Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на 21 година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, денеска положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел” во Скопје. Претседателката Сиљановска-Давкова положи венци со свежо цвеќе и ...

Во постојана комуникација сме со министерствата за правда од соседните држави и очекуваме истиот (Артан Груби н.з.) во брзо време да биде лишен од слобода или лоциран, по што ќе ги преземеме сите мерки за екстрадиција во Република Македонија. Тоа во разговор за Гласот на Америка го истакна Ален Деребан, заменик министер за правда. Глас на Америка: Каде се наоѓа поранешниот прв Вицепремиер Артан Груби, кој е во бегство, и дали имате добиено ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија реагира на јавните напади на претседателот на СДСМ Венко Филипче изнесени на денешната прес конференција, во текот на која изнесе низа навреди и произведе неодговорни и произволни заклучоци, со кои во основа покажа недоволно познавање на меѓународната политика и целосно ги запостави суштинските елементи кои го сочинуваат комплексниот процес при носење на одлуки од стратешко и глобално ...

Денес, Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, официјално ја промовираше Поврзувачката Порта меѓу Бит Пазар и Старата Чаршија, проект со големо значење за урбаниот и културниот идентитет на градот. Овој современ конструкциски објект, изработен од челик и стакло, претставува функционален и естетски влез, кој создава природна врска меѓу двата најзначајни трговски простори во градот. Покрај заштитата од атмосферските влијанија, оваа ...

Соопштение за јавност на СДСМ: На првата надзорна расправа „Ефекти од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје” ДПМНЕ ја покажа вистинската вистина, или новото нормално – дека воопшто не се грижат за животната средина и здравјето на граѓаните. Лицемерието го покажаа и ВЛЕН и ЗНАМ кои исто така не ја удостоија расправата барем со по еден свој претставник. ...

Осврнувајќи се на гласањето на Македонија за резолуциите за Украина, во Обединетите нации, претседателот на СДСМ Венко Филипче истакна дека тоа е доказ дека актуелната влада води надвореѓна политика без компас и со импровизации. „Последните одлуки и гласањето во Обединетите нации јасно покажаа дека Владата ја води надворешната политика целосно без компас, импулсивно и надвор од јасно утврдените стратешки приритети. Наместо да се однесуваме ...

Соопштение на Левица: На вчерашната надзорна расправа за аерозагадувањето беа изнесени загрижувачки податоци, меѓу кои и фактот дека граѓаните во Македонија дишат чист воздух само од 2 до 9 дена во годината. Дополнително, беше потенцирано дека смртните случаи поврзани со аерозагадувањето се и до 10 пати почести во споредба со европските земји. Дел од нотираните проблеми: • Државниот инспекторат за животна средина располага само со 17 инспектори ...

Раселувањето на Палестинците од Појасот Газа во земјите во регионот наместо да се имплементира решение за две држави, само ќе подметне темпирана бомба во палестинско-израелските односи, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Прашањето за создавање палестинска држава е клучно и ако има обид да се поткопаат овие одлуки на Советот за безбедност и да се замени создавањето на палестинска држава со преселување на ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во завршниот исказ на редовната мисија според член IV од договорот за членство, искажува поддршка за успешната политика на Народната банка во изминатиот период и справувањето со предизвиците во економското окружување. Во најновата процена, ММФ ја нагласува важноста на оперативната и функционалната самостојност на Народната банка, истакнувајќи дека нејзината независност и кредибилитет се од особена важност за ...

„Тоа што СДСМ го брани Коцевски и ДУИ е главна причина и услов за да ние работиме спротивно од тоа”, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата на СДСМ дека се врши партизација на судските органи. Премиерот Мицкоски посочи дека правосудните органи под палка на СДСМ и ДУИ е октруирано и партизирано и има доверба од 2 проценти. „Тоа значи дека имаме октруиран, партизиран ...

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ: Последниот извештај на „Фридом хаус” покажува дека Македонија и годинава останува делумно слободна земја, а тоа претседателот на СДСМ Венко Филипче го оценува како загрижувачки. Рангирањето на „Фридом хаус” е врз основа на два критериуми политички права и граѓански слободи и годинава Македонија го зазема 67 место споредбено со 2021 година кога Република Македонија беше единствената земја со ...

Белата куќа им го одзеде на новинарите речиси вековното право да одлучуваат кој од нив ќе известува за претседателските настани, а претседателот Доналд Трамп истакна дека сега тој одлучува за пристапот на медиумите. Портпаролката на Трамп, Керолин Ливит, на дневниот брифинг најави дека независната асоцијација на дописници од Белата куќа (WHCA) повеќе нема да има „монопол“ за избор на членови на „прес-клубот“. Тоа е мала група новинари кои го ...

Соопштение на Коалиција ВРЕДИ: Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) постојано зборува за ветинг, но дали навистина сака да го спроведе? Ако е така, нека започне од своите најдолговечни функционери! Време е да се постави прашањето: како Садула Дураку веќе 20 години е во државниот апарат, ротирајќи се од функција на функција? Садула Дураку е човекот кој беше на врвот на секоја институција што ДУИ ја контролираше. Тој беше министер неколку пати ...

Полските воздухопловни сили ќе патролираат во воздушниот простор на балтичките држави во рамките на операцијата „Балтичка воздушна патрола“, најави полскиот министер за одбрана, Владислав Косињак-Камиш. -Полските авиони Ф-16 ќе летаат над Литванија, Летонија и Естонија. Четири авиони ќе бидат распоредени како дел од полскиот воен контингент во Литванија, чии операции почнуваат кон средината на март, рече Косињак-Камиш, додавајќи дека операцијата ...

Платите стагнираат, а покачувањето на минималната плата е под знак прашалник, бидејќи Владата го блокира функционирањето на Економско-социјалниот совет, порача денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ Венко Филипче. „Работниците и синдикатите бараат минимална плата од 450-500 евра, но Владата молчи. Социјалниот дијалог е целосно уништен. Работниците се оставени без сигурност, а економската неизвесност станува сè поголема. И за ова СДСМ ...

Делегации на Русија и САД утре во Истанбул ќе одржат уште една средба, најави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Двете страни ќе разговараат за прашањето за повторно отворање на меѓусебните амбасади, јави турската агенција Анадолу, повикувајќи се на изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. За потсетување, првите преговори меѓу делегациите од Руската Федерација и САД се одржаа на 18 февруари во Ријад, ...

Лицата осомничени дека фрлиле молотови коктели кон рускиот конзулат во Марсеј се научници од францускиот Национален центар за научни истражувања (CNRS), објави локалниот весник La Provence, повикувајќи се на неименувани извори. Според окружниот обвинител Николас Бесон, двајца уапсени, инженер и хемичар на возраст меѓу 40 и 50 години, признале дека го извршиле нападот користејќи импровизирани експлозивни направи. Научниците „не само што ги ...

Oтворено писмо на Унијата на Медицински сестри, медицински техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија : Унијата на медицински сестри и техничари со своето бројно членство на овој начин ја користи можноста за да упати искрени честитки по повод 20-годишниот јубилеј на Лекарската комора, којашто е еден од важните фактори и чинители во две децениската посветеност на здравствената грижа и развој на медицинската струка во нашата земја. ...

Безбедносните проблеми го одложија отворањето на меѓународниот аеродром, кој беше завршен во октомври минатата година. Без никакви патници и авиони, најновиот и најскапиот аеродром во Пакистан, Њу Гвадар, останува мистерија. Трошоците за изградба од 240 милиони долари беа целосно финансирани од Кина, но никој не знае кога официјално ќе се отвори и ќе започне со работа, пренесува „Си-ен-ен“. Се наоѓа во крајбрежниот град Гвадар и е завршен од ...

Австралиска брачна двојка доживеала трауматично искуство кога телото на починатиот патник било поставено на седиштето до нив на летот на „Катар ервејс“ од Мелбурн до Доха. Мичел Ринг и Џенифер Колин, кои патувале за Венеција на одмор од соништата, за австралискиот Канал 9 изјавиле дека една жена паднала и починала на патеката до нивните седишта. Двојката вели дека екипажот го ставил нејзиното тело, покриено со ќебиња, до Мичел Ринг и го чувало ...

Папата Франциск, кој и натаму е во критична состојба додека се бори со пневмонија, помина мирна ноќ во болница и се одмора, соопшти Ватикан. Папата, кој има 88 години, го поминува својот 13-ти ден во болница во Рим, што е најдолг престој во болница за време на неговата 12-годишна служба на чело на Римокатоличката црква. „Папата имаше мирна ноќ и се одмора“, соопшти Ватикан во една реченица, без да даде дополнителни детали. Ватикан вчера соопшти ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска, го прими амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и соработка меѓу двете земји кои се одвиваат во континуитет во областите од заемен интерес. Во овој контекст, беа разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план. Соговорниците разговараа и за актуелните ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Како што и претходно најавив, почетокот на март месец ни носи нов продор на ладен воздух од североисток и од исток, истиот ќе услови појава на умерени до јаки мразеви ширум регионот, но и во нашата Република Македонија. Сето ова ќе биде проследено и со повремено засилен ветер од северен правец. Покрај ладниот бран и северниот ветер, ќе има и врнежи кои поради продорот на ладен воздух ќе бидат од снег и во дел од ...

Бактеријата Xylella fastidiosa, што ја предизвикува Пирсовата болест кај виновата лоза во Северна Америка, првпат е откриена кај грозје, бадеми и други растенијата во јужниот дел на италијанскиот регион Апулија, соопшти Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА). Според најновиот извештај од базата на податоци за следење на ширењето на растителниот патоген Xylella fastidiosa, присуство на бактеријата првпат е утврдено и кај ...

Концепцијата за гимназиско образование мора да се повлече, никаде во светот не се укинуваат филозофски предмети. Во концепцијата не само што недостасуваат социјалните вештини, туку, исто така отсуствува и транспарентноста. Во неа, не може да се видат ниту експертите кои ја имаат подготвено. Доколку не се промени ќе има длабоки последици врз образовниот процес. Ова синоќа го потенцираа експертите на јавната трибина „Гимназиско образование – ...

Поранешниот шведски премиер и копретседавач на Европскиот совет за надворешни односи, Карл Билт, рече дека договорот за минерали меѓу Украина и САД изгледа како „споредна приказна со ограничена важност“. Билт изјави за Би-би-си дека договорот „изгледа како нешто што треба да го усреќи Трамп“, но дека „нема да донесе значителни финансиски ресурси во САД или да има материјално економско влијание со години“. Како пример го наведе отворањето на ...

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 2-ти до 8-ми март, на првиот кат во Скопје Сити Мол ќе се одржи голем „Сити базар – Подари љубов” на кој ќе се претстават дури 42 модерни ракотворци. Од 2 до 5 март со уникатни и рачно изработени креации на првиот кат ќе се претстават: Gaia_X, Ателје Сиена, MORPHO, ТИНОСКИ, КРУГ, NATURAL.RS, M&M Luxury Soap Bouquet, DIOSA Macrame, Zen.Zeal, Креативно студио Алегра, Botanikly, Lila Handmade, ...

„Во однос на локалната самоуправа ние континуирано работиме да ја подобриме со проекти и финансиски средства кои се обезбедени и им се на достап на самите општини и при тоа по нашата отвореност тие самите да определат за каков вид на проекти, односно што е најпотребно во самата општина, на самите граѓани”, истакна портпаролот на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева во гостување на „Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија. Митева ...

Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, предложи план според кој Египет би ја презел административната контрола над Појасот Газа за период до 15 години. Според предлогот, Египет би управувал со Газа во текот на осум години, со можност за продолжување до 15 години, додека меѓународната заедница би го отпишала египетскиот надворешен долг кој изнесува повеќе од 150 милијарди долари, пренесе Анадолија. Лапид го претстави својот план за време ...

Според послендиот годишен извештај на организацијата „Фридом Хаус“, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, Македонија повторно е делумно слободна земја, и нема поместувања во позицијата во споредба со минатата година. Во заклучокот се забележува дека земјата продолжува да се бори со корупцијата, и додека медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинарите и активистите се соочуваат со притисок и ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
40%
1009
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1011
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1010
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.63
38%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
49%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
37%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
41%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
8.23
67%
1012
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57