„Здрава и во добра кондиција“ Ен-Мари О’Горман (46) од округ Даблин, била прогласена за мртва во болницата Бомонт на 30 октомври минатата година. Таа била итно пренесена таму откако нејзиниот сопруг, Џо О’Горман, ја пронашол во безсознание во бањата во нивниот дом. Државниот патолог Хајди Окерс ѝ рекол на Судот за истраги во Даблин дека госпоѓата О’Горман имала изгореници од типични електрични удари на градите и на левата рака и ја навел ...

Италијанскиот стратег Фабио Канаваро доби нова тренерска понуда. Според Фабрицио Романо, поранешниот тренер на Динамо Загреб би можел да ја преземе репрезентацијата на Узбекистан, со која преговорите веќе се започнати. Последната работа на Канаваро беше во Динамо, кој го презеде за време на зимската пауза минатата сезона. Тој остана на клупата до април, кога беше отпуштен по 14 натпревари со резултат од седум победи, два нерешени резултати и пет ...

Статуата висока три метри беше подигната во Браунсвил, само на неколку чекори од средното училиште што го посетувала пејачката, како дел од годишната церемонија по која се слави нејзиното наследство, пишува UNILAD. Уметничкото дело ја прикажува Тина со микрофон во рака, во енергична сценска поза со препознатливата фризура. Скулпторот Фред Ајанога, кој ја создаде статуата, рече дека посветил посебно внимание на нејзината коса, опишувајќи ја како ...

Покрај документарецот и мемоарот на Нетфликс „Книгата на Шин“, Чарли Шин сега го лансира и својот бренд пиво – Wild AF. И тоа без алкохол. Чарли Шин во едно интервју нагласи дека ова не е враќање, туку „ресетирање“ на неговиот живот, со оглед на тоа што е трезен речиси осум години. Затоа „AF“ во името на пивото значи без алкохол, додека „Wild“ алудира на неговата иконска улога во комедијата „Главна лига“, пишува Форбс. Чарли Шин соработувал со ...

-Линда ги финализира последните детали, рече Трамп во Овалната соба, мислејќи на министерката за образование Линда Мекмеон. Тој изјави дека Харвард ќе управува со трговски училишта и ќе обучува луѓе за примена на вештачка интелигенција и други технологии. Универзитетот засега нема коментар за изјавата. Администрацијата на Трамп претходно ги предупреди универзитетите дека може да изгубат федерални средства поради поддршка на пропалестински ...

- Некој што вели дека е против абортус, а поддржува нечовечно постапување со имигрантите во САД – не знам дали таа позиција може да се смета за поддршка на животот, изјави папата пред новинарите. Светиот отец одговори на прашање на американски новинар во врска со политиките на Вашингтон. Белата куќа порача дека Трамп бил реизбран за претседател поради многубројните негови ветувања, меѓу кои и депортација на нелегалните имигранти и странските ...

Но, не е прецизирано колку војници ќе бидат повлечени или колку единици ќе останат во Ирак. Безбедносни извори на крајот на август посочија дека некои американски сили ќе ги напуштат базите во Ирак, вклучувајќи ја базата Аин ал-Асад во покраината Анбар и базата Викторија во близина на аеродромот во Багдад. Се претпоставува дека во Ирак ќе остане мал број американски војници, пред сè за советување и обука на ирачките сили. САД ја предводат ...

Германија одобри извоз на оружје за Израел во вредност од најмалку 2,46 милиони евра откако спроведе делумно запирање на извозот, се наведува во одговорот на Сојузното министерство за економски прашања на парламентарната истрага на Левичарската партија. Исто така се истакнува дека пратките вклучуваат „друга воена стока“ а не оружје. Германскиот канцелар Фридрих Мерц на 8 август нареди привремено да се суспендира извозот на воена опрема што може ...

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, на прес-конференцијата по мечот со Галатасарај во Лигата на шампионите не го криеше разочарувањето до поразот и настапот на неговиот тим. „Повторно разочарување. Игравме сосема поинаку, и со и без топка, отколку против Кристал Палас. Игравме доста добро во првото полувреме и имавме одлична можност да поведеме со 1-0. Видов многу добри работи во првото полувреме, но многу помалку во второто. Се мачевме да најдеме ...

Околу 4:40 часот пожарникарите добиле дојава дека куќа е зафатена од пожар, по што следеле извештаи за силни детонации. На самото место било пронајдено машко тело. Според „Билд“, станува збор за маж кој ја минирал куќата на своите родители, ја запалил и потоа си го одзел животот. Тој носел ранец за кој полицијата се сомневала дека содржи експлозивна замка, па експертите за неутрализација на бомби ја презеле акцијата. Во непосредна близина на ...

Турски Галатасарј го напрваи најголемото изненадување вечерва на стартот на 2. коло од Лигата на шампионите на УЕФА. На домашен терен, Галатасарај славеше со 1:0 против англискиот шампион Ливерпул, благодарфение на голот од пенал на Осимен во 16. минута на натпреварот. Иако Ливерпул имаше некаква привидна иницијатива, момците на Арне Слот одиграа уште еден лош натпревар и некако најавија дека клубот како да влегува во кризен период. Проблем плус ...

Хирурзите извадиле 29 лажици, 19 четкички за заби и две хемиски пенкала од желудникот на 39-годишен маж по име Сачин, откако се пожалил на силна болка во стомакот. Постапката траеше три и пол часа Сачин бил примен во болница со силна болка, а ултразвучното скенирање покажало присуство на дури 50 туѓи тела во неговиот стомак. Лекарите прво се обиделе да ги отстранат предметите со помош на ендоскопија, но поради бројот и големината на предметите, ...

Земјотресот бил со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала, додека епицентарот бил во морето, во близина на градот Бого во покраината Себу, околу 512 километри јужно од Манила. По силниот земјотрес регистрирани се секундарни потреси, од кој најсилниот бил со интензитет од шест степени. Но, не е издадено предупредување за појава на цунами. Земјотресот предизвика прекин на електричната енергија, а разурнати се повеќе згради, меѓу кои ...

Земјотресот бил со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала, додека епицентарот бил во морето, во близина на градот Бого во покраината Себу, околу 512 километри јужно од Манила. По силниот земјотрес регистрирани се секундарни потреси, од кој најсилниот бил со интензитет од шест степени. Но, не е издадено предупредување за појава на цунами. Земјотресот предизвика прекин на електричната енергија, а разурнати се повеќе згради, меѓу кои и ...

„За“ предлогот на демократите за финансирање на Владата гласаа 47 сенатори, а 53 беа „против“. Додека „за“ републиканскиот предлог доби 55 гласови, пет помалку од потребните 60 за да се избегне блокада на Владата. Најдолгата блокада од пет недели во историјата на САД се случи кон крајот на 2018 и почеток на 2019 година, за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп. Услуги како што се спроведување на имиграциските прописи, контрола на ...

Фокс Њуз Федералната влада на САД и официјално денеска влегува во делумно запирање со работа, откако помина полноќниот краен рок за финансирање, а Демократите и Републиканците не успеаја да се договорат за предлог-закон за финансирање. Претходниот обид на републиканците во Сенатот да усвојат краткорочно продолжување на нивоата на владино финансирање за фискалната година (ФГ) 2025 година, наречено продолжена резолуција (ПР), беше потопен од ...

Жртвите се идентификувани како д-р Тифани Вилкс (54) и нејзината 8-годишна ќерка. Нивните тела биле откриени вчера попладне за време на претресот на нивниот луксузен изнајмен дом на Тинара Кресент во Кенмор Хилс, богато предградие во западниот дел на Бризбејн. Грозоморното откритие се случило само неколку часа откако докторката Вилкс наводно испратила е-пошта до колешка во која ги наведува своите планови, што ја натерало колешката да се јави во ...

Словенечката полиција го претресува неговиот дом по наредба на Специјалното државно обвинителство. Хојс е член на Словенечката демократска партија (СДС), чиј претседател е поранешниот премиер Јанез Јанша. Хојс беше министер од 2020 до 2022 година. Тој изјави дека е осомничен за соработка со кланот, но дека не знае врз основа на што, пренесе Телеграф. „Добив информации од непознат сторител во полициската станица за тоа кога ќе биде претресена ...

Германецот не знаел за својата добивка цела пролет и лето, и покрај кампањата за пронаоѓање на добитникот, со постери кои го поканувале добитникот да се јави, објавува Гардијан. Добитникот рекол дека дури и слушнал за кампањата за пронаоѓање на среќниот добитник, но немал поим дека можеби е тој. „Слушнав за тоа на радио во тоа време и си помислив - колку глупав можеш да бидеш што не ги земаш? Никогаш не ми паднало на памет дека јас би можел да ...

Анкетата, спроведена меѓу 13.000 луѓе во Британија, предвидува дека партијата Reform UK би освоила 311 од 650 места доколку утре се одржат општи избори, објавува Sky News. Иако е потребно формално мнозинство од 326 места, во пракса би било речиси невозможно за некој друг освен Фараж да обезбеди доволно поддршка од пратениците за да стане премиер, со оглед на претседателот на Претставничкиот дом и ирските пратеници од Шин Фејн кои не седат во ...

Поранешниот менаџер на Ливерпул и Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, нема намера да ја продолжи тренерската кариерата, но не ја исклучи можноста еден ден да се врати на теренот. Тој се повлече минатото лето за да го води фудбалскиот оддел во производителот на енергетски пијалоци „Ред Бул“, кој има клубови низ целиот свет. На прашањето во интервју за „Атлетик“ дали е сигурен дека никогаш повеќе нема да биде тренер, Клоп одговори: „Тоа е она што го ...

Инцидентот се случил на летот Лондон-Аликанте, патниците ги зафатила паника, па пилотот решил да изврши итно слетување во францускиот град Тулуз. Набрзо, на местото на настанот пристигнале членови на Националната жандармерија. Што се случило? „Седел до излезот за итни случаи и се обидел да ја отвори вратата. Беше застрашувачки“, рекол еден патник. Сведоци тврдат дека инцидентот започнал пред да се качи во авионот, кога група мажи консумирале ...

Францускиот голгетер во дресот на Реал (М), Килијан Мбапе го постигна својот четврти хет-трик во Лигата на шампионите. Со ова Мбапе успеа да се израмни со неговиот сонародник Карим Бензема. Денес, напаѓачот на Реал Мадрид постигна три гола против Каират во 2. коло од вкупната фаза на турнирот во кој Реал славеше на гости со високи 5:0. Со четвртиот хет-трик во ова натпреварување, тој сега се уште заостанува зад Роберт Левандовски кој има шест ...

Вредниот часовник едноставно му се лизнал од зглобот и завршил во длабочините на Пацификот, во близина на островот Кауаи, кој припаѓа на хавајскиот архипелаг. Rolex исчезнал без трага Наскоро, нуркачите кои биле во водата тој ден започнале со потрага, но биле неуспешни. Грир останал без својата лична „нуркачка митологија“, како што го нарекол вредниот часовник, купен во 2002 година, објавува Luxury Launches. Човекот бил очаен, а целиот случај на ...

Откако го срушиле и отстраниле дел од стариот ѕид, виделе човечки череп и останале без зборови од шок, објавува „Мирор“. Невиден пресврт Глетката била застрашувачка, но решиле да го истражат прашањето до крај, па полека ги отстраниле сите панели. Потоа се случил невиден пресврт! Брачниот пар виделе сцена од филм - пластичен скелет, облечен од глава до пети, додека во џебот на кошулата ги чекала чудна порака. „БУ! Ха, ха! Дали ве исплашив? Џејсон ...

Метрополитенската полиција соопшти дека пронашла 61.000 биткоини во вредност од повеќе од 5 милијарди фунти (6,7 милијарди долари по тековни цени). Жимин Ќиан, позната и како Јади Жанг, вчера се изјаснила за виновна пред Крунскиот суд во Саутерк за незаконско стекнување и поседување на криптовалута. Помеѓу 2014 и 2017 година, таа водела голема измама во Кина што вклучувало измама на повеќе од 128.000 жртви и складирање на украдени средства во ...

За време на жестоката тирада во емисијата „Newsmax“ на Роб Шмит, наследникот на Трамп беснееше за тоа како тој и неговиот татко се всушност жртви на таканаречени непријатели, дури тврдејќи во еден момент дека „тие“ се обиделе да ги разделат претседателот и првата дама Меланија Трамп и „да го распарчат нашето семејство“. „Ме нападнаа како да сум куче“, беснееше Ерик Трамп, а гласот му се креваше, според „Хафингтон пост“. „Тие се обидоа двапати да ...

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп ја издвои Калифорнија, некогаш центар на глобалната филмска продукција, и го обвини „слабиот и некомпетентен гувернер“ на државата за лошата состојба во државата. „Филмската индустрија ни е одземена, исто толку лесно како земање бомбони од дете“, предупреди Трамп, најавувајќи 100% царини за сите странски продукции. Одлуката е дел од пошироката политика на Трамп за економски протекционизам. ...

Некогашната ѕвезда на бразилскиот фудбал, Ромарио вели дека ако морал да избере дали да игра за Аргентина и Реал Мадрид, сигурно ќе замижел пред фактот да го облече дресот на Аргентина. „Проклето нека е… Тоа се два одлични тима. Ако морам би играл за Аргентина. Јас сум за Барселона до денот кога ќе умрам“, одговори 59-годишниот Ромарио. Поранешниот напаѓач на репрезентацијата на Бразил, со која стана и светски шампион во 1994 година, играше за ...

Според LiveScience, богатството содржело 97 златни монети и десетина парчиња накит, вклучувајќи обетки со бисери, полускапоцени камења и стакло. Тимот го открил богатството додека го истражувал античкиот град Хипос на работ на Голанската Висорамнина. „Ова е едно од петте најголеми златни богатства од тој период откриени во регионот. Додавањето накит и мали предмети го прави ова богатство уште поинтересно и нумизматички значајно. Тоа е првото ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
95%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.0
91%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1012
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.8
93%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
89%
1018
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.89
87%
1013
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
82%
1014
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
94%
1012
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
94%
1012
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.24
88%
1016
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1014
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

70.0844

Currency

34.7749

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948