
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Според упатените, Honor планира да лансира најмалку три нови свитливи телефони следната година, а се чини дека добивме информација за батеријата на еден таков модел. Најновиот свитлив телефон во портфолиото на кинескиот бренд е Magic Vs 2, лансиран во октомври, а сега инсајдер на Digital Chat Station откри некои клучни детали за пристигнувањата во 2024 година. 3 colors : Pink,Light Blue, Black pic.twitter.com/OJ3U4JqrYg — TR𝕏7735H_ (@TRX5800X) ...
Заедничкиот видео проект ги демонстрира исклучителните можности на камерата на Galaxy S23 Ultra во сите услови Samsung Electronics денеска ја претстави крајната верзија на уникатниот кинематографски проект „Epic Worlds“ снимен исклучиво со телефонот Galaxy S23 Ultra, кој ја доловува суштината на неколку различни филмски жанрови и ги редефинира можностите за креирање содржина на мобилен уред. Речиси целосно финансиран со заеднички придонес уште ...
Серверите за десет игри на Ubisoft, вклучително и четири стари Assassin’s Creed наслови за компјутер и конзоли, ќе бидат затворени на почетокот на следната година. Секоја година, Ubisoft ја прекинува поддршката за онлајн функционалноста за своите постари игри и ќе продолжи да го прави тоа и во 2024 година. На почетокот на годината, поточно на 25 јануари, ќе се исклучат серверите за десет игри на Ubisoft, што значи дека мрежниот мултиплеер ќе ...
Интернетот стана толку голем дел од нашето секојдневие што често не ни помислуваме колку се потпираме на него. Но, доколку интернетот исчезне на глобално ниво, дури и за само еден ден, економското влијание би било огромно. Таквото нарушување на онлајн услугите би создало големи нарушувања во многу сектори. Според податоците презентирани од тимот на Atlas VPN, еден ден без интернет во светот би чинел 43 милијарди долари. Соединетите држави и Кина ...
Метју Пери, популарниот Чендлер од серијата Friends, беше страствен обожавател на популарната серија на игри. Актерот Метју Пери почина на 28 октомври, на 54-годишна возраст. Пери, кој се прослави со улогата на Чендлер во култната ТВ серија Пријатели, исто така беше страствен обожавател на Fallout 3. . Кога Fallout 3 беше објавен, Пери јавно ја изрази својата наклонетост кон играта, истакнувајќи дека ја играл толку многу што развил синдром на ...
Јутјуберот James Channel направи пренослива верзија на SNES за само 60 долари. Целиот процес не траеше долго, а конзолата се покажа како целосно функционална. Несомнено е дека Super Nintendo остави длабока и неизбришлива трага во историјата на видео игрите поради неколку причини. Прво, преку игрите како што се The Legend of Zelda: A Link to the Past и Super Mario World, донесе иновации кои ги поставија стандардите за идните наслови, а вториот ...
Наместо LCD, кој Samsung го користеше на претходните модели, претстојниот Galaxy A15 наводно ќе има OLED екран. Најевтиниот телефон од серијата Galaxy A на Samsung наскоро би можел да добие OLED екран. Како што дознава јужнокорејскиот портал The Elec, претстојниот Galaxy A15 повеќе нема да го има LCD екранот што компанијата го користеше на претходните модели, туку ќе добие понапреден OLED. Samsung Galaxy A15 will feature an OLED display: ...
Конечно е објавена долгоочекуваната листа со барања за Call of Duty: Modern Warfare III, па можете да проверите дали вашиот компјутер ќе може да ја поддржува оваа видео игра. Ова е списокот на конечни барања за компјутер за Call of Duty: Modern Warfare III. Минимални барања – Multiplayer * Процесор: Intel Core i3-6100 или AMD Ryzen 3 1200 * Графика: Nvidia GeForce GTX 960 или AMD Radeon RX 470 * Меморија: 8 GB RAM * Диск: 79 GB SSD Минимални ...
Серијата телефони Pixel 8 беше претставена неодамна, а Google ги смета за главен ривал моделите iPhone 15 на Apple. Сега имаме тест кој ги споредува двата најсилни модели од двете серии. На тест се најдоа Pixel 8 Pro и iPhone 15 Pro Max од каналот на YouTube, PhoneBuff, а беа тестирани нивните брзини. И двата телефони беа подложени на одредени задачи – од отворање апликации до извршување на различни функции, а крајниот резултат беше дека ...
Милиони Австралијци денеска останаа без мобилни и интернет услуги откако мобилниот оператор Optus доживеа пад на системот. Optus е вториот најголем провајдер во земјата, со повеќе од 10 милиони индивидуални клиенти и уште стотици илјади правни лица со кои соработува. Прекинот предизвика доцнење во сообраќајот, оневозможени болнички телефонски комуникации и платежниот систем, јавува Би-Би-Си. Причината за прекинот е непозната, а Optus рече дека ...
На Леонид Индов му е потребна наша помош. Пред неколку месеци, осумнаесетгодишниот Леонид доживеа несреќа додека беше на летување во Грција. Тоа резултираше со тешки повреди на неговиот рбет и не може да ги движи рацете и нозете. Клиника во Швајцарија му гарантира процес на излекување преку современи методи, но за семејството да ги обезбеди средствата за лекување, потребна им е поддршка и помош од сите нас. Потребни се 800.000 евра за третманот ...
Борбата против нелегалните IPTV услуги во Европа не стивнува, а нови вести доаѓаат од Австрија и Германија. Таму, на почетокот на годинава, беше прекинат ланецот на група која пиратски содржини, која работеше од 2016 година, дешифрирајќи ги сигналите на различни ТВ компании и стриминг сервиси и незаконски ја проследуваше нивната содржина до многубројните претплатници. По дојава на медиумска куќа, отворена е голема истрага, а потоа е извршена ...
На пазарот на оперативни системи за мобилни телефони доминираат две компании – Google со Android и Apple со својот iOS. Еден гигант во овој сегмент доцни и жали поради тоа. Мајкрософт плати повеќе од седум милијарди долари за да ја преземе Нокиа, поранешниот лидер на пазарот на мобилни телефони, а имаа големи планови за софтвер, па развиваа Windows Phone, кој требаше да им конкурира на Android и iOS. Сепак, желбите беа едно, а можностите друго, ...
Ако имате iPhone, можете да ја користите функцијата Timer во апликацијата Clock за да ги одбројувате часовите, минутите и секундите за да ги направите вашите планови поефикасни. Потребни се само неколку моменти за да се вклучи тајмерот, бидејќи целиот процес е доста практичен. Еве ги чекорите што треба да ги следите: * Отворете ја апликацијата Clock * Одете во Timers (Тајмери) * Поставете го саканото времетраење и притиснете го зеленото копче ...
Tinder воведе нова функција наречена „Tinder Matchmaker“, која им овозможува на корисниците да ги поканат своите пријатели, вклучувајќи ги и оние кои не се на платформата, да предложат нови емотивни партнери. Компанијата соопшти дека идејата зад новата функција на Tinder е корисниците да откријат кој, според нивните пријатели – па дури и членовите на семејството – мислат дека би бил соодветен партнер за нив, пренесува Tech Crunch. Во ...
Телефоните со Android се со нас веќе 15 години, но денес ретко кој се сеќава на оној што го скрши мразот. Тоа е T-Mobile G1, кој претставува малку изменета верзија на телефонот HTC Dream, кој беше пуштен во продажба во октомври 2008 година. Телефонот се напојуваше со чипсет Qualcomm MSM7201A и имаше екран со резолуција од 480 x 320 пиксели. Меморијата од 192MB/256MB денес звучи смешно, но во тоа време беше огромна, а неговиот оперативен систем, ...
Постои вечна дебата за тоа која апликација за мапи е најдобра. Неодамна видовме дека Google Maps доби подобрувања благодарение на вештачката интелигенција, но на интернет имаше жестока дебата за тоа која мапа е всушност најдобра. Така, можеме да прочитаме дека многумина користат iGO, други Waze, други Maps.me и така натака. Која апликација ќе ја користите најмногу зависи од вашите потреби и преференции. Сепак, секогаш е интересно да го ...
Мета објави дека социјалната мрежа Threads на компанијата има нешто помалку од 100 милиони активни корисници, три месеци по објавувањето. Марк Цукерберг, извршен директор на Мета, истакна дека компанијата е задоволна од напредокот на Threads, истакнувајќи дека со оваа стапка на раст во следните неколку години ќе достигне милијарда корисници. Сепак, бројот на месечни активни корисници можеби не е најдобар показател за активност на социјалните ...
Вработените тврдат дека има нова продавница, која ќе им помогне на корисниците да купуваат и продаваат @ имиња. Додека X се бори да ги задржи корисниците и да оствари профит, сопственикот на компанијата Илон Маск се обидува да го балансира ова со продажба на неискористени имиња на сметки. Според наводите од мејловите до кои дошол Форбс, тим од луѓе наречени @Handle создава продавница за купување кориснички имиња кои не биле користени од луѓето ...
Компанијата IDC направи проценка колку телефони продале во периодот од јули до септември технолошките гиганти. Според нивните податоци, Samsung сè уште доминира со 59,6 милиони продадени мобилни телефони, но Apple се приближува (53,6 милиони). Пазарниот удел на јужнокорејската компанија на тој начин изнесува 19,7%, додека кај американското „јаболко“ изнесува 17,7%, проценува IDC. Ова за нив претставува напредок, бидејќи во вториот квартал Apple ...
Ако живеете во Европа, можете да платите такса за да спречите да се појавуваат реклами на сите услуги на Мета. Претплатата е исто така одговор на компанијата на загриженоста изразена од регулаторите од Европската унија. Мета имплементира платена претплата која ќе ги отстранува рекламите од Facebook и Instagram. Услугата е достапна ширум Европската унија и ќе се нуди за 9,99 евра месечно на веб или 12,99 евра месечно на iOS и Android, поради ...
Google се подготвува да тестира нова функција „IP Shield“ за прелистувачот Chrome, која ја подобрува приватноста на корисниците со маскирање на нивните IP адреси со помош на прокси-сервер. Како што рекоа, поради потенцијалната злоупотреба на IP адресите за следење на нивните „сопственици“, компанијата гледа како најдобро да воспостави рамнотежа помеѓу обезбедувањето на приватноста на корисниците и основната функционалност. Иако IP адресите се ...
Ви беше скапо да плаќате осум евра месечно за X Premium? Платформата на Маск сега нуди уште две нивоа на претплата, едното за три, а другото за дури 16 евра месечно, со достапни различни функции. Продолжуваат обидите на X (поранешен Twitter) да префрли што е можно повеќе свои корисници на еден од начините на користење што се наплаќаат. По контроверзната платена програма за верификација Twitter Blue, која сега се нарекува X Premium и чини осум ...
Новиот iPhone 15 Pro не ги добива најдобрите оценки од корисниците. Веб-страницата за прегледување PerfectRec анализираше 690.000 прегледи на корисници и откри дека раните прегледи на потрошувачите биле полоши од минатогодишната линија на iPhone 14. Студијата покажа дека 73 отсто од корисниците му дале на iPhone 15 Pro оцена со пет ѕвездички. На прв поглед оваа бројка изгледа добро. Но, кога ќе се спореди со некои минати Pro модели и како тие ...
Grok чини 16 долари месечно како дел од претплатата на X Premium Plus и моментално е достапна за ограничен број корисници. Илон Маск и неговиот стартап за вештачка интелигенција xAI го лансираа Grok – чет-бот за вештачка интелигенција што треба да го надмине ChatGPT на компанијата OpenAI. Other AI are scared of Grok, just ask them… pic.twitter.com/mNXUo3ufeq — Dan (@KettlebellLife) November 4, 2023 Мотивот за создавање на Grok е да се создадат ...
Оваа година човештвото ја надмина границата од осум милијарди жители на планетата, а 5,4 милијарди луѓе веќе користеле интернет. Иако користењето на светската електронска мрежа стана секојдневен феномен, малкумина слушнале за организацијата која е одговорна за непречено користење на интернетот. Нејзиното целосно име е „Internet Corporation for Assigned Names and Numbers“ – скратено, ICANN. Во Хамбург се одржа 78. состанок на светското владејачко ...
Credissimo продолжува да докажува дека навистина е симбол за динамична високотехнолошка компанија. Поттикнати од желбата нивните клиенти да бидат максимално безбедни, тие иплементираа нови иновативни процедури коишто го прават процесот на аплицирање уште побезбеден и посигурен и на тој начин се надминуваат сите сомнежи за злоупотреба на лични податоци во компанијата. ,,Воведовме нова услуга Credissimo Snap којашто претставува иновација за ...
Ажурирањето на iPhone е достапно за преземање, со нови функции и поправени багови. Apple ја објави софтверската надградба на iOS 17.1 за iPhone, која сега е достапна за сите корисници на поддржаните уреди. Ажурирањето носи подобрувања во AirDrop, повеќе опции за контрола на StandBy, нови функции за Apple Music и дополнителни опции за прилагодување за Photo Shuffle на заклучениот екран. Исто така, постојат поправки за различни багови. These are ...
Експертите за сајбер безбедност го открија досега непознатиот, високо софистициран малициозен софтвер StripedFly, кој од 2017 година има повеќе од милион жртви ширум светот. Злонамерниот софтвер собира информации на секои два часа и краде чувствителни податоци како што се сметки и лозинки за веб-страници и Wi-Fi, сето тоа со приватни информации на жртвата, вклучувајќи име, адреса, телефонски број, компанија за која работи, дури и работни места, ...
Донекаде контроверзните мерки за ограничување на употребата на алатки за блокирање реклами, кои YouTube неодамна ги воведе, може да бидат – нелегални на територијата на Европската унија. Барем тоа е според активистот за приватност на податоците Александар Ханф, кој го пријави YouTube и неговиот сопственик Google до ирскиот регулатор за заштита на податоците, Data Protection Commission (DPC). Ханф во својата пријава се повикува на незаконско ...