Покрај мојата работа како филмаџија – јас сум романсиер – и многу сум горд што за прв пат на „ПРО-ЗА Балкан“ го претставувам македонскиот превод на „Истарско злато“. Многу сум среќен што ја промовирам книгата овде – и помагам да најде македонска публика. Му благодарам на мојот издавач од Скопје, Дејан Трајкоски Мајк Дауни е автор, филмски автор, активист, продуцент. Деновиве е гостин на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан во ...

Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде домаќин на манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“. Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта и за нивните оддленски раководители, наставници по природни науки, математика, биологија, хемија и по географија. Манифестацијата ќе се одвива во текот на два викенда во ноември и тоа: • 23 ноември 2024 за учениците од основните ...

Со „Црнила ремикс“ во режија на Јордан Симонов, современо читање на драмското дело „Црнила“ од Коле Чашуле, вечерва во 21 часот ќе биде отворена Летната сцена „Славиша Кајевски“ пред Македонскиот народен театар. Ова е само прв од настаните што ќе ја заживеат сцената именувана според актерот на МНТ, кој почина во 2021 година. Изведбата вечерва е целосно распродадена. Симонов заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад ...

Пред многу години кога замислувавме како ќе биде после 2000-та, го замислувавме токму вака, како денес, свет со милион камери што постојано ве снимаат. Нè уверија дека ја сакаме оваа дистопија. Да го замислевме интернетот пред 150 години ќе се ужасневме од самата помисла, денес го прифаќаме како нормален. Тоа што можеме да го правиме како писатели е да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија – рече Дежуловиќ, цитирајќи го Алдус Хаксли: ...

Пишува: М-р Катерина Димова, специјален едукатор и рехабилитатор, семеен системски советник, основач на „Неуроклиник“ Во светот на емоциите, срамежливоста е емоција со посебна боја – нежна и тивка, но длабоко присутна кај многу деца. Ова чувство може да се појави најчесто во моменти на големи промени и нови почетоци, како што е првиот училишен ден. Срамежливоста е нормален дел од детскиот развој, но кога не е препознаена и обработена на време, ...

Законски измени за поголема поддршка и повеќе пари за талентираните ученици најавија министерската за образование и наука Весна Јаневска и претседателката Гордана Сиљановска- Давкова на вчерашната средба со македонските ученици кои годинава освоија награди и признанија на престижни меѓународни натпревари и со нивните ментори. Тие ветија дека државата ќе обезбеди поголема грижа за талентираните ученици и финансиската поддршка за учество на ...

Проекција на 10 видеоуметнички дела на македонската уметница Тања Балаќ, по повод 10 години создавање на полето на видеоуметноста, ќе се одржи во Кинотеката на 19 септември во 20 часот. Станува збор за своевидно еднодецениско заокружување на делата остварени во овој медиум, кои најчесто се коментар на она што се случува во светот, од 2014 наваму. Кон крајот на првата деценија на 21 век, Балаќ, покрај сликарството, пастелите и колажот, сè повеќе ...

Изложба на академскиот графичар и графички дизајнер Дарко Аницин е отворена синоќа во галерија „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Проектот започна со објавување на јавен повик/интерактивен конкурс за учество на публиката, каде граѓаните праќаат по една предлог фотографија од своето омилено планинско место/планински масив или највисоката точка/врв,која го афирмира или карактеризира поднебјето од каде што потекнуваат. Дарко Аницин ...

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денес и утре се реализира вториот уписен рок за прв циклус студии за учебната 2024/2025, каде се останати слободни места на речиси сите факултети. На три факултети од 21 што функционираат на УКИМ, само три во државна квота редовни студии нема да продолжат во втор рок. На Градежен факултет се слободни 233, од кои 123 се наменети за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот, а 110 за редовни ...

„Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, во издание на „Матица“ e добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2023 година, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија. За наградата одлучи жирито во состав: Гордана Јовиќ-Стојковска (претседателка), Оливера Ќорвезироска и Стефан Марковски (членови). Добитник на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија за 2023 година е делото „Коњски житија“ од Зоран ...

Во градот Утрехт, Холандија, на 21 септември ќе биде отворена изложбата „5х10“, која ќе ги обедини делата на пет реномирани македонски фотографи: Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл. Оваа групна изложба, составена од по 10 фотографии од секој фотограф, ќе прикаже повеќе од две децении фотографско творештво, фокусирано врз доловувањето моменти од музички фестивали и концерти во Македонија. ...

Со претставување на дел од творештвото и разговор со двајца автори, искусни новинари, уредници и колумнисти синоќа во Даут-пашиниот амам во Скопје започна 12. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје. На првата фестивалската вечер публиката имаше задоволство да ја истражи динамиката на Борис Дежуловиќ од Хрватска и домашниот автор Ѕвездан Георгиевски, чие творештво се движи во истите новинарско-авторски води, но со различни ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ги прими таленираните средношколци што ја претставуваа Македонија на светските научни олимпијади. Иако повеќето од нив одвај заминаа поради финансиски проблеми, повеќето од нив освоија златни, сребрени и бронзени медали и пофалници. Годинава беше најтешка за учениците да заминат на престижните меѓународни напревари што ги организираат Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Друштвото на ...

Пишува: Александра Јуруковска Кон „Јазик за двајца“: Јазикот за Бранислав Николов (Пијан Славеј) е клучен елемент, објект и субјект, негово лирско јас и глас. Пијан Славеј е поет што пишува песни што се пеат и онакви што плачат да бидат испеани. И без разлика дали ќе бидат преведени на јазикот на музиката или ќе останат само на хартија, тоа се песни – жив копнеж и страст, љубовна сила што раѓа и убива светови, мерак што не згаснува, севда(х) што ...

Националната опера и балет имаше исклучително претставување пред софиската публика со изведбата на операта „Набуко“ од Џузепе Верди синоќа на сцената на Националната опера и балет во Софија, Бугарија. Аплаузи на отворена сцена, овации по завршувањето на оперската претстава добија учесниците од ансамблот на нашата Опера. Големо медиумско внимание во бугарските медиуми доби овој настан. Ова е возвратна посета на нашата Опера по гостувањето ...

Долорес Лео Поповиќ ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 32. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Наградата ја доби за улогата на Ања во претставата „Кенди“, според романот на Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, независна продукција „Златен Елец“ од Скопје. Наградата, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и плакета, ќе биде ...

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен утревечер (недела, 15 септември) во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, па лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2024 година, Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори се гости на фестивалот, што ќе трае до 17 септември. На првата фестивалска вечер, Дежуловиќ ќе биде во друштво ...

Скопје ќе биде домаќин на извонреден настан на 16 септември со почеток во 20 часот, во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм на Кинотеката, во соработка со Кино Балкан. Концертот ќе се одржи во киното „Милениум“. Познатата 74-минутна музичка композиција на Нил Бранд за немиот филм на Алфред Хичкок „Уцена“ (1929), ќе биде премиерно изведена во живо од страна на студентите од Институтот FAME’S, прикажувајќи ја уникатната моќ на живата ...

Во Пациото на Завод и музеј Битола на 16 септември ќе се одржи специјалниот настан ЕТНО 3/4, кој ќе понуди незаборавно патување низ историјата на модата во Битола, со фокус на спојувањето на традицијата и современото. Вечерта ќе биде посветена на реинтерпретација на модната култура од крајот на XIX и почетокот на XX век, со посебен акцент на стиловите А ла Турка, А ла Франга и етно модните трендови. ЕТНО 3/4 е уникатен проект кој ја слави ...

Kомеморација во чест на актеркаta Снежана Стамеска ќе се одржи денеска на пладне во фоајето на Драмски театар во Скопје. Стамеска беше погребана во саботата на Градските гробишта во Бутел пред голем број колеги, почитувачи, роднини и пријатели. Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ѕвездите на македонското глумиште. Дипломирaла на Театарската академија во Белград во 1970. Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во ...

Издавачи од Европа ќе се сретнат во Охрид од денеска во наредните два дена, во рамки на проектот „Млади европски приказни“/Young European Stories на издавачката куќа „Чудна шума“. Ова е втора меѓународна конференција во рамки на проектот „Млади европски приказни“ што ја организира „Чудна шума“, по ланската успешна конференција што се одржа на крајот на август, исто така во Охрид. Конференцијата се одржува под мотото „Кажи ДА за добра книга“ (кое ...

Македонската публика ќе има можност да чита уште едно дело на авторката Капка Касабова, по одличниот прием на „Кон езерото“, во издание на ИЛИ-ИЛИ. Станува збор за „Граница“, во превод на Бранислав Мирчевски, што ќе излезе од печат денеска. Објавувањето на истата е поддржано од Фондот за централна и источна Европа во Амстердам и Министерството на култура на С. Македонија. Капка Касабова е повеќежанровска писателка. Нејзини најпознати прозни ...

Работилницата „Козметички третман на велосипед“ која го најавува фестивалот за дизајн Skopje Design Week, ќе се одржи утре во 11 часот во „Јавна соба“ во Скопје. Работилницата или козметичкиот третман на велосипед е бесплатна за сите, а за третманот ќе се погрижат тату артистите: Ертунч Сали, Сања Симоска и Браникца Јордановска. Велосипедистите кои сакаат да им дадат козметички третман на своите нови или постари велосипеди и на тој начин да ја ...

Kонцертнатa промоција на новата поетска книга на Пијан Славеј, „Јазик за двајца“, ќе се случи утревечер во 20 часот во „Цреша бар“ во Скопје. Ќе настапат „Пијан славеј“. „Пијан Славеј е поет што пишува песни што се пеат и онакви што плачат да бидат испеани. И без разлика дали ќе бидат преведени на јазикот на музиката или ќе останат само на хартија, тоа се песни ‒ жив копнеж и страст, љубовна сила што раѓа и убива светови, мерак што не згаснува, ...

Ви го споделуваме во целост обраќањето на режисерот Слободан Унковски, во знак на почит кон актерката Снежана Стамеска, доајенка на Драмскиот театар Со Снешка не се сеќавам дека сме се дружеле надвор од пробите, но во процесот на развој на драмската материја имавме огромно и квалитетно разбирање и радост во откривањето на поинаквото и возбудливото. Таа умееше да го одигра недофатливото: енергија, опасност или среќа што доаѓаат од некаде, а само ...

На прашањето: Што го прави еден актер, вистински актер? – Снежана Стамеска ќе одговори: Тоа што го прави човек: да се оправдаш себе пред себе, а после и пред другите, своите желби, мисли, постапки. Само така ќе излезеш пред сите оние кои различно мислат и сите ќе ги лапнеш. Тоа е занаетот. Нема лажење. Гледај ги, сакај ги луѓето. Има многучудни приказни на лицата. Сочувај ги во некоја фиока, еден ден ќе ти се најдат – потсети денеска на ...

Многу ученици се борат со анксиозност, депресија и други предизвици за кои ретко се зборува отворено, алармираат училишните психолози. Недостигот од едукација и поддршка во училиштата често ги оставa младите без простор за споделување на проблемите и барање помош. Кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, што ја спроведува граѓанската организација „Младите можат“, не само што ја адресира оваа потреба, туку и поттикнува активен дијалог меѓу ...

– „Носталгична љубов 2” се два и пол исцрпувачки, но неверојатни и среќни денови во големиот Гула студион во Малме, Шведска. Јас, шест вистински инструменти (нема електроника) и големиот звучен инженер Дејвид Карлсон. Сè снимено за два и пол дена! Кларинет, пијано, акустична гитара, акустичен бас, перкусии, малку глас, и вистински морски бранови што ги снимив покрај Јадранското Море на моето омилено место во Хрватска. И јас ги снимив сите ...

Третиот концерт од програмата на Меѓународниот фестивал на класична камерна музика Skupi KamerFest насловен „Австриски класици во дуо“ ќе се одржи вечерва во 19 часот во камерната сала на Филхармонијата во Скопје. Ќе настапат двајцата музичари Клеменс Бок (виолина) и Кристина Шејхер (пијано), и двајцата од Австрија. Тие ќе изведат композиции од: Хендел, Моцарт, Шуберт, Буланже, Дворжак. Влезот е слободен. Фестивалот го организира Здружението за ...

Во организација на Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија, денеска во 11 часот во училиштето „Владо Кантарџиев“ ќе се одржи промоција на новата книга на Киро Донев – романот за деца „Дневникот од штрковото гнездо“. Промотор ќе биде Ацо Ѓоргиев, кој е и автор на поговорот на книгата. Романот е илустриран со цртежи на Славица Купенкова. Приказната во романот се случува меѓу сонот и јавето. Се одвива во едно планинско село во коешто кај ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
5.66
70%
1020
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
1.54
80%
1020
weather icon

Загреб

7ᴼ / 0ᴼ
1.54
72%
1021
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
55%
1017
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
3.28
60%
1017
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
83%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
58%
1014
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1018
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
76%
1019
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -2ᴼ
3.09
68%
1014
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.24
49%
1017
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
5.66
52%
1016
Currency

61.525

Currency

56.0037

Currency

71.6682

Currency

34.3562

Currency

39.376

Currency

65.9274

Currency

7.52805

Currency

0.65486

Currency

0.38117

Currency

0.52509

Currency

1.45935

Currency

0.64308

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

13873.98

Рутениум

20190.67

Калај

29.74

Сребро

991.08

Злато

101598.02

Бакар

8.85

Паладиум

28636.87

Платина

29383.15

Родиум

170398.96

Цинк

2.53