Федералната канцеларија за борба против криминалот (БКА) претресла стан во Германија и интервјуирала жена во рамките на истрагата за саботажа на гасоводот Северен тек. Какви сознанија имаат германските медиуми? Тоа е веројатно една од најексплозивните истражни постапки во историјата на Сојузна Република Германија, пишиува Дојче Веле. Сојузното државно обвинителство со месеци се обидува да ги расветли околностите за нападот на гасоводот „Северен ...

Претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која на покана на претседателот Бајрам Бегај е во официјална посета на Албанија, на заедничката прес конференција го нагласи значењето на Западен Балкан за безбедноста на Европа. Среќна сум што сум во Тирана, посетата ми значи многу. Во текот на оваа година се обидов да бидам дипломатски активна. Балканот е многу битен, бидејќи од него зависи безбедноста во Европа. Мирот на Балканот е значаен за ...

Ова е еден од најстарите интернационални празници и се верува дека почнал да се слави 1925 година за време на одбележување на ,, Светската конференција за зголемување на благосостојбата на децата,, во Женева. Се претпоставува дека датумот е одбран така што кинескиот конзул во Сан Франциско собрал повеќе кинески сирачиња и во нивна чест го организирал Фестивалот на чaмци-змејови (1Јуни) Интересно е што овој ден си има и свое знаме кое е со ...

Се чествува уште еден значаен јубилеј за македонистиката – триесет и пет години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, Полска. Универзитетски центар на кој македонистиката се изучува на сите циклуси на студии – од додипломските до докторските, при што има и докторанти по македонски јазик. Заедничките заложби и планираните активности за уште поголема ...

Кабинетот на поранешниот претседател Иванов информира дека 14-та Меѓународната обука за млади лидери на претседателот Иванов ќе се одржи во периодот од 7-19 октомври 2023 година. Денес е објавен конкурсот за учесници на школата која ќе биде на темата „Образование – Трансформација – Лидерство“. Рокот за аплицирање на конкурсот е до 21 јуни 2023 година. Програмата на 14-та Школа за млади лидери на претседателот Иванов се организира комбинирано, ...

Општина Пустец на петгодишнината од смртта му оддаде почит на Спасе Мазенковски, големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Република Албанија. На настанот одржан во салата на Советот на општината присуствуваа неговио син Владимир и ќерката Елеонора, негови сограѓани, колеги, претставници на локалната власт, на македонската партија МАЕИ, како и почитувачи на неговото дело. ...

Професорката на Економскиот институт Билјана Ангелова е новиот ректор на најстариот и најголем универзитет во земјава, „Св.Кирил и Методиј“. Ова го покажале конечните резултати од денешното гласање за нов ректор, кој се одржа на 23 факултети и 5 институти. Ангелова, која досега ја вршеше функцијата проректор за финансии, ќе биде ректор до 2026 година, односно ќе има тригодишен мандат. Право на глас на денешните избори за нов ректор имаа 1.426 ...

Македонско друштво “Илинден“-Тирана од Република Албанија преставувано од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, потпишаа Меморандум за соработка со Централниот совет на Македонците во Германија од Сојузна Република Германија преставувано од претседателот г-дин Роберт Кленкоски, со цел промоција на македонските национални, традиционални и историски вредности (македонска култура, македонски јазик, традиции, фолклор) на национално и меѓународно ниво. ...

Денеска во Турција се одржа вториот круг од претседателските избори, а борбата се водеше меѓу актуелниот и долгогодишен претседател на државата Реџеп Тајип Ердоган, кандидатот на Народната алијанса и кандидатот на опозициски Национален сојуз, Кемал Киличдароглу. Според резултатите што ги објави државната новинска агенција Анадолу – Ердоган останува претседател на Турција. Според резултатите на Анадолија, врз основа на нешто повеќе од 98 отсто ...

Во Корча се одржа 5-то издание на фестивалот „Духот на Балканот“ што донесе прекрасна атмосфера со фолклорни елементи во театарот „Андон Зако Чајупи“. Балканската традиција на карактеристична облека и ора обедини групи од Со изведби на ора и песни од целиот Балкан, домашните и странските уметници се здружија за да ја пренесат богата култура и традиција. Шест балкански земји го промовираа своето традиционално наследство на еден фестивал, каде ...

Во меѓународна полициска акција уапсени се 37 лица поврзани со, како што се наведува, многу насилна криминална банда од Западен Балкан, соопшти Европол. Акцијата, која опфаќа повеќе симултани рации во повеќе европски земји, била координирана од команден центар во Загреб, Хрватска, со поддршка на службеници на Европол распоредени на терен. Моќната криминална ќелија, како што соопшти агенцијата, главно била вклучена во трговија со дрога и огнено ...

Проектот за прекугранична соработка „Крушево и Елбасан – призната туристичка прекугранична дестинација“ е еден од најуспешните од третиот повик на ИПА програмата што ја финансира Европската унија, беше истакнато на денешната презентација на Проектот на полетувалиштето на Мечкин Камен на кое присуствуваа евроамбасадорот Дејвид Гир, од министерството за локална самоуправа и градоначалниците на Елбасан и на Крушево. Ова е моја прва официјална ...

Иницијативата за повторно отворање на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана, кој запрел со работа пред нешто повеќе од десет години, почна во декември минатата година, на состанок на МСМЈЛК при УКИМ и македонското друштво „Илинден“ од Тирана. Лекторат по македонски јазик на Универзитетот во Тирана е повеќе од потребен. Несомнено постои огромен интерес за македонистиката од страна на новите генерации на ...

Замислете ги САД како еден убиец (не би требало да ви биде тешко). Вујко Сем убива некого, доказите се силни, има мноштво на сведоци, тој го признава делото, а чинот дури е снимено и на видео. Но, на Вујко Сем нема да му се суди за убиство – наместо тоа ќе го слават како поборник за човекови права и демократија. Ова е начинот на кој дејствува интервенционистичката и убиствена надворешна политика на САД, која невешто се прикрива како ...

Пред повеќе од еден милениум, Светите Кирил и Методиј на светот му ја носеа писменоста. Денес ние на Македонија мораме да и ја донесеме иднината која овој народ ја заслужува и му е неопходна, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената церемонија во црквата Св. Софија, по повод Денот на сесловенските просветители -24 Мај. Мицкоски истакна дека Светите браќа Кирил и Методиј се нашата светлина, прозорец кон ...

Во базиликата „Сан Клементе” во Рим денеска се одржа молебен на гробот на Св. Кирил со кој чиноначалстуваше митрополитот европски г. Пимен во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и отец Митко Газинковски од Македонската православна црква- Охридска архиепископија. Денеска, како што рече г. Пимен, после една година се наоѓаме повторно на местото каде минатата година ја слушнавме радосната вест дека сме примени во соборот на ...

Поголемиот дел од словенското население во Европа и Азија ја должат својата азбука и својата култура на делото на браќата Свети Кирил и Методиј од Солун, Егејска Македонија кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Во 9 век тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата ...

По повод 24 Мај, Денот на словенските просветители Светите Кирил и Методиј, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г.г.Стефан и до сите Македонци каде и да се. Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија, Вам лично, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитам 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и ...

По веста објавена на социјалните мрежи дека утре 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј ќе се отвори бугарски културен центар во Пустец, од локалната власт на оваа општина, за МИА изјавија дека за такво нешто нема издадено дозвола. Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен центар. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија – ...

Глаголицата за нас е артефакт и културолошки споменик од средновековието, кој му пркоси на забот на времето, стамено и гордо исправена пред сите предизвици на модерното време, во кое, за жал, вистинските вредности често го губат значењето. Кирилицата е живо, активно писмо во Македонија, кое нè поврзува со заветот на Кирил и Методиј и сегашноста полна со предизвици. Двете писма се столбовите на македонскиот идентитет, сведоци на постоењето на ...

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел, во рамки на работната посета на Белгија, оствари средба со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро. На средбата беа констатирани пријателството и партнерството меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беа билатералните односи, македонската евроинтеграција, економската соработка, како и политичките и економски текови во Европа. Претседателот Пендаровски го поздрави позитивниот ...

Во рамки на претседавањето на Македонија со САД-Јадранската Повелба на 19 мај 2023г. Министерството за надворешни работи на Македонија во соработка со Амбасадата на САД во Македонија организираше Конференција за Стратешки комуникации со наслов „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“. Конференцијата почнa со воведни обраќања на државниот секретар во министерството за ...

Шефот на германската разузнавачка агенција, Томас Халденванг денеска предупреди за пораст на екстремизмот поттикнат од авторитарни држави како што е Русија, за кои тврди дека сакаат да го поделат германското општество и да ја соборат избраната влада. Во последниве години, германските безбедносни агенции ги спречија плановите на помалите групи поврзани со движењето Граѓаните на Рајхот, обвинети за планирање напади врз клучната инфраструктура, ...

Предупредување: Рецептот може да предизвика вознемиреност кај чесни домаќинки. Потребен е надзор од владини претставници!!! Македонското полит-кулинарство од денес е побогато за уште еден рецепт за торта наречена „ВД ДИРЕКТОР“. За подготовка потребен ви е правник во некоја институција, заштитен од искрената му љубов кон СДСМ-овската ружа. (Важно: Боцките ќе ги отстраните кога ќе ви се раскрварат рацете). Секако, правникот треба да биде ...

По кратко боледување, синоќа почина музичкиот виртуоз и легендарен изведувач на кларинет и саксофон, Ферус Мустафов, од Македонија. Ферус претрпе мозочен удар на 26 април и беше во болницата “8 Септември”. Социјалните мрежи се исполнети со пораки на простување и сочувство од пријателите и семејството на оваа икона на ромската музика. Ферус Мустафов беше роден на 20 декември 1950 година во Штип, во ромско семејство с богата музичка традиција. ...

На армискиот полигон „Криволак“ денеска започнува вежбата „Брз одговор 23“ која што е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни. „Брз одговор 23’“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово. Во делот од вежбата што ќе се реализира во Македонија, односно на армискиот полигон ...

Македонците од Горно Крчишта, Општина Пешкoпеја, Албанија, по повод христијанскиот православен празник Вознесение Христово-Спасовден, кој е патрон на селската црква, во сабота го одржат средба, која по иселувањето стана традиција. Со цел да може да присуствуваат поголем број Македонци, иселени од ова село, како и нивни потомци, традиционалниот собир ќе биде во црквата „Свeти Спас” во сабота, 27 месецов. Почнува со богослужба во 9 часот што ќе ...

Денес со почеток во 9 часот во Загреб беше осветена првата изградена македонска православна црква во Хрватска – “Света Злата Мегленска“. Осветувањето го изврши Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва во сослужение со Неговото Високопреосвештенство г. Пимен Митрополит Европски и Неговото Високопреосвештенство г. Јосиф Митрополит Тетовско-Гостиварски со монаси и свештеници од Европската, ...

Во последните две години, по пандемијата со Ковид-19 Албанија бележи значителен раст во туризмот. Премиерот Еди Рама денеска ги објави бројките на Светската туристичка организација, која за првите три месеци од оваа година ја рангира Албанија на третото место во светот по раст на туризмот и на првото место во Европа по раст на туризмот во однос на периодот пред пандемијата. Повикувајќи се на статистиката на СТО, Албанија во изминатиот период од ...

На 27 мај 2023 година, сабота, со почеток во 9 часот, во село Горно Крчиште областа Полени, Маќелара, Република Албанија, ќе се одржи годишната Македонска средба по повод големиот Христиански празник Спасовден кај црквата Свети Спас која датира од 1232 година и е споменик на културата, каде ке има богослужба на македонски јазик. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги кани сите добронамерници, сите Македонци од областа Голо Брдо и од цела ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1020
weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1019
weather icon

Загреб

15ᴼ / 12ᴼ
0.51
65%
1022
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1019
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.15
86%
1019
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
86%
1022
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
79%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
63%
1018
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
92%
1017
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
1.79
68%
1021
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
82%
1016
Currency

61.59

Currency

52.5598

Currency

70.5996

Currency

34.5877

Currency

37.7728

Currency

65.9917

Currency

7.37879

Currency

0.62866

Currency

0.35213

Currency

0.52552

Currency

1.26622

Currency

0.59374