
Скопје
2ᴼ /
2ᴼ



Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола денес и утре е домаќин на дводневен Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан, во соорганизација со алијансите COLOURS, EUTOPIA и YUFE. Во рамки на оваа важна паневропска академско – регионална соработка ќе се одржат серија настани за идните можности и улогата на академската заедница во модерниот свет. Меѓу нив посебно место имаат актуелностите за универзитетските сојузи, ...
Универзитетскиот професор Бенјамин Лангер за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски на германски јазик е добитник на годинешната интернационална награда „Драги“. Идејата беше поттикната од фактот дека годинава се одбележуваат 90 години од раѓањето на авторот, како и 44 години од објавувањето на неговиот најпознат роман, кој во бравурозно изработен превод на германски јазик го објави престижната издавачка куќа „Гуголц“ од Берлин, се ...
Книгата „Тајни” од Јордан Коцевски во издание на „Антолог“ ќе биде промовирана вечерва во 19:19 часот во Салон – Империјал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје. Делото ќе го промовира Душко Крстевски. Со напрегнатата атмосфера, динамичните дијалози и неочекуваните пресврти, „Тајни” е трилер што ќе ви ги скине нервите и ќе ве заведе во светот полн со скриени опасности и интригантни мистерии. Приказна за вистинското, несебично ...
Mанифестацијата „100 илјади поети за промена“, во соработка со Здружението „Контекст-Струмица“ распиша поетски конкурс за годинашното издание на фестивалот. Поезијата, со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации, треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми поврзани со промените, глобално, но и локално. Поезијата, со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации, треба да биде социјално ангажирана и да разработува ...
Со претставата „Чудесна терапија“ вечерва во 20 часот во големата сала на Тетовскиот театр, ќе гостува Драмскиот театар од Скопје ќе гостува на 9. Меѓународен театарски фестивал во организација на Тетовскиот театар. „Чудесна терапија“ е работена по текст на авторот Даниел Глатауер. Режисер е Димче Николовски, драматург Александра Бошковска, костимограф Раде Василев. Улогите ги играат актерите: Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Соња ...
Центарот за германски јазик „Илиеви“ во Битола веќе четврт век претставува симбол на посветеност, образование и културна размена. Основан од мајката, проф д-р Валентина Илиева, со визија за германскиот јазик да стане прозорец кон светот, денес Центарот прерасна во една од најугледните образовни институции во регионот. Она што го прави оваа приказна уште поспецијална е менаџирањето кое денес го презема нејзината ќерка, Симона Монавчева, која го ...
Во македонската амбасада во Париз, во петок (13 септември) во 18 часот ќе биде отворена самостојната излошба на визуелната уметница Пандора Апостолоска-Саздовска и скулпторот Сашо Саздовски. Апостолоска-Саздовска ќе се престави со проектот „Дијалог“ во кој врши истражување во сликарството паралелно со цртежот, а Саздовски со проектот „Движење“ во кој ќе ги презентира актуелните истражувања во скулптурата. Двајцата автори ги создадоа своите дела ...
Младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“ во продукција на Театарот за деца и младинци од Скопје ќе учествува на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, вечерва во 19.30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“. Претставата е во режија на Јане Спасиќ, а улогите ги толкуваат: Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Maтеа Јанковска, Никола Наковски, Ангела Димитрова, Ненад Митевски и Марија Ѓорѓијовска. На програмата на ...
Учесници од над 40 земји ќе дојдат во Битола за да бидат дел од трката „Трчај бе“. Тоа само покажува колку е популарен настанот. Горди сме што трката „Трчај бе“ ја зајакнува позицијата на Битола како центар за спорт и култура. Ги повикуваме сите што сè уште не се пријавиле да го направат тоа денес и да ни се придружат во славењето на трчањето во Битола и она што првите кинематографери браќата Манаки го направиле и за нашиот град и за светот – ...
Гости на 12. Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан, ќе бидат познатиот хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш од Бугарија, Мајк Дауни од Велика Британија, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија и нашите автори Виолета Танчева-Златева и Ѕвездан Георгиевски. Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон ...
Проектот „На работ“ вечерва во 20 часот ќе биде претставен во Чифте амамот во Старата скопска чаршија Необезбеден градежен работник чекори на греда на објект во изградба, додека трае митингот на коалицијата „Заедно за европска Македонија“ пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје пред шест години. Оваа блиц-сцена е појдовна точка за мултимедијалниот уметник Гоце Наневски и музичарот Дориан Јовановиќ да почнат да работат на ...
Археолошкиот музеј на Македонија денеска во 13 часот ќе се одржи промоција на каталог за изложбата „Херојското доба на Хистрите“. Со тоа воедно ќе биде затворена изложбата чија авторка е проф. д-р Мартина Блечиќ Кавур од Универзитетот на Приморска, Копер, Словенија. Изложбата ја претстави приказната за Хистрите кои живееле на истоимениот полуостров во текот на целиот прв милениум пред новата ера и преку нивната материјална култура може да се ...
Пет години откако го доби „Златниот лав“ за животно остварување за филм во Венеција во 2019 година, Педро Алмодовар доби уште една статуетка годинава, за филмот „Соседната соба“ (The Room Next Door). Наградата му беше врачена завчеравечер на затворањето на 81.издание. Алмодовар веќе собра стоечки аплаузи уште на светската премиера на филмот во рамките на фестивалот, каде заедно со актерките Тилда Свинтон и Џилиен Мур го промовираше. Свинтон ...
Македонската квиз асоцијација го организира првото Државно квиз првенство на Македонија на 15 септември (во 11 часот), во Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје. Првенството е отворено за професионалци и дебитанти во индивидуални натпреварувања и во двојки. -Ги покануваме заинтересираните да ни се придружат на ова првенство односно оваа интересна и интелектуална квиз-забава, каде што можете да се натпреварувате и да го споделите ...
Во Ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп отворена е изложбата „Македонија во светот на хералдиката“. Изложбата содржи 35 панели поделени во два дела. Првиот дел е за историски грбови поврзани со Македонија од 14 до 18 век. Застапени се грбовите на Македонија од европските и илирските грбовници, на Кралот на Македонија, припишаниот грб на Александар Македонски и принцот Македон од Ематија. Вториот дел е за современи ...
Со дваесетина нови цртежи, уметницата Мирјана Крстева Массетти вечерва во Ниш ќе се претстави на изложба. Темата на изложбата не е јазикот на љубовта, туку љубовта како јазик. – Соработката со Културниот центар во Ниш почива на лични, професионални контакти. Чест ми е што имам можност да ја претставувам Македонија во рамките на чествувањето на 8 Септември, Денот на независноста и токму со мојата изложба да се отвори овој настан – вели Крстева ...
Буњуел и Дали со филмот истражуваат теми како сексуалноста, потсвеста и репресијата, користејќи ја визуелната уметност како средство за изразување на длабоко вкоренетите човечки стравови и желби Со култниот филм „Андалузиски пес“ во режија на Луис Буњуел, едно од највлијателните дела во историјата на кинематографијата, утревечер во 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе почне 4. издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека на ...
Крводарителкска акција ќе се одржи утре од 9 до 15 часот во просториите на „Црвен крст“ во Радовиш. – Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот – порачувата од „Црвен крст“. Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно. Крводарител може да биде секоја здрава личност на возраст од 18 до 65 години. Жените можат да даруваат крв на секои четири месеци, додека мажите на секои три. Дарувањето ...
По повод одбележувањето на 33 годишнината од независноста на Македонија, Камерниот оркестар на Битола во Виена ќе се претстави со проектот „Македонски евергрини и повеќе“. Концертот ќе се одржи вечерва во 19 часот во просториите на црквата „Св. Ана“. Ќе настапат Ирена Крстеска, која е дел од Штац опера во Виена, џез-поп пејачката Агни Авшар позната на публиката по нејзините енергични настапи и Ристо Самарџиев. Диригент е Владимир Димовски. ...
На 79-годишна возраст денеска во Скопје почина големата актерка Снежана Стамеска. Посмртните останки ќе бидат изложени утре (9 септември) од 10 часот во капелата на гробиштата Бутел по што ќе се изврши погребот. Драмски театар Скопје дополнително ќе ја објави информацијата за денот на одржување на комеморацијата во чест на големата актерка Снежана Стамеска. Беше родена на 1 јануари 1946 година во Скопје. Стамеска беше првенка на Драмски театар ...
Концертот го нагласи битот и суштественоста на нашиот оркестар, кој достоинствено и крајно виртуозно ја продолжува традицијата на светските биг бенд оркестри Пациото на битолскиот Музеј пред неколку дена се преоблече во светска џез сцена како домаќин на концертот на Националниот џез оркестар и Мартин Ѓаконовски-Шпато насловен „А Letter to Ray“ (Писмо до Реј). Битолската публика не ја криеше својата еуфорија, а неретки беа коментарите дека ...
„Ајде да летаме“ на мултимедијалната група PMG, песната „Заветна“ во изведба на Бојана Скендеровски, прогресивното техно насловено „Лорандит“ синоќа беа на диџеј листата на хуманоидниот робот диџеј промоворан во Охрид по повод Денот на независноста на Македонија. Името му е „Алшар“ според ридникот каде е откриен минералот лорандит, а го произведе Друштвото за истражување и развој „Сефиданис“. Роботот изгледа и има димензии како човек, а со помош ...
Филмот „Партенопa“ на прославениот Паоло Сорентино, кој беше хит на последниот Кански фестивал сниман од Дарија Д Антонио, претседателка на жирито на „Манаки“ од пред две години, ќе го отвори 45. „Браќа Манаки“ на 21 септември во Битола. Со македонската премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оравчанец, ќе се затвори фестивалот. На 45. издание, по прв пат на Широк сокак во Битола ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни ...
Претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, ќе го отвори 32. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, вечерва во 20 часот во Центарот „Антон Панов“. Фестивалот ќе се одржува до 13 септември. Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Ристо Шишков и парична награда во износ од ...
„Те кажувајет, Илино моме“ е насловен првиот голем, солистички концерт на Габриела Новевска, насловен кој ќе се одржи во среда (10 септември) во 20 часот, во големата сала на Националната опера и балет. На концертот ќе бидат премиерно изведени сите осум композиции од истоимениот албум и уште неколку нови преработки. Габриела Новевска ја интерпретира македонската народна песна најблизу до нејзината оригинална варијанта, истовремено оставајки ...
Сребрен медал освои чудото од дете Дамјан Давков на Светската олипијада по информатика што се одржува во Александрија, Египет. Еден од најталентираните средношколци во Македонија, кој два пати по ред освои злато на Светската олимпијада по математика, за малку не го освои врвното осличје и на овој натпревар. – Дамјан беше многу блиску и до освојување на златен медал, а од ова извонредно достигнување го делеа само 9 поени, од можните 600 поени на ...
Романот „Заборав“ на Томислав Османли во издание на „ВиГ Зеница“ од Скопје беше промовирана во Градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ во Шибеник на „Деновите на македонската култура“. Оваа традиционална манифестација ја организира Хрватско-македонската тангента. Романот „Заборав“ го промовираше нашата истакната компаратистка, теоретичарка и литературна критичарка, професорката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, д-р Лидија ...
Отворен е повикот за наградата за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“ што конференцијата „Наука за деца“ во соработка со проф. д-р Венка Симовска, по втор пат ја распишуваат. Наградата во вредност од 30.000 денари ќе биде врачена на третата конференција посветена на науката за деца, што ќе се одржи на 18 и 19 октомври во Скопје. Повикот е отворен за учениците од 9 одделение со страст за науката. Еве кои се критериумите на организаторот: ...
Изложбата „Лирско интермецо“ на авторката Љупка Галазка Василев ќе биде отворена на 10 септември во 19 часот во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Станува збор за колаж од сликарски секвенци преку кој се материјализираат нашите стравови, копнежи, желби и очекувања. Отсликување на човечката душа, нежна и кршлива, а во исто време толку моќна. Презентирани ќе бидат дваесетина дела, насликани во техника акрил и ...
Тони Михајловски, Никола Ристановски, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Владо Јовановски, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сенко Велинов, Ѓорѓи Јолевски, Александар Микиќ, Гораст Цветковски и Благој Веселинов ќе играат во новата претстава на Македонскиот народен театар со наслов „12“. Овој актерски дрим-тим започна да ја работи претставата завчера на матичната сцена во режија на Синиша Евтимов. Претставата е според мотивите на “12 Angry Men” од ...