
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Министерката за човекови и малцински права и општествен дијалог на Србија, Гордана Чомиќ денеска ги распиша изборите за членови на националните совети на националните малцинства за 13 ноември оваа година. Со одлуката за распишување избори, се распишуваат избори за членовите на националните совети на 23 малцинства. Како што рече Чомиќ, членовите на советите ќе се бираат директно или преку електорско собрание. Во недела, на 13 ноември, членовите ...
Лиз Трас е нова премиерка на Обединетото Кралство и доаѓа на местото на досегашниот премиер Борис Џонсон, кој официјално се повлече од функцијата по неколкумесечните скандали, поради што ја изгуби поддршката на неговата администрација. Трас (47) беше избрана од владејачката Конзервативна партија за нова лидерка, со што таа автоматски ќе стане и нов шеф на владата. Нејзин противкандидат беше поранешниот шеф на Министерството за финансии Риши ...
Националниот совет на македонското национално малцинство денес ја започна својата кампања со цел да ги охрабри сите припадници на македонската заедница и граѓани во Србија да се изјаснат слободно за својата национална припадност. Тоа го истакна претседателот на Советот, Борче Величковски, во видео обраќање до заедницата. Покренати се и Фејсбук и Инстаграм страници „Каде и да сме, да знаеме кои сме“, на кои што ќе се спроведува македонската ...
На 4 септември 2016 година, Мајка Тереза беше прогласена за Света Тереза од Калкута, од страна на папата Франциск. Поглаварот на Римокатоличката црква пред шест години на церемонија која се одржа на плоштадот „Св. Петар“ ја прогласи Мајка Тереза за Светица. Пред повеќе од десетици илјади верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, кардиналот Анџело Амато – префект на Конгрегацијата за прогласување за светци, прочита кратка биографија за делата ...
Канадската полиција во неделата соопшти дека трага по двајца осомничени за кои се верува дека избоделе 10 лица до смрт и раниле најмалку 15 лица во провинцијата Саскачеван. Полицијата ги именуваше Демиен Сандерсон и Мајлс Сандерсон (Мајлс) како двајца од осомничените и рече дека патувале со црн Нисан Рог. Убодите со нож биле пријавени рано утринава по локално време, а полицијата издала тревога за опасно лице низ провинцијата. До попладневните ...
Се се случи одненадеж. Полицијата дојде од никаде и почнаа да не притискаат од сите четири страни. Пукаа врз нас со шок бомби и солзавец. Јас бев некаде во средината, заедно со десетина – петнаесет постари професори. Мој пријател веднаш сфати што се случува и ме фати за раката да ме одведе надвор од масата луѓе. Во еден момент почнав отежнато да дишам и за малку ќе се струполев. Тоа беше најужасното искуство во мојот живот“. Ова ми го пренесе ...
Дичо создал импресивен опус што содржи повеќе од 2.000 дела, а неговото творештво претставува пресвртница на еден илјадагодишен период и почеток на еден сосема нов правец во историјата на македонската црковна историја. Неговата дејност е составен дел од македонското будење, кога кај македонскиот народ религијата била најважна Кон крајот на 18 век и почетокот на 19 век започнува буен општествен и културен развој на македонскиот народ, период ...
Почина актуелниот амбасадор на Македонија во Германија Рамадан Назифи. Назифи беше амбасадор во Берлин од 2019-та година, а од 2009-та до 2013-та амбасадор во Швајцарија. Долги години работеше во Министерството за надворешни работи како кариерен дипломат. Рамадан, со кого изградив лично пријателство, беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството,се вели во упатеното сочувство до семејството, пријателите и ...
Еден од најголемите поборниците за правата на Македонците во Албанија и заштитата на македонскиот идентитет, Васил Стерјовски, во Штип ќе ја претстави својата изложба насловена “Македонците во САД-вековен идентитет во континуитет”. За МИА тој рече дека изложбата содржи многу документи од архивите на САД за македонската посебност од крајот на XIX и почетокот на XX век. Изложбата е во рамките на настанот по повод одбележувањето на 8-ми Септември ...
Системот Отворен Балкан – електронска наплата на патарини (Open Balkan ETC) ќе почне да се применува од крајот на септември. Тоа значи дека еден граѓанин на Македонија, Србија или Албанија, кој користи ТАГ за да плаќа патарини во својата земја, истиот ќе може да го користи за плаќање и во другите две држави кои се дел од иницијативата. Најавата за користењето на само еден ТАГ стигна по средбата на српскиот министер за градежништво, транспорт и ...
Денеска во рамки на Самитот „Отворен Балкан“, ресорните министерства од Македонија, Србија и Албанија потпишаа договори и меморандуми за соработка. На потпишувањето присуствуваа премиерот на Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама. Потпишани се договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави, Љупчо Николовски, ...
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај ќе учествува на Конгресот на Федералната унија на европски националности, ФУЕН, што ќе се одржи во Берлин од 29 септември до први октомври. Малцинските заедници во меѓународни и регионални конфликти и четирите автохтони национални малцинства и етнички групи во Германија ќе бидат фокусните точки на 66 Конгрес. Најголемиот европски собир на национални малцинства и јазични ...
При денешната посета на општина Битола потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на Мала Преспа и сведоците Македонци што во Мала Преспа се бунат дека Бугарите прават асимилација, уште во 90-тите години се правела асимилација но денес сведоци Македонци велат дека денес бргу ги прифаќаат бугарските уцени, односно пасоши, државјанства за да ја напуштат Албанија истакна дека Македонците кои што ...
Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) 2021 ќе се одржи во Берлин, Сојузна Република Германија. Малцинските заедници во меѓународни и регионални конфликти и четирите автохтони национални малцинства и етнички групи во Германија ќе бидат фокусните точки на Конгресот на 66 во Берлин. Најголемиот европски собир на национални малцинства и јазични групи ќе започне на 29 септември со церемонијата на отворањето што се одржа во ...
Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) 2021 ќе се одржи во Берлин, Сојузна Република Германија. Малцинските заедници во меѓународни и регионални конфликти и четирите автохтони национални малцинства и етнички групи во Германија ќе бидат фокусните точки на Конгресот на 66 во Берлин. Најголемиот европски собир на национални малцинства и јазични групи ќе започне на 29 септември со церемонијата на отворањето што се одржа во ...
Бројот на патници на меѓународниот аеродром во Тирана во периодот јануари – јули годинава бележи раст од 2,3 пати споредено со истиот период минатата година. Авионски превоз во седумте месеци од годинава избрале 2.712.918 патници. Само во месец јули аеродромот регистрирал 614.340 патници, што е раст од 44,8 отсто споредено со истиот месец минатата година. Во извештајот за транспортната статистика, објавен од Институтот за статистика, ИНСТАТ, ...
Михаил Горбачов, последниот претседател на Советскиот Сојуз пред распадот, почина во Москва на 92-годишна возраст, објавија руските државни новински агенции. Горбачов, чие владеење се поврзува со термините перестројка и гласност (реформи и отвореност), почина по долго боледување. „Михаил Сергеевич Горбачов почина вечерва по тешко и долго боледување“, соопшти Централната клиничка болница, пренесува РИА/Новости. Во јуни, портпаролот на ...
Непознати сторители ги запалиле и стопиле пластичната реклама на клубот на античките Македонци во градот Гоце Делчев, како и еден постер. На местото на изгореното залепиле мапа на Голема Бугарија. Претседателот на клубот Иван Гаргавелов го открил направеното вчера на 28 и денес го пријавил во полиција. Тој вели дека е сигурен дека нападот е извршен од бугарските националисти. Клубот на антички Македонци во Бугарија е една од двете македонски ...
Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево зафати делови од Скопје. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Дел од медиумите пренесуваат за пријавени штети на станбени објекти како и на урбаната инфраструктура. УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски оствари средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Феликс Шрајнер од ЦДУ која е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на ЕПП. Исто така Феликс Шрајнер е претседател на Комитетот за економија и одржлив развој на германскиот Бундестаг. На средбата стана збор за економската и енергетска криза во Македонија. Претседателот ...
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница одржана денеска ја поздрави одлуката на Руската Православна за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА. Светиот Синод со голема радост и благодарност ја прими веста за прифаќањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Руската Православна Црква – Московска ...
Македонците во Албанија не треба да чувствуваат притисок и слободно треба да се изразат на претстојниот попис во земјата, смета премиерот Димитар Ковачевски, нагласувајќи дека е сигурен дека Албанија ќе спроведе попис по европски стандарди и дека ќе реагира доколку има притисоци и влијаниа врз македонското малцинство. Што се однесува до Македонците во Албанија, тоа е етаблирана заедница која има својата политичка партија. Имаат пратеник во ...
На средбите со градоначалникот Пали Колески, како и со претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција, Васил Стерјоски ги отворивме прашања кои се предизвик за локалната власт и локалното население во поширокиот регион на Мала Преспа. Остануваме во комуникација со Македонците во Албанија и албанските институции за прашања кои се од интерес на нивната етничка, културна и јазична посебност. Остварив средба со директорот на ...
Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на јазични и културни особености на македонската заедница во Албанија, преку конкретни проекти и соработка, објави мнистерот за надворешни работи, Бујар Османи, за денешната посета на Македонците во областа Голо Брдо во Албанија. Потребни се дополнителни заеднички напори со Албанија за промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште со што би се подобрила економската и ...
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека е постигнат договор за документите во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека е постигнат договор за документите во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Србите од Косово како и сите други граѓани, ќе можат слободно да патуваат меѓу Косово и Србија користејќи ги нивните лични карти. „Европската унија ...
Православната црква денеска го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае нејзиниот лик го осветлува и овој празник, на кој ...
Демократскиот сојуз бара Владата да им помогне на Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа и другите населби и села во Албанија во одбраната на својот идентитет од притисокот на Бугарија. Ова прашање е од врвен национален интерес и затоа сугерираме почести посети на министри, но и стопанственици, се со цел да им се помогне околу инфраструктурата, образованието, здравствената заштита и сл. Претставници на Демократскиот сојуз на 28 .11.2020 година ...
Документите се особено значајни ако се земат предвид последните активности на бугарската држава, која се обидува да го негира постоењето на македонското малцинство, како во Бугарија така и во околните балкански држави. Споменатите документи го докажуваат постоењето на македонскиот народ надвор од матичната држава, но и ги разобличуваат бугарските апсурдни активности Од декласифицираните информации на архивата на американската разузнавачка ...
Тврдењата дека македонците во Албанија се принудувани да се попишат како Бугари, лично ќе ги испитува Османи. Вели дека веќе комуницирал со нив и во текот на утрешниот ден ќе ги посети општините каде живее македонското малцинство. Од она што ќе го слушне ќе зависи дали ќе биде побарана помош од официјална Тирана. „Се договоривме утре, Јас да ги посетам и Пустец и новиот граничен премин Џепиште – Требиште во кој исто така живее македонско ...
Фармацевтските компании Фајзер и Бионтек побараа од Европската агенција за лекови (EMA) денес да ја одобри нивната ажурирана засилувачка вакцина за борба против омикронските подсоеви, пренесува АП. Фајзер рече дека бара зелено светло од европското здравствено регулаторно тело за вакцина која ги таргетира омикронските подсоеви BA.4 и BA.5, моментално доминантни во светот. Доколку биде одобрена ажурираната вакцина против ковид на Фајзер, ...