
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Православните верници денеска го одбележуваат Крстовден – празник на Чесниот Господов крст. Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Крстана, Кристина, Христина, Кристијан. Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. Денешниов ...
Во Охрид се сретнаа над 100 експерти од ИТ индустријата од Македонија, Албанија и Косово на конференцијата „Ingram & Vendors networking #1“ во организација на компанија Ingram Micro Macedonia. Тие на настанот говореа на теми како безбедносни онлјан аспекти, DDoS заштита, решенија за складирање од светска класа, како и за ерата на multi-cloud. -Како компанија која активно работи на македонскиот, европскиот и светскиот пазар како дистрибутер ...
Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 Септември денот на европските јазици упатува искрена честитка. Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет. Важноста на ...
Како живоносец, како од Рајот навистина покрасен и од секоја царска палата посветол, се покажа, Христе, Гробот Твој – изворот на нашето спасение. Да се стои во местото каде што лежело пречистото Тело на Несместливиот, во теснината што Го собрала Оној Кој вселената ја распростел, е дело единствено на Божјата безгранична милост. Сесветиот и Живоприемен Гроб Господов. Тој тесен простор, каде што човек мора да ја наведне главата, ако сака да влезе ...
Регулаторниот завод за енергетика одобри зголемување на цената на енергијата за 4,4 пати за потрошувачите од домаќинствата кои месечно трошат повеќе од 800 киловати електрична енергија. Така, домаќинствата кои ќе ја надминат оваа вредност повеќе нема да плаќаат енергија по 9,5 лека (5 денари), туку по 42 лека (22 денари) за киловатчас. По предлогот на владата оваа цена најпрво ја прифати албанската електро корпорација, КЕШ, како ексклузивен ...
Германската федерална канцеларија за борба против криминалот (БКА) предвидува дека инфлацијата и порастот на цените на енергијата може да имаат негативно влијание врз внатрешната безбедност во земјата и да предизвикаат слични протести како за време на пандемијата на коронавирус, јавија денеска германските медиуми. Можеме да очекуваме слична ситуација како за време на протестите против мерките за сузбивање на пандемијата, кога значителен дел од ...
Со благослов на архиепископот г. г. Стефан и на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, игуменот на Бигорскиот манастир, епископот антаниски г. Партениј, со дел од своето братство, деновиве се наоѓа во Светата Земја на поклоничко патување, при што вчера оствари официјална средба со ерусалимскиот патријарх г. г. Теофил во седиштето на Патријаршијата во Ерусалим. На средбата, Епископот Партениј му ги предал писмените поздрави од архиепископот ...
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, учествуваше на 25-тата конференција на началници на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5) која се одржа во Будва, Црна Гора. На годинешната конференција, чиј домаќин е началникот на Генералштабот на Војската на Црна Гора, бригаден генерал Зоран Лазаревиќ, заедно со врховниот командант на Сојузничките сили за Европа, ...
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално Собрание на ООН во Њујорк, учествуваше на состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на САД-Јадранската Повелба (А5), во организација на Црна Гора, како актуелен претседавач со Повелбата. Во своето излагање министерот Османи истакна дека Македонија го презема претседавањето со А5 идната година, кога се одбележува и 20 годишнината од основањето на ...
Претседателот на Македонска академија на науките и уметностите акад. Љупчо Коцарев освари средба во Скопје со Претседателот на Академијата на науките на Албанија акад. Скендер Ѓинуши, присуствуваа и двајцата потпретседатели Живко Попов и Газанфер Бајрам. Двајцата претседатели акад. Љупчо Коцарев од Македонска академија на науките и уметностите и акад. Скендер Ѓинуши од Албанска академија на науките ги претставиа структурата, организацијата, ...
Македонското друштво “Илинден”-Тирана предлага 21 мај во Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства во оваа земја. За таа цел друштвото испрати барање до претседателката на парламентот Линдита Никола, во кое стои дека 21 мај е и Светски ден на културната различност за дијалог и развој, па поради тоа го избрале и го сметаат за најсоодветен датум. Националните малцинства во Република Албанија се национално богатство и со неговото ...
Македонија постигна значителен напредок во правната заштита на правата на припадниците на националните малцинства преку подобрување на нејзините политики во согласност со Рамковната конвенција, но практичното спроведување на правата мора да се подобри, вели Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во новото мислење објавено денеска, јави дописникот на МИА од Стразбур. Властите на Македонија ...
Во рамките на посетата на регионалната конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“ (Secure. Green. Smart City Solutions: Risk & Opportunities for Western Balkans), градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов оствари средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, каде, како гостин на градот Тирана беше пречекан со највисоки почести. Во рамките на едночасовниот разговор, ...
Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да ѝ оддадат заслужено признание и на неговата мајка.Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што ...
Генералната дебата на 77. Собрание на ОН почна денеска со обраќање на генералниот секретар, Антонио Гутереш. Пред светските лидери Гуререш посочи дека земјите се „затворени во огромна глобална дисфункција“ и не се подготвени да се соочат со водечките предизвици кои ја загрозуваат иднината на човештвото и судбината на планетата. Нашиот свет е во опасност и парализиран – рече Гутереш во обраќањето. Гутереш смирува дека сѐ уште има надеж, пренесе ...
Делегации од Македонија и Албанија во петокот, на 16 септември одржаа објаснувачки скрининг состанок заедно со повеќе од 30 претставници од Евростат како дел од процесот на преговори за пристапување кон Европската Унија (ЕУ). Процесот на преговори за влез во ЕУ на двете земји беше започнат на 19 јули годинава преку првите меѓувладини конференции со секоја од земјите. Следната фаза за двете земји е аналитичката проверка на телото на законите на ...
Македонски весник “Илинден“: Г-дине Огненовски, пред сѐ, ви честитам на успешно завршениот процес на пререгистрација на партијата ДЕМОКРАТИ. Сега, кога и официјално имате уште четири години пред вас, ќе нѝ откриете ли што се плановите за следниот период на партијата ДЕМОКРАТИ? Г-дин Јорго Огненовски: Ви благодарам. Да, точно така. Имавме законска обврска да го продолжиме работењето на политичката партија ДЕМОКРАТИ, кое успешно го реализиравме ...
Фото: Игор Бансколиев За жал, можам да ви кажам од искуството што го имам, во работењето и дружењето со македонска малцинска заедница во Србија, Бугарите ќе имаат големи резултати. Ние од Србија чувствуваме што се случува и баравме помош, а помош нема од никаде. Во шах-мат позиција сме, вели Душан Јаневски Неопходност од проактивна државна политика за унапредување на малцинските права на Македонците во соседните земји Поради недостиг од европска ...
Кулминација за националниот ден на жалост ќе биде двеминутниот молк нешто пред 12 часот. Цела Велика Британија и Северна Ирска во тишина ќе ѝ оддадат почит на починатата Кралица. Мирно ќе биде дури и на небото – полетувањата и слетувањата на аеродромот Хитроу ќе бидат за краток период стопирани за да не се слуша ни звукот од авионите над Лондон. По молкот, во Вестминстерската опатија на крај на богослужбата со 2000 почесни гости ќе се свири ...
Девет милиони луѓе треба да бидат евакуирани од своите домови, бидејќи Јапонија беше погодена од еден од најсилните тајфуни Нанмадол, во кој едно лице загина, а речиси 70 беа повредени, јавува Би-Би-Си. Тајфунот го погоди најјужниот јапонски остров Кјушу во неделата наутро, а се предвидува дека во следните неколку дена ќе го помине главниот остров Хоншу. Десетици илјади луѓе ја поминаа неделата вечерта во засолништа за итни случаи, а речиси ...
Геолозите класифицираат само 30 од милиони езера во светот, вклучувајќи ги Охридското и Преспанското, како „антички“ – дефинирани од некои истражувачи како опстојување на повеќе од еден циклус на ледено доба (најмалку 130 000 години). Инструментот на НАСА Imager-2 (OLI-2) на Landsat 9 направи снимка на двете наши најголеми езера – Охридското и Преспанското, на кои доминира природната боја. Во текстот објавен на сајтот на Земјината опсерваторија ...
Во рамки на учеството на Процесот Брдо-Бриони, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Претседателот Пендаровски му честита на Бегај за изборот на претседателската функција, му посака успешен мандат и изрази очекување дека во периодот што следи двете земји ќе продолжат да ги унапредуваат добрососедските односи. Двајцата претседатели разменија мислења ...
Македонското друштво “Илинден”-Тирана достави барање до претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола, и до комисија „За административно-територијална реформа во Република Албанија“ со кое од име на Македонците се бара формирање две општини Голо Брдо и Гора. Ова поради фактот што во тек е расправа на специјалната комисија за територијална поделба а барањето е врз основа на “Законот за заштита на националните малцинства во Албанија”. ...
Со свеченото отворање кое се одржа синоќа во хотел Double Tree by Hilton во Скопје започна Тринаесеттата Школа за млади лидери на Претседателот Иванов, на тема „Морално лидерство“, која се одржува во периодот 16-30 септември 2022 година.Овогодинешната 13-та Школа за млади лидери ја отвори и модерираше проф. д-р. Катерина Вељановска Блажевска, универзитетски професор и експерт за јавни политики и стратешка комуникација, која го сподели своето ...
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и главен и одговорен уредник на истоимениот весник на македонски јазик, се сретна со претседателот Алијансата за етички медиуми (АЕМ) Колорето Цукали и Марк Марку член на Одборот за етика. Ѓурѓај му се заблагодарил на Цукали за приемот на македонскиот весник “Илинден“ како дел од платформата на Алијансата каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија. На работната ...
Македонскиот јазик ќе се изучува на педагошкиот факултет во Корча. Ова е договорено на денешната средба меѓу министерката за култура Стојчевска и ректорот Бело. Ваквата најава следи во турбулентен период кога Македонците во Албанија се жалат дека Бугарија прави притисок – македонското малцинство да го запише како бугарско. Стојчевска вели дека грижата за идентитетските особености, со акцент на јазикот и културните вредности се нашите врвни ...
Денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, престојуваше во работна посета на Корча, Република Албанија, придружувана од деканот на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Добри Петровски; претседателот на Советот за македонски јазик, проф. Људмил Спасов, и амбасадорот на Македонија во Албанија, Данчо Марковски. Целта на работната посета беше финализирање на подготовките за вклучување на ...
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска во Амбасада на Република Македонија во Тирана оствари средба со Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу. Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу му го честита превземањето на функцијата и му посакал спех на високата дипломатска должност. На работната средба претседателот на Македонско друштво ...
Новата учебна 2022/2023 година денеска почна и за основците и средношколците во општина Пустец, област Мала Преспа, Република Албанија. На почетокот на учебната година со учениците во Пустец беше градоначалникот Пали Колефски кој им посака среќен почеток и многу успех во совладувањето на наставните единици. Вам драги ученици и на вашите наставници ви посакувам среќен почеток и успешна учебна година. Посебни честитки до оние кои првпат седнуваат ...
Албанскиот претседател Бајрам Бегај преку објава на Твитер ги осуди кибернападите што ја погодија неговата земја, повикувајќи на зајакнување на врските со партнерите и сојузниците на Албанија. „Неодамнешните кибернапади врз нашата витална инфраструктура не потсетуваат дека националната безбедност е врвен приоритет. Мораме да ги градиме и развиваме нашите национални способности преку зајакнување на врските со нашите партнери и сојузници за да ја ...