Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) го назначи Оливер Аврамоски за нов Регионален директор. Аврамоски, како што соопштуваат оттаму, стапува на оваа позиција во клучен момент кој се совпаѓа со 20-годишнината од основањето на канцеларијата на IUCN ECARO во Белград, Србија. Од оваа Регионална канцеларија истакнуваа дека со повеќе од три децении динамично и ...

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто кажа денес во Бања Лука дека неговата влада сака да поттикне процес на побрза интеграција на Западен Балкан во Европската Унија бидејќи на Унијата ѝ е потребна „нова енергија“ која регионот може да ја донесе. Сијарто мораше да ја смени програмата на работната посета на Босна и Херцеговина бидејќи маглата во Сараево го оневозможи слетувањето на неговиот авион во главниот град на БиХ во ...

Во 2023 година Русија, и покрај западните санкциите, увезла високотехнолошки чипови од САД и Европа во вредност од милијарда долари, пипшува „Блумберг“. Изданието дошло до затворена руска царинска статистика, од која произлегува дека вкупната вредност на полупроводниците и интегрираните кола увезени од Русија за минатата година изнесувала 1,7 милијарди долари, а повеќе од половина од нив се производи на компании од САД и Европската Унија. ...

Воведувањето на гласање со отпечаток од прст наречен фингер принт, мислам дека донесе значаен квалитет на локалните избори и се надевам дека таа пракса на демократска организација на избори ќе продолжи и на овие парламентарни избори. Всушност ние на локалните избори забележавме колку сме биле крадени, да бидам директен, на претходните изборни циклуси затоа што, некаде околу педесетина илјади разлика видовме помеѓу она што сме го гледале на ...

Специјалниот апелациски суд во Тирана денеска ја потврди одлуката за продолжување на куќниот притвор на поранешниот премиер, Сали Бериша. Одлуката ја донела судијката Иљирјана Олдаши со која притворот е продолжен од 30 декември. По одлуката на Апелација, адвокатот на поранешниот премиер Генц Ѓокутај изјави дека одбраната ќе се жали до Врховниот суд, објави „Албаниан дејли њуз“. Поранешниот премиер Сали Бериша (79) е најстариот опозициски ...

Пратениците го донесоа законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот од 1998 година. Законот беше дополнет со прифатени амандмани на матичната собраниска Комисија за култура и донесен во целина со гласовите на сите 96 присутни пратеници на 139-та седница, која ја водеше новоизбраниот претседател на Собранието Јован Митрески, без против и без воздржани гласови. Законот пропишува задолжително лекторирање на сите ...

Пратениците го донесоа законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот од 1998 година. Законот беше дополнет со прифатени амандмани на матичната собраниска Комисија за култура и донесен во целина со гласовите на сите 96 присутни пратеници на 139-та седница, која ја водеше новоизбраниот претседател на Собранието Јован Митрески, без против и без воздржани гласови. Законот пропишува задолжително лекторирање на сите ...

На денешната собраниска седница констатирани оставките на премиерот Ковачевски и на спикерот Талат Џафери. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, на предлог на пратеникот Мартин Костовски, пак, е избран за нов спикер на законодавниот дом. Тој даде свечена изјава, по што ја презеде функцијата. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, пак, претходно од собраниската говорница порача дека денес е ...

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Косово, денеска во Пеќ престојуваше во посета на Регионалната Команда – Запад на КФОР, кадешто се сретна со припадниците на македонскиот контингент и оствари средба со командантот на Регионалната Команда – Запад, полковник Франческо Ферара. На средбата со припадниците на македонскиот контингент во мисијата „КФОР“ кадешто се распоредени 65 припадници на нашата армија се ...

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Библиотеката на Собранието на Република Албанија и донира изданија на македонскиот весник “Илинден“ и другите изданија објавени од друштвото. По претходната донација, сега друштвото ги донира новите броеви на весникот од 57 до 60 издание, фотоалбумот со „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ на албански и на македонски јазик и брошуратa на работната група на ...

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди кандидатите за две министерски и три дополнителни заменички позиции во техничката влада која треба да спроведе фер и демократски избори закажани за 24 април и 8 мај. Според нивните биографи станува збор за исклучително професионални кадри, со интегритет и долгогодишно искуство, експерти во својата област. На чело на Министерството за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, долгогодишен познат адвокат. Тошковски е ...

Во Албанија веќе се потврдени првите 11 случаи на заразени со морбили (мали спаници) и тоа во Тирана и Драч. Станува збор за деца на возраст од една до девет години, кои не биле вакцинирани. Лекарите епидемиолози ја опишуваат како епидемија на сипаници, бидејќи меѓу нив шест деца се во роднинска врска, додека другите имале контакт со нив. Со оглед на оваа ситуација, навремената вакцинација за децата е многу важна. Педијатрите апелираат до ...

Фото: Роналд Слабке Знаменитостите на Македонија Кратер учествувал во сите големи битки, на Граник, кај Ипсос (каде што заповедал со целото лево крило на фалангата, а негови потчинети биле Мелеагар и Птолемај), кај Гавгамела. Секогаш кога Александар тргнувал во некој специфичен потфат, Кратер го придружувал Кратер потекнувал од македонско благородничко семејство од Орестида, неговиот татко се викал Александар, а негов брат бил адмиралот ...

Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, партија, која ги претставува Македонците во Албанија, достави барање до албанскиот премиер Еди Рама, во кое ја повторува постојаната загриженост за македонската заедница во Албанија, која се соочува со постојаните напори на бугарските власти за нејзина асимилација, искористувајќи го членството на Бугарија во Европската унија. МАЕИ бара Албанија да ја забрани фондацијата Бугарска меморија. ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изразувајќи жалење за смртта на 21 војник во најкрвавиот поединечен напад во Газа, денеска најави дека армијата ќе се бори до „целосна победа“. На платформата Икс, Нетанјаху објави дека денеска е „еден од најтешките денови од почетокот на војната“. Тој, исто така, најави дека војската ќе започне истрага за нападот, во кој палестинските екстремисти истрелаа ракетна граната врз израелски тенк, ...

Гркот Теодорос Русопулос (ЕПП/ДЦ) е избран за претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).Преземајќи ја функцијата од Тајни Кокс (Холандија, УЕЛ), тој е 35-ти претседател на ПССЕ од 1949 година и првиот грчки државјанин на оваа функција, соопшти ПССЕ. Претседателот има мандат од една година, кој може да се обнови еднаш. Во својот воведен говор, новоизбраниот претседател на ПССЕ се осврна на 24 февруари 2022 година, кога ...

Во Стразбур се одржува редовната зимска сесија на парламентарното собрание на Советот на Европа и ја имам честа да бидам реизбран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија, тука во Советот на Европа. Оваа позиција за извршував и во изминатите две години, а денес ја добив поддршката од членовите на Европската Народна Партија и во следните две години да бидам потпретседател на Европската Народна Партија во Советот на Европа, вели ...

Во текот на изминативе 24 часа и последните тројца наши граѓани, мајка сo две деца кои претходно по сопствен избор беа останати во Газа, на нивно барање, веќе се евакуирани и со тоа се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијата. По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатенo дома. Уште еднаш ...

Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе добијат слободен пристап до пазарот на трудот во овие три земји, за што денес се потпишаа Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан. Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, со колегите од Србија и Албанија, го потпишаа Протоколот за меѓусебно поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан. Директорот на ...

Потпретседателот на групата на ЕПП и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска е во Стразбур, на почеток на зимската сесија на Парламентарното собрание на Совет на Европа во Стразбур. Денес директно ќе ги прашам тројцата кандидати за Комесар за човекови права што ќе направат за заштита на човековите права, правото на употреба и настава на мајчин јазик и правото на здружување за Македонците во Бугарија, Грција и Албанија. Од ...

Мораш да преземеш акција. Во спротивно, ќе продолжи раздавањето на се што е македонско на оние кои сакаат да не искоренат. Засекогаш ќе останеме „Северномакедонци“ од „Северна Македонија“ – изрази кои се измислени специјално да се искорени нашето име, идентитет, култура, наследство, јазик и историја. Не е доволно да кажеш дека си Македонец. Самото одење на македонски настани не е доволно. Не е доволно да се жалиш за бруталноста од изминатите ...

Група млади од Лежа, на чија територија е планирана изградба прифатни центри за имигранти, денеска протестираат пред Уставниот суд во Тирана, кој расправа за уставноста на договорот со Италија за имигрантите. Против сме формирање на прифатни центри во нашата околија, што е предвидено во договорот меѓу премиерот Еди Рама и неговата колешка Џорџа Мелони. Бараме поништување на договорот, бидејќи тој е неуставен и опасен преседан, порачаа тие. ...

На сите православни христијани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот празник Богојавление – Водици. Неговата честитка ја пренесуваме во продолжение Овој ден ја симболизира духовноста и нашата силна вера во Бога, бидејќи кога сме силни во духот и обединети во доброто можеме да го победиме секое искушение и секој предизвик. Како народ денес сме соочени со мрачни и тешки премрежија кои ги рушат нашите традиционални вредности кои низ ...

Во областа Шпат, која е под јурисдикција на Елбасанска Митрополија со радост се празнуваше Богојавление – Водици. Божествената Литургија, по повод овој голем православен празник, ја водеше отец Јани Ранџа, свештеник на парохијата. Веднаш после Божествената Литургија, на која беше благословена и водата, свештените и световните лица, заедно се упатија кон Паштрешкото Езеро. Во неговите води беше фрлен светиот Крст, кој го фати младиот Олгерт ...

Битолчанецот Александар Најдоски го фати осветениот крст во Радика, што беше положен од епископ Антаниски, г. Партениј, по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици. Најдоски, кој е дел од оваа традиција петнаесеттина години, ова му е вторпат како го фаќа крстот. Бог се јави. Навистина се јави. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава, посака тој. Овој пат имаше рекордна ...

Македонците во Данска го одбележуваат големиот празник Водици и по тој повод фрлаа крст во Белвустранд, Копенхаген, а најсреќен беше Марко Петровски, кој го фати светиот крст. Осум верници се фрлаа по крстот, церемонијата беше на море, и на минус 3 степени, а Марко Петровски е среќниот. Тој и лани го фати крстот. Организатор е Македонска православна црква Св. Климент Охридски Данска. Македонците во Данска го одбележуваат празникот, ја негуваат ...

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите граѓани коишто го прославуваат празникот и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан. Почитувани сограѓани, Имам особено задоволство и чест да Ви го честитам големиот христијански празник, Богојавление – ...

Македонците во областа Мала Преспа традиционално го одбележаа Православниот празник Богојавлние-Водици се собраа во селските цркви и после литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатија кон брегот на Преспанско Езеро каде се фрла крст во сите девет села. Во Пустец, седиште на општината, по богослужбата што во црквата „Свети Атанасиј“ која се наоѓа на брегот на ...

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден. Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од ...

Македонското друштво “Илинден“-Тирана од името на сите Македонци во Република Албанија, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот Христијански празник Водици. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба,се наведува во честитката и се посочува дека радувајќи се на Исусовото ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
67%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1017
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
3.09
46%
1019
weather icon

Софија

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
55%
1017
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.84
72%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
71%
1019
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
5.14
63%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
46%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1015
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
3.13
92%
1017
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
4.63
52%
1018
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1016
Currency

61.59

Currency

52.5598

Currency

70.5996

Currency

34.4361

Currency

37.7541

Currency

65.9917

Currency

7.37879

Currency

0.62866

Currency

0.35213

Currency

0.52552

Currency

1.26622

Currency

0.59374