и Стрмош во Општина Пробиштип, каде што гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума, во кумановското село Винце, каде што е зафатена сува трева, како и на ...
Без разлика дали верувате во астрологијата или само ја гледате за забава, многу луѓе ќе се согласат дека некои луѓе имаат природна способност да слушаат, разбираат и да ги чуваат тајните на другите луѓе. Тие се оние на кои пријателите, колегите и членовите на семејството често се обраќаат кога им треба искрен совет или рамо за плачење. Според астрологијата, овие четири хороскопски знаци се оние на кои најверојатно ќе им се верува. Рак – ...
Во електровлечната подстаница Драчево, која се наоѓа меѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е уништен значителен дел од електроенергетската опрема неопходна за функционирањето на железничката инфраструктура, соопштуваат од Министерството за транспорт. Според информациите од Министерството за транспорт, сторителите насилно превртеле два електроенергетски трансформатори, тешки повеќе од 30 тони. ...
Откријте како свесното забавување и одложување на клучниот момент може да го претвори вашиот сексуален живот во многу поинтензивно искуство. Ако сакате сексот да биде уште поинтензивен, експертите ве советуваат да пробате техника која бара само малку трпение. Тоа е метод за кој сексуалните терапевти тврдат дека може значително да го подобри искуството на оргазам . Ова е техника позната како рабови, која вклучува пауза непосредно пред ...
Петнаесет години по ненадејната смрт на една од најталентираните пејачки на нејзината генерација, Ејми Вајнхаус, нејзината мајка Џенис Вајнхаус повторно проговори за животот и наследството на нејзината ќерка. Во емотивен осврт, таа истакна дека верува оти Ејми, покрај нејзините лични борби, била и жртва на огромен успех кој дошол прерано и донел огромен притисок. Ејми Вајнхаус почина на 23 јули 2011 година на само 27-годишна возраст, ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок, по информациите во јавноста дека водата за пиење во установата не е исправна. Тој изјави дека состојбата со епидемијата во Гостивар постепено се стабилизира и дека бројот на нови пациенти значително се намалува. „Денеска се регистрирани 80 нови пациенти, што е двојно помалку во однос на претходните денови. Вкупно се евидентирани ...
Службеник вработен во прилепскиот Центар за вработување побарал поткуп од 18.000 денари за да му помогне на жител од селото Бело Поле да не ја изгуби социјалната помош, како и неговата сопруга да ја стави на листата на лица што бараат работа. Полицијата го фатила вчера, кога му биле предавани последните 6.000 денари од поткупот. Откако оштетениот и неговата сопруга, корисници на социјална помош, на 23 април добиле СМС-порака од Агенцијата да ...
Виралниот цртеж на украинскиот уметник Олег Шупљак наречен „Четири жени“ повторно привлекува внимание на интернет бидејќи очигледно само мал број луѓе успеваат да ги забележат сите скриени фигури. Ова е дело од 2013 година, изработено со молив, хартија и гипс, кое на прв поглед прикажува насмеана жена со долга коса како зборува на телефон. На илустрацијата, таа носи плисирана здолниште и кратка маица, а композицијата е распоредена така што ...
Француските регулатори усвоија закон со кој се забрануваат социјалните мрежи за деца под 15 години, објави CNN. Новиот закон, кој треба да биде одобрен од Уставниот совет на Франција, би можел да ја направи земјата прва членка на Европската Унија што ќе ги забрани социјалните мрежи, откако слична легислатива беше усвоена во Австралија во 2024 година. Овој закон има за цел да се спротивстави на негативните влијанија врз здравјето поврзани со ...
Веќе неколку години, бројни организации во Јапонија бараат работната недела да се скрати на четири дена, тврдејќи дека може да се постигне подобра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, но премиерот Санае Такаичи се спротивставува на тоа. Едно соопштение на премиерот на Јапонија особено ги налути поддржувачите на скратувањето на работната недела, иако на прв поглед тоа беше бенигна најава за празникот во оваа земја. „Овој празник е ...
Баба Ванѓа, познатата бугарска пророчица, верувала дека секој хороскопски знак има своја специфична судбина. Овен Овните се родени да бидат лидери. Нивната судбина е да поминат низ големи предизвици во текот на животот што ги зајакнуваат и ги водат кон успех. Баба Ванѓа наводно верувала дека храбрите луѓе секогаш ќе го најдат својот пат, дури и кога сите други се откажуваат. Бик Биковите се предодредени за стабилност , но исто така и важна ...
Околу еден милион денари се потребни за санација на кровните конструкции на Општинското основно училиште (ООУ) „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“ покажаа пресметките на проценителите по силното невреме проследено со дожд и ветар кој се движел со бризина од 134 километри на час во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вели дека ова се пресметките на проценителите за штетите на институциите кои се под надлежност ...
Не сите знаци на љубов се секогаш очигледни. Додека некои мажи отворено ќе покажат интерес, ќе испратат СМС порака, ќе се јават на својата симпатија или ќе направат романтичен гест, други ги покажуваат своите емоции на посуптилни, а понекогаш и малку збунувачки начини. Кога мажот се заљубува, неговото однесување може да се промени. Понекогаш станува посериозен, попретпазлив, па дури и изгледа незаинтересиран, иако причината е токму спротивна ...
Откако била на платено боледување 17 години и во тој период добила еден милион евра од државниот буџет, 62-годишна наставничка во стручно училиште во Германија го тужела училиштето, барајќи да ја вратат на работа и да продолжат да ѝ ја исплаќаат целата плата. Наставничката не стапнала во просториите на училиштето во Везел од 2009 година, редовно доставувајќи дознаки и лекарски уверенија, додека нејзината плата редовно се уплаќала на нејзината ...
Обдукцијата на моден агент поврзан со Џефри Епштајн не покажа знаци на насилство, додека истражителите сè уште ги чекаат конечните резултати од тестовите за да ја утврдат причината за смртта. Француското обвинителство објави дека обдукцијата врз телото на модниот агент Даниел Сиад не покажала знаци на насилство. Сиад, кој бил поврзан со починатиот американски финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, бил пронајден мртов на 20 ...
Земјите-членки на Меѓународниот кривичен суд (МКС) гласаа за отстранување на главниот обвинител Карим Кан, откако официјалниот надзорен орган на судот утврди дека тој извршил сериозно прекршување на должноста во врска со наводите за сексуална злоупотреба. Ова е невиден преседан во историјата на Меѓународниот кривичен суд, со кој се завршува една исклучително штетна епизода за оваа меѓународна судска институција, точно две години откако ...
Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен, вели Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор. „Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена. Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење а низ Лепенец и Вардар тече ...
По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес од 1963 година, Градот Скопјe организираше бесплатна панорамска прошетка за граѓаните. Учесниците, преку панорамски автобус и водени од туристички водич, имаа можност да се запознаат со историјата на градот пред земјотресот, уништените згради и местата од значење за наследството на Скопско, најави градоначалникот на Скопско, Орце Ѓорѓиевски. „Со панорамски автобус и професионално водство од ...
Леброн Џејмс ќе потпише за Филаделфија 76ерс, 12 години по јавниот повик на Џоел Ембиид, кои веруваат дека со него би можеле сериозно да ја освојат титулата во НБА. Џејмс пристигнува во Филаделфија со двегодишен договор вреден околу 3,9 милиони долари по сезона, што е минимум за ветеран. Неговото доаѓање доаѓа во време кога франшизата се обидува да го заврши долгото чекање за титула, бидејќи „76ерс“ не освоиле шампионска титула од 1983 ...
Француските научници ги открија основните градежни блокови на неверојатната разновидност на птичјата песна. Преку обемни истражувања, утврдено е дека сите сложени и разновидни песни на птиците низ планетата се состојат од комбинации од осум фундаментални звучни елементи, наречени мотиви. Анализирајќи повеќе од 116.000 снимки од пеењето на повеќе од 3.000 различни видови птици, тим експерти утврди дека целиот репертоар на птици е сведен на ...
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, а на третата интензивно се работи. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности на трасата и изградба на ...
СДС денес го испрати мали Фрчко, да дели совети за како треба да се прослави независноста на државата, а не му кажаа да побара одговорност од Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во ниту еден момент од СДС не побараа одговорност од градоначалникот на Гостивар, за скандалот кој се случи со водата, и продолжуваат да го заобиколуваат Лимани. Во коалиција со ДУИ и Таравари, се обидуваат и оваа криза да ја претворат во алатка за да си собираат ...
Новиот англиски шампион Арсенал сака дополнително да го засили својот тим, а шпанскиот „Диарио АС“ објавува дека овој тим испратил речиси неверојатна понуда за Хулијан Алварез. Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез е на работ да го напушти Атлетико Мадрид, но прашањето е во кој клуб ќе ја продолжи кариерата. Иако самиот Алварез сака да се приклучи на Барселона, тој е главна цел на Арсенал. „Диарио АС“ утрово пишува дека Арсенал испратил ...
Македонски државјанин е уапсен во Улцињ под сомнение дека намерно удрил и убил куче со автомобил, соопшти црногорската полиција. Според информациите, жената е 43-годишната С.С., која е лишена од слобода по наредба на државен обвинител од Основното државно обвинителство во Улцињ. Полициската управа соопшти дека случајот го пријавил околу 15:15 часот сопственикот на кучето, кој изјавил дека лице кое управувало со бел Мерцедес со скопски ...
На граѓаните на Гостивар им се случи огромна здравствена катастрофа, труење со вода. Најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите кои ги води ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ Гостивар. „За труењето на над 3.000 граѓани на Гостивар мора да има одговорност, од локално па до централно ниво. Политичка и кривична. Од сите. Не може да се отруе цел град и да нема ниту една оставка од оние кои потфрлиле, не може да луѓето да ...