Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија во 18.30 часот вечерва ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на романот „Тегли“ од писателот Јордан Коцевски. Романот во Софија ќе биде претставен од авторот лично, книжевниот критичар Пламен Тотев, редакторот Марјан Петров и преведувачката Тања Попова. Мрачниот трилер ја раскажува приказната за криминалот во сите негови нијанси, како и за најсуровите ужаси што една личност е ...

Во организација на Културно-информативниот центар – Битола, во присуство на голем број љубители на литературата, деновиве беше промовиран романот „Арагон“ од авторот Михајло Свидерски. Промотор на делото беше истакнатата македонска писателка Фросина Пармакоска, која на внимателен и прониклив начин го доближи овој моќен роман до публиката. Романот е структуриран во три тематски целини: Овој свет (Олам ха Зе), Светот што доаѓа (Олам ха Ба) и ...

Претставници на водечки компании беа дел од форумската дебата „Дуално образование – конекцијата помеѓу компаниите и студентите“, што се одржа на Хајделберг Факултет во Скопје. Присутни беа студенти, но и заинтересирани кандидати за упис кои заедно со нивните родители сакаа да дознаат нешто повеќе за придобивките од дуалното образование што го нуди Хајделберг, но и за праксата за студенти што ја нудат успешните компании во земјава, ...

Добитник на наградата „Млада Струга“ за 2025 година е Андреј Анѓеловиќ, за неговиот поетски ракопис „Чергар“. Наградата ја доделува фестивалот „Струшките вечери на поезијата“, во соработка со Јуроп хаус Струга, а со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во земјава. Конкурсот беше распишан за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант. Наградата „Млада Струга“ има за цел да ја поддржи младата поетска сцена и да даде ...

Три филма на кои како малцински копродуцент работеше „Круг филм“ од Скопје ќе имаат свои премиери на реномирани филмски фестивали во регионот и Европа, информира македонската Агенција за филм која ја даде финансиската поддршка. Станува збор за „Бумбаровото лето“ на режисерот Даниел Кушан, „Фантази“ на режисерката Кукла и „Павилјон“ во режија на Дино Мустафиќ. Македонски продуцент е Дејан Крајчевски. „Бумбаровото лето“ е хрватска семејна ...

„Од личност до маска – за новата ‘нормалност’“ е насловот на првата на Влатко Деловски, која ќе биде промовирана утревечер во 19 часот во книжарницата „Или-Или“ во Скопје. За книгата ќе зборува проф. д-р Дејан Донев. -Да, вистинска книга. Со корица. И букви. И страници. Неколку дури и имаат смисла. Доколку сте љубител на (философија, есеистика, личности и маски), ова е за вас. А ако не сте — купете ја за подметач за кафе со локум. Таман е ...

По трет пат УНЕСКО ни упатува аларм со тоа што се обидува да го стави Охридскиот регион на Листата на светски богатства во опасност. Во моментов во Париз се одржува 47. сесија на светската организација. Екологисти од земјава бараат да престане уништувањето на Охридското Езеро и регионот. Не се вложуваат доволно напори за зачувувањето на природното богатство, масовно се гради, има дивоградби, а ниту езерото и околината се доволно заштитен, ...

Со концерт на оркестарот на Македонската филхармонија на 12 јули во 21 часот на сцената Античкиот театар ќе биде отвори 65. издание на фестивалот „Охридско лето”. Како солистка ќе настапи американската пијанистка Клер Хуангчи, а диригент е Едвин Аутвотер од САД. На програмата се „Пајдушко” од Дамир Имери, симфониски танци од „Приказна од западната страна” од Леонард Бернштајн и „Рапсодија во сино” од Џорџ Гершвин. Американската пијанистка ...

Неодамна излезе од печат најновата поетска книга на Даниела Андоновска-Трајковска со наслов „Царски рез на небото“ во издание на „Матица македонска“. Книгата содржи повеќеслојна, егзистенцијалистичка, рефлексивна, магично-реалистична, медитативна и општествено ангажирана лирска поезија. Песните се доживуваат како философски слики во кои времето е забавено за да се доживее мигот на постоењето. Андоновска-Трајковска како и во сите нејзини ...

Слушај го сега – како шумоли дождот, после ќе нема. Пишува: Владимир Мартиновски 1. Во неколку древни митологии дождот се толкувал како комуникација, па дури и сведоштво за љубовта меѓу Небото и Земјата. Дури се верувало дека оној што умее добро да слуша, во звукот од дождот ќе може да „прочита“ тајни пораки од небесата… Вслушувањето во звуците од дождот неколку антички поети го сметале како моќен вруток на творечко вдахновение. Илустративно ...

Танцовата претстава „Ајде!“ во кореографија на Игор Киров и Бојан Мицев ќе биде премиерно изведена вечерва во 20.30 часот на сцената на Театар Комедија во Скопје. Оваа претстава нè води низ богатата музичка култура на ромската заедница. На најзначајниот ден во годината, Едерлези или Ѓурѓовден — денот на радоста, кога се слави будењето на природата, почетокот на новиот живот, пријателството и заедништвото, се раѓа една нова љубов. „Ајде!” ...

Изложбата Beauty Spot III на уметникот Иван Аџиевски ќе биде отворена утревечер во 20 часот во Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на франкофонија во Скопје. Ќе бидат изложени 12 слики работени во комбинирана техника со микс на медиуми на кои е претставен женски лик и акт во експресионистички манир со делумна апстракција каде субјектите имаат изразено издолжени портрети и физиономии. Тие се продолжување на претходната матрица на насликани ...

Со филмот „Седумте величествени“ на Антоан Фукуа, вечерва во 21 часот кај Касарната Охрид ќе биде отворено летно кино со автомобили (summer drive-in cinema). Влезот со автомобилите ќе биде отворен од 20 часот, а по почетокот на проекцијата, нема да биде дозволено влегување, велат организаторите. „Седумте величестевени“ е од 2016 година, а главните улоги ги толкуваат: Дензел Вашингтон, Итан Хоук, Питер Скарсгард и др. Утревечер на програмата е ...

Пишува: Звонко Димоски Музиката не е придружба, туку суштински драмски мотор, емоционален кардио-ритам на претставата, кој со елементи на традиционални и модерни звуци создава чувство на хронична, но и возбудлива тензија. Сашко Костов создава звучен свет што паралелно го гради и преиспитува сценското дејство, внесувајќи емотивна и ритмичка длабочина. Неговата вокална интерпретација како Рацин ја носи психолошката тежина на ликот и создава ...

Фестивалот „Звукот на Скопје“ ќе се одржи на 9 јули со богата музичка програма. Прв ќе настапат Филип Шурбевски Езгија квартет во 19.30 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Истовремено во изложбениот салон Империјал 2 ќе биде промовирана книгата „Наследство: Кoшмари“ од Јордан Коцевски, а ќе биде отворен и мини саем на книги. Фестивалот, кој стана препознатлив симбол на урбаната културна сцена, ги обединува љубителите на ...

Во главниот град Хора на островот Андрос, синоќа беше отворена изложбата на првата интернационална уметничка работилница со наслов „Поистоветени со хоризонтот“ (“Aligned to the horizon”). Во текот на јуни, деветмина уметници: Сергеј Андреевски (Скопје), Ан Лизе Бројер (Париз), Стано Бубан (Братислава), Маријана Кацарас (Тунис), Маркос Хаџипатерас (Лондон – Атина), Никола Пијанманов (Струмица), Герлинде Пистнер (Нирнберг), Кристина Рахме ...

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, утревечер во 20.30 часот ќе биде организирана премиерата на танцовата преттава „Ајде!“ во кореографија на Игор Киров и Бојан Мицев. Оваа претстава нè води низ богатата музичка култура на ромската заедница. На најзначајниот ден во годината, Едерлези или Ѓурѓовден — денот на радоста, кога се слави будењето на природата, почетокот на новиот живот, пријателството и заедништвото, се раѓа една нова љубов. ...

Македонскиот КИЦ во Белград синоќа беше домаќин на едно интересно ликовно дружење со три современи македонски ликовни уметници, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска, на една синергија помеѓу нивните различни уметничи изрази и белградската публика која покажа исклучителен интерес за нивната заедничка ликовна концепција „Регенерација“. Изложбата поддржана од македонското Министерство за култура и туризам ја отвори директорот на ...

Три долгометражни играни филма се снимаат периодов во земјава. Еден од нив е играниот филм „Договор“, во продукција на „Арнел продакшн“, во режија на Сенад Абдули. Фотографијата ја потпишува Филип Јорданов, а во главните улоги се појавуваат Шеќерије Илази, Елмир Сејфулаи и Лек Фазлија. Филмот претставува современа драма што го истражува човечкото достоинство и комплексноста на донесување одлуки во социјално предизвикувачки услови. Сподели ...

Вториот рок за пријави за проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм, кој е распишан во јануари, ќе биде продолжен до 15 август 2025 година, извести македонската Агенција за филм. Со ребалансот на Буџетот за 2025 година се обезбедуваат дополнителни 145 милиони денари (околу 2.5 милиони евра) за поддршка на филмската продукција и развојот на аудиовизуелниот сектор, известува македонската ...

„Скопје сити мол“ во партнерство со „Синеплекс“ го отворија првото летно кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар. Скопје е побогато за уште едно градско летно доживување, каде свечено беше отворено првото Rooftop Open Air Cinema, со проекција на блокбастерот „Интерстелар“ на култниот режисер Кристофер Нолан. Со ова официјално започна првата летна сезона на ова уникатно кино под ѕвездено небо, кое ќе понуди фантастичен избор на ...

Филмот „Сонцето не грее на сите страни” во режија на Глигор Кондовски, ја освои наградата за најдобар документарен филм на Филмскиот фестивал Равно Село, што се одржа од 27 до 30 јуни во Србија. Филмот е на „Револушн продукција“ од Скопје и ја имаше премиерата во 2022 година. „Сонцето не грее на сите страни” ја следи приказната за македонскиот Елвис Присли – Ване Црнгаров, роден во струмичкото село Куклиш, кој заминува за Австралија. ...

Во Македонскиот народен театар на 14 јули, во 21 часот, концерт ќе одржи Националниот џез оркестар, а ќе гостува еден од најсмелите и највпечатливи саксофонисти и композитори на современата џез сцена, Дони МекКаслин. Диригент ќе биде маестро Владимир Николов. Името на Дони МекКаслин (САД) стои зад едно од најзначајните музички изданија на 21 век – Blackstar, последниот албум на Дејвид Боуви, на кој токму МекКаслин беше една од клучните ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ во сценарио и режија на Гоце Цветановски ќе биде прикажан на 21. издание на Фестивалот за фантастични филмови и вино во Љутомер, Словенија. Проекцијата е закажана за утре, 5 јули во Домот на културата. Интересно е што фестивалот, покрај внимателно селектираната програма од жанровски филмови, има и посебен фокус на виното. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат ...

Со концерт КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид и Ансамблот на народни игри и песни на Македонија „Танец“, вечерва во 20.30 часот ќе биде свечено отворен Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид. Претходно, во 19 часот, од Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе започне дефиле. Вчера на првиот ден на 64. фестивал, беше промовирана книгата „Балканскиот фестивал во Охрид низ видео записите на американскиот фолклорист Роберт Хенри ...

Ликовната изложба „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска ќе биде отворена утревечер во 19 часот во македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Србија. Преку своите дела трите авторки се осврнуваат на периодот полн со промени во начинот на живеење предизвикани од пандемијата ковид- 19, кој неизбежно се рефлектираше во нивните дела. Тие ја преиспитуваат релацијата на видливиот свет со ...

Ликовната изложба „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска ќе биде отворена утревечер во 19 часот во македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Србија. Преку своите дела трите авторки се осврнуваат на периодот полн со промени во начинот на живеење предизвикани од пандемијата ковид- 19, кој неизбежно се рефлектираше во нивните дела. Тие ја преиспитуваат релацијата на видливиот свет со ...

Kонцертна промоција на албумот „Егрерор“ на Никола Стојковски (ФИН Проект) и Тања Царовска ќе се одржи вечерва во 20.30 часот во Куршумли ан во Старата скопска чаршија. На концертот, како гости ќе настапат и Петар Христов (саксофон и кларинет) и Горан Трајкоски – Готра, на пијано Билјана Петровска, бас и контрабас Андреа Мирческа, како и Илија Јовчев – виолина, Ева Ристеска – виолина, Ангела Винтовска – виола, Александар Ицковски – ...

Дебитантската поетска збирка на Стефан Спасовски, „Ќумур смоквин млеч“ ќе биде промовирана вечерва во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Промоцијата е замислена како разговор со поетот, а ќе бидат прочитани дел од песните. Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „„Ќумур смоквин млеч“ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и ...

Режисерката Тамара Котевска го снима својот прв долгометражен игран филм, „Човек против јато“. По успесите со долгометражните документарци („Медена земја“ и „Патување пеш“), Котевска го снима своето долгометражно играно деби. Филмот се одвива во рурална Македонија, каде изградбата на нов автопат го разурнува мирот на едно мало село и ја соочува традицијата со модернизацијата. Настапуваат: Кирил Андоновски, Верица Недеска, Лола Трендафиловиќ, ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
4.63
76%
1013
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
88%
1008
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
2.06
71%
1021
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
0.62
96%
1023
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1008
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
83%
1020
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
81%
1015
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1016
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -3ᴼ
2.57
76%
1023
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
95%
1012
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
2.57
93%
1023
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Иридиум

221848.72

Бакар

12.10

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Калај

49.78

Паладиум

56617.46

Цинк

3.37

Злато

159322.70

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.06

Родиум

339190.38