
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Во Корча се одржа 5-то издание на фестивалот „Духот на Балканот“ што донесе прекрасна атмосфера со фолклорни елементи во театарот „Андон Зако Чајупи“. Балканската традиција на карактеристична облека и ора обедини групи од Со изведби на ора и песни од целиот Балкан, домашните и странските уметници се здружија за да ја пренесат богата култура и традиција. Шест балкански земји го промовираа своето традиционално наследство на еден фестивал, каде ...
Во меѓународна полициска акција уапсени се 37 лица поврзани со, како што се наведува, многу насилна криминална банда од Западен Балкан, соопшти Европол. Акцијата, која опфаќа повеќе симултани рации во повеќе европски земји, била координирана од команден центар во Загреб, Хрватска, со поддршка на службеници на Европол распоредени на терен. Моќната криминална ќелија, како што соопшти агенцијата, главно била вклучена во трговија со дрога и огнено ...
Проектот за прекугранична соработка „Крушево и Елбасан – призната туристичка прекугранична дестинација“ е еден од најуспешните од третиот повик на ИПА програмата што ја финансира Европската унија, беше истакнато на денешната презентација на Проектот на полетувалиштето на Мечкин Камен на кое присуствуваа евроамбасадорот Дејвид Гир, од министерството за локална самоуправа и градоначалниците на Елбасан и на Крушево. Ова е моја прва официјална ...
Иницијативата за повторно отворање на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана, кој запрел со работа пред нешто повеќе од десет години, почна во декември минатата година, на состанок на МСМЈЛК при УКИМ и македонското друштво „Илинден“ од Тирана. Лекторат по македонски јазик на Универзитетот во Тирана е повеќе од потребен. Несомнено постои огромен интерес за македонистиката од страна на новите генерации на ...
Замислете ги САД како еден убиец (не би требало да ви биде тешко). Вујко Сем убива некого, доказите се силни, има мноштво на сведоци, тој го признава делото, а чинот дури е снимено и на видео. Но, на Вујко Сем нема да му се суди за убиство – наместо тоа ќе го слават како поборник за човекови права и демократија. Ова е начинот на кој дејствува интервенционистичката и убиствена надворешна политика на САД, која невешто се прикрива како ...
Пред повеќе од еден милениум, Светите Кирил и Методиј на светот му ја носеа писменоста. Денес ние на Македонија мораме да и ја донесеме иднината која овој народ ја заслужува и му е неопходна, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената церемонија во црквата Св. Софија, по повод Денот на сесловенските просветители -24 Мај. Мицкоски истакна дека Светите браќа Кирил и Методиј се нашата светлина, прозорец кон ...
Во базиликата „Сан Клементе” во Рим денеска се одржа молебен на гробот на Св. Кирил со кој чиноначалстуваше митрополитот европски г. Пимен во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и отец Митко Газинковски од Македонската православна црква- Охридска архиепископија. Денеска, како што рече г. Пимен, после една година се наоѓаме повторно на местото каде минатата година ја слушнавме радосната вест дека сме примени во соборот на ...
Поголемиот дел од словенското население во Европа и Азија ја должат својата азбука и својата култура на делото на браќата Свети Кирил и Методиј од Солун, Егејска Македонија кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Во 9 век тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата ...
По повод 24 Мај, Денот на словенските просветители Светите Кирил и Методиј, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г.г.Стефан и до сите Македонци каде и да се. Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија, Вам лично, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитам 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и ...
По веста објавена на социјалните мрежи дека утре 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј ќе се отвори бугарски културен центар во Пустец, од локалната власт на оваа општина, за МИА изјавија дека за такво нешто нема издадено дозвола. Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен центар. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија – ...
Глаголицата за нас е артефакт и културолошки споменик од средновековието, кој му пркоси на забот на времето, стамено и гордо исправена пред сите предизвици на модерното време, во кое, за жал, вистинските вредности често го губат значењето. Кирилицата е живо, активно писмо во Македонија, кое нè поврзува со заветот на Кирил и Методиј и сегашноста полна со предизвици. Двете писма се столбовите на македонскиот идентитет, сведоци на постоењето на ...
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел, во рамки на работната посета на Белгија, оствари средба со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро. На средбата беа констатирани пријателството и партнерството меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беа билатералните односи, македонската евроинтеграција, економската соработка, како и политичките и економски текови во Европа. Претседателот Пендаровски го поздрави позитивниот ...
Во рамки на претседавањето на Македонија со САД-Јадранската Повелба на 19 мај 2023г. Министерството за надворешни работи на Македонија во соработка со Амбасадата на САД во Македонија организираше Конференција за Стратешки комуникации со наслов „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“. Конференцијата почнa со воведни обраќања на државниот секретар во министерството за ...
Шефот на германската разузнавачка агенција, Томас Халденванг денеска предупреди за пораст на екстремизмот поттикнат од авторитарни држави како што е Русија, за кои тврди дека сакаат да го поделат германското општество и да ја соборат избраната влада. Во последниве години, германските безбедносни агенции ги спречија плановите на помалите групи поврзани со движењето Граѓаните на Рајхот, обвинети за планирање напади врз клучната инфраструктура, ...
Предупредување: Рецептот може да предизвика вознемиреност кај чесни домаќинки. Потребен е надзор од владини претставници!!! Македонското полит-кулинарство од денес е побогато за уште еден рецепт за торта наречена „ВД ДИРЕКТОР“. За подготовка потребен ви е правник во некоја институција, заштитен од искрената му љубов кон СДСМ-овската ружа. (Важно: Боцките ќе ги отстраните кога ќе ви се раскрварат рацете). Секако, правникот треба да биде ...
По кратко боледување, синоќа почина музичкиот виртуоз и легендарен изведувач на кларинет и саксофон, Ферус Мустафов, од Македонија. Ферус претрпе мозочен удар на 26 април и беше во болницата “8 Септември”. Социјалните мрежи се исполнети со пораки на простување и сочувство од пријателите и семејството на оваа икона на ромската музика. Ферус Мустафов беше роден на 20 декември 1950 година во Штип, во ромско семејство с богата музичка традиција. ...
На армискиот полигон „Криволак“ денеска започнува вежбата „Брз одговор 23“ која што е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни. „Брз одговор 23’“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово. Во делот од вежбата што ќе се реализира во Македонија, односно на армискиот полигон ...
Македонците од Горно Крчишта, Општина Пешкoпеја, Албанија, по повод христијанскиот православен празник Вознесение Христово-Спасовден, кој е патрон на селската црква, во сабота го одржат средба, која по иселувањето стана традиција. Со цел да може да присуствуваат поголем број Македонци, иселени од ова село, како и нивни потомци, традиционалниот собир ќе биде во црквата „Свeти Спас” во сабота, 27 месецов. Почнува со богослужба во 9 часот што ќе ...
Денес со почеток во 9 часот во Загреб беше осветена првата изградена македонска православна црква во Хрватска – “Света Злата Мегленска“. Осветувањето го изврши Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва во сослужение со Неговото Високопреосвештенство г. Пимен Митрополит Европски и Неговото Високопреосвештенство г. Јосиф Митрополит Тетовско-Гостиварски со монаси и свештеници од Европската, ...
Во последните две години, по пандемијата со Ковид-19 Албанија бележи значителен раст во туризмот. Премиерот Еди Рама денеска ги објави бројките на Светската туристичка организација, која за првите три месеци од оваа година ја рангира Албанија на третото место во светот по раст на туризмот и на првото место во Европа по раст на туризмот во однос на периодот пред пандемијата. Повикувајќи се на статистиката на СТО, Албанија во изминатиот период од ...
На 27 мај 2023 година, сабота, со почеток во 9 часот, во село Горно Крчиште областа Полени, Маќелара, Република Албанија, ќе се одржи годишната Македонска средба по повод големиот Христиански празник Спасовден кај црквата Свети Спас која датира од 1232 година и е споменик на културата, каде ке има богослужба на македонски јазик. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги кани сите добронамерници, сите Македонци од областа Голо Брдо и од цела ...
Пред неколку дена борачот Елтон Зепај, од Требиштe областа Голо Брдо кој живее во Драч и работи во Обединетото Кралство, го освои 10-тиот традиционален куп на борење. Овој прекрасен машки спорт кој се одвива во природа се одржа традиционално во Големо Острени, областа Голо Брдо. Настанот спонзориран од Боречкото друштво „Голо Брдо“ со водачот, професорот Рази Рама и од општина Булќиза, ги собра борачите од областа Голо Брдо, Дибра, Македонија и ...
Денес во чест на Денот на Семакедонските и сесловенските просветители солунските браќа Свети Кирил и Методиј – Македонците, во малото германско гратче Елванген беше одбележан Свети Методиј. Делегација на Македонската заедница во Германија ја продолжи традицијата на одбележувањето, со полагање свежо цвеќе на спомен плочата во замокот каде што Свети Методиј бил заточен во обидот да се спречи во неговата просветителска мисија меѓу источните ...
Иницијативата на Македонскоto друштво “Илинден”-Тирана добива нови чекори за повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, по заложбите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), веќе се забрзува, со сигурни чекори. Интерес, подготвеност и подадена рака за вложување во перспективите на ...
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Будимпешта промовира цивилизирана соработка меѓу Истокот и Западот во согласност со историските искуства, како и дека се залага за што побрза обнова на мирот. Сијарто наведе дека Унгарија е добар пример како една земја може да има корист од цивилизираната соработка меѓу Истокот и Западот „заснована на меѓусебно почитување и меѓусебна доверба, која има цел заемна ...
Македонците во Грција, видливо ослободени и поттикнати од позитивните промени во Грција во однос на малцинските прашања, повеќе години наназад се насочени кон охрабрување и поттикнување на активности за негувањето на духовното и фолклорното наследство меѓу новите, помлади генерации, пишува „Рацин.мк“ во третиот дел од серијалот „Три дена во Лерин и Мала Преспа“. Сега е променето. Сега на панаѓурите и веселбите што ги имаме во нашите села нема ...
По повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, вчера во музејот на Стерјо Спасе во село Глобочани, општина Пустец беше поставена изложбата „Градски костими“, чиј автор е Наде Геневска Брачиќ, етнолог советник. Изложбата е реализирана во рамки на проектот „SMART4YOU2″ а во соработка на НУ „Завод и музеј“ – Битола и Директоратот за културно наследство – Корча, како дел од партнерството кое што го сочинуваат и Општина Битола, Општина Пустец и ...
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Газменд Абдија, денеска во Тирана оствари средба со директорот на Албанската агенција за развој на инвестиции, АИДА, Сокол Нано. Средбата се одржа во рамки на напорите за продлабочување на соработката меѓу институциите. За време на средбата, соговорниците го споделија своето искуство за олеснување и привлекување странски инвестиции, како и за реализација на ...
Авиокомпанијата „Визер“ најави дополнително проширување доделувајќи уште еден авион во својата база во Скопје, известува „ТАВ Македонија“, компанијата што управува со двата македонски аеродрома – Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид. „Визер“ ќе отвори две нови авиолинии од Скопје – до Љубљана и до Луксембург, закажани за претстојните есен и зима и ќе додели уште еден авион во Скопје, со што ќе ја зголеми ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Александар Николоски на маргините на Генералното Собрание на ЦДИ, освариа средба со Претседателот на Владата на Република Хрватска и Претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, објави на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На средбата се заблагодарив за искрената поддршка која Хрватска ја дава на Македонија и македонскиот народ во ...