Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, а нивните сопственици не преземаат мерки тоа да се промени и спречи, поради што поднесувам кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба, истакна на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски на денешната ...

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески на новинарско прашање одговори дека комплетната анализа на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) за зголемување на цените на прехранбените производи ќе биде готова во текот на наредната недела. Ристески истакна дека оваа Влада за разлика од некои претходни влади секогаш прави добри анализи пред да донесе некоја одлука и мерка, а како што рече, така ќе биде и овој пат. „Ние ги следиме цените ...

Нема доказ за имотна корист кој би ја прибавил Видевски за грабнувањата. Неговиот грев е само што ги познавал обвинетите преку партијата Десна, убеден е неговиот бранител Бојан Манев, кој на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ги изнесува завршните зборови за својот клиент. Тој за неговиот штитеник побара ослободителна пресуда, зошто, според него, Обвинителството со ништо не го докажало делото и дека Видевски е само ...

Во завршните зборови на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, адвокатот на обвинетиот Боре Видевски – Бојан Манев – ја спореше основата на обвинението против својот клиент, оценувајќи ја целата истрага како „погрешно насочена, политички мотивирана и професионално аматерски изведена“. Манев се обрати со остра критика кон институциите: обвинителството, полицијата и целиот истражен процес. „Од ...

Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите на обвинителството. Одбраната докажа дека токму неосновано обвинетиот Александар како татко на детето Вања е жртва и оштетен во оваа постапка заедно со мајката Зорица и неговото семејство и докажа дека тој во критичниот период постапил на начин на кој би постапил секој родител во ...

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека паркингот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ не е ни мапиран и дека тоа е првиот проблем со кој се зафатил откако стапил на функција пред шест дена. „Ќе почнеме со анализа – колку паркинг места има, колку ги користат пациенти и вработени, и потоа ќе понудиме краткорочно решение. Долгорочното ќе зависи од иднината на самиот Клинички“, рече Алиу. Проблемот со паркингот се актуелизираше откако ...

Адвокатот Горан Бошевски, бранител на обвинетиот Велибор Манев, во својот завршен збор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување. Според адвокатот, не постоел договор за убиства и оттаму нема умисла за извршување таков вид кривични дела. Нема претходен договор со другите обвинети за извршување кривично дело ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се сретна со Сергеј Шојгу, секретар на рускиот Совет за безбедност, во севернокорејската престолнина Пјонгјанг. Ким и Шојгу разговараа за плановите за соработка во она што Русија го нарекува своја „специјална воена операција“ во рускиот Курски регион, кој се граничи со Украина, објави севернокорејската државна телевизија КЦНА. За време на состанокот беа разгледани и планови за одбележување на „херојските ...

Од денес до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град, извести УХМР. Во Скопје, денес во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. ...

Иранските државни медиуми објавија видео на социјалните мрежи на кое се гледа рака како гали нуклеарна бомба со натпис „можеби“, додека Израел продолжува со нападите, а американскиот претседател Доналд Трамп го предупредува иранското раководство. Видеото беше објавено на социјалните мрежи од страна на Иранската арапска новинска агенција. ربما.. Maybe pic.twitter.com/tB02PrPbp1 — إيران بالعربية (@iraninarabic_ir) June 17, 2025 Израел со денови ...

Цените на нафтата се задржаа близу петмесечниот максимум поради стравувањата дека ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток би можела да доведе до подиректно вклучување на САД. Цените на нафтата од типот „Вест Тексас Интермедиеит“ (WTI) се стабилизираа во Азија откако вчера го достигнаа највисокото ниво за речиси пет месеци, бидејќи претседателот Доналд Трамп побара безусловна капитулација на Иран, објави Блумберг. Фјучерсите на американските ...

„После 10 дена од испаѓањето на РЕК Осломеј од мрежа, и најавите на неспособното раководство на ЕСМ дека истиот во рок од 48 часа ќе биде вратен на мрежа, сведоци сме дека РЕК Осломеј сеуште не произведува струја, а неспособното раководство прави неуспешни обиди (во прилог слика од 17.06.2025) од неуспешните обиди“, велат од СДСМ. „Денес, сведоци сме дека после нецела година, неспособното раководство на ЕСМ, секојдневно го упропастува ...

На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети „Аrrow“, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименуван американски функционер. Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се користи против иранските ракети. САД, исто така, имаат системи за ракетна одбрана „Патриот“ и системи за воздушна одбрана на голема надморска височина на Блискиот Исток, способни да пресретнат балистички ракети. Според агенцијата, разорувачи на ...

Индискиот премиер Нарендра Моди му рече на американскиот претседател Доналд Трамп дека Индија никогаш не прифатила медијација од трета страна во конфликтот со Пакистан и никогаш нема да ја прифати во иднина, објавија локалните медиуми. Во Индија постои целосен политички консензус за ова прашање, рече Моди во телефонски разговор со Трамп вчера, според изјавата на индискиот министер за надворешни работи Викрам Мисри. Моди и Трамп разговарале по ...

Горан Бошевски, адвокат на обвинетиот Велибор Манев, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кои завршни зборови дава одбраната, истакна дека неговиот штитеник од првообвинетиот Љупчо Палевски добивал инструкции за грабнувањето на велешкиот пензионер со кого се познавал од претходно. Манев и Боре Видевски претходно ја имале ископано земуницата, каде подоцна тој на полицијата му откри дека е закопан убиениот ...

Израел им забрани на своите граѓани да ја напуштат земјата со авион, наведувајќи безбедносни причини по ескалацијата на непријателствата со Иран, објавија медиумите од Блискиот Исток. Според израелскиот весник „Хаарец“, владата им наредила на домашните авиокомпании да не им дозволуваат на израелските граѓани да се качуваат на појдовни летови, бидејќи расте стравот од можни ирански одмазднички напади врз израелските аеродроми. Аеродромот „Бен ...

Предлог-одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет и на пленарна седница. – Целта на предложената одлука е обезбедување дополнителни средства во износ од околу 600 милиони денари наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, согласно објавениот повик и утврдени критериуми ...

Демократската унија за интеграција јавно ги осудува, како што велат, дискриминаторските практики при вработувањето во Центарот за управување со кризи, каде на последниот конкурс се примени 12 Македонци и тројца Албанци. Оваа институција, велат од ДУИ, се води од директор со албанска етничка припадност, но, очигледно, со лојалност кон политиките на ВМРО-ДПМНЕ. „Ситуацијата е алармантна. За Албанците нема значење ако раководителот е само Албанец ...

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја во понеделникот соопшти дека распоредувањето на севернокорејски трупи во Русија е јасно кршење на санкциите на ОН и повика на итен прекин на таквата соработка меѓу двете земји. Северна Кореја ќе испрати 5.000 воени градежни работници и 1.000 деминери во регионот Курск за да помогнат во обновата по украинската инвазија, изјави шефот за безбедност на рускиот претседател Сергеј Шојгу по состанокот ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денес оствари средба со раководителот на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава, Фатих Туркменоглу. Средбата претставуваше можност за размена на мислења за економската состојба и потенцијалот за зајакнување на соработката меѓу двете институции заради поддршка на одржливиот развој. Тие разговараа пред сѐ за значењето на макроекономската стабилност како предуслов за ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа безбедно пристигна на скопскиот аеродром. Станува збор за осум лица – четири деца и четири возрасни – кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, од каде со авион во сопственост на Владата беа транспортирани до Скопје. ...

Полициски службеници од редовниот состав на Секторот за внатрешни работи од Охрид утре ќе имаат вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“. Пред почетокот на вежбовните активности предвидени за од осум часот, ќе бидат спроведени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. За медицинско обезбедување на ...

Утрово Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски е исклучен од електроенергетскиот систем, соопштија од АД ЕСМ, а причината е проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување. Од секторот за односи со јавност на АД ЕСМ нагласуваат дека со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа, веднаш по настанот, ...

Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски, оствари работна средба со вицепремиерот на Полска и министер за дигитални прашања, г. Кристоф Гавковски, во рамки на Дигиталниот самит во Гдањск, Полска. На средбата беше разговарано за тековните процеси и заложби за дигиталната трансформација во двете земји, со посебен акцент на полските искуства во дигитализацијата на јавните услуги и сајбвер безбедноста. Двајцата соговорници ја ...

Инвестирањето во дуалното образование дава резултати. МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта. Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта, од кои 6.725 места се во дуално образование во 269 паралелки. За таа цел Владата и Министерството за образование и наука го ...

Состанокот на Г7 во Кананаскис, Канада, заврши со едногласно мислење дека Иран не може да се здобие со нуклеарно оружје, но со несогласувања околу декларацијата за Украина. САД се спротивставија на заедничката изјава за Украина што би содржела строг јазик со кој ќе се осуди Русија. Тие тврдеа дека сакаат да ја зачуваат својата способност за преговори со Русија. На крајот, строгиот јазик не беше вклучен во заедничката изјава на лидерите, туку ...

Соопштение на Левица: Ја известуваме јавноста дека на денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот – со која претседава претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев – беше усвоена иницијативата за надзорна расправа за Кочани поднесена од Левица! И овој пат, пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ координирано се обидоа да го опструираат Барањето за надзорна расправа и истите воопшто не присуствуваа ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нападнале „погон за производство на центрифуги и неколку погони за производство на оружје“. Нападите беа извршени во последните неколку часа во главниот град Техеран, а според ИДФ, во нив учествувале 50 израелски борбени авиони. Центрифугите се машини што се користат за збогатување на ураниум. Збогатениот ураниум може да се користи како гориво за нуклеарни централи, но и за производство на ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Во нашата Република Македонија се до петок (20 јуни) атмосферата нема да биде стабилна, и тоа поради влијанието на плиткиот циклонски систем со центар над Туренско Море. Во ваква ситуација кај нас ќе имаме повеќе облачност, а во попладневните часови ќе ни се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам локални поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и со засилен ветер во зоната на ...

Во организација на Програмата „ЕУ за општините“, дeнеска во Скопје ќе биде одржан првиот ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување. Целта на овој еднодневен настан е да се промовираат добри практики и успешни проекти финансирани од ЕУ, да се поттикнат нови партнерства меѓу општините, како и да се отвори простор за размена на искуства и идеи за понатамошен локален развој. Настанот официјално ќе го отворат министерот за локална самоуправа, ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
58%
1018
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
63%
1016
weather icon

Загреб

16ᴼ / 10ᴼ
1.54
70%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
93%
1020
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.17
50%
1018
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
94%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
2.68
42%
1013
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
82%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
68%
1016
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.06
63%
1017
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
56%
1016
Currency

61.535

Currency

52.957

Currency

71.2664

Currency

34.3349

Currency

38.2185

Currency

65.9076

Currency

7.40502

Currency

0.65614

Currency

0.35998

Currency

0.52641

Currency

1.29138

Currency

0.60459