Најстарите неолитски населсби во Европа се појавиле во географска Македонија, во втората половина на 7 милениум пред новата ера. Сознанијата се објавени во реномираното светско археолошко списание Documenta Praehistorica, каде е објавен научниот труд за датирањето на неолитските локалитети во Пелагонија во коавторство на Гоце Наумов и Агате Рајнгрубер. Трудот е базиран на долгогодишните теренски истражувања на Центарот за истражување на ...

„Твоја приказна, наша поддршка“ е насловена кампањата на граѓанската организација „Младите можат“ чија основна цел е зголемување на свесноста и информираноста за важноста на менталното здравје кај младите од 14 до 18 години. Менталното здравје на средношколците не смее да биде табу-тема и како заедница мора да ги поттикнеме младите отворено да говорат за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во своето секојдневие, велат тие. Кампањата ќе ...

Најновата композиција Apoptotic Bodies од Дарија Андовска, синоќа имаше светска премиера во Сараево, во изведба на No Borders Orchestra, под диригентската палка на маестро Премил Петровиќ. Композицијата за гудачки оркестар и фиксен медиум е напишана по нарачка на No Borders Orchestra за нивниот Turning Point Tour. На оваа турнеја, покрај историските ремек-дела на A. Schoenberg, G. Mahler и R. Strauss, ќе бидат изведени и четири нови композиции ...

Актерот Лазар Христов ја доби наградата за најдобра машка улога во студентска селекција на Интернационалниот театарски фестивал ИНТЕФ во Шабац, за улогата на Андреј Ботвиник во претставата „Се случи еднаш во Женева“ во продукција на Факултетот за драмски театар од Скопје. Изведбата на претставата беше на 20 август. ИНТЕФ е студентски и младински театарски фестивал кој од се одржува од 2019 год. во Културен дом Мишар каде учествуваат драмски ...

Македонскиот филмски и телевизиски монтажер Димитар Грбевски е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија, што традиционално ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија. Наградата ќе му биде врачена на 45. ИФФК „Браќа Манаки” што ќе се одржи од 21-17 септември во Битола. Димитар Грбевски е роден во Велес. Започнува да работи како филмски монтажер во РТВ Скопје ...

Во Народниот музеј во Велес вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Визуелни рефлексии“ од Лазе Трипков. Тој ќе се претстави со дизајнирани графички дела – плакати, создадени во ковид и постковид периодот, односно од 2020 до денес, кои допираат до разни теми и зборуваат за преокупациите и идејното размислување на уметникот. Трипков, при дизајнирањето на плакатот, кој како медиум за јавно информирање, во преден план ги става редот и ...

Во Музејот на современата уметност вечерва во 20 часот ќе бидат отворени самостојни изложби на двајца млади уметници – добитници на наградата „Најуспешен автор и дело“ доделена на 14. Меѓународно биенале на млади уметници „Будења“, 2023. Наградата, која се состои од самостојна изложба во МСУ се доделува на двајца автори и нивните дела, кои жирито ги избра за најубедливи достигнувања претставени на минатогодишнотo биенале. Ќе бидат поставени дела ...

Филмот „М“ на режисерот Вардан Тозија, во продукција на „Фокус Покус“, освои две престижни награди на Интернационалниот филмски фестивал „Макабро“ кој се одржува во главниот град на Мексико, Мексико Сити. Вардан Тозија ја понесе статуетката за најдобра режија во официјалната селекција, а филмот ги освои и срцата на публиката и се здоби со признанието Награда на публиката, во земја каде остварувањата во полето на фантастиката и магискиот реализам ...

На изложбата, покрај уметнички дела, ќе биде изложен и документарен материјал, кој ќе ни ја претстави и личноста и значењето на уметникот 120 години од раѓањето на Томо Владимирски, еден од основоположниците на македонскиот модернизам во ликовната уметност ќе бидат одбележани утревечер во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Ќе бидат изложени околу 70 дела во техниките масло на платно и на лесонит, сопственост на фамилијата на Владимирски, ...

Спектакуларен концерт во Македонската филхармонија најавува групата „Синтезис“, еден од најзначајните амбасадори на македонската музика, со која ќе одбележи 30 години постоење. Концертот ќе се одржи на 25 септември во 20.30 часот. Формирана во 1995 година, „Синтезис“ ја започна својата кариера со уникатна визија – да ја оживее и презентира македонската традиционална музика на современ начин. Со комбинирање на старите фолклорни звуци со модерни ...

Проф. д-р Оливер Бакрески го презеде деканскиот мандат од проф. д-р Ратко Дуев, кој раководеше со Филозофскиот факултет во Скопје осум години. Основни начела на новиот декан се стабилно да се чекори на патот кон единствен и силен факултет, афирмација и развој на факултетот, квалитетна настава и поголема грижа за студентите кои се столбот на факултетот. – Со оваа промена, веруваме дека факултетот ќе продолжи да се движи во правец на напредок и ...

Премиерата на македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски се одржа на Меѓународниот филмски фестивал Оденсе (ОФФ Фестивал) во Данска. Филмот беше прикажан заедно со 147 филмови од 39 различни земји. „Мала шега“ е во продукција на ДНФ Филмс, во копродукција на ИРЛ од Македонија и „Изван фокуса“ од Хрватска, во соработка со „Вардар филм“, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот аудиовизуелен центар. Кратките ...

Повеќе од 2.000 првачиња од повеќе општини низ Македонија добија пакетчиња за почеток на школската година од Халкбанк АД Скопје, преку симболот за детското штедење – Халки. По петти пат годинава Халкбанк ја продолжува својата општествено-одговорна иницијатива „Среќно прваче“, а дел од акцијата се првачиња од Гевгелија, Штип, Битола. На првиот училиштен ден, сите тие добија пакетче кое содржи основен училиштен прибор и „Букварот на Халки“, буквар ...

Со разговор со писателката Фросина Пармаковска за нејзината книга „Сè уште можам нешто да сторам“ утревечер во 19 часот во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе почне третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“. Модератор ќе биде книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од романот ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Во библиотекаа до мај ќе бидат претставени осум македонски автори и исто толку ...

Во рамки на одбележувањето 120 години од раѓањето на Ѓорѓе Андрејевиќ Кун, значаен српски уметник и револуционер, професор на Академијата за ликовни уметности и академик, беа организирани две големи значајни изложби во Галеријата на Српската академија на науки и уметности (САНУ) и во Музејот на Југославија во Белград каде, со свои дела и изработка на монументален мурал се претстави и македонската уметница Христина Иваноска. Името на Ѓорѓе ...

Ракописот со наслов „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година. Во најтесниот избор беа разгледани и романите: „И“ од Кристина Краличин, „Брчка или За болешливото здравје“ од Филип Љ. Трајковски и „73 денови“ од Иво Митев. На шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и ...

Издавачи од Европа и Азија ќе бидат гости на програмата „Скопје фелоушип“, на 12. издание на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан, што ќе се одржи од 15 до 17 септември во Скопје. Една од влијателните имиња во европското издаваштво, Катарина Луа ван Хоф, поранешна шефица на одделот за странска литература во францускиот гигант „Галимар“, еден од најистакнатите издавачки директори во Обединетите Арапски Емирати, Тамер Саид, ...

Работилници за креативно менторство почнаа во Детскиот културен центар – Карпош, а се наменети за ученици од основните и средните училишта на Град Скопје. Целта на работилниците е да ја сублимираат креативноста и креативните потенцијали како основа за понатамошен успешен раст и развој на младите. – Низ серија предавања и практична работа во времетраење од еден месец ќе се постигне повисоко ниво на креативност и инвентивност кај сите пријавени ...

Во Музејот на град Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на хартиени – графички икони од 18 и 19 век од збирката на Заводот за заштита на спомениците и музеј од Прилеп. Ќе бидат преставени 18 графички икони, обработени, конезервирани и врамени во изминатите три години. Изложбата ќе ја отворат директорите на двата музеја, Панче Велков и Горанчо Цветкоски. За значењето на графичките икони ќе зборува Мимоза Христоска, виш кустос во ...

Тимот на „Македонисимо квинтетот“ ќе одржи концерт на летната сцена во Градскиот парк во Делчево на 6 септември со почеток во 20 часот. Концертот, во организација на Општина Делчево во соработка со КултурОп, се одржува во чест на 80-годишнината од ослободувањето на градот и како и сите досегашни изведби на отворено, публиката ќе може да го проследи бесплатно. Заедно со маестро Симон Трпчески, ќе настапат: Александар Краповски на виолина, ...

Со циклус од 50 нови дела со кој се заокружува двегодишното творештво на академскиот графичар Стефан Младеновски беше отворена изложбата „Еве го човекот“ во уметничката галерија на Градскиот музеј во Крива Паланка. Изложбата е и завршен настан на 2. издание на Алтернативниот мултимедијален фестивал „Гига фест“, посветен на прерано починатиот режисер Глигор Цветковски. Ова е втора самостојна изложба на Младеновски во родната Крива Паланка. ...

Изреволтирани што не го добија тоа што го заслужуваат – повисоки плати наставниците денес ќе ја почнат наставата во новата учебна 2024/25 година. Членови на Независниот синдикат на образование во Битола ќе имаат протест по работното време. Глува за нивните барања остана Владата која упорно смирува дека покачувањето на платите е предвидено во 2025 година. -Годинава нема можност за интервенирање поради огромната наследена дупка во буџетот на МОН ...

Од печат излезе нов број на списанието за литература, култура и уметност „Современост“, прв оваа година. Изданието содржи 35 статии на 185 страници, вклучувајќи: 5 прилози проза, 7 прилози поезијa, 1 приопштување, 7 интерпретации, 8 рецензии и 7 прилози од млади книжевни таленти. Бројот е отворен со прозни прилози од Стефан Марковски, Катерина Момева, Анде Јанков, Сузи Тенева и Станка Бајлозова-Барламова. Потоа следат поетските творби од Мирјана ...

Во Мобилната/Монтажна галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје, утревечер во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Прегрнати лузни“ на млада уметница Мартина Спасовска. Уметничко-просторната инсталација на Спасовска претставува проект што го истражува концептот на лузните како симболи на човечките искуства. Користејќи големи платна што висат од таван до под, уметницата создава интерактивен простор во кој публиката може да се ...

На третиот последен ден на Книжевниот фестивал „Друга приказна“ во 17 часот во КСП „Јадро“ ќе биде отворена изложбата „Текстилен весник“ на авторката Милица Дукиќ. Изложбата произлезе од работилница што авторката ја реализира во рамките на фестивалот. Во „Кафе Станица“ во 18 часот ќе следува серија разговори со повеќемина писатели, а разговор ќе го водат Калина Малеска и Љупка Евроска. Ќе учествуваат: Ѓурѓица Чилиќ (Загреб), Маријана Чанак ...

Познатата авторка на драмски текстови, сценарија и поетски книги Милена Марковиќ од Белград ќе има промоција во Скопје на нејзиниот роман „Деца“, за кој ја освои 68. НИН-ова награда за роман на годината во Србија во 2021 година. Промоцијата ќе се одржи в среда, 4 септември, со почеток од 20 часот во бифето на Младинскиот културен центар ‒ Скопје. Книгата преку разговор со авторката ќе ја претстави Јулијана Величковска. Изданието е на ПНВ ...

Претставата „Мојот маж” на Драмскиот театар од Скопје ја доби наградата за „Актерска бравура” на Медитеранскиот театарски фестивал „Пургаторије 2024” што се одржува во Тиват, Црна Гора. Претставата која е хит на репертоарот на Драмски, е работена според раскази на Румена Бужаровска, драматизација – на Викторија Рангелова-Петровска, а во режија на Нела Витошевиќ. Улогите ги толкуваат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Сања Арсовска, Наталија ...

Сања Жигиќ е виш стручен соработник на Катедрата за графика на Академијата за уметности во Нови Сад. Таа е искрен пријател и активен член на Графичката работилница Софија во Богданци, на која има присуствувано на речиси сите изданија како учесник, асистент или ментор. Во текот на својата творечка кариера, Сања има учествувано на бројни проекти и изложби, како во Србија, така и на меѓународно ниво. Таа е силно посветена на промоција и развој на ...

Во текот на целиот процес на растење и воспитување на децата родителите се обидуваат да ги научат децата за вредноста на парите, вложувањето за заработка и леснотијата на трошењето. Најчесто на децата им е тешко да ги разберат овие теми, навидум тие личат како нешто неразбирливо и комплицирано, и најчесто овој тип на финансиски одлуки ги оставаат во рацете на родителите. Родителите имаат голем удел во финансиската едукација на децата, принципите ...

Битола, на крајот на август беше центар на уметноста на пишувањето благодарение на првата бесплатна работилница за креативно пишување што се одржа во рамките на „Битфест“. Настанот се одржа во релаксираниот амбиент на „Порта џез“ и привлече љубители на пишаниот збор од сите генерации, кои имаа ретка можност да се запознаат и учат од реномирани македонски писатели. Иницијатор на работилницата беше битолската писателка Јасмина Атанасова, која ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
5.66
70%
1020
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
1.54
80%
1020
weather icon

Загреб

7ᴼ / 0ᴼ
1.54
72%
1021
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
55%
1017
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
3.28
60%
1017
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
83%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
58%
1014
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1018
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
76%
1019
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -2ᴼ
3.09
68%
1014
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.24
49%
1017
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
5.66
52%
1016
Currency

61.525

Currency

56.0037

Currency

71.6682

Currency

34.3562

Currency

39.376

Currency

65.9274

Currency

7.52805

Currency

0.65486

Currency

0.38117

Currency

0.52509

Currency

1.45935

Currency

0.64308

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

13873.98

Рутениум

20190.67

Калај

29.74

Сребро

991.08

Злато

101598.02

Бакар

8.85

Паладиум

28636.87

Платина

29383.15

Родиум

170398.96

Цинк

2.53