
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Серијата Xiaomi 14 неодамна беше лансирана во Кина, а по тој повод беше објавено и дека ќе има четири големи надградби на Android, како и пет години безбедносни надградби. Некои други модели, сепак, немаат толку среќа. Кинеската марка ја ажурираше листата на телефони кои повеќе нема да ја добиваат нивната поддршка, а сега има уште три модели. Таканаречената листа EOS (End of support) сега, според познатиот инсајдер Каспер Скшипек, ги вклучува ...
Бидејќи Google е сопственик на Android, повеќето ажурирања на производите на Google доаѓаат на овој оперативен систем, наместо на iOS – сепак не секогаш. Ова „не секогаш“ вклучува нова функција која, сигурни сме, би била интересна за многу корисници на Android. Станува збор за поместување на лентата за адреси (местото каде што пишува на кој сајт сте) од врвот до дното на екранот, при користење на Google Chrome на телефонот. Оваа корисна функција ...
Netflix наскоро ќе почне да го намалува бројот на реклами доколку „бинџувате“ серии, односно гледате неколку епизоди одеднаш. Поточно, почнувајќи од следната година, ќе вметне епизода без реклами откако ќе погледнете три епизоди по ред. Компанијата веќе зборуваше за тоа колку е важно да се најде вистинскиот начин да се „држи публиката залепена за столот“, и тие посочија дека објавувањето на цели сезони одеднаш е всушност добар начин да се ...
Kaspersky и WeChat се забранети од канадските владини уреди од безбедносни причини, иако компаниите мислат дека има и други причини. Ова не е прв пат двете апликации да бидат забранети на северноамериканскиот континент, бидејќи претходно беа забранети и на уредите на американската влада. Kaspersky, добро познат антивирус, и WeChat, сервис за пораки, наводно имаат врски со Русија и Кина, соодветно, па оттука и одлуката на друга западна сила да ги ...
Apple е се поблиску до тоа да им дозволи на корисниците да преземаат апликации од надворешни продавници, а ова го покажува увидот во iOS 17.2 API. Корисниците кои поседуваат iPhone може да ја користат само App Store ако сакаат да инсталираат апликација. Ситуацијата е ваква од воведувањето на App Store, но тоа наскоро би можело да се промени. Откриен е код во најновата iOS 17.2 бета верзија, која открива дека Apple се подготвува да им дозволи на ...
Telegram е една од омилените апликации на корисниците на Android платформата, а со новата надградба овозможува повеќе функции и подобрувања. Како дел од најновото ажурирање на Telegram, корисниците можат да цитираат различни делови од пораката кога одговараат на неа, означувајќи му на примачот на кој дел од пораката е одговорено. Корисникот може да го направи тоа со долго притискање на пораката, означување на текстот и потоа избирање на опцијата ...
Пред шест години беше докажано дека Apple намерно ги намалува перформансите на iPhone уредите за да ги направи батериите да траат што е можно подолго – тие користеа софтверски ажурирања за да го успорат iPhone-от, под изговор дека всушност им прават услуга на корисниците. Со истото се соочуваат и во Велика Британија. Поради ова, против компанијата во САД беше покрената колективна тужба, која доведе до тоа Apple да одвои 500 милиони долари за да ...
Торбата со алатки што ја изгубија астронаутите на НАСА Јасмин Могбели и Лорал О’Хара може да се види во вселената. Могбели и О’Хара ја изгубиле торбата додека правеле поправки во Меѓународната светска станица (ISS) на 1 ноември, објави „Гардијан“. „При поправка е изгубена една торба со алат. Торбата е забележана со помош на надворешни камери, но бидејќи е оценето дека не претставува ризик за станицата, најверојатно ќе остане да лебди во ...
Google го редизајнираше Chrome и сега го тестира неговиот нов изглед, а корисниците кои учествуваат во програмата за рано тестирање се меѓу првите што го видоа. Со оглед на тоа дека полека почнува да стигнува до другите, можеби веќе сте го добиле, а можеби ќе го добиете наскоро. Во секој случај, нуди типичен модернизиран изглед кој вклучува заоблени рабови и малку поинакви икони, пренесува Tech Radar. The first thing I noticed in this chrome's ...
Компанијата Alphabet, која е сопственик на Google, плати 26,3 милијарди долари на други компании во 2021 година за да го направи овој пребарувач стандарден за прелистувачите и телефоните. Ова го изјави еден од главните директори на компанијата пред судот во САД, објави неодамна Bloomberg News. Износот на стандардните плаќања што Google ги направил е повеќе од трипати зголемен од 2014 година, изјави официјален претставник одговорен и за ...
Изминативе денови на Фејсбук се појави позната објава во која поверуваа голем број корисници на оваа социјална мрежа. Имено, на Фејсбук кружи соопштение во кое корисниците се поканети да споделат одреден текст на својот Timeline за да ги заштитат своите лични податоци. Истата лажна објава ги предупредува корисниците дека Фејсбук наскоро ќе почне да се наплаќа. „За секој случај. Напомена: Бевме советувани од адвокат да го објавиме ова. Повредата ...
Qualcomm неодамна го претстави Snapdragon 8 Gen 3, неговиот најнов предводник на процесорот, за кој вели дека овозможува подобри перформанси и поголема енергетска ефикасност. Специјално изграден за задачи како што се игри, уредување видео, мултитаскинг, процесорот треба да се најде во водечките уреди на многу брендови. Засега, пак, се познати само некои производители кои ќе користат Snapdragon 8 Gen 3, а сајтот „9to5 Google“ ги собра сите на ...
Пред неколку месеци YouTube ја зголеми цената на претплатата на Premium, а сега ова зголемување продолжува во повеќе земји. Се зголемува цената во Аргентина, Австралија, Австрија, Чиле, Германија, Полска и Турција. Во Австралија, претплатата на YouTube Premium сега чини 16,99 австралиски долари (околу 10 евра) и важи за индивидуални, семејни и студентски планови. Оние кои плаќаат пониски цени можат да продолжат со нив три месеци, по што ќе се ...
Коосновачот на Apple, Стив Вознијак, пред неколку дена доживеа мал мозочен удар, но сега се врати дома и се чувствува добро. Тој беше хоспитализиран поради полесен мозочен удар во Мексико Сити, како што изјави за Њујорк Тајмс, а беше во Мексико за да зборува на Светскиот бизнис форум. Поради ова, тој ќе мора да ги откаже гостувањата на претстојните симпозиуми, а се започнало кога на сопругата и рекол дека се „чуствува чудно“ по еден говор. ...
Дали некогаш сте се запрашале како Apple ги следи нарачките на iPhone и се осигурува да бидат доставени до местото каде што треба да одат? На социјалните мрежи се појави интересна приказна за ова, а во неа се вели дека еден тиктокер нарачал четири модели на iPhone 15 Pro Max – еден со 1TB меморија, а три со 256GB простор. @legends_gio Someone reallyyy screwed up 😭 #fyp ♬ original sound – Legends_gio Покрај еден телефон од 1 TB, тој доби уште ...
Можете да ги отстраните телефонскиот број, е-поштата и домашната адреса од резултатите од пребарувањето на Google што се појавуваат кога го пишувате вашето име. Функцијата „Remove this result“ моментално е во бета-тестирање. Оваа функција може да биде корисна алатка за бришење на некои од вашите лични податоци од пребарувањето на Google. Но, тоа не значи дека податоците се отстранети од целата мрежа или од некоја одредена веб-страница. Сè уште ...
Алатката е создадена за да спречи еден од најголемите проблеми на креаторите на содржини и уметниците со обука на вештачка интелигенција. Обуката за вештачка интелигенција сè уште е во некоја сива зона, така што некои алгоритми се тренираат на содржина заштитена со авторски права. Бројни уметници и музичари бараат итна регулација за да се стави крај на ваквите практики, бидејќи не сакаат нивните дела да се користат за обука на вештачката ...
Преклопните телефони на Самсунг станаа незаменлив дел од технолошката историја, а сега јужнокорејскиот гигант реши да му оддаде почит на еден од најпопуларните вакви модели – Самсунг Е700, кој се појави пред 20 години. Како почит на моделот E700, Samsung претстави ограничено издание на телефонот Galaxy Z Flip5 Retro, кој користи иста палета на бои, дизајнот наликува на графика со пиксели од почетокот на овој век, а дисплејот покажува градски ...
САД, ЕУ, Кина и Велика Британија се согласија со текстот на првата меѓународна декларација за вештачка интелигенција (AI), во која се наведува дека оваа нова технологија претставува потенцијално „катастрофален“ ризик за човештвото. На конференцијата во Велика Британија, 28 земји ја потпишаа таканаречената Блечлиева декларација, именувана по местото на состаноци на официјални лица, пишува Гардијан. „Постои потенцијал за сериозна, дури и ...
Malwarebytes предупреди на злонамерна рекламна кампања која користи Google Ads за да ги насочи корисниците кои бараат популарен софтвер на лажни страници. Нападот ги издвојува корисниците кои бараат конвертори за Notepad++ и PDF, прикажувајќи им лажни реклами на страницата со резултати од пребарувањето на Google. Доколку е заинтересирана, жртвата се пренасочува на реплика на веб-страницата што го рекламира софтверот, а во исто време проверува ...
Инстаграм воведува значајна промена која ќе влијае на тоа како се допишуваме на платформата. Станува збро за тестирање на нова опција која им овозможува на корисниците да ја исклучат ознаката „Seen“ за прочитани пораки. Со оваа промена, дури и ако сте прочитале нечија порака, лицето на другиот крај нема да ја види ознаката „Seen“ под таа порака. Оваа нова функција ја најавија Марк Цукерберг и Адам Мосери, шефот на Инстаграм. „Ги слушнавме вашите ...
Омилениот музички плеер од 90-тите и 2000-тите се уште не го кажал последниот збор. Winamp потврди дека има повеќе од 17.000 уметници на својата платформа „Winamp for Creators“, а јавните верзии на апликацијата Winamp Mobile за Android и iOS сè уште има опција да бидат достапни оваа година. На почетокот на 2023 година пристигна комплетно нова верзија на Winamp, по неколку години молк. Класичната верзија сè уште постои, како и основната верзија ...
Верзијата на оперативниот систем Android 14 има потенцијално критичен проблем што многумина го споредуваат со напад на откупни софтвери. Се вели дека Android 14 има проблем со чување податоци, а тоа е поврзано со функцијата „повеќе профили“ на оваа платформа. Иако корисниците имаат можност да отворат повеќе профили на еден телефон или таблет, тие се соочуваат со ризик да изгубат податоци или пристап до нивните уреди. Пред неколку дена се ...
Fortnite го собори рекордот со тоа што стана игра со најмногу симултани играчи, а се зголеми и бројот на гледачи на платформата Twitch. Во еден момент, дури 5,8 милиони играчи беа активни во оваа видео игра, што е најмногу од излегувањето на Fortnite. Од оваа бројка, речиси четири милиони го играле режимот Battle Royale, а новиот рекорд е поставен само еден ден откако играта ја врати мапата што ја немало од 2019 година. Покрај ова, Fortnite ...
Western Digital изненадувачки објави дека ќе престане да прави SSD дискови. Компанијата Western Digital на корисниците им е позната како еден од најголемите светски производители на хард дискови (HDD), а подоцна и на solid state дискови (SSD). Сепак, деновиве изненадувачки одекна веста дека Western Digital престана да произведува SSD дискови. Управниот одбор на компанијата одлучи да го подели производството на HDD/флеш меморија и SSD уреди во ...
Студиото NetherRealm објави нов трејлер за игра за Omni-Man, со поглед на неговите потези, стил на борба и брутални завршетоци. Двеминутниот трејлер ни нуди демонстрација на супер силата на Omni-man, со удари и потези против други борци. Трејлерот завршува со брутален fatality удар, што е во склад со природата на Omni-man во серијалот Invincible. Трејлерот исто така го потврдува датумот на достапност на ликот, 9-ти ноември за оние играчи кои го ...
Blizzard објави дека новото поглавје од играта World of Warcraft „ќе не одведе во следните 20 години авантура“. Ова поглавје ќе се вика „The Worldsoul Saga“, а ќе се состои од три проширувања, кои ќе се викаат „The War Within“, „Midnight“ и „The Last Titan“. Првата од овие три, „The War Within“, нè носи во подземното кралство Азерот, каде што ќе запознаеме нови раси и ќе посетиме нови зони, како што се „The Ringing Deeps“ или „Isle of Dorn“. ...
Metal Gear Solid: Master Collection Vol. 1 ги содржи двата оригинални Metal Gear од MSX 2 и Metal Gear Solid од PlayStation и неговите две продолженија Konami го лансираше Metal Gear Solid: Master Collection Vol. 1, колекција на игри од популарната франшиза Metal Gear која е со нас повеќе од две децении. Овој пакет за љубителите на стелт жанрот може да се купи за платформите PlayStation 4 и 5, Xbox Series S/X, PC и Nintendo Switch. За цена од ...
Интернет на дофат на рака. Камера во вашиот џеб. И одеднаш, вештачката интелигенција го подобрува вашето секојдневие. Samsung Galaxy помогна да се демократизира пристапот до интернет и ги претвори камерите во алатка за комуникација без која не можеме да живееме. Иако сите очи се вперени во вештачката интелигенција, некои од нејзините најдобри придобивки сè уште не се дојдени до мобилната технологија. Galaxy ќе го промени тоа. Ниту една компанија ...
Следната година iPhone 16 би можел да пристигне со повеќе копчиња и би можел да биде многу корисен. По објавувањето на линијата iPhone 15, набрзо почнаа да се појавуваат гласини за следната серија телефони iPhone 16 за следната година. Според извештаите, iPhone 16 ќе има дополнително копче, кое внатрешно го носи името „Capture“ копче, а неговата намена е сè уште мистериозна. Претпоставката е дека копчето може да се прилагоди, како копчето Action ...