Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздравува ангажираноста на новинарите на емисијата Фикс фаре, на телевизија Топ чанел, за истражувачката сторија во која се потврдува како за пари се издава лажна потврда за бугарско потекло во административната единица Острени, областа Голо Брдо. Тоа е уште една потврда дека пописот на населението воРепублика Албанија помина со многу проблеми. Голема благодарност до новинарите на оваа позната емисија, ...

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ја поздрави ангажираноста на новинарите на Фик фаре, на тиранската телевизија Топ чанел, за истражувачката сторија во која се потврдува како за пари се издава лажна потврда за бугарско потекло во административната единица Острени, област Голо Брдо. Пренесувајќи го партискиот став, Ендрит Фетаху потпретседател на партијата додава дека тоа е уште една ...

Единаесет лица се загинати, меѓу кои и напаѓачот, деветмина се тешко повредени, пет до шест лица се со умерено тешки повреди, а десет лица се полесно повредени. Бројките сепак може да се променат, објавија спасувачките служби во Прага по денешното пукање во центарот на Прага. Целиот плоштад Јан Палах и околината се целосно затворени, соопшти полицијата на мрежата Х во 15 часот и 17 минути. Според портпаролката на Филозофскиот факултет на ...

Полиција од Булќиза, каде територијално припаѓа областа Голо Брдо, приведе три лица вработени во административната единица Острени, под сомнение за издавање лажни потврди за бугарско потекло. Апсењето следува по синоќешната истражувачка сторија „Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“ во која со глас и слика се покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од ...

Собранието на Албанија денеска го одобри барањето на обвинителството за одземање на имунитетот на поранешниот премиер на земјата и лидер на Демократската партија, Сали Бериша. Собранието за само неколку минути го изгласа барањето на Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал, познато како СПАК, со поддршка од 75 од вкупно 140 пратеници, пишува „Albanijan post“. Бериша одбил да зборува на почетокот на ...

Новинари на Фикс фаре купиле потврда за бугарско потекло за 10.000 леки – Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо. Најпопуларната истражувачка програма „Фикс фаре“ на Топ чанел во вечерашната емисија со глас и слика покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од вистинското потекло. За 100.000 леки новинарите купиле две такви потврди потпишани и заверени со ...

Денеска беше означен официјалниот почеток на изградбата на 400 киловолтниот далековод меѓу Албанија и Македонија. Ова е многу значаен проект и ќе биде прва енергетска врска меѓу двете земји, која ќе овозможи директна размена на електрична енергија. Со изградбата за 1500 мегаватчасови ќе се зголеми преносниот капацитет во нашата држава. Голема благодарност за сите кои вложија напор овој проект да стане реалност, рече меѓу другото Белинда Балуку, ...

Fiks Fare vërtetoi mbrëmjen e sotme me zë e figurë se sa e lehtë është të blesh një vërtetim të origjinës bullgare në Ostren të Bulqizës, nuk ka rëndësi se çfarë origjine ke. Kundrejt 100 mijë lekëve Fiksi bleu dy të tilla të firmosura dhe vulosura nga administratori i Ostrenit, Luan Mjeshtri. Vërtetimet u morën duke dorëzuar fotokopje certifikatash, të një banori të Patosit, me gjyshër nga Njësia Administrative Trebisht dhe të dytin për një ...

Македонската ракометна репрезентација, денеска попладне треба да го има првиот собир во Скопје, со што и официјално ќе ги почне подготовките за настап на Европското првенство (ЕП) во Германија, во јануари в година. Неодамна селекторот Кирил Лазаров го објави списокот на 19-те повикани ракометари на кои смета за ЕП 2024, но има и осум резерви, кои може да се приклучат во секој момент, доколку има потреба за тоа. Боите на репрезентацијата ќе ги ...

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-мајор Арбен Кинѓи, кој се наоѓа во официјална посета на Република Македонија, денес оствари посета на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана. По пречекот со воени почести, генералот Кинѓи оствари средби со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со заменик-министерот за одбрана, Тирон Јајага. Генералите ...

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генерал-мајор Арбен Кинѓи, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата се разговараше за билатералната воена и одбранбена соработка меѓу Македонија и Албанија при што беше констатирано дека таа е на задоволително ниво и беше изразен интерес за јакнење на оваа соработка, преку отворен и ...

Претставници на шпанското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент утрово постигнаа договор за основните политички елементи на петте клучни регулативи кои темелно ќе ја ревидираат правната рамка на ЕУ за азил и миграција, со што се воведуваат значително построги процедури за доделување азил. Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка Гомез по постигнатиот договор истакна дека тој претставува голем чекор ...

Православните христијани го празнуваат Свети Никола Чудотворец, светецот заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патницитe. Во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески, кои се посветени на овој светец. Многу македонски семејства вечер со богата посна трпеза на која преовладуваат рибата и посните сарми ќе го прослават празникот. Овој светец имал многу ...

Ја споделувам радоста што ете доживеавме да го испечатиме јубилејното 60.издание на весникот, кој и понатаму буди голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Се надевам дека ќе продолжиме со несмален интензитет да информираме со истата сериозност и пристап во објавувањето на темите, а се од интересен за македонското национално малцинство во ...

Почетокот на следната година продолжува фазата за враќање на иконите украдени од верските храмови изнесени по незаконски пат во Албанија. Членот на МАНУ Цветковски кој всушност ги препозна иконите кои беа украдени и вратени, за Сител најави дека во Албанија ќе прават повторно увид во депонираните икони 37-38 на број, се со една идеја да се врати вредното културно и историско наследство онаму каде што припаѓа. Во периодот од 2009 до 2013 година ...

Почетокот на следната година продолжува фазата за враќање на иконите украдени од верските храмови изнесени по незаконски пат во Албанија. Членот на МАНУ Цветковски кој всушност ги препозна иконите кои беа украдени и вратени, за Сител најави дека во Албанија ќе прават повторно увид во депонираните икони 37-38 на број, се со една идеја да се врати вредното културно и историско наследство онаму каде што припаѓа. Во периодот од 2009 до 2013 година ...

Култот на Свети Наум се проширил во Албанија, нему му се посветени многу икони и фрески. Во Музејот на средновековна уметност во Корча се наоѓа икона на Свети Наум, насликана од иконографот Никола Гуга во 1759 година. Фрески на Свети Наум има на јужните страни на црквите “Св. Aтанас” и “Св. Никола” во Москополе. Негова фреска има и во црквата Свети Михаил во Москополе. Икона на Свети Наум се наоѓа во црквата Свети Ѓорѓија во селото Шипска. Во ...

Пред 98 години во Атина бил испечатен и објавен првиот буквар, наречен „ Абецедар“, наменет за учениците Македонци од Егејска Македонија. Но, тој никогаш не почал да се употребува и покрај налогот од Друштвото на народите, зашто во нивната намера се вмешала политиката на соседите за негирање на нашиот идентитет, кажа професорката по историја , Виолета Ачковска. Потребни се дополнителни истражувања на идентитетот на тројцата автори на „ ...

Пред 98 години во Атина бил испечатен и објавен првиот буквар, наречен „ Абецедар“, наменет за учениците Македонци од Егејска Македонија. Но, тој никогаш не почал да се употребува и покрај налогот од Друштвото на народите, зашто во нивната намера се вмешала политиката на соседите за негирање на нашиот идентитет, кажа професорката по историја , Виолета Ачковска. Потребни се дополнителни истражувања на идентитетот на тројцата автори на „ ...

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. На средбата беше изразено задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, при што беше нагласена обостраната посветеност кон добрососедските односи. Двајцата претседатели посочија дека како сојузници во НАТО, двете држави се подготвени за збогатување на меѓусебната соработка, со ...

Повод за овој мој допис и кометар, со следниот напис, дека македонците во Србија и понатаму бараат и ќе бараат отварање на Катедра за македонски јазик и Лекторат во Белград, се до остварувањето на таа цел, се добрите вести дека повторно ќе се отвори лекторат по македонски јазик на факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, Република Албанија. Избрана е и новата лекторка. Што да се каже? Честитки за сите, посебно за упорноста на ...

Дваесет икони што биле украдени од македонските цркви, а откриени пред една деценија во Албанија, вчера, конечно, ѝ се вратени на Македонија. Незаконски изнесените икони, кои денеска беа предадени на македонската делегација во Тирана, од вечерва се изложени во Музејот на Македонија. На изложувањето присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за култура, Костадиновска Стојчевска, поглаварот на МПЦ- ОА г.г. Стефан и членот на МАНУ кој ...

После една деценија, Албанија ги врати 20-те украдени икони од македонските цркви од Струшко. Иконите на свечесност во Тирана попладнево ги презеде министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и тие вечер ќе бидат изложени во фоајето на Музејот на Македонија. Министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити објави и кратко видео од примопредавањето на украдените икони од Македонија. Како што појасни Костадиновска-Стојчевска, ...

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во Тирана оствари билатерална средба со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, по повод првата успешна реституција и враќањето на незаконски изнесеното културно наследство од Македонија кое беше пронајдено во Албанија. На средбата се осврнаа на целата процедура и за успешноста на овој историски чин, кој, како што кажаа министерките на состанокот, е резултат на ...

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел пред малку на Твитер објави дека Европскиот совет одлучил да се отворат пристапни преговори со Украина и со Молдавија. Засега не се познати детали кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција, ниту кога ќе биде усвоена преговарачката рамка. Исто така, статус на кандидат доби и Грузија, а ЕУ ќе отвори преговори со БиХ кога ќе биде постигнато потребното ниво на ускладеност со критериумите за ...

Извесно е и сите очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите, тоа го покажуваат и сите анкети. Но од друга страна, извесно е дека оваа владејачка гарнитура ќе оди во опозиција, затоа што, ние јасно кажуваме дека ниту со СДСМ ниту со ДУИ ќе имаме соработка, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување на ТВ21. Тој додава дека поради ова, последниве недели таква нервоза и паника ги има фатено да сериозно не става ...

Премиерот Еди Рама на денешната прес-конференција на која се фокусираше на Самитот ЕУ-Западен Балкан, одржан вчера, рече дека се разговарало за перспективата на земјите од Западен Балкан во Европската унија, на која „напредокот што го направи Албанија е оценет со многу позитивни оценки“. На самитот се разговараше за перспективата на нашите земји во ЕУ, беше истакнат постигнатиот напредок, се разговараше за процесот на нормализација на односите ...

Вкупно 20 икони украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион утре ќе бидат вратени во Македонија од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година. Иконите, како што појасни министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе бидат соодветно спакувани да не се оштетат при пренос и ќе бидат однесени во Музејот на Македонија, од каде по процесот на заштита, ќе бидат ...

Во рамките на соработката на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје наскоро ќе започнат курсеви по македонски јазик во просториите на Факултет за странски јазици, како воннаставен предмет, односно предмет по избор, објави Факултетот на официјалната веб страна. Се додава дека курсеви ќе им бидат понудени бесплатно на сите студенти на Универзитетот во Тирана и оти наставата ќе ...

Во издание на Центарот за култура и културолошки студии е објавена книгата „Македонската книжевна жена“ од Ирина Тумбовска. Ова е прва книга во која со книжевнонаучен пристап се анализираат женските ликови од современата македонска проза со цел да се издвојат модалитетите на женскоста во македонскиот роман. Но, во исто време, во оваа книга се отвораат и низа други прашања и теми, при што за некои од нив и храбро се отвора полемика. Тумбовска ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
67%
1017
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
1018
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
55%
1020
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
76%
1018
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.75
79%
1018
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1020
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
71%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
60%
1016
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
90%
1017
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
61%
1019
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
88%
1016
Currency

61.59

Currency

52.5598

Currency

70.5996

Currency

34.4361

Currency

37.7541

Currency

65.9917

Currency

7.37879

Currency

0.62866

Currency

0.35213

Currency

0.52552

Currency

1.26622

Currency

0.59374