
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



По направениот стручен надзор во болницата во Кавадарци, комисија констатирала дека сите постапки биле навремено и уредно извршени. Вака одговараат од Министерството за здравство (МЗ), на прашање од МИА, за наодите во извештајот во врска со починатото тригодишно дете, на Комисијата за стручен надзор формирана од МЗ. Комисијата извршила надзор во болницата во Кавадарци, на 10 јуни. Претходно, на 6 јуни, од Државниот санитарен и здравствен ...
Општина Чаир и заменик-министерката од Вреди, Калтрина Зеколи-Шаќири во скандалозна шема успеале да извлечат пари од буџетот на општината на нетранспарентен и коруптивен начин. Имено, општина Чаир исплатило речиси 9.000 евра на кафуле кое е во директна сопственост на функционерката од Вреди, и тоа само во периодот откако Зеколи-Шаќири стапи на функција. Ова е грубо кршење на Законот за јавни набавки, кој јасно пропишува дека секоја набавка над ...
Владата на седница го одобри назначувањето на Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), објавија медиумите на албански јазик пред неколку денови. Оваа одлука е дел од напорите за понатамошно зајакнување на управувачките структури на агенцијата и за гарантирање на континуитетот на стабилноста и професионализмот во областа на националната безбедност. Бесник Ферати не е нов во оваа институција. Тој ...
Под влијание на многу топла воздушна маса која ќе продре од Африка кон нашата Република Македонија, од понеделник (23 јуни) па во текот на целата следна работна недела времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. И во Скопскиот регион, во текот на следната работна седмица ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Што се ...
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека израелската армија го убила командантот на меѓународниот огранок на Иранската револуционерна гарда во напад на стан во Ком, Иран. Командантот Саид Изади го предводеше палестинскиот корпус на силите Кудс, рече Кац. Силите Кудс изградија мрежа на арапски сојузници позната како Оската на отпорот, основајќи го Хезболах во Либан во 1982 година и ја поддржуваа палестинската милитантна ...
Законот за Судскиот совет е во завршна фаза и очекувам да биде усвоен до крајот на месецот, како што и беше предвидено. Нема веќе „не знаев“, нема веќе „немав ингеренции“. Ќе има име и презиме за секоја одлука, вели министерот за правда Игор Филков во интервју за државната МИА, посочувајќи дека ова е клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството. Филков нагласува дека Министерството за правда го добило мислењето од ...
Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, претежно сончево и малку посвежо. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а ...
СДС повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв. Секогаш кога СДС се наоѓа во тешка состојба, наместо на решавање на проблемите посегнува кон нивните, и досега испробани, планови и сценарија за предизвикување неред, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Овој пат не ги поштедија ниту жителите на Кочани, кои пред само неколку месеци се соочија со една од најголемите трагедии во државата. Насилството на советникот на Венко Филипче од ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето од македонска страна е од 30 – 40 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација ...
Се празнува на 8 февруари и под тој датум е опишано житието на овој светител. На 8 јуни се празнува преносот на неговите мошти од Ираклија во Евхаита, зашто свети Теодор му заветуваше на својот слуга Вар кога страдаше: „Телото мое положи го во Евхаита, на имотот на моите претци.“ Свети Атанасиј Синајски запиша едно чудо од иконата на свети Теодор. Во местото Карсата близу Дамаск имаше една црква посветена на свети Теодор Стратилат. Кога ...
Денешното утро (сабота 21 јуни) во нашата Република Македонија е ведро и веќе сончево со појава на умерена локална облачнст. Засилува и ветерот од северен правец. Малку е посвежо за разлика од изминатите утрини. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Охрид, и тоа 15 литри на метар квадратен. Да напоменам дека поради локалноста на процесите, количеството на врнежи на одредени места може да биде многу поголемо. На метеоролошката карта ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, веднаш после полноќ во 00 часот и 33 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, Јужен дел на Охридско Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова ...
Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, викендов повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес (сабота 21 јуни), додека утре (недела 22 јуни) ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет и од променлив правец. Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Температурите ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера (петок 20 јуни) и тоа за 3 до 4 степени и ...
Ребалансот на Буџетот за 2025 година официјално е доставен до Собранието. Документот, под наслов „Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година“, влегува во собраниска процедура и ќе биде предмет на разгледување од страна на пратениците во наредниот период. Со ребалансот се предвидуваат измени во проекцијата на инфлацијата – од досегашни 2,2% на 2,8%, што иако претставува зголемување, сепак е под ...
Суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, најави дека ќе поднесе жалба до Советот на јавни обвинители, откако Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност оцени дека тој и уште еден јавен обвинител сториле тешки дисциплински повреди. Според Комисијата, Хајрулахи намерно и неоправдано направил сериозни професионални грешки, поради што се предлага негово разрешување. Хајрулахи ја отфрла одговорноста и тврди ...
Заменик-премиерот и еден од лидерите на владејачката коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, жестоко ја критикуваше обединетата опозициска платформа „Европски фронт“, велејќи дека нивното здружување нема врска со интересите на граѓаните и Албанците, туку со лични и бизнис интереси. „Не се здружија за граѓанинот, не се здружија за Албанецот. Се здружија за Лотаријата, се здружија за Соравија, се здружија за да го спасат Али“, изјави Меџити на отворањето на ...
Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, за првпат откако е обвинет во предметот за пожарот, но и откако излезе од притвор, објави статус на социјалната мрежа „Фејсбук“. Тој е во куќен притвор, а напиша само два збора. „Октомври = референдум“, пишува во статусот, кој се толкува како политичка порака за мобилизација. Во октомври, се очекува да се одржат локалните избори. Оваа објава веројатно е најава за мобилизација на албанското гласачко ...
Со одлука на Извршниот одбор, СДСМ на претстојните локални избори нема да има кандидати за градоначалници во неколку општини, брифираат од Бихаќка. Според информациите во општините Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино, СДСМ ќе настапи само со листи за советници. Инаку, претходно во текот на денот лидерот на СДСМ Венко Филипче ги соопшти имињата на 19 кандидати за градоначалници, а меѓу нив се и скопските општини Гази Баба, ...
Сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје, кај село Желино, е нормализиран попладнево од 17 часот, по прекинот поради сообраќајна незгода, информира АМСМ. Од АМСМ претходно соопштија дека има прекин на сообраќајот од 14:45 часот, а како што информираа од СВР Тетово во сообраќајката полесно се повредени две лица. Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информираше дека поради сообраќајна несреќа, во прекин е сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје, ...
Извршниот одбор на СДСМ вечерва даде согласност за 19 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори. Како што соопшти партискиот лидер Венко Филипче, за општина Центар кандидат е актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, за Аеродром д-р Александар Трајановски, за Ѓорче Петров Костадин Ацевски – претседателот на ОО на СДСМ, за Крива Паланка актуелниот градоначалник Сашко Митовски. Утврдени се кандидати и за Чучер Сандево, Берово, ...
Вчера во СВР Велес, од Здружение на спортски риболовци „Бабуна“, кое е концесионер на рибниот фонд на река Тополка, пријавено е дека бил констатиран помор на разни видови на риби во реката забележана е и пенлива материја на површината на водата. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од СВР Велес, Агенција за храна и вода, Институт за храна и ветеринарство и инспектор за животна средина. По насоки на јавен ...
Попладнево, нешто по 16 часот, силно невреме проследено со град ја погоди територијата на Охрид и околината. На социјалните мрежи се појавија бројни видеа и фотографии на кои се гледаат темни облаци како се надвиснуваат над градот, додека крупен град, со големина на орев, удира по улиците, покривите и по возилата. „Се стемни за неколку минути, почна да дува силен ветер, а потоа небото се отвори. Градот беше толку силен што за кратко целата ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април година, изнесува 45 452 денари и во однос на април лани е повисока за 10,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.7 проценти, Образование за 14.4 проценти и Административни и помошни услужни ...
Поради тешка сообраќајна несреќа кај тетовското село Желино, веднаш по наплатната рампа, редици долги со километри се создадоа попладнево, а сообраќајот речиси и да не мрда повеќе од еден и пол час. Автомобилите, од кои многумина се луѓе од Скопје, Велес, Куманово и од други градови, тргнати на викенд, стојат во четири ленти и беспомошно чекаат. Поголем број возачи кои можеа или разбраа дека на патарината има долги редици, го користат ...
Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Техеран поради моменталната безбедносна ситуација, соопшти Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој. Претходно, Велика Британија најави привремено повлекување на членовите на семејствата на вработените во Амбасадата и во Конзулатот во Израел поради безбедносни причини. Додека претходно привремено беа затворени Амбасадата на Словачка и Амбасадата на Австралија во Техеран. ...
Високиот комесаријат за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) се подготвува за прифаќање на големи број бегалци од Иран поради судирот со Израел. – Подготвуваме кризни планови за раселување во Иран и во соседните земји. Сè уште ги немаме објавено бидејќи немаме доволно информации и чекаме да видиме како ќе се развива ситуацијата, изјави директорот на УНХЦР, Филипо Гранди. Според непотврдени информации во Ерменија, Азербејџан и во Туркменистан веќе ...
Поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Нино Васев, и организацискиот директор Нехат Нухи, заминуваат во ефективен притвор од 30 дена. Вака одлучи Апелациониот суд Скопје, кој ги прифати жалбите на Обвинителството и го укина претходно определениот куќен притвор за двајцата обвинети. Судот оцени дека постои опасност од бегство, а постојат и основани сомнежи дека Васев и Нухи сториле тешки кривични дела ...
Oсновниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови. левски во завршните зборови денеска првпат ги посочи обвинетите Велибор Манев како организатор на убиствата, Боре Видевски како извршител, додека Влатко Кешишев како стражар на двата ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска ја посети хидроелектраната „Козјак“, каде што се информираше за тековното функционирање на капацитетот, безбедносните стандарди, како и можностите за понатамошно унапредување на производните перформанси. Како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска истакнала дека „Козјак“ претставува значаен дел од енергетскиот систем ...
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по целосно спроведени две дисциплински постапки и испитани факти и околности, ги прифати предлозите поднесени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и уште еден јавен обвинител од Вишото ...