
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Македонците од Бугарија не се откажуваат од формирање на приватни македонски клубови, по затварањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Борислав Божинов од ОМО “Илинден” најавува дека во неговиот двор, гаража од 30 метри квадратни во село Крумово на пет километри од Пловдив ќе го отвори приватeн клуб. Божинов заедно со Кирил Иванов од ОМО „Илинден” денеска присуствуваат на семакедонскиот собир во организација на Здружението на ...
На 6 ноември 1967 година во Дрезден е потпишан договорот за збратимување на градот со град Скопје. Со тоа македонскиот главен град стана четвртиот збратимен град со Дрезден, по Санкт Петербург, Ковентри и Бреслау. Повеќе од 50 години подоцна, ова партнерство сè уште постои. Појдовна точка на оваа врска беше трагичен настан што го погоди македонскиот главен град во летото 1963 година во форма на разорен земјотрес. Поранешниот југословенски град ...
Македонската куќа на ракометот, во присуство на претставници од Европската ракометна федерација (ЕХФ), македонските ракометни клубови, спортски работници, Агенцијата за млади и спорт и секако медиумите, денес во спортскиот центар „Борис Трајковски“ симболично го означи почетокот на ракометното првенство за женски сениорки, ЕХФ ЕУРО 2022 кое ќе се одржува од 4 до 20 ноември годинава во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица. Во фокусот на денешниот ...
Во истиот период, повеќе од илјада новинари беа затворени, рече тој на почетокот на конференцијата во Виена посветена на заштитата на медиумските работници. „Овој број е неприфатлив“, рече Турк во видео-обраќањето од Женева. Конференцијата е во организација на австриското Министерство за внатрешни работи заедно со Обединетите нации по повод 10-годишнината од воведувањето на Акцискиот план на ОН за безбедност на новинарите. Според Турк, планот ...
Денеска и утре, ВМРО-ДПМНЕ го одржува првиот политички саем во Македонија, под мотото „Саем на промените што носат иднина“, на кој партијата ќе направи отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победија на последните локални избори. Самиот настан не е класичен отчет туку политички саем каде што ќе се презентира сработеното во секоја општина. Има над стотина учесници на саемот, покрај разговор за сработеното во ...
Бенјамин Нетанјаху победи на израелските избори. Неговиот десничарски религиски блок обезбеди 64 од 120 места во парламентот по пребројувањето на сите гласови. Ликуд, партијата на 73-годишниот поранешен премиер, ќе биде најголемата партија во израелскиот парламент Кнесет со 32 пратенички места, што е повеќе од 24 места колку што освои партијата Јеш Атид (Има иднина) на премиерот во заминување Јаир Лапид, објавија израелските медиуми. Лапид му ...
Европол денеска соопшти дека во рамки на меѓународна операција на крајот на минатиот месец биле уапсени 382 лица, осомничени за трговија со дрога, луѓе и оружје, кои главно дејствувале на Балканот и во Југоисточна Европа. Сто педесет и девет од уапсените се осомничени за трговија со мигранти, 112 за трговија со дрога, 38 за трговија со огнено оружје и двајца за трговија со луѓе, соопштија од Европол во врска со операцијата во која учествувале ...
Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) Илирјан Челибаши, на прес-конференција посветена на подготовките за локалните избори на 14 мај 2023 година рече дека изборната кампања започнува на 14 април На локалните избори ќе се избираат градоначалници и членови на Советите на 61 општина. И покрај обидите на опозицијата за нова административно-територијална поделба, со која бараше зголемување на бројот на општини за најмалку 30 општини и ...
Фото: Оддел за археологија и туризам на Ум ал Куваин Древен христијански манастир, кој веројатно датира уште од годините пред ширењето на исламот на Арапскиот Полуостров, е откриен на остров крај брегот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Манастирот е откриен на островот Синија, кое го штити мочуриштето Хор ал Бејда во Ум ал Куваин, емиратот кој се наоѓа околу 50 километри североисточно од Дубаи, и фрла ново светло на историјата на раното ...
Здружението НовАСном од Македонија и забранетото македонско здружение во Бугарија поднесоа претставка во Европската Комисија против Република Бугарија, откако со одлука на врховниот суд, здружението беше ликвидирано, а по отворање на клубот „Никола Вапцаров“. Заеднички на прес конференција ќе ја образложат претставката, со која ќе го бранат затвореното здружение – Македонски клуб за етничка толеранција, кое имаше неизвесна судбина уште од 2019 ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека САД имаат долг за подмирување кон неговата држава поради засолнувањето на припадници на иранската опозиција МЕК во камп близу Драч, поради што државата се соочи со кибер-напади од Иран. Рама објаснил дека „не можете да правите сојуз со стратешки сојузници кои земаат што ви се допаѓа и отфрлате она што не ви се допаѓа”. Гостувајќи во телевизиска емисија тој истакнал дека една држава има обврски и моменти ...
На собирот на неговите приврзаници во американската држава Ајова, поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави можна трета кампања за Белата куќа. За да ја направиме нашата земја успешна, безбедна и славна повторно, веројатно ќе морам да го направам тоа повторно. Подгответе се, тоа е сè што можам да ви кажам, рече Трамп. Ако тој стане републикански фаворит за номинација, тоа би можело да ги исфрли од трката потенцијалните партиски ...
Албанскиот министер за внатрешни работи Бледи Чучи на првиот ден од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан во Тирана, со фокус на внатрешните работи и безбедносните прашања рече дека овој форум има посебно значење поради “радикалната промена на глобалното безбедносно опкружување, осврнувајќи се на руската агресија во Украина”. Исто така додаде дека Западен Балкан дал и продолжува да го дава својот придонес за безбедноста на земјите од ЕУ, ...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го искористи работниот престој во Тирана, каде учествуваше на двете пленарни сесии предвидени за првиот ден посветен на областа Внатрешни работи од годишниот Министерски форум ЕУ-Западен Балкан, и во просториите на Амбасадата на Македонија оствари средба со претставници на друштвата на македонско национално малциство во Република Албанија. Претставници од македонските друштва “Сонце”, “Илинден” , ...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на првиот ден од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан посветен на областа Внатрешни работи, кој се одржува во Тирана, имаше свое обраќање на првата сесија насловена „Соработка во справувањето со безбедносното влијание од руската воена агресија против Украина“. „Руската воена агресија над Украина во овој момент нема директна рефлексија на состојбите со организираниот и сериозниот криминал во ...
Постапката за признавање странски дипломи и образовни квалификации од утре, 4 ноември, ќе се реализира само по електронски пат. Поднесување барање за нострификација/еквиваленција на образовни квалификации стекнати надвор од Република Македонија, заедно со сите неопходни документи согласно со правните прописи, како и електронско плаќање, ќе се прави преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk. Изработениот позадински софтвер овозможува електронско ...
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски предводи делегација од МВР во Тирана, Република Албанија, каде што ќе учествува на Министерскиот Форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи. Министерот Спасовски на Министерскиот Форум ќе има свое обраќање на двете сесии и тоа: во првата Сесија – Внатрешни работи на тема – „Соработка во справувањето со безбедносното влијание од руската воена агресија против Украина” и во втората Сесија ...
Претседателот Стево Пендаровски освари средба со Мукхтар Тилеуберди, потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Казахстан, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата беше оценето дека двете држави градат пријателски односи во духот на меѓусебното разбирање и беше истакнато дека постојат можности за нивно унапредување во повеќе сфери од заеднички интерес. Во таа насока, претседателот ...
Во шеесет и шестата година од животот, синоќа во село Туминец, Мала Преспа, почина Спасе Вурмо, голем македонски активист во Албанија. Спасе беше долгогодишен активист и борец за правата на Македонците во Албанија. Од самото формирање беше член на друштвото „Преспа“, организација за заштита на правата на Македонците во Албанија, како и на партијата Македонска алијанса за европска интеграција. Спасе беше почитувана личност во Преспа и даде голем ...
Деновиве се одбележуваат 120 години од основањето на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД) од Санкт Петербург, како и 82 години од смртта на Димитрија Чуповски, истакнат македонски национален деец Од денешна перспектива, ако се земат предвид постојаните негирања на македонските национални особености, активностите на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД) и Чуповски имаат уште поголемо, дури колосално значење, затоа што ...
Отворен е македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, oтворањето на клубот, според основачите, е со цел да ги зближи двата народа и да ги надмине разликите. Ова е клуб којшто ќе помогне во Бугарија да ја препознаат македонската култура, а со неа и македонскиот народ. Културниот момент е тој којшто навистина може да ги зближи народите и да ги надмине разликите, беше речено на отворањето на клубот. Свеченото отварање на клубот ...
Европската комисија ја усвои препораката на Советот на ЕУ да го одобри отворањето на преговорите за подобрени договори за статусот на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража со четири земји од Западен Балкан, како и нов пакет помош од 39,2 милиони евра за зајакнување на управувањето со границите во регионот, соопшти МИА од Белград. Одобрувањето се однесува на границите меѓу ЕУ и Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а ...
Изложбата е во рамки на манифестацијата „Денови на македонската култура” кои се одржаа во Корча, а ќе биде отворена до 5-ти следниот месец. Изложбата ,,Невестински соништа- касели и ковчези од Битола и битолско”, на НУ ,,Завод и музеј”- Битола е отворена во Куќата на знамето. Уникатноста на поставката во која се преставени ковчези од крајот на 18 и почетокот на 19 век. Преку оваа изложба посетителите имаат можност да се запознаат со дел од ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од пратениците Рашела Мизрахи и Драган Ковачки, беа на денешното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија. Мицкоски на отворањето истакна ова е потврда дека македонскиот идентитет, народ и јазик се константни. „Честитки за отворениот македонски клуб, кој е потврда дека и од оваа страна на границата македонскиот идентитет, народ и јазик се константни. ...
Меѓународните договори за движење со лична карта, за признавање на високообразовните квалификации и за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина и стоматологија, како и архитектите, би почнале да важат 30 дена по нивното доставување до Македонија како депозитар на овие договори, откако ќе бидат ратификувани во земјите од Западен Балкан, најави генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда ...
На пролет во 2023 година повторно ќе биде активирана директната автобуска линија од Ресен до Корча, изјави Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. За време на денешниот престој во Битола, Јаневски посочи дека со проектот „Отворен Балкан“ се очекува наскоро да бидат регистрирани 30 милиони ноќевања во државите на „Отворен Балкан“. Од туристичка гледна точка јас не препознавам граници, туку гледам на поврзување ...
Во мугрите на 29 октомври 1944 година, во малото село Горно Врановци, Велешко, се појави првиот број на весникот „Нова Македонија“, инаку прв слободен македонски дневник на мајчин јазик и гласило на штотуку родената македонска државност со историското заседание на АСНОМ. Впрочем, појавувањето на весникот „Нова Македонија“ е во непосредна врска со основањето на новата македонска слободна држава, и тој практично е врсник на македонската ...
Во периодот јануари-септември годинава, Албанија ја посетиле над 6,4 милиони странски туристи, што претставува зголемување од 31,8 отсто споредено со 2021 година јавија албанските медиуми, повикувајќи се на официјалната статистика објавена денеска. Околу 6 милиони од посетителите за цел на посетата изјавиле дена е туризам или посета на роднини. Најголем раст е забележан кај посетителите од Шпанија, кои годинава се четирипати побројни во однос ...
Од денеска до крајот на наделава во албанскиот град Корча ќе се одржат „Денови на македонската култура”, во организација на Амбасадата и Културно-информативен центар на Македонија во Тирана. Mанифестацијата содржи повеќе настани од областа на културата, образованието и бизнисот, што ќе се реализираат на повеќе места во градот. Во просториите на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли”, проф. Виолета Јанушева првпат пред студентите ќе го ...
Федералната унија на европските националности (ФУЕН), ја објави Резолуцијата со која се поддржуваат Македонците во Албанија во барањата за надминување на проблемите со кои се соочуваат. Резолуцијата беше предложена од Македонското друштво “Илинден“-Тирана и едногласно усвоена на 66-от Конгрес што се одржува од 29 септември до први октомври во Берлин, Сојузна Република Германија. Во документот објавен на англиски, германски и руски јазик, ФУЕН ...