САД воведоа втор круг санкции против функционери и финансиската мрежа поврзана со Хамас. „Денешната акција ја нагласува посветеноста на САД за разбивање на мрежите за финансирање на Хамас со распоредување на нашите органи за санкции против тероризмот и во соработка со нашите глобални партнери за да му се ускрати на Хамас можноста да го искористува меѓународниот финансиски систем“, рече заменик-секретарот за финансии Воли Адејемо. Post Views: ...

Долгометражниот филм „Бизнисот на Задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски продолжува со успеси. Филмот по петти пат е добитник на награда на филмските фестивали, која овојпат му беше доделена на директорот на фотографија, Фејми Даут, за најдобра камера на десеттото издание на „DEA OPEN AIR International Film Festival“ во Тирана. Дополнително, „Бизнисот на Задоволството“ е селектиран на уште седум нови фестивали во Канада, САД, Африка, ...

Почитуван господине Сојузен канцелар Шолц, Во врска со понатамошниот тек на преговорите за членство на Република Македонија[1] во ЕУ би сакале да Ве информираме за актуелната состојба и притоа да го изнесеме нашето гледиште. Не радува што неодамна во Берлин го пречекавте премиерот Ковачевски и недвосмислено му ja потврдивте Вашатаподдршка за Македонија на патот кон Европската унија. [1] Со Преспанскиот договор Република Македонија го промени ...

Која земна уста и небесен ум не би пристапиле да ја восфалат славната невеста Христова, Преподобна наша мајка Параскева, чие нетлено тело и денес сведочи за нејзиниот големиот подвиг на крајно трпение во неволјите и девствена чистота, што смирено Му ги принесе на својот Младоженец!? Оти таа, како небесна птица задоена со слободата на духот, оставајќи сѐ овоземно, минливо и пропадливо, кон Него усрдно полетала и со сето свое младешко срце за ...

На плејадата современи книжевни метрополи, со творештвото посветено на него од македонските писатели и тоа и она што зборува со носталгичен тон, и она што се претвора во бунт, се приклонува и нашето Скопје. Тој книжевен град, истовремено, колку што станува наш, денес, толку станува и туѓ, светски, нечиј и сечиј Град. Така и оној постземјотресен град колку што ни донесе болки и таги, но и верба во човештината и хуманоста, толку ни испрати и ...

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, денеска достави барање до Институтот за статистика, ИНСТАТ, пописот на населението да се продолжи и за подрачјето на Мала Преспа. Доставивме барање до ИНСТАТ од причина што добар дел од жителите се сезонски работници во Македонија и Грција, поради што, сè уште не се контактирани од попишувачите. Се надеваме на позитивен одговор со што и Мала Преспа ...

Во Советот на Европа има огромно разбирање за Македонија. Бугарија во моментов е во пост мониторинг, можеби ќе биде и вратена во мониторинг поради кршење на основните човекови права на етничките Македонци како што беше кажано од страна на известителот за Бугарија, се работи за докажана пратеничка од Исланд која го прави извештајот за Бугарија, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во емисијата за или против што ...

Германската Влада има намера да го интензивира протерувањето на луѓето кои немаат право да останат во Германија, е соопштено по владиниот состанок во Берлин. „Ќе се погрижиме луѓето кои немаат право да останат во Германија побрзо да ја напуштат нашата земја“, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер. Таа рече дека протерувањето на оние кои немаат право на престој во Германија е неопходно за да можат да ги исполнат обврските кон оние ...

Македонија го зголемува бројот на македонски војници кои ќе учествуваат во НАТО операцијата „КФОР“ на Косово. Дополнителен вод од 35 припадници на македонската армија ќе биде испратен на Косово. Одлуката е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на Генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, а со цел зајакнување на ...

Во недела на 29 октомври се враќа зимското сметање на времето. Тој ден ќе ги поместиме стрелките од 3 на 2 часот по полноќ и со тоа ќе добиеме дополнителен час за спиење. Компјутерите, мобилните телефони и другите современи уреди кои го покажуваат точното време автоматски ќе се „префрлат“ на зимско сметање на времето. Ако сè уште имате аналоген приказ на времето или постар уред кој „не знае“ како да го прави тоа автоматски, не заборавајте да ги ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Александар Николоски во Будимпешта оствари средба со Претседателот на пријателската партија, ФИДЕШ и премиер на Унгарија г. Виктор Орбан. На средбата беа констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, и стана збор за реализација на стратешките цели на Македонија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се заблагодари на поддршката од ...

Горд сум од тоа што сум и што преставувам-Македонец. Не се срамам и не се кријам, тоа јавно и јасно сум го кажувал и го кажувам. Тоа во нас го всадиле нашите родители а ним нивните и како светост го пренесуваме од генерација на генерација, изјави за Македонски весник Илинден, Фатри Фетаху, дипломиран економист, жител на село Требиште, областа Голо Брдо. Фетаху, кој е познат активист за правата на Македонците и претседател на огранокот за Голо ...

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на 26-тиот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН, што се одржa од 19-ти до 22-ри октомври во Загреб, Хрватска, најголемиот собир на словенските малцинства во Европа. На семинарот присуствува 13 различни малцинства од 11 земји од организации членки на работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) при ФУЕН од дванаесет ...

Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина. Од името на сите Македонци кои живеат во Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение на македонскиот непокор. Овој ...

Федералната унија на европските националности, ФУЕН, за првпат објави документ на македонски јазик. Ова е историски ден за Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромно задоволство и радост што брошуратa на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за првпат се објавува и на македонски јазик, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана. Брошурата содржи информации за 28 малциства во ...

Како е секојдневието на српското малцинство во Хрватска? Со какви предизвици се соочуваат роднините и со какви достигнувања се гордеат? Одговори на овие прашања може да се најдат на овогодинешниот семинар на АГСМ во Загреб, Хрватска. Од 19-ти до 22-ри октомври, Работната група на словенските малцинства при ФУЕН (АГСМ) ќе ве сретне во главниот град на Хрватска на својата 26-та годишна конференција. Домаќин е Националниот совет на Србите во ...

Во областа Голо Брдо во Албанија говорот на жителите по својот фонолошки систем и граматичка структура влегува во составот на македонскиот дијалектен систем и истиот ја зачувал својата посебност, вели професорката по хуманистички науки и македонистика Дијана Петровска, автор на монографијата „Голобрдски говор“. Авторскиот труд е изработен како резултат на теренско истражување во селата во областа Голо Брдо. На прашањето на каков јазик зборувате ...

Градоначалничката на Општина Булќиза Фестиме Мјештри продолжува сo јавните расправи и консултаци за развој. Денес, беше во Административна единица Требиште, областа Голо Брдо каде внимателно ги слушаше Македонците од Административна единица Требиште за нивните проблеми, исто време вети проектите што се предвидени во инфраструктурата, земјоделството, образованието и водоснабдувањето. Градоначалничката на Општина Булќиза Фестиме Мјештри истакна ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Тирана, Албанија оствари средба со претставници на Македонското национално малцинство во Република Албанија и разговараа за Македонците во Мала Преспа, Тирана, Голо Брдо и Гора. На средбата покрај премиерот Ковачевски, присуствуваа и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, како и Данчо Марковски, амбасадор на Република Македонија во Република Албанија. ...

Министерството за надворешни работи (МНР) ги повикува сите државјани на Македонија да се воздржат од непотребни патувања во Либан поради сложената безбедносна состојба во регионот. Информираме дека сѐ уште се активни комерцијалните летови кон и од Либан, и соодветно, препорачуваме на сите граѓани кои во моментот се наоѓаат на територијата на земјата, доколку немаат суштинска причина за нивниот престој, да ја искористат оваа можност и да ја ...

Две лица се застрелани вечерва во белгискиот главен град Брисел, соопшти полицијата. Белгискиот премиер подоцна потврди дека жртвите биле Швеѓани. Брисел го зголеми на највисоко нивото за закана од тероризам. Фудбалскиот натпревар Белгија-Шведска од квалификациите за Евро 2024 што се игра во градот е прекинат, соопшти УЕФА. Вооружениот напаѓач побегнал од местото и уште е во бегство. Обвинителите велат дека го третираат пукањето како тероризам. ...

„Самитот на лидерите кој се одржува во Тирана за Берлинскиот процес, кој за прв пат се одржува во една земја на Западен Балкан, односно во држава која не е дел од ЕУ. Во рамките на Берлинскиот процес беа потпишани неколку договори за соработка и за меѓусебно признавање на дипломите од земјите на Западен Балкан за здравствените работници и за енергетско финансирање и зголемување на финансиите за енергетска независност и зелена транзиција“. ...

Во Тирана се одржува Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, на кој учествуваат лидерите на земјите учеснички во овој процеs. Премиерот на Република Албанија, Еди Рама, ги пречека лидерите и другите функционери кои учествуваат на Самитот во Тирана, а работите ќе продолжат на две сесии. На Самитот, што се одржува во просториите на Пирамидата во Тирана, учествуваат лидерите на Европската Унија (ЕУ), земјите од ЕУ и лидерите на земјите од ...

Срамно е ова што се случува во Преспа во врска со пописот на населението. Преспа, област генерално заборавена од сите влади, (иако е една од најубавите области на Албанија) стана вест во медиумите и порталите. За некои тоа е сериозна вест, за многу други е претставена на комичен начин, како две држави се судираат за едно малцинство. На подрачјето на Преспа живее македонското малцинство, тоа е неспорно! Во последно време, со почетокот на пописот ...

Јазикот на кој зборуваат е македонски, гордо кажуваат жителите на областа Голо Брдо во Албанија, што и научно се поткрепува преку истражувањето на Дијана Петровска, доктор по хуманистички науки. За време на посетата на неколку села, во кои иселувањето е поради постојан општествено-политички и економски притисок, во разговорите со мештаните, Петровска заклучува дека дијалектите одлично се сочувани. Нивниот говор се вбројува во западно-македонски ...

Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи беше во посета на Македонците во Мала Преспа во Општина Пустец. Целта на посетата беше реализација на донација за средното училиште Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски во село Пустец во форма на училишен инвентар. Претседателот на Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листа Горан Тасковски заедно со делегацијата беа пречекани од страна на директорот и наставниот кадар на училиштето. ...

Во македонската историја има личности кои по своето потекло како Македонци, независно дали живееле и работеле во македонската држава оставаат значајни дела за матичната земја. Од плеадата такви дејци голема оставнина за македонската историјата нѝ оставиле и двајцата Македонци од Преспа во Република Албанија, Стерјо Спасе и Спасе Мазенковски. ЗОШТО сакам да пишувам за Стерјо Спасе? Стерјо Спасе е роден на 14 август 1914 година, во село ...

“Оној кој не го познава своето минато, не може да биде успешен во сегашноста и во иднината! Сите треба да учиме од минатото”. Со овие зборови, на починатиот шеик, Зајед бин Султан Ал Нахјан, таткото на Обединетите Арапски Емирати, се отвори 19-от Конгрес на Меѓународниот архивски совет, кој се одржува од 9-ти до 13-ти октомври во Абу Даби. Конгресот со мото “Enriching Knowledge Societies” (Збогатување на општествата со знаење), има пет теми: ...

Македонска алијанса за европска интеграција, по повод 70 години од раѓањето на Спасе Мазенковски и 11 Октомври – Денот на востанието на Македонскиот народ, во своите простории во Пустец организира промоција на првиот том “Собрани дела“ на Спасе Мазенковски кои за првпат се објавуваат на македонски јазик. Издавач на книгата е печатницата “Менора”, а промотор на книгата беше проф.д-р Катерина Тодороска. Пригодни обраќања на промоцијата за животот ...

Телевизијата прво започна со емитување во подрачјето на Скопје,пред да го прошири опфатот на остатокот од земјата. Канал 5, 25 години зрачи во етерот и е една од водечките телевизии во Македонија, сведок е на многубројни настани значајни за државата. Телевизијата веќе 25 години се грижи за јавниот дискурс, креирајќи го јавното мислење, а со критичка опсервација на политичките настани. Телевизијата 25 години се грижи за навремено информирање на ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
4.12
72%
1018
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
55%
1021
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.09
84%
1019
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
83%
1021
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.06
74%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
60%
1016
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
3.13
92%
1017
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
71%
1019
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
82%
1017
Currency

61.59

Currency

52.5598

Currency

70.5996

Currency

34.4361

Currency

37.7541

Currency

65.9917

Currency

7.37879

Currency

0.62866

Currency

0.35213

Currency

0.52552

Currency

1.26622

Currency

0.59374