Федералната влада сега ќе работи во вонреден режим, односно стотици илјади вработени на сојузно ниво ќе бидат испратени на принуден одмор, додека оние кои се сметаат за неопходни ќе мораа да доаѓаат и покрај тоа што можеби нема да добиваат плата. Очекувањата се поради блокадата да има илјадници отпуштања, со дневен трошок за земјата од околу 400 милиони долари. Буџетската блокада дојде откако Демократите во Сенатот не го поддржаа планот на ...

Ова барање на претседателот Жапаров следеше по убиството на 17-годишно девојче и јавниот гнев поради злосторството. Телото на убиеното девојче беше пронајдено на 27 септември, а осомничениот е приведен. Според глобалниот индекс за жени, мир и безбедност, Киргистан е рангиран како најопасна земја за жените во Централна Азија во последните две години. Според претседателската администрација, предложениот закон би ја вратил смртната казна за ...

Јавната администрација беше најчеста цел на напади, во 38 проценти од случаите, соопшти ЕНИСА во својот годишен извештај, кој анализираше речиси 5.000 инциденти од 1 јули 2024 година до 30 јуни оваа година. ЕУ е редовна цел на напади, а хакерските групи поврзани со државата „ги интензивираа операциите против организациите на ЕУ“, соопшти ЕНИСА. Агенцијата соопшти дека групите вршеле кибер шпионажа против секторот на јавната администрација, а ...

Од 2026 година, минималната плата во Албанија ќе се зголеми на 50.000 албански леки (515 евра), а среднорочната цел на земјата е просечната плата да достигне 1.000 евра во следните четири години, изјави министерката за економија и иновации на Албанија, Делина Ибрахимај. Зборувајќи на конференцијата „Стабилност и развој преку економија и иновации“ во Тирана вчера, Ибрахимај го објави планираното зголемување на минималната плата во Албанија, ...

Веста доаѓа во контекст на неодамнешните видувања на дронови на неколку европски аеродроми, кои ја истакнаа заканата што дроновите ја претставуваат за цивилното воздухопловство и предизвикаа одложувања и економски загуби, забележаа турските медиуми. „Иако системите за заштита од дронови главно се користат во воени области, ризиците сега се проширија и во урбаните средини“, рече Фатих Аслан, претседател на одборот на директори на „Богазичи ...

И покрај неубедливите настапи на стартот на оваа сезона, Ливерпул не се откажува од Ибрахима Конате. Според „Л’Екип“, „црвените“ веќе испратиле нова понуда за договор до Ибрахима Конате, чиј договор истекува во летото 2026 година. Дефанзивецот на Ливерпул има уште една година од договорот и наскоро ќе мора да одлучи за иднината. Долго време, англиските медиуми пишуваа како Ливерпул му понудил продолжување на договорот, но Конате наводно не бил ...

Живееме во тешки времиња во кои Русија ја тестира нашата решителност, па затоа од апсолутно суштинско значење е да имаме заедничко чувство за итност и единство за да се справиме со предизвиците, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пред почетокот на неформалниот Самит на ЕУ во Копенхаген. - Мојата Комисија подготви документ кој ќе биде разгледан и по кој ќе се разговара за насоките за дејствување, но исто ...

Сите новоформирани корпуси веќе ги извршуваат своите задачи, изјави денеска началникот на Генералштабот на украинската армија Андриј Гњатов во врска со организациските промени во армијата. Гњатов, кој во март беше назначен на оваа армиска функција од украинскиот претседател Володимир Зеленски , за агенцијата Укринформ рече дека големиот и сложен механизам, како што се украинските вооружени сили, постојано се менува и се преземаат организациски ...

- Дефиниравме девет главни приоритети, а сега доаѓаме до дискусија за конкретните проекти - најважните водечки проекти околу кои треба да ја мобилизираме нашата енергија и да го зголемиме сопствениот одбранбен капацитет, рече Антонио Кошта пред почетокот на денешниот неформален Самит на ЕУ во Копенхаген. Тој нагласи дека ЕК веќе ги промовираше Белата книга за одбраната и програмата Безбедносна акција за Европа (САФЕ) и им овозможи фискален ...

Натпреварот меѓу Барселона и ПСЖ вечерва ќе биде во фокусот на вториот ден од нечевите во 2. коло од лигашката фаза во Лигата на шампионите. Барселона, предводена од Ханси Флик е во врвна форма, води во Ла Лига и влегува во мечот по победа од 2-1 над Њукасл во првата рунда од ЛШ, додека ПСЖ, бранителот на титулата под водство на Луис Енрике, ја започна одбраната на титулата со победа од 4-0 над Аталанта. И двата тима се соочуваат со предизвици ...

Предлог-законот предвидува продолжување на породилното отсуство за жени во јавниот сектор од сегашните 16 на 24 недели. Пренаталниот дел останува 8 недели, а постнаталниот би се зголемил на 16. За повеќеплодни бремености се задржува правото на дополнителни две недели. Предложено е и зголемување на татковското отсуство од 10 на 15 дена, како и 15 дена неплатено отсуство за татковци во производството. Посебно е предвидено и 15-дневно породилно ...

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа носи надеж и перспектива за мир и се надеваме дека ќе го одржи во живот решението за две држави, што ќе му гарантира безбедност на Израел, а на Палестинците ќе им даде можност да дојдат до државност по легитимен пат, изјави денеска претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола. - Сега е на Хамас да го прифати предлогот. Оружјето мора да замолчи и заложниците да бидат ослободени. ...

-Мора да најдеме решение за да може руската армија мирно да ја напушти нашата територија, рече Санду, според порталот Њузмејкер. Таа нагласи дека Кишињев има економски план за „реинтеграција“ на регионот, чија цел е граѓаните на Приднестровие да видат повисок животен стандард во Молдавија. Според неа, најголем предизвик останува прашањето за повлекување на руските трупи, по што би следувал постепен процес на реинтеграција. Санду потсети дека ...

Се чини дека нападот влијаел само на домашните дејства на компанијата, а меѓународните филијали досега не се погодени. Сепак, тоа е доволно за „Асахи“ да ги запре нарачките и испораките низ цела Јапонија. Покрај затворањето на дистрибутивните центри, затворени се и центрите за услуги на клиентите и услугите за поддршка. „Активно ја истражуваме причината и работиме на враќање на операциите. Сепак, во мигов немаме проценка кога системот ќе се ...

Меѓу жртвите е и едно мало девојче, според украинската агенција за цивилна заштита. Спасувачките екипи евакуираа повеќе од 360 лица и над 200 возила од поплавените подрачја. Поројните дождови, кои започнаа вчера, донесоа за седум часа толку дожд колку што градот вообичаено добива за два месеци, изјави градоначалникот на Одеса, Хенадиј Труханов, на Телеграм. Тој рече дека се очекуваат уште лоши временски услови. Тој ја опиша ситуацијата како ...

- Треба да се движиме кон посилна, посамостојна одбрана, заснована на нашата гордост и доверба во нашата воена моќ. Јужна Кореја не смее да зависи од друг за да обезбеди мир и просперитет во сопствената земја, туку мора да ја зајакне својата моќ, посочи Ли. Тој најави дека следната година ќе бидат зголемени расходите за одбраната на 8,2 отсто за да се воведат напредни вооружени системи, како борбени роботи со вградена вештачка интелигенција, ...

Откако влезе во последната година од договорот со Барселона, полскиот голгетер Роберт Левандовски можно е да направи трансфер кон средината на следното лето. Според каталонскиот весник „Спорт“, Милан почнал да ја истражува можноста за доведување на искусен централен напаѓач. Нивниот спортски директор, Игле Таре, наводно разговарал со агентот на напаѓачот, Пини Захави, за различни опции за трансфер и го прашал за плановите на Левандовски. ...

Тој потсети дека ЕУ има постигнато договор за царина од 15 проценти и нагласи дека тој договор мора да се почитува. - Ако мерките на Трамп ја погодат и ЕУ, мора да реагираме. Не смее да се доведе во прашање договорот во толку стратешки сектор како што е фармацијата, рече Кларенвал. Министерот побара воведување на механизми за трговска заштита за да се заштитат европските компании, обвинувајќи ги САД за уцени и некоректен однос. - Мора да ...

Претседателот на Баер Леверкузен, Фернандо Каро, предлага воведување ограничување на платите во меѓународниот фудбал за да се ограничи доминацијата на Премиер лигата на трансфер пазарот. Финансискиот јаз меѓу Премиер лигата и остатокот од европскиот фудбал продолжува да расте, а Фернандо Каро смета дека сега е време да се направи нешто во врска со тоа. Тој предлага воведување ограничување на платите исто како во НБА, за да се ограничи ...

Одлуката следи по инцидентот на 4 септември кога имиграциските служби уапсија 475 лица во американската сојузна држава Џорџија, меѓу кои повеќе од 300 јужнокорејски државјани со B-1 визи. Тие работеа на изградба на фабрика за батерии за електрични возила, проект на „Хјундаи“ и „Ел Џи“. Задржаните беа депортирани во Јужна Кореја. Американските власти сега потврдија дека визата B-1 ќе може да се користи за активности како инсталација, одржување и ...

Синиша Каран – министер за научен и технолошки развој и високо образование на Република Српска, кој е под американски санкции, е кандидатот на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) за претседател на оваа босанска федерална единица со мнозинско српско население, јави Радио Слободна Европа. Каран долги години е еден од најблиските соработници на лидерот на партијата и поранешен претседател на РС, Милорад Додик. На седница на Управниот ...

Според резултатите, ставовите се поделени според политичката припадност: 59 отсто од симпатизерите на опозициската партија „Тиса“ би прифатиле забрана дури и по цена на драстично поскапување на енергенсите, додека 96 отсто од поддржувачите на владејачката партија остро се противат на таков потег. „Поголемото мнозинство на поддржувачите на коалицијата ФИДЕС-Христијандемократи ја поддржуваат владината прагматична позиција и не би ги прекинале ...

Конференцијата на претседатели на Европскиот парламент се очекува денеска да донесе одлука двете иницијативи за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен да се најадат на пленарната парламентарна сесија предвидена за следната недела во Стразбур. Конференцијата на претседатели, која ја сочинуваат претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи, ќе заседава попладнево со задача ...

Без бродски и железнички сообраќај е денеска Грција поради 24-часовниот генерален штрајк на најголемите грчките синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и во приватниот сектор (ГСЕЕ), во кој учествуваат и државни службеници, наставници, здравствени работници, морнари, таксисти итн, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот, што ќе ја парализира земјата е поради новиот закон за работни односи, кој според синдикатите предвидува и 13 ...

Но, добитничката на Оскар, 58-годишната Никол, и 57-годишниот музичар, не ја криеле разделбата од нивните блиски пријатели, кои, како што се тврди, знаеле дека разделбата е „неизбежна“. Според „Peopl“e, внатрешниот круг на Никол и Кит знаел дека парот живее одвоено „веќе подолго време“. „Навистина не е тајна дека тие веќе подолго време живеат одвоено,“ изјави извор за списанието. Можеби ќе ве интересира: По 19 години брак се разделуваат Никол ...

Маск, кој е сопственик на социјалната мрежа Икс, вели дека новата услуга ќе претставува „масовно подобрување“ во однос на онлајн енциклопедијата чијашто содржина ја уредуваат волонтери. Тој често ја обвинува Википедија за политичка пристрасност и левичарски гледишта. Името е изведено од чат-ботот „Grok“ на xAI, кој Маск го опишува како „максимално ориентиран кон вистината“. Сепак, „Грок“ предизвика контроверзии поради антисемитски коментари, ...

Мажите се Н. Н. и Д. Л., за кои се верува дека се навивачи, во престрелката што следела се здобиле со прострелни рани. Тие одбиваат да соработуваат со полицијата. Покрај нив, повредени се уште три лица кои се нашле таму. Двајцата мажи веднаш биле однесени од местото на настанот со приватен автомобил, а како што дознава Telegraf.rs, полицијата и брзата помош ги пронашле во близина на трговскиот центар на Карабурма во автомобил, ранети и крвави, и ...

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер смета дека менаџерот на „црвените“, Арне Слот, трба да го извади Флоријан Вирц од првиот состав на Ливерпул. „Не мислам дека тимот има вистинска рамнотежа во моментов. Флоријан Вирц се издвојува во тој поглед. Тој не е баш во форма. Тој е млад човек кој се пресели во нова лига. Сè уште има многу време да се навикне на својата нова улога како играч на Ливерпул. Но сега мислам дека треба да биде отстранет од ...

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо е незадоволен од судиските одлуки на натпреварот против Челзи. Синоќа неговиот тим загуби во Лондон со 1:0 на средбата против неговиот поранешен тим. „Челзи беше многу силен во преодните фази. Направив замени за да додадам свежина, но тие имаа играчи на клупата кои беа посилни од оние што стартуваа. Имаат многу опции. Имам чувство дека Жоао Педро можеше да добие втор жолт картон многу порано. УЕФА е премногу ...

Во телеграмата, пренесена од севернокорејската агенција КЦТА, Ким изјави дека Пјонгјанг ќе ги развива односите со Пекинг „независно од тоа како ќе се менува меѓународната ситуација“. „Корејската страна е подготвена заедно со кинеската да го зајакнува стратешкото разбирање и соработката, да работи на понатамошно јакнење на пријателските врски согласно барањата на новото време и очекувањата на двата народа, како и за заштита на мирот и стабилноста ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
95%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.0
91%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1012
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.8
93%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
89%
1018
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.89
87%
1013
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
82%
1014
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
94%
1012
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
94%
1012
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.24
88%
1016
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1014
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

70.0844

Currency

34.7749

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948