Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Градската организација на Либерално-демократската партија – Скопје бара брза реакција од Зоолошката градина, Град Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство и сите надлежни институции, по последната случка во саботата, со бегство на бели волци од кафезот кои изеле 4 кенгури и неколку ему птици. Зоолошката градина ја следат несреќни случаи уште од почетокот на мандатот на претходната градоначалничка Данела Арсовска. Зоолошката во Скопје се ...
На 24/25.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ч.Ј.(47), А.Т.(19), Е.Р.(48), Б.Х.(27), Д.А.(18), Ж.Е.(48), Е.Е.(39) и Д.Д.(53), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и шишиња со течна материја. На 24.06.2026 во 15:25 часот во Градскиот парк во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи на обвинувањата од страна на Венко Филипче за зголемување на јавниот долг, истакна дека доколку се направи споредба со владеењето на СДСМ, оваа влада, за три пати помало задолжување, за три пати пократок период, остварила за 140 милиони долари поголем БДП во номинални параметри. „Во ред е вашата кампања која што ја водите, во ред е што ги ...
Фондацијата „Фросина Кулакова” со особена чест и радост информира дека добитник на стипендијата „Фросина Кулакова” за 2026 година е Ален Милковски од Куманово. Стипендијата е основана во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова, со цел нејзината љубов кон уметноста, креативноста и убавината да продолжи да живее преку поддршка на нови генерации талентирани млади автори. Во творештвото на Ален Милковски, Комисијата препозна искреност, ...
Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот триумф над Катар со 3:1 во третото коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026. – Сакавме да направиме историја, но не знаевме дека ќе стигнеме толку далеку. Се подразбира дека секогаш се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе и сме горди на она што веќе го постигнавме. Добив толку многу пораки од луѓе во Босна – прекрасно е. Ќе ...
Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници не е само нова институција, туку дел од пошироката визија за создавање професионална, ефикасна и современа јавна администрација. Ова беше една од клучните пораки што министерот за јавна администрација Горан Минчев ги упати на денешната тркалезна маса „Идни предизвици при воспоставување и успешно функционирање на Академијата за стручно усовршување на административните ...
Опсесијата на Мицкоски со поранешни функционери за кои плаќа да ги сликаат голи очигледно е во сферата на невроспихологијата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во реплика до премеирот Христијан Мицкоски. „Во однос на последниот дел, оваа ваша опсесија со поранешни функционери коишто плаќате да ги сликаат голи на плажа, ја веќе не можам да ја разберам. Очигледно дека е во сферата на некоја невропсихологија”, рече Филипче. Претходно, ...
Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани на денешното рочиште доброволно ја напуштија судницата во КПУ Идризово, во знак на револт, откако адвокатите на обвинетите, побараа да се изземе обвинителката Наташа Сарамандова. Александар Наунов, во изјава за медиумите нагласи дека се остава впечаток дека колку повеќе се отвораат доказите и се објаснува нивната содржина, толку повеќе фокусот се префрла ...
На денешната комисиска расправа за Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, се разгледуваше амандман со кој организациите на лицата со попреченост се вклучуваат меѓу корисниците на средствата што се распределуваат од приходите од игрите на среќа. Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, предупреди дека иако е позитивно што се исправува досегашното исклучување на организациите на лицата со попреченост, предложениот амандман и понатаму ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, а за кои рече се однесуваат на релевантни околности како започнала работата на објектот, иако притоа во континуитет формално ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес на седницата во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на претседателот на опозицијата Венко Филипче му порача дека причината поради која граѓаните планираат да ја напуштат Македонија, не е недостаток на перспектива, туку недоверба во правдата и институциите, бидејќи како што рече го гледаат токму Филипче и поранешните функционери од СДСМ како уживаат на Харис Џиновиќ во Дубаи и на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со заменик-потсекретарот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави, Џон Гоунтанис. Во фокусот на разговорот беа тековните активности поврзани со имплементацијата на билатералните приоритети и цели договорени на Втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу владите на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, одржана во ...
Идејата на Регулаторот е да направи ревизија на блок тарифите кои се воведени за време на енергетската криза во 2022 година, бидејќи во меѓувреме многу се променети работите во енергетскиот систем и сектор. Затоа мислиме дека има простор да се направи ревизија се со цел некако да се внесат во мрежата, односно во конзумот новите трендови на производство на електрична енергија од обновливи извори. Генералната идеја е граѓаните да плаќаат ...
Растечките тензии меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху околу прекинот на огнот со Иран и израелските воени операции во Либан откриваат една од најсериозните пукнатини во американско-израелските односи во последните години. Овој спор предизвика прашања за тоа дали Трамп е подготвен да воведе поголеми ограничувања врз израелските акции во споредба со претходните американски претседатели и дали ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања упати остри критики и го обвини Христијан Мицкоски дека за 2 години ниту едно ветување дадено пред граѓаните не исполни и дека ги излажа граѓаните. „Кога баравте власт и кога граѓаните ги молевте да ви дадат доверба, ветувавте сè и сешто. Ветувавте повисок животен стандард, економско заживување, ниска инфлација, раст на платите над растот на цените, повеќе ...
Без вода за пиење ќе бидат корисници на општина Карпош во текот на утрешниот ден и во сабота, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. – Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ добивме известување дека утре (петок), поради санација на два затварачи од ф – 400 и ф – 500 мм, доколку постојат технички услови, во периодот од 18 часот, па до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од ...
Општина Илинден продолжува со реализација на активностите за доградба и модернизација на фудбалскиот стадион во населба Илинден, со цел создавање современи услови за развој на спортот и организирање натпревари според највисоки стандарди. Во рамки на тековните градежни активности започна поставувањето на современ систем за осветлување со над 30 рефлектори, кој ќе овозможи одржување на тренинзи и натпревари и во вечерните часови, согласно ...
АД МЕПСО Скопје остварува раст на приходите, но се соочува со сериозни слабости во управувањето со имотот, инвестициите и јавните средства, што директно влијае врз ефикасноста и развојот на електропреносниот систем, соопштуваат од Државниот завод за ревизија по изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на ...
Репрезентацијата на Мексико ноќеска ја победи Чешка со 3:0 во нивниот трет натпревар од групната фаза на Светското првенство 2026. Мексико ги доби сите три натпревари од групната фаза на Светското првенство за прв пат во својата историја, а исто така и за прв пат од 1970 година, не прими ниту еден гол во оваа фаза. Исто така, Мексико ги доби своите последни четири натпревари од Светското првенство, што ја одбележа својата најдолга победничка ...
Вечерва на Кеј Македонија во Охрид започнува Ohrid Wine Festival Vol. 5, тридневен настан кој од 25 до 27 јуни ќе ги обедини македонските вина, домашната музичка програма, гастро понудата и летната атмосфера покрај езерото. Фестивалското дружење започнува во 19:00 часот, додека музичките настапи стартуваат еден час подоцна. Првата фестивалска вечер носи настапи на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија, со програма наменета за различни ...
Одреден е првиот пар од плејофот за Светското првенство 2026. По победата на Јужна Африка над Јужна Кореја ноќеска со 3:0 во натпреварот од третото коло од групната фаза, африканската репрезентација заврши втора во А-групата. Противник на Јужна Африка во првата рунда од нокаут фазата ќе биде Канада, која заврши втора во Б-групата. Натпреварот ќе се одржи в недела, 28 јуни во Инглвуд, почетокот е во 21 часот по македонско време. Одреден ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи утрово информираа за состојбата со наврнат воден талог за изминатите 24 часа, до 8 часот денеска. Дваесет литри на квадратен метар наврнало во Гевгелија, 14 во Претор, 4 во Тополчани, 3 во Скопје-Петровец, како и 1 во Охрид, Струмица, Штип, Кавадарци. – Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог ...
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез ја прогласи северната крајбрежна држава Ла Гваира, која претрпе најголема штета од земјотресите, за зона на катастрофа. Таа наведе дека во два големи земјотреса со интензитет од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала загинале најмалку 32 луѓе, а 700 се повредени. Но, се стравува дека бројот на жртвите би бил многу поголем. Геолошкиот институт на САД (УСГС) соопшти дека двата големи ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Досега, обвинителството презентираше докази за инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од Општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни инспектори, како и ...
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во северна Јапонија. По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами. Епицентарот бил во морето во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од 50 километри. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Нуклеарните централи и постројки, меѓу кои и централата „Фукушима Даичи“, што беше тешко ...
На 24.06.2026 околу 11:30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама. Претходно, на повозрасна жена од Крива Паланка едно лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар од Италија и ја известил дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе кршеници на нога и вилица и дека ќе треба даде 35.000 ...
Во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери на Претседателот Иванов, во периодот од 22 до 24 јуни 2026 година во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026″. Конференцијата обедини поранешни и актуелни државници, дипломати, претставници на меѓународни ...
„Кога државата гледа дека постојано растат провизиите и дека банките ги ‘шурат’ граѓаните со непотребни трошоци, нека се направи една анализа, ќе видите како и во други европски земји сето тоа се регулира. Притоа и гувернерот апелира дека можеби ќе треба значи законски да се заузда таквото работење на банките кои што остваруваат енормни профити, а вие имате закон пред вас кој што во неколку наврати го одбивате. Ова не е само за сега. Во ...
Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вечерва во Домот на поезијата во Струга почна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата. Струга повторно стана дом на поети од сите поетски меридијани, испраќајќи порака дека поезијата и денес има моќ да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство. Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на ...
Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус вчера предупреди дека екстремно високите температури претставуваат растечка закана по јавното здравје и има смртоносен потенцијал, бидејќи многу делови од светот се зафатени од топлотен бран. – Горештините се една од најсериозните и најбрзо растечките закани по здравјето и безбедноста што ги претставуваат климатските промени. Околу 500.000 луѓе умираат ...