Германија се подготвува за можен руски напад врз НАТО во рок од две до три години, сценарио кое би ја поставило земјата во срцето на сојузничките воени и логистички напори, изјави генерал-потполковник Гералд Функе во интервју за британскиот весник „Тајмс“ (The Times). Како началник на Командата за поддршка на Бундесверот, генералот Функе го опиша најлошото можно сценарио во кое десетици илјади сојузнички војници би минувале низ германските ...

Во време кога глобалната трговија се распаѓа под притисокот на царините на Трамп и тензиите со Кина, овој сојуз ги поврзува пазарите од 2 милијарди луѓе и економиите што сочинуваат една четвртина од светскиот БДП, објави Euronews. „Европската Унија и Индија денес пишуваат историја, продлабочувајќи го партнерството меѓу најголемите демократии во светот. Создадовме зона на слободна трговија за две милијарди луѓе, со што двете страни ќе остварат ...

Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ) соопшти дека првпат по две и пол години успеала да достави училишни пакети со наставни материјали во Појасот Газа откога тие претходно беа блокирани од израелските власти за време на војната со Хамас. Илјадници пакети, кои вклучуваат моливи, тетратки и дрвени коцки за игра, веќе влегоа во енклавата, информира УНИЦЕФ. - Во последните денови успеавме да внесеме илјадници рекреативни пакети и стотици ...

Експерименталниот дрон, развиен од „Вухан гајд инфраред“ (Wuhan Guide Infrared) во партнерство со Академијата за специјални операции на кинеската армија, покажал извонредна точност. Имено, како што е демонстрирано за време на тестовите, оруженото летало лебди на околу 10 метри над земјата и се насочува кон цел на 108 метри далечина. Самоуправувачкото летало испука 20 поединечни истрели, при што секој ја погоди целта. Според рецензирана ...

Претседателот на кралската шпанска фудбалска федерација, Рафаел Лаван, објави дека земјата ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство во 2030 година. ФИФА сè уште не ја објавила оваа одлука, но шефот е уверен дека Шпанија ќе ја добие оваа битка. Шпанија, Португалија и Мароко ќе бидат главни домаќини на турнирот, но ќе има и натпревари во Аргентина, Парагвај и Уругвај. Главни претенденти за финалето се Шпанија и Мароко, кои неодамна ...

И во последните 24 часа и тоа како е интересно на трансфер – пазарот во најсилните лиги во Европа. Сепак “бомбата“ е Кол Палмер. Имено се појавија информации дека офанзивецот не е задоволен во Челзи и дека сака да се врати во Манчестер, ама не во Сити туку во Јунајтед, тим за кого навивал како мал. Манчестер Јунајтед му ја расипува работата на Ливерпул за Адам Вартон од Кристал Палас. Клубот од “Олд Трафорд“ нуди 115 милиони евра за играчот ...

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер (89), ги поддржа апелите на навивачите да се држат настрана од натпреварите на Светското првенство во САД поради потезите на претседателот Доналд Трамп и неговата администрација. Блатер е најновиот во низата меѓународни фудбалски личности кои го доведуваат во прашање соодветноста на САД како домаќин, искажувајќи ги своите ставови во објава на социјалната мрежа X, поддржувајќи ги изјавите што ...

Таа носеше сако и здолниште до колена во интензивна жолта боја, украсени со апстрактни црвено-црни мотиви кои потсетуваат на леопардски дизајн. Кројот е во духот на препознатливата елеганција на ревијата, со јасно дефинирани и женствени линии. Комбинацијата беше надополнета со мала чантичка носена преку рамо во ист дезен, со што беше постигната визуелна целина. Минималистичките сандали во црно-бела комбинација и природната шминка во ...

Францускиот шампион Пари Сен Жермен го заврши потпишувањето на 18-годишниот играч од средниот ред Дру Фернандес од Барселона. Талентот потпиша договор со Парижаните до 2030 година. Играчот од средниот ред побара трансфер претходно овој месец откако беше фрустриран поради недостатокот на време за играње во првиот тим на Барселона. „Многу сум среќен и многу горд што се приклучувам на Пари Сен Жермен“, изјави тинејџерот за веб-страницата на ...

Истовремено, милиони Американци се соочуваат со последиците од арктички студови поради што утринава над 530.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Се очекува температурите дополнително да се намалат во наредните денови под влијание на поларниот вител - воздушна маса која обично циркулира над Северниот Пол, но се прошири кон југ, особено во северните делови на земјата, каде што почувствуваната температура може да достигне и до минус ...

Станува збор за Лејк Поншартрен Козвеј (Lake Pontchartrain Causeway) во американската сојузна држава Луизијана - најдолгиот континуиран мост над вода на планетата, долг речиси 39 километри. Мостот ги поврзува местата Метари и Мандевил, а неговата изградба започнала среде минатиот век за побрза и поефикасна врска преку езерото Понтчартрејн. И покрај импресивната должина, мостот бил завршен за само 14 месеци, што го сместува меѓу најголемите ...

Деловниот авион „Бомбардиер Челинџер 650“ се урна вчера за време на полетувањето од Меѓународниот аеродром Бангор во Мејн околу 19:45 часот по локално време, објави „Дејли меил“. Драматичните снимки ги прикажуваат остатоците од авионот наопаку на пистата. Сè уште не е јасно како се случила несреќата или дали некој од осумте лица во авионот преживеал. Аудиото од радио комуникациите на авионот вклучува глас кој вели „нека биде светлина“ неколку ...

Дури 30.000 луѓе можеби биле убиени низ Иран за само 48 часа за време на дводневното задушување на масовните протести на 8 и 9 јануари, објави списанието TIME, повикувајќи се на двајца високи претставници на Министерството за здравство и посебна компилација од болнички податоци. Бројките не се независно потврдени и далеку го надминуваат официјалниот број на жртви на демонстрантите, што властите јавно го соопштија, објави Фокс Њуз. Бројката, ...

Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес денеска изјави дека најавите на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во врска со Гренланд претставуваат опасна тенденција за поткопување на меѓународниот правен поредок и основните принципи на НАТО. Во интервју за шпанската телевизија, Роблес предупреди дека доведувањето во прашање на суверенитетот на Гренланд, како и секое кршење на меѓународното право и основачките ...

Дали Нони Мадуеке е најголемото промашување во сезоната 2025/26 во Премиерлигата? Ако се знаат фактите и бројките веројатно е така. Инаку Арсенал за него летоска на Челзи му плати 60 милиони евра. Верувале или не, Мадуеке е без гол во Премиер лигата точно една година. Тој постигна три гола оваа сезона, но сите три во еден натпревар, против Клуб Бриж на гости во Лигата на шампионите, додека додаде две асистенции во ФА Купот. На 14 настапи во ...

Белата куќа денеска објави дека претседателот Трамп не сака да гледа луѓе повредени или убиени на улиците на Соединетите Американски Држави, но нема да се откаже од своите напори за депортирање на „насилни криминални нелегални имигранти“ од Минесота. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, го коментираше убиството на 37-годишниот Алекс Прети во саботата, кое предизвика негодување кај Американците. Тоа беше второ фатално пукање врз ...

Реал Мадрид или Барселона, или пак ќе остане во Манчестер Сити. Тоа е дилемата за тоа каде Ерлинг Халанд ќе ја продолжи кариерата. Јасно е дека нема клуб, тука мислиме на најголемите кои него сакаат Норвежанецот. Тој е во центарот на шпекулациите за можен трансфер во Барселона, а каталонскиот клуб предводен од Хоан Лапорта верува дека може да го ангажира во иднина. Според извори блиски до клубот, претседателот Лапорта гледа многу повеќе во ...

Серхио Рамос и главните акционери на Севиља постигнаа прелиминарен договор за купување на мнозински удел во клубот, со цел американска инвестициска група да ја преземе контролата. Веста прв ја објави новинарот Маноло Агилар во емисијата „Карусел Депортиво“ на радиото „Кадена Сер“. Со овој потег речиси сигурно се отфрла претходната понуда од друг американски инвеститор, која беше во фаза на разгледување. Сега е отворен нов период на ...

Операцијата, наречена Либертера III, се одржа од 10 до 21 ноември 2025 година во 119 земји, а учествуваа повеќе од 14.000 службеници за спроведување на законот, според соопштението за медиумите од меѓународната организација за криминална полиција со седиште во Лион. Илјадници притвореници и стотици нови истраги Според првите извештаи на земјите учеснички, приведени се 3.744 осомничени, од кои повеќе од 1.800 за кривични дела поврзани со ...

Инцидентот се случил за време на последната фаза од демонстрациите на плоштадот Прака до Крузеиро, додека учесниците се собираа по силен дожд за да го чекаат пристигнувањето на федералниот претставник Николас Фереира (PL-MG). Видеата објавени на социјалните мрежи го покажаа моментот кога гром ја погоди толпата. Пожарникарите им помогнаа на 89 лица на местото на настанот, од кои 47 беа префрлени во блиските болници за понатамошно лекување. ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес предупреди дека Украина се соочува со својата „најсурова зима“ во повеќе од една деценија и ги повика пратениците на ЕУ да не бидат „премногу рестриктивни“ во врска со тоа како ќе се користи заемот од ЕУ од 90 милијарди евра. Руте им рече на европратениците дека се во тек мировни преговори предводени од САД, пофалувајќи го водството на САД во иницијативата, но исто така споменувајќи ја ...

Дали на повидок е мега – трансфер и тоа од Реал Мадрид во Манчестер Сити. Станува збор за Трент Александер – Арнолд. Имено него му е кажано дека може да си оди од Мадрид, и се шпекулираше дека најблиску е до Баерн Минхен, но сега во игра е Манчестер Сити. Секако дека фановите на “Редси“ ќе доживеат шок, уште поголем од оној кога си замина во Реал. И покрај желбата на Барса да го “осигура“ Маркус Рашфорд, последно е што и ПСЖ е силно ...

Според граѓанската тужба, Австралијка, идентификувана како Џејн Доу, го обвинила Барнет дека ја држела како сексуална робинка, постојано ја силувал и ја мачел помеѓу 2017 и 2023 година. Таа наводно го дава својот прв јавен исказ за настаните во судските документи. Според тужбата, Барнет наводно се заканувал дека ќе ги убие членовите на нејзиното семејство, поради што, според нејзиниот адвокат, таа продолжува да живее во постојан страв. ...

Зимската бура „Ферн“ погоди делови од САД во петокот, носејќи ретки снежни врнежи во Тексас и Оклахома пред да се придвижи кон исток, објавува „Дејли меил“. Огромниот временски систем натрупа над 30 сантиметри снег во најмалку 17 држави, од Ново Мексико до Њу Хемпшир, а најтешките врнежи се регистрирани во езерото Бонито, Ново Мексико, каде што се регистрирани над 80 сантиметр снег, според Националната метеоролошка служба. Снежната бура ...

Судот во Хаг соопшти дека 80-годишниот Дутерте е способен да учествува во судска постапка, а претходната фаза од процесот треба да започне на 23 февруари. Дутерте беше уапсен во март 2025 година, по сомнение за злосторства против човештвото, врз основа на налог за апсење издаден од Кривичниот суд во Манила, по што беше пренесен во Холандија. Обвинителството го товари за најмалку 43 убиства извршени во рамки на таканаречената „војна против ...

Јапонскиот бренд Сакаи (Sacai) се истакна со традиционалната форма на машката облека, комбинирајќи горни и долни делови со џебови и прошивани вметнувања, без да ја загрози удобноста. Слична мода, со „ненаметлива, но внимателно изработена естетика, понуди и брендот Хермес (Hermès), кој во емотивна, проштална ревија на дизајнерката Вероник Нишијан ја потенцираше вредноста на едноставните линии и безвременскиот дизајн. Палтото се наметна како ...

- Сексуалните дипфејкови (deepfakes) на жени и деца без согласност се насилна, неприфатлива форма на деградација, изјави денеска потпретседателката на Европската комисија, Хена Виркунен. Истрагата треба да испита дали X ги исполнил своите обврски според законот на Европската Унија, вклучително и должноста „внимателно да ги процени и ублажи системските ризици“, напиша во соопштението Комисијата, која дејствува како дигитален чувар на ЕУ. „Ова ...

Иако на 5 февруари ќе полни 41 година, Кристијано Роналдо смета дека сеуште е рано за играчка пензија. Тој има, барем засега, две цели а тоа е да дојде до бројката од 1000 голови на официјални мечеви во својата кариера и секако да има добар настап на претстојниот Мундијал, по можност со неговата Португалија да дојде и до титулата. Сепак со оглед на возраста, се почести се и најавите, но и прашањата за тоа која мега -ѕвездата не светскиот ...

- Би било погрешно да се очекуваат големи резултати, изјави денеска во Москва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, осврнувајќи се на трилатералните разговори од минатиот викенд во Обединетите Арапски Емирати. Руската државна новинска агенција Тас јави дека Песков изјавил дека темите за кои се разговарало во Абу Даби биле тешки, „но самиот факт што овие контакти почнаа конструктивно, мора да се гледа како позитивен“. Во првите директни ...

18-годишниот вундеркинд на Барселона, Ламине Јамал, продолжува да урива рекорди станувајќи најмладиот играч кој достигнал 100 гола и асистенции во кариерата. Историскиот момент се случи за време на победата на Каталонците од 3-0 над Реал Овиедо во натпревар од 21-то коло од Ла Лига. Барселона ја зацврсти својата позиција на врвот на табелата во Ла Лига со уверлива победа од 3-0 над последниот на табелата, Реал Овиедо. Успехот беше предводен ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
71%
1003
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
7.72
91%
1005
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
7.2
47%
1010
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
5.14
56%
1004
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
5.49
84%
1003
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
5.14
37%
1009
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.81
66%
1000
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
58%
1002
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
40%
1003
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.66
89%
1002
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
66%
1008
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
100%
1003
Currency

61.6417

Currency

53.459

Currency

71.1667

Currency

36.8264

Currency

38.5322

Currency

67.1101

Currency

7.73598

Currency

0.65464

Currency

0.33389

Currency

0.5246

Currency

1.20258

Currency

0.56318

Платина

59896.84

Злато

144638.24

Сребро

2840.84

Паладиум

44152.21

Цинк

3.08

Кобалт

964.52

Иридиум

256711.96

Калај

45.06

Алуминиум

3.28

Рутениум

56199.51

Бакар

10.97

Родиум

347228.06