
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 септември, ден на европските јазици, упати честитка до сите Македонци, кои како што наведуваат, каде и да се, со порака да го зачуваат мајчиниот јазик, бидејќи, како што посочуваат, тоа е најголемото обележје на националниот идентитет, но и да научат и други јазици, затоа што тоа е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање. Сакаме да го истакнеме значењето на ...
Администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден, се подготвува да го одобри барањето на Израел за безвизен режим, соопшти синоќа ТВ каналот Еј-би-си повикувајќи се на американски службеници. Според првичните информации конечната одлука треба да да биде објавена на 27 септември од Алехандро Мајоркас, министер за внатрешна безбедност на САД, а следниот ден треба да биде ратификувана од државниот секретар Ентони Блинкен. Прашањето за ...
Демократскиот сојуз на грчкото етничко малцинство во Албанија “Омонија” обвини, како што наведува, за прекршувањето на правата на малцинствата од страна на попишувачите во текот на пописот на населението и домовите. Преку соопштение за јавноста “Омонија” наведува дека во областите населени со припадници на грчкото малцинство зачестиле случаите кога попишувачите “вршат емотивен притисок врз граѓаните кога тие инсистираат да им се запишат ...
Пописот во Република Албанија почна на 18 септември и завршува на 30 октомври годинава. Македонското друштво „Илинден“-Тирана почна со кампања „Горе главата – Изјасни се дека си Македонец“ во Република Албанија и во континуитет апелира до Македонците во Република Албанија да не се плашат и слободно да се попишат. „Тие со векови се Македонци коишто зборуваат македонски јазик“, вели Ѓурѓај. Во екот на пописот и зголемените притисоци на терен, тој ...
Апелирам сега кога притисоците и заканите се методот со кој Бугарија врши пропаганда, одговорот на Македонците од Албанија да биде масовност на пописот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи на 32-та годишна конференција на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ во Велес. Мицкоски ги повика Македонците да бидат дел од пописот во Албанија. „Од овде, од срцето на Македонија јавно повикувам и апелирам Македонците од Албанија ...
Нас Македонците во Албанија ништо не може да не поколеба на пописот да се изјасниме она што сме, а за Бугари тоа е само идеја која попусто ја пропагираат бугарските власти и здруженија, порачуваат Македонците во Албанија. По националност сме Македонци. Какви Бугари, во Албанија ниту имало, ниту има. Нема никаков проблем, кога попишувачите ќе дојдат и ќе не прашаат ќе кажеме дека сме Македонци, со православна или исламска вероисповест и дека ...
Поранешниот премиер Никола Груевски, денеска во објава на Фејсбук ги охрабрува Македонците на претстојниот попис во Албанија да се попишат како Македонци и да не потпаѓаат под пропагандата на разните мешетари од некои соседни земји. Деновиве започна пописот во Албанија. Добив загрижачки пораки од Македонци во Албанија кои кога ги читам единствено ме потсетуваат на состојбите во Македонија во 19. и првата половина на 20. век. Просто е ...
Сојузот на Македонците со исламска религија ги повика граѓаните на Албанија, Македонци по етничка припадност а муслимани по верска припадност да не потклекнуваат под никаква закана и да се изјаснат тоа што се – Македонци. Ги повикуваме нашите сонародници во Албанија на пописот кој е во тек да не дозволат никој, ама никој и по ниедна цена да им ја менува нивната македонска етничка припадност и по цена на не знаеме какви пасоши и привилегии да им ...
Цела бугарска машинерија е впуштена во притисоци кон Македонците да се попишат како Бугари алармира претседателот на македонското здружение Илинден, со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај. Тој повикува граѓаните да се попишат како што се чуствуваат и да не “паѓаат” на заканите од страна на бугарските институции и политичари. Ѓурѓај вели дека нашинците во Албанија живеат во страв и дека јавните закани може да ги обесхрабрат Македонците затоа што ...
Жителите на областа Голо Брдо во Албанија зборуваат на македонски дијалект. Ова е стручно и научно разработено и само ја потврдува вистината дека говорот од оваа област ја зачувал својата посебност, коегзистирајќи на дијалектно рамниште. Минатата година, Дијана Петровска, доктор по хуманистички науки – македонистика, изврши теренско истражување во областа Голо Брдо. Посети неколку села, контактираше со голем број мештани и направи текстуални и ...
Шефот на дипломатијата Бујар Османи во видео обраќање до Македонците кои живеат во Албанија, им порача дека овој попис им овозможува слободно да ја изразат нивната етничка, јазична, и религиска припадност. Во продолжение целосното обраќање на Османи: „Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија би сакал да се обратам до вас Македонците кои живеат во Албанија. Како што ви е веќе познато, од 18 септември и следните шест ...
Посебна чест ни е што во календарот за 2024 на кој на секој месец поставено е традиционално јадење на малцинствата, а за месец февруари е традиционалното македонско јадење „грашалник“ од областа Голо Брдо. Исто така има и информации за македонско друштво „Илинден“ и за Македонците во Албанија, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Ова, според него, е од големо значење за Македонците во Албанија бидејќи примероци од календарот ...
Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов за време на вториот дел од посетата на САД, во Обединтите нации оствари билатерална средба со помошникот Генерален Секретар на ОН и Висок претставник за Алијанса на цивилизациите при ОН, Мигуел Ангел Моратинос. По средбата беше потпишан Договор за партнерство во рамките на дејностите на иницијативата на Алијанса на цивилизациите при ООН. Договорот предвидува можност за заеднички ...
Второто рочиште во процесот за навреда и клевета што Македонското меѓународно движење за човекови права и претседателот на ММДЧП Бил Николов го покренаа против 360 Степени, македонски медиум контролиран од САД, ќе се одржи во петок, 22 септември 2023 година, во 10 часот, судница бр. 22 во Основниот граѓански суд Скопје, Македонија. Ги повикуваме македонските и меѓународните медиуми, организации за заштита на човековите права, политичари, ...
Град Скопје е избран за престижната титула Европска престолнина на културата за 2028 година. Богатата програма под слоганот „Култура над поделба“ со која Скопје се претстави пред ЕУ го освои срцето на Европа. Одлуката беше соопштена денеска во Куќата на европската историја во Брисел, по вчерашното претставување на програмите на двата финалисти Скопје и Будва, Црна Гора. Тимот посветено работеше на културна промоција, претставувајќи ја ...
Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да ѝ оддадат заслужено признание и на неговата мајка. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што ...
Македонското друштво “Илинден“-Тирана го осудува крајно агресивното и дрско однесување на бугарскиот амбасадор Ивајло Киров кон Македонците во Голо Брдо и Мала Преспа. Во екот на пописот во Република Албанија, бугарскиот амбасадор Ивајло Киров, без основно почитување на националните чувства на Македонците во Република Албанија, врши отворен атак врз македонското население во Голо Брдо и Мала Преспа, а со намера да го убеди да се попишуваат како ...
Продолжува бугарската пропаганда за асимилација на Македонците и во текот на пописот на населението и домаќинствата, кој во понеделникот почна во Албанија, што ја потврдува и посетата на бугарскиот амбасадор во областа Голо Брдо, изјави за МИА, претседателот на Македонското друштво „Мост“, Бесник Хасани изразувајќи „најостра осуда за притисокот што Бугарската амбасада го врши врз Македонците“. Во текот на изминатите неколку дена, додава тој, ...
Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, заедно со министерката за надворешни работи на Јужна Африка, Наледи Пандор, потпишаа Заедничко комунике за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, во рамки на 78-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк. “Воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Јужна Африка ги потврдува нашите заложби за градење пријателски односи и партнерства и ...
Владата на Република Албанија го промени проектот на патот Елбасан – Ќафасан, кој е дел од Коридорот 8, додавајќи изградба на уште еден тунел долг 3 километри. Министерката за инфраструктура и енергетика на Република Албанија Белинда Балуку изјавилa дека ова решение е постигнато по преговори меѓу владите на Албанија и Македонија, односно одговорните министерства за инфраструктура. Ова е важен дел од 8-тиот коридор, кој започнува од селото ...
Пред претстојниот попис на населението и домаќинствата во Република Албанија, кој почнува во понеделник, Комитетот за малцинства упати апел до припадниците на малцинствата да ги примат во своите домови попишувачите и дадат одговор на поставените прашања. Од 18 септември до 30 октомври, тимовите на ИНСТАТ ќе тропнат на вашата врата за прибирање податоци за пописот на населението и домаќинствата, што се спроведува според европските стандарди. ...
Панди Јани ретседател на огранокот на Партијата на слободата за областа Мала Преспа на поранешниот албански претседател Илир Мета побараа од Македонците во Република Албанија на попис на населението и домаќинствата, што почна денска да не потклекнуваат под никаков притисок и да се изјаснат она што единствено се-Македонци. Го повикувам својот македонски народ да не потклекнува под никаков притисок и да не се дели од неговото македонско ткиво. ...
Пред утрешниот почеток на пописот на населението и домаќинствата во Албанија, единствената македонска партија во земјата, Македонска алијанса за ервропска интеграција, МАЕИ, ги повика Македонците да ја поддржат оваа значајна статистичка операција и слободно да се изјаснат за етничката и верска припадност и јазик. -Ова е многу важен процес за македонската заедница во Албанија, бидејќи во него ќе се декларира и етничката припадност на секој ...
Министерството за надворешни работи информира дека започнало процес за присоединување на земјава кон Програмата за САД за безвизен режим (Visa Waiver Program). Имено, со одлука на Влада, формирана е меѓуресорска работна група предводена од Министерството за надворешни работи, која се состои од претставници и на други релевантни институции кои работат на исполнување на условите за воспоставување безвизен режим со САД. Условите се однесуваат на ...
Делегација на општина Прилеп, предводена од градоначалникот Борче Јовчески беше во посета на општина Пустец, Мала Преспа. Ценетите гости беа пречекани од градоначалникот на Пустец Пали Колефски, со соработниците. Сговорниците размениле искуства од искуствата во менаџирањето на локалните власти и договориле соработка во повеќе сектори, информираа од кабинетот на Колефски. Двајцата градоначалници и нивните соработници ја посетиле и црквата ...
Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов за време на посетата на Универзитетот Тексас – Тајлер во САД, потпиша договор за разбирање и соработка меѓу Школата за млади лидери и Универзитетот Тексас – Тајлер. Договорот предвидува 5 годишна соработка која вклучува размена на студенти и учесници во нивните програмски активности, заеднички проекти во областа на образованието, можности за заеднички сертифицирани програми и тн. ...
Пред пописот на населението и домаќинствата во Република Албанија, што почнува утре, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повика сите Македонците во Република Албанија „да се изјаснат она што се Македонци и да го зачуваат својот македонски идендитет”. Од 18 септември до 30 октомври, тимовите на ИНСТАТ ќе тропнат на вашата врата за собирање податоци за пописот на населението и домувањето, согласно член 6 од Законот бр. 140/2020 „За попис на ...
Првото летало на македонската авијација „Илинденка“ е изложено денеска на спортскиот аеродром Стенковец, каде се одржува свеченост со голем аеромитинг по повод 100 години македонска авијација. Илинденка е произведена во фабриката „20 Мај“ во Скопје. Првиот лет со едрилицата е изведен во 1955 година, а ќе остане запаметена по своето учество на светското едриличарско првенство во Полска, во 1958 година, како дел од тогашната репрезентација на СФР ...
Во албанскиот град Фиер во изминатите два дена се одржа саем во рамки на проектот “Зачувување и промоција на културата и потеклото на националните малцинства преку уметност и занаетчиство”. Покрај другите друштва на малцинствата, со свој штанд се претстави и Македонското друштво “Сонце”, кој, според претседателот на друштвото Васил Стерјовски бил меѓу најпосетените. Нашето друштво се претстави со свој штанд со цртежи на македонски носии и ...
Министерството за надворешни работи на Македонија ги охрабрува сите Македонци во Република Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност, согласно законската регулатива и позитивната демократска пракса во Албанија, на претстојниот попис на населението во Република Албанија, кој почнува на 18 септември и ќе се реализира следните шест недели. Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и ...