Најистакнатиот словенски просветител и рамноапостолен епископ Историските документи и другите извори говорат дека Св. Климент ги придружувал Кирил и Методиј на нивното патување во Рим, каде што на папата му биле дадени моштите на Климент Римски. Во Рим, Климент и другите ученици на Кирил и Методиј биле поставени за свештеници. Во 869 година, Методиј бил поставен за архиепископ на Панонија и испратен во својство на папски легат, во придружба на ...

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека повторно ќе се кандидира за функцијата на изборите закажани за 17 март 2024 година. Државната новинска агенција ТАСС денеска (8 декември) го цитираше Путин кој откако присуствувал на церемонија во Кремљ кажал дека ќе се кандидира повторно. На церемонијата по која произлезе објавата, на војниците кои се бореле во Украина им беше доделена највисоката воена почест на Русија – Златната ѕвезда на ...

Во организација на Амбасадата на Македонија, синоќа во Тирана, со прекрасен пијано концерт на познатата пијанистка Ема Попивода беше одбележан 30 годишниот јубилеј од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Албанија. Попивода пред дипломатскиот кор, претставниците на македонското национално малцинство, бизнис заедницата и истакнати личности од јавниот живот на Албанија, го изведе уникатниот музички проект ...

По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин, господин Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод утрешниот голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ ...

Завршена е реставрацијата на три икони од авторот Дичо Зограф: „Свети Атанас“ (1855), „Свети Харалампиј“ (1855) и „Свети Никола “ (1859), коишто се дел од иконостасот во црквата Св. Никола во околината на Елбасан и кои од 1999 година се во фондот на Националниот историски музеј, благодарение на посветената работа на реставраторите на Лабораторијата на Националниот институт за културно наследство на Албанија, напиша на социјалните мрежи ...

Стогодишнината од раѓањето на македонскиот класик Ацо Шопов се чествуваше и на филозофските факултети при државните универзитети во Загреб и во Љубљана, со учество на студенти од двата универзитета и на просветни работници, како и воопшто на проучувачи и почитувачи на македонската книжевност и култура од Хрватска и од Словенија. Настанот се одржа хибридно, во организација на Одделот за јужнословенски јазици и книжевности во Загреб под ...

Од формирањето на нашето Друштво во 2009 година, ние, Македонците од Албанија водиме борба за статусот на македонскиот јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана. По 14 години залагања и барања, оваа година, за првпат во историјата се доби работно место за лектор по македонски јазик на Универзитетот во Тирана и прашањето за македонистиката во Албанија стана официјален македонски државен приоритет. Низ годините се ...

Индија до крајот на деценијата ќе ја престигне Германија по својата економска сила, предвидува агенцијата S&P Global Ratings. Во најновиот извештај на оваа агенција се наведува дека Индија до 2030 година ќе стане третата според обемот светска економија. Индија во моментов е петта економска сила зад САД, Кина, Германија и Јапонија. Сепак, S&P, кој ја зголеми својата прогноза дури и пред најновите податоци, рече дека растот на Индија ќе ...

о деновите што одминаа, нашето општество се помрачи, за жал, и со тешката вест за еден грозоморен духовен мрак. Сите ние разбравме за свирепото убиството на еден повозрасен честит човек и на едно невино јагне Божјо, 14-годишо немоќно девојче. И кој нормален човек би можел да остане рамнодушен на една таква вест, да не се вознемири и згрози од едно такво сатанско дело?! Едноставно, секоја човечка душа се исполнува со горчина и јад поради едно ...

Овие два дена во Париз се одржува Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Најбитната точка која што се разгледува е изборот за Комесар за човекови права. Можеби една од најзначајните институции во Европа имајќи предвид дека директно се занимава со човековите и малцински права кои што се под опасност во многу земји во рамки на европскиот континент. Има три кандидати, едната е г-ѓа Кунева од ...

Избирањето лектор со кој ќе почне да работи Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана е важно и за нас, Македонците во Албанија. Затоа и ние, македонското друштво „Илинден“ од Тирана, во е-изданието на нашиот весник ја споделивме веста што УКИМ ја објави преку „Фејсбук“, но мораме да реагираме затоа што УКИМ преку таа објава, заедно со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ и ...

Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на седницата која се одржува на 30 ноември и 1 декември во Париз, го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна. Ова му е втор мандат на оваа позиција. Инаку, мандатот трае една година. Притоа, Николоски пред Комисијата презентираше информативна белешка во која беа опфатени случувањата од последната ...

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова во чест на повторно отворање на Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, Република Албанија, по повод изборот на д-р Славица Свидерска за лектор по македонски јазик во Тирана. Новоизбраната лекторка, пред ректорката Биљана Англова и пред проф. д-р Кристина Николовска, директорка на МСМЈЛК при УКИМ, изложи предлози за развој и афирмација на ...

Неформалната вечера на министрите за надворешни работи кои учествуваат на 30. Министерски совет на ОБСЕ, чиј домаќин е шефот на дипломатијата на Македонија и претседавач на ОБСЕ Бујар Османи. Скопје, 29 ноември 2023. Во Скопје вечерва ( на 29 ноември ) почна неформалната вечера на министрите за надворешни работи кои учествуваат на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ. Домаќин е македонскиот шеф на ...

Интерпол денеска распиша меѓународна потерница за исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, по која се трага трет ден. За потрагата на Вања е формиран и специјален штаб на МВР. 14 годишното девојче исчезна во понеделникот наутро на пат кон училиштето Песталоци. Денеска тивко и тажно во скопската населба Дебар маало. Катанец на влезот на училиштето, а зошто нема одговор. Министерството за внатрешни работи продолжува со распит на сите лица ...

Во периодот 27-28 ноември 2023 година Иванов оствари посета на градот Едрене во Република Турција. Посетата се оствари на покана на универзитетот по повод Одлуката на Сенатот на Универзитетот Тракија за доделување на титулата Почесен доктор на науки на Претседателот Иванов. Церемонијата на доделување на титулата се одржа во присуство на голем број високи гости од Република Турција. Ректорот на Универзитетот Тракија, проф. д-р Ерхан Табакоглу, ...

30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе се одржи од 30 ноември до 1 декември 2023 година во Скопје, Македонија. Министерскиот совет е централното тело за одлучување и управување на ОБСЕ. Годишниот состанок е можност министрите за надворешни работи да ја разгледаат и оценат безбедносната состојба во евроатлантската и евроазиската област, како и работата на организацијата во сите нејзини полиња на ...

Поради лошите временски услови, со обилни врнежи од снег, ветер и температури до 10 степени под нулата, Македонците во областа Голо Брдо деновиве се соочуваат со веќе познатите проблеми, завеани патишта и прекин во снабдувањето со електрична енергија село Пасинки шест дена без струја. Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо го повикува Владата и Општина Булќиза итно да преземат сите неопходни мерки ...

28 ноември е поинаку познат и како Ден на знамето, важен ден за Албанците на албанските територии и ширум светот. На 28 ноември 1912 година, Исмаил Ќемали го подигнал знамето во Валона, прогласувајќи ја Албанија за суверена и независна држава. Со актот на Декларацијата за независност на Албанија, претседателот на привремената влада Исмаил Ќемали ги објави шесте Големи сили: Англија, Италија, Австро-Унгарија, Франција, Германија и Русија. Беа ...

Снежните намети што деновиве го зафатија регионот на Голо Брдо предизвикаа прекин во сообраќајот, оставајќи отсечени повеќе села. Но, за разлика од минатите години, ситуацијата оваа година е поинаква, објави македонската амбасада во Тирана. Тоа благодарение на градежната машина за чистење на снегот, донација од македонската влада, која, како што се оценува, ја добиле во вистинско време. Имено, административната единица Требиште на чие чело е ...

Македонската култура, за прв пат станува дел од европскиот проект, „Културните рути“ на Советот на Европа. На последното Генералното Собрание на асоцијацијата, беa прифатени апликациите на Институтот за македонска литература од Скопје и на Јавната научна установа Институт за старословенска култура-Прилеп. Беше донесена одлука дека почнувајќи од 1 декември годинава, овие две значајни установи стануваат полноправни членки на „Културната рута на ...

Поради лошите временски услови, со обилни врнежи од снег, ветер и температури до 10 степени под нулата, Македонците во областа Голо Брдо деновиве се соочуваат со веќе познатите проблеми, завеани патишта и прекин во снабдувањето со електрична енергија. Поради искинат проводници од тежината на снегот и силниот ветер, веќе три дена има прекин во снабдувањето со електрична енергија. Најавено е да стигнат екипи на Електродистрибуција ама ...

Од први јануари Албанија го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), објави министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани. Тој на социјалната мрежа Икс објави дека Албанија ќе ја унапреди мисијата за регионална соработка и интеграција во ЕУ. Албанија го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), ние остануваме посветени на унапредување на мисијата и целите на ЦЕИ во поттикнувањето на ...

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра млада научничка во општествените науки носителка на признанието е д-р Милка Ивановска Хаџиевска, која предава на Лунд Универзитетот во Шведска, додека за Најдобар млад научник во ...

На 23 ноември, претставникот на црногорското малцинство во Република Албанија, Маринко Чулафиќ беше поканет во Министерството за човекови права и малцинства во Подгорица, каде што се сретна со генералниот директор на оваа институција, Људмила Поповиќ. Разговорот главно беше фокусиран на размена на искуства во областа на малцинствата и човековите права и можноста за соработка во иднина. На крајот од разговорот, Чулафиќ и се заблагодари на ...

Gazeta maqedonase “Ilinden”: Marjana Kostofski Felah, duke pasur parasysh faktin se pozicioni juaj është domethënës për maqedonasit në Republikën e Shqipërisë, si përfaqësuese e tyre në Komitetin shumë të rëndësishëm për Minoritetet në Republikën e Shqipërisë, ju lutemi të prezantoni lexuesit tanë me historia juaj profesionale. Së pari dua t’ju falënderoj për këtë intervistë, mund të them se kjo është intervista ime e parë që kur jam emëruar si ...

Македонски весник “Илинден“: Марјана Костофски Фелах, со оглед на фактот што вашата позиција е значајна за Македонците во Република Албанија, како нивен репрезент во многу важниот Комитет за малцинства во Република Албанија, ве молам запознајте ги нашите читатели со вашата професионална историја. Прво би сакала да ви се заблагодарам за ова интервју, можам да кажам дека ова е мое прво интервју отакако бев именувана како претставник на ...

Во организација на повеќе ентузијасти и планинарски здруженија се формира Македонска „Бесконечна“ Трансверзала (со скратено, уметничко име „Sammiana“ ) – планинарска патека долга дури 2070 км и која ги опфаќа најголем дел од планините и природните убавини во Македонија ! Се работи за огромен и импозантен проект, не само поради импресивната должина , туку и поради тоа што поголемиот дел од трансверзалата, односно околу 1500км се нови патеки. ...

Германската полиција спроведе рации во Берлин рано утрото во четвртокот, чија цел биле две забранети палестински организации и одделно луѓе поврзани со екстремно десничарската организација Граѓани на Рајхот. Повеќе од 300 полицајци извршиле рација и претресле 15 недвижности низ Германија, од кои 11 биле во Берлин, изјави портпаролката на градската администрација. Полицијата извршила претрес на имоти и во сојузните покраини Долна Саксонија, ...

Во изминатите пет години, од кога почна процесот на испитување на потекло на имот, познат како ветинг, од правосудниот систем во Албанија, заминале 347 судии и обивнители. Независната комисија за оценка (КПК), разрешила 240, додека 107 поднеле оставки пред, на почетокот или за време на контролата на нивното богатство и професионалност. Според законот и доколку сами поднеле оставка не можат да бидат именувани за судија или обвинител, член на ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
100%
1023
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Софија

8ᴼ / 1ᴼ
1.03
57%
1024
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.5
83%
1023
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 7ᴼ
1.73
86%
1023
weather icon

Атина

16ᴼ / 11ᴼ
0.89
76%
1022
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
95%
1022
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
94%
1022
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
87%
1023
Currency

61.53

Currency

52.9853

Currency

69.6684

Currency

34.5999

Currency

37.7613

Currency

66.8287

Currency

7.44934

Currency

0.65657

Currency

0.34291

Currency

0.52612

Currency

1.25406

Currency

0.599