Раперот Пи Диди е во самица по тепачка со друг затвореник. Според странските медиуми, Диди моментално се наоѓа во затворот FCI Форт Дикс во Њу Џерси, кој се наоѓа на воена база надвор од Филаделфија. Тој отслужува казна во овој затвор поради тоа што е осуден за два случаи поврзани со проституција. Според TMZ, тепачката во затворот започнала откако еден затвореник го нападнал Диди, но затворскиот персонал спречил ситуацијата да се развива ...

Повеќето жени се идентификуваат со еден од шесте клучни типови на личност: Алфа, Бета, Гама, Делта, Сигма и Омега. Дали сте полни со самодоверба или сте привлечени кон длабока самоанализа? Дали уживате во големо друштво или ви е доволна само една вистинска личност? Повеќето жени можат да го најдат одговорот во описот на овие шест типа карактери. Алфа женка Таа е самоуверена, приземјена и има свој став, но исто така сака да ги чуе мислењата на ...

Месечината орбитира околу Земјата милијарди години. На просечно растојание од околу 384.400 километри, единствениот природен сателит на нашата планета го обликува животот на Земјата многу повеќе отколку што повеќето луѓе сфаќаат. По повод Меѓународниот ден на Месечината, кој се слави на 20 јули, НАСА понуди научно заснован одговор на интересно прашање – што би се случило ако Месечината одеднаш исчезне? Исчезнувањето на годишните времиња ...

Доколку имате проблем со исфрлање на течности или едноставно сакате да го исчистите вашето тело од токсини, пијте чај од пченкарна свила бидејќи тој е еден од најсилните природни диуретици, советуваат експертите. Со консумирање на овој чај, количината на излачена урина може да се зголеми неколку пати во рок од 24 часа, без никакви штетни последици. Според експертите, пченкарната свила има антиинфламаторно дејство и ги штити и смирува ...

Компанијата „СпејсИкс“ на американскиот милијардер Илон Маск почна да ги одбива сателитските оператори кои бараат наменски летови во орбитата со ракетата „Фалкон 9“ за периодот по 2028 година, објави „Блумберг“. Како што изјавија неименувани извори, компанијата моментално не прифаќа нови резервации за својата програма, во која повеќе сателитски оператори делат простор на една ракета за да одат во орбитата. Можна промена на планот? „СпејсИкс“, ...

Пожарот што беснее во департманот Жиронд на југозападна Франција принуди евакуација на околу 220.000 луѓе , додека пожарот се шири под влијание на силни ветрови и сува вегетација. Префектот Софи Брокас истакна дека формирањето на пирокумулонимбусни облаци е забележано во вечерните часови, со појава на нови жаришта пред главниот фронт на пожарот, што дополнително ја комплицира ситуацијата. Француската министерка за одбрана, Катрин Вотрен, ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание на поле со висок воздушен ...

Ќерката на Сашка Стојаноска, Македонка уапсена во Улцињ откако со својот автомобил прегази куче, тврди дека Шарпланинецот прво го нападнал и го убил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на нејзиното семејство. Во изјава за телевизијата Сител, таа рече дека на видеото се гледа и нивното мало куче од расата Ши Цу, кое претходно било убиено од куче од расата Шарпланинац од 50 килограми. Кучето, тврди таа, влегло во нивниот стан, го ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека Владата ќе продолжи со поддршка на развојните проекти во Скопје, најавувајќи дека до крајот на годината главниот град ќе добие нова комунална опрема и електрични автобуси. Тој го пофали градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, оценувајќи дека за неколку месеци се постигнати значајни резултати во реализацијата на проекти кои претходно биле во застој. „За овие неколку месеци откако ...

Пожарот што избувна во Парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму соопштија дека веднаш по пријавата била воспоставена координација со сите надлежни институции, а Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала брзо и ефикасно на терен. Од ЦУК посочуваат дека директорот лично бил на местото на настанот, каде ја следел состојбата и ја координирал работата на службите. Иако ...

Технички исправна вода за користење се очекува да добијат жителите на Гостивар уште во текот на утрешниот ден, потврди премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела. Според него, иако управувањето со водоводната мрежа е во директна ингеренција на локалната власт, Владата веднаш се вклучила на терен преку обезбедување хуманитарни донации во флаширана вода и со ангажирање стручни екипи од ...

Во последниве години, колагенот стана еден од најпопуларните додатоци во исхраната меѓу оние кои сакаат посилна, погуста и поздрава коса. Рекламите и социјалните мрежи често го претставуваат како едноставно решение за опаѓање на косата и забрзан раст, но науката сè уште не ги потврдува сите одлични ветувања поврзани со овој протеин . Колагенот е најзастапениот протеин во човечкото тело и е важен дел од кожата, коските, тетивите, ‘рскавицата и ...

Режисерот на музички спотови и познат фотограф Дејан Милиќевиќ неодамна се пофали дека ослабел многу, а сега откри и како. За разлика од колегите од јавната сцена кои кријат дека починале со помош на Оземпиќ и други дроги, Дејан беше целосно искрен. Тој открил дека благодарение на овој вид подготовка изгубил вишок килограми. – Нема да лажам како другите, ослабев затоа што се боцкам себеси ! Ме боли кога ме осудуваат! Имам 57 години, никој не ...

Илјадници луѓе беа евакуирани од предградијата на Бордо во саботата поради големите шумски пожари што се приближуваат кон градот во југозападна Франција . Француските воени сили се приклучија во борбата против невидената пожарна стихија, а за прв пат во историјата беше подигнат и воен транспортен авион „Ербас А400М“ . Тој беше снимен како фрла 20 тони хемиски ретардант за да го спречи ширењето на пожарот. Објавеното видео го прикажува авионот ...

Во документот од 39 страници, наречен БЕСА , кој премиерот на Албанија, Еди Рама , им го предаде на своите колеги на состанокот на парламентарната група и кабинетот на 24 јули, се посочува дека ова е стратешкиот документ за пресвртница за четвртиот мандат. Албанските медиуми го открија овој документ, кој според Рама ја дефинира дијагнозата, целта, капацитетите што треба да ги изгради администрацијата, механизмите за имплементација, ...

Пожар избувна во парк-шумата Гази Баба, каде во моментов интервенираат екипи на скопската Противпожарна бригада. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека пожарникарите се на терен и работат на локализирање и ставање под контрола на огнената стихија. Од местото се забележува густ чад кој се издигнува над пределот на парк-шумата, а екипите се обидуваат да го спречат понатамошното ширење на пожарот, особено поради сувата вегетација ...

Кога зборуваат за интелигенција, повеќето луѓе прво помислуваат на високи резултати на тестови или извонредни академски достигнувања. Сепак, експертите предупредуваат дека интелигенцијата често се открива преку многу посуптилни обрасци на однесување . Најновото истражување издвојува неколку карактеристики кои често се јавуваат кај луѓе со натпросечни интелектуални способности. Интересно е што многу од нив немаат никаква врска со формалното ...

Во германската престолнина е во тек потрага по него. Полицијата објави фотографија од осомничениот и го идентификуваше како 21-годишниот Абдул Б. Автомобил се удри во толпа што го славеше настанот Прајд на улицата Кристофер во Берлин во саботата навечер, при што загина едно лице, а најмалку 16 други беа повредени. Инцидентот се случил околу 22:00 часот. Три лица се уште се во животно-загрозувачка состојба, објавува Телеграф. Според првичните ...

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оддаде почит на жртвите и порача дека градот никогаш нема да ги заборави трагичните настани од 26 јули 1963 година. Тој потсети дека во 5 часот и 17 минути, за само неколку секунди, биле згаснати повеќе од илјада човечки животи, биле разурнати домови и разделени семејства. „Зад секоја бројка остана нечие дете, ...

СДСМ преку соопштение, по повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, соопшти дека денес Македонија се соочува со, како што наведуваат, „системска непогода“, обвинувајќи ја Владата за разорување на институциите и довербата кај граѓаните. „Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје пред 63 години, а денес гледаме разурена цела Македонија. Тогаш беше природна катастрофа. Денес државата се соочува со системска ...

„Њујорк тајмс“ и „Аксиос“ објавуваат дека американскиот претседател одлучил да ги остави настрана плановите за напад врз Иран, по 13 дена последователни напади. „Тајмс“, повикувајќи се на претставници на администрацијата на Трамп, објави дека одлуката на претседателот дошла во услови на загриженост дека ескалацијата на војната би можела „опасно да ги исцрпи веќе исцрпените залихи на Пентагон од пресретнувачи на ракети „Патриот“ и друга ...

Султанија Нурбану, моќна жена на Отоманското Царство, станала клучна фигура за време на „Женскиот султанат“, владеејќи со земјата заедно со Мехмед-паша Соколовиќ. Родена како венецијанска благородничка, киднапирана од пирати и продадена во османлискиот харем, Нурбану успеала да стане една од највлијателните жени на своето време. Како сопруга на султанот Селим II и мајка на Мурат III, таа одиграла клучна улога во политичкиот живот на ...

Во железничката електрична трафостаница во Драчево, која се наоѓа помеѓу железничките станици Лисица и Драчево, се случила кражба со штета проценета на околу 5 милиони евра, соопшти Министерството за транспорт. Според министерството, кражбата предизвикала целосно уништување на значителен дел од електричната опрема на железничката инфраструктура. Сторителите насилно превртеле два големи електрични трансформатори, секој тежок над 30 тони. Од ...

Понекогаш само еден поглед е доволен за да се донесе пресуда за нечиј изглед. Токму ова е основа за бројни психолошки тестови кои тврдат дека нашиот прв избор може да открие одредени особини на личноста. Иако ваквите тестови не се научно докажан метод за проценка на карактерот, многу луѓе ги гледаат како интересен начин да научат нешто ново за себе. Погледнете ја илустрацијата и, без премногу размислување, одговорете на едно прашање – која ...

Свадбата треба да биде еден од најсреќните денови во животот, но понекогаш, наместо музика, радост и прв танц, се памети по неочекувани пресврти. Токму вакви приказни го преплавија Reddit овие денови, откако еден корисник постави едноставно прашање: дали некој присуствувал на свадба што била откажана во последен момент? Одговорите брзо почнаа да се шират, при што корисниците споделија низа признанија за свадби што завршиле прерано. Важно е да ...

Повеќето луѓе, додека јадат лубеница, без размислување ги отстрануваат семките и ги фрлаат. Сепак, малкумина знаат дека тие се многу вреден извор на хранливи материи и можат да бидат одличен додаток на секојдневната исхрана. По сушењето и печењето, семките од лубеница може да се јадат како семки од тиква или сончоглед. Покрај пријатниот, малку јаткаст вкус, тие се карактеризираат со висока содржина на протеини, како и минерали како што се ...

Грчките цариници ќе штрајкуваат на граничните премини во понеделник наутро. Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, според информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, за 27.07.2026 година (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојран (Дојран) и Ники (Меџитли). „Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот ...

Заборавете на апчињата за спиење и скапите чаеви. Науката потврди дека една шака ф’стаци пред спиење е сè што ви треба за мирна ноќ. Ако страдате од несоница, постои вкусна храна која ќе ви помогне да заспиете . Зборуваме за ф’стаци кои содржат голема количина мелатонин, хормон кој придонесува за квалитетен сон . Мелатонинот ни помага да заспиеме побрзо и да спиеме подолго. Исто така, го подобрува квалитетот на спиењето . Покрај тоа, ...

Со месеци се обидувам да ги составам парчињата од животот што се распадна речиси преку ноќ, Кога го резервирав апартманот во Будва , бев убеден дека тие десет дена на море ќе бидат токму она што ни требаше мене и на моите деца. Зад нас беше исклучително тежок период, обележан со развод кој не само што донесе крај на еден брак, туку целосно го промени начинот на кој живеевме, ја планиравме иднината и се гледавме еден на друг. Со месеци се ...

Повисоки сметки за данок на имот се очекува да добијат скопјани во наредниот период, затоа што Град Скопје, воден од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во соработка со УНДП врши репроценка на вредноста на имотот на граѓаните, нешто што според нив не е направено повеќе години. „Не може становите да се продаваат по 2.500 евра за квадрат, а данокот да се плаќа на проценка од 1.200 евра“, тврдат од Град Скопје. Тоа е и една од причините зошто ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Бакар

12.58