Некои корисници на услугата Google Drive пријавуваат загуба на податоци, кои се чуваат со месеци, а се чини дека ова не е единствената апликација на Google зафатена од проблемот. Кога станува збор за онлајн складирање податоци, Google Drive е меѓу најпопуларните решенија. Бесплатен е и нуди дополнителни надградби и повеќе простор за складирање за релативно ниска цена. Сепак, некои корисници известуваат дека изгубиле податоци од претходните ...

Корисниците на Google Bard сега можат да добијат детали за видеата на YouTube што ги гледаат благодарение на чат-ботот со вештачка интелигенција. Новото проширување што го доби Bard му овозможува да разбере каква е содржината на видеото и врз основа на тоа да одговори на барањата за информации направени од корисниците. „Ги преземаме првите чекори за да го подобриме разбирањето на видеата на YouTube од страна на Bard… слушнавме дека сакате да ...

И покрај сите докази, Австралија не постои – барем тоа е информацијата што можевте да ја добиете неодамна од популарен чет-бот. Тоа е Microsoft Bing, а некои корисници неодамна напишаа дека овој четбот „паднал“ во една од најлудите интернет теории на заговор, која го негира постоењето на цел континент. Неколку корисници од Австралија (која вистина постои) напишаа на социјалните мрежи дека кога го прашале Bing дали постои Австралија, го добиле ...

Новиот необврзувачки меѓународен договор претставува заеднички напор за обликување на одговорниот развој и примена на технологиите за вештачка интелигенција во светот. Соединетите држави, Велика Британија и повеќе од десетина други нации се договорија за сеопфатен меѓународен договор за заштита на вештачката интелигенција (AI) од злоупотреба. Вкупно 18 земји, вклучувајќи ги Германија, Италија и Сингапур, претставија документ од 20 страници во ...

Американскиот технолошки гигант Гугл ги објави податоците во кои е наведено што најмногу се гуглало во 2023 година, а корисниците барале се – од поп-култура до смрт на познати луѓе ширум светот, но кога станува збор за конфликти, најголем интерес бил изразен за војната меѓу Израел и Хамас. Подморницата што експлодираше во Атлантикот на пат кон Титаник, како и разорните земјотреси во Турција и Сирија во февруари, исто така беа широко пребарувани, ...

Компанијата „Тесла“ повлекува повеќе од два милиона возила за да го поправи неисправниот систем за предупредување на возачите кога го користат режимот за автоматска контрола на возилото (автопилот). Оваа информација денеска ја објави американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата, која додаде дека „Тесла“ ќе го ажурира софтверот за да го реши овој проблем, пренесува АП. По двегодишна истрага, американскиот регулатор ...

Албанската влада планира да го забрза својот пристап во Европската Унија со користење на ChatGPT за да преведе илјадници страници законски мерки и одредби на ЕУ на албански јазик и потоа да ги интегрира во постојните правни структури. Овој план ќе почне да се спроведува на почетокот на 2024 година по недамнешниот договор со извршната директорка на матичната компанија на ChatGPT, OpenAI, Мира Мурати, која е родена во Албанија, пренесува ...

И покрај периодот обележан со значителни предизвици во индустријата за паметни телефони, некои сепак успеаја да забележат раст на европскиот пазар. Меѓу нив е и Honor, која успеа да го постигне статусот на една од првите пет компании кои забележаа годишен раст во Европа, покажуваат податоците на аналитичката фирма Counterpoint Research. Според овие податоци, испораките на телефони во Европа во третиот квартал од оваа година бележат намалување од ...

Опцијата е достапна на паметните телефони со најновата верзија на iOS, како и на паметните часовници на Apple. Еднаш годишно, Apple претставува нови верзии на својот оперативен систем за мобилни уреди, кои обично носат големи или поголеми новитети и промени за сопствениците на iPhone и iPad, додека во текот на годината компанијата објавува помали ажурирања кои носат главно безбедносни закрпи. Најновата верзија на мобилниот оперативен систем за ...

Google, Microsoft и Meta формално се здружија за да формираат управен комитет за подобрување на безбедноста на апликациите преку реструктуираната алијанса за одбрана на апликации, која сега е дел од семејството на Фондацијата Linux. Технолошката тројка планира „да го прошири опсегот на Алијансата за да поттикне заедничко спроведување на индустриските стандарди за безбедност на апликациите“, се вели во соопштението за печатот. Алијансата за ...

Mozilla ја објави верзијата Firefox 120 на својот веб-прелистувач, која сега е достапна на сите поддржани платформи. Firefox 120 носи можност за копирање врски без параметри за следење. Покрај тоа, постојат глобални контроли за приватност кои ги известуваат сајтовите дека корисникот не сака да се споделуваат нивните податоци. Една од промените е блокатор на cookie банери за корисниците во Германија. Има и поддршка за подобрувања ...

Instagram ја отвора можноста за корисниците правилно да преземаат содржина на Reel, за да им овозможи на луѓето надвор од САД да го сторат тоа. Корисниците, кои до сега сакаа да зачуваат видео на Reel за подоцна, најчесто мораа да го сторат тоа со зачувување на Instagram. Освен ако не живеат во САД, каде што Reels може да се преземат од јуни. Сепак, тоа сега се менува, а Instagram почнува да им дозволува на корисниците ширум светот да преземаат ...

Пазарот на паметни телефони полека закрепнува по повеќе од две години пад и стагнација. Во октомври, продажбата на паметни телефони на глобално ниво се зголеми за пет проценти на годишно ниво, за прв пат во последните 27 месеци, објави агенцијата за истражување на пазарот Counterpoint од Хонг Конг. „Лидерите за раст се пазарите во развој на Блискиот Исток и Африка, а растот беше поддржан и од враќањето на Huawei во Кина и почетокот на сезоната ...

OpenAI, и покрај сите проблеми со кои се соочија неодамна, објави нова функција за оние кои користат бесплатен ChatGPT. ChatGPT with voice is now available to all free users. Download the app on your phone and tap the headphones icon to start a conversation. Sound on 🔊 pic.twitter.com/c5sCFDAWU6 — OpenAI (@OpenAI) November 21, 2023 Ова е опцијата „ChatGPT with voice“, која ви овозможува да активирате гласовен асистент во вашата апликација ...

Во последните неколку години се забележува зголемување на употребата на VPN технологијата, а нејзините апликации се широки. Ако сте го виделе овој термин, но не сте сигурни што значи или дали ви треба, еве објаснување. Акронимот VPN стои за Virtual Private Network (Виртуелна приватна мрежа). Во основа, се воспоставува врска помеѓу вашиот уред и оддалечен сервер, создавајќи „тунел“ кој ги шифрира вашите лични податоци, ја маскира вашата IP адреса ...

Во пресрет на најубавиот период од годината, што може да биде помагично од сѐ што се случува околу нас? Всушност, има ли нешто помагично? Да, има – Новогодишната магија од Credissimo. И оваа година, во пресрет на новогодишните и божиќните празници компанијата ќе ги израдува своите клиенти со нова промоција за бескаматен кредит дури до 60.000 денари со рок на исплата за 3 месеци. Едноставно, колку земаш – толку враќаш! До кога трае промоцијата? ...

Neuralink доби „зелено светло“ од FDA, па сега може да почне да бара волонтери за учество во првите клинички испитувања на мозочниот имплант. Целта на компанијата на Илон Маск е да ја искористи оваа технологија за да им овозможи на луѓето со некаква попреченост да ги вратат или барем да ги подобрат своите моторни функции. Заинтересираните кандидати мора да се пријават за овие цели, пренесува Livemint. Неуралинк со години работи на проекти кои ...

Sony неодамна ја претстави својата најнова камера без огледало – Sony A9 III. Со цена од 6.000 долари и 24,6 мегапиксели, најважна работа кај овој модел е новиот затворач. Поентата е дека A9 III користи „global“ затворач, кој му овозможува да го изложи секој пиксел во исто време, така што нема изобличување ниту на фотографиите, ниту на видеото. This is the new Sony A9III#sonya9III #sonyalpha pic.twitter.com/Y10ALlWip2 — SonyAlphaRumors ...

Секој од нас барем еднаш се сретнал со овој проблем: го ставате телефонот на полнач, а тој не прави ништо. Знаеме колку е фрустрирачки кога телефонот не се полни, па затоа еве едноставни (и еден од најевтините) совети кои можат да помогнат. Иако може да има проблеми со софтверот, почесто отколку што мислите, тоа е многу поедноставна работа: портот за полнење едноставно е затнат со прашина. Доколку немате маска што го штити овој дел од телефонот, ...

Дали знаевте дека за само неколку долари, некој може да ги купи вашите информации за најавување и директен пристап до вашите профили на социјалните медиуми? Оние кои го прават тоа ќе можат да ги читаат сите ваши пораки, да гледаат сè што сте „лајкувале“, па дури и да објавуваат содржини во ваше име; накратко – целосно да ги хакира и преземе вашите профили. Whizcase собра цени од темната мрежа за да открие колку вреди вашиот онлајн идентитет: ...

Секоја година, World of Tanks зема славна личност за амбасадор, која се приклучува на видео играта и го „позајмува“ неговиот лик. Минатата година тоа беше никој друг туку Арнолд Шварценегер, а сега е британското „национално богатство“, филмската ѕвезда и поранешен фудбалер, Вини Џонс. Познат по имиџот на „жешка глава“, Вини Џонс му помага и на Дедо Мраз да се справи со оние на списокот на непослушни (иако и тој не е далеку). Сепак, во 2023 ...

Apple ќе го објави iPhone 16 Pro дури во втората половина на следната година, но веќе се појавија многу информации за телефонот. Гласините за претстојниот модел на iPhone 16 Pro не престануваат, а најновите информации се однесуваат на батеријата на телефонот. ? pic.twitter.com/7MpoArwWdC — Kosutami (@KosutamiSan) November 20, 2023 Неодамна, аналитичарот Минг-Чи Куо сугерираше за надградбата на телефото камерата на претстојниот iPhone, а сега ...

Секогаш кога сте онлајн, има големи шанси вашите чекори да се следат или дека апликациите што ги користите собираат податоци за вас и потоа ги испраќаат таму каде што не сакате. Еве неколку совети како да го ограничите или дури и целосно да го оневозможите. 1. Проверете што вели продавницата на Google Play за апликацијата Во текот на изминатите неколку години, Google стана подобар во она што ви го кажува за тоа дали апликациите ги споделуваат ...

Платформата за пораки Signal тестира нова функција, која треба повеќе да ја заштити приватноста на корисниците во иднина. Како што рече технолошкиот експерт Лукаш Олејник, Signal тестира опција која наместо телефонски броеви, ќе го прикажува корисничкото име на корисникот на другите. „Ова би значело дека луѓето со кои се допишувате не треба да го гледаат вашиот телефонски број“, додаде Олејник. Signal is testing username feature. This would mean ...

Конзолите PlayStation 5 и PlayStation 4 наскоро ќе останат без претходната интеграција со платформата X (поранешен Twitter). Така, по 13-ти ноември, сопствениците на конзолите PS5 и PS4 веќе нема да можат да објавуваат видео клипови и слики од екранот директно на X од нивните системи. Според најавата на Sony, корисниците ќе ја изгубат можноста да објавуваат и гледаат содржини, трофеи и други активности за игра на платформата X директно од ...

Двете компании склучија траен договор за плаќање на надокнада. Американскиот технолошки гигант Google има таен договор со Spotify кој дозволува шведскиот сервис за стриминг музика да не плаќа за услугите на Google Play Store. Како што пренесува порталот Tech Crunch, шефот за партнерствата на Google, Дон Харисон, на суд во друг правен случај изјавил дека Spotify не плаќа надокнади на Play Store кога ги обработува сопствените плаќања и плаќа само ...

Google воведе одредени промени во дизајнот на својот сервис Maps, а реакциите на корисниците не се позитивни. Неодамна Google го редизајнираше сервисот Maps, па беа сменети боите кои означуваа различни елементи на мапата. Така, новите бои се посветли и попригушени и често е тешко да се разликува патот од теренот. Наместо претходните бели и жолти бои, сега се користи сива боја за патишта. Корисниците го споделија своето незадоволство од овие ...

Знаеме кога ќе пристигне серијата на телефони Galaxy S24 на Samsung. BREAKING: Leak reveals Galaxy S24 launch date and availability details: https://t.co/1d9yji94SS — SamMobile – Samsung news! (@SamMobiles) November 20, 2023 Најновите информации сугерираат дека Samsung ќе ја лансира својата линија на телефони Galaxy S24 во текот на јануари 2024 година. Прес-конференцијата на јужнокорејската компанија ќе се одржи на 17 јануари, додека почетокот ...

WhatsApp во последно време воведе неколку новитети, а корисниците се претежно задоволни од направените промени, а нови допрва доаѓаат. Неодамна беше откриено дека платформата за пораки тестира „Search by Date“ на десктоп клиентот, а истото е можно и на iOS. Сега, оваа опција доаѓа и на Android, во најновата верзија на WhatsApp бета (2.23.24.16). Нема многу мистерија за тоа што прави опцијата – кога ја користите, можете да пребарувате пораки до ...

Huawei неодамна претстави нова верзија на оперативниот систем Harmony, што означи значителна промена бидејќи ја исклучи поддршката за APK-датотеките, односно домашните апликации за Android. Овој потег загрижи многу сопственици на уреди на Huawei, а една недела откако беше објавено откажувањето на поддршката за APK, пристигна дополнително појаснување – новиот HarmonyOS нема да се прошири на уредите „преку океанот“, односно надвор од Кина. Ако ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1011
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
69%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
83%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.79
75%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
65%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52