Атрактивни и бравурозни точки на ново издание на „Баскер фест“ нajaвуваат организаторите за вечерва во 20 часот, на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка. И на оваа забавна вечер со отворениот уличен фестивал „Баскер фест” се очекува спектакл под отворено небо со кловнови, жонглери, пантомима, атракција со танчери, марионети, стрелаштво, музика и забава за сите. „Баскер фест” нуди улична уметност за сите генерации, а најмногу ...

Пишува: Љубица Ангелкова Светот изминатите две недели очите ги имаше вперено во Париз. Гледаше како се одвиваат Олимписките игри во ова 2024 лето од новата ера, во градот домаќин, кој по сите критериуми приреди игри што ќе останат запаметени. Излегувајќи од клишеата на славење не само на атлетската извонредност, туку и на човечката креативност во нејзината најдинамична форма. Од церемонијата на отворањето, па до таа завчеравечер која го означи ...

Дванаесет збирки поезија од 75 пристигнати, се избрани во потесна селекција за 7. награда „Антево перо“. На Конкурсот пристигнаа 75 поетски збирки кои имаат разноликост, креативност и особена автентичност и уникатност во поетскиот израз од автори од Италија, Австралија, Србија, Германија, Грција, Канада и од Македонија. – Она што е особено значајна придобивка и на што сме многу горди и среќни е тоа што наградата „Антево перо“ и името и ...

„Плачот на Адам“ е насловот на изложбата на ликовниот уметник Никола Пијанманов која во среда во 18 часот ќе биде отворена во Македонскуот културен центар ви Њујорк (Gallery MC). Д-р Коста Милков од Балканскиот институт за вера и култура вели дека во поставката Пијанманов го соопштува плачот на целиот свет. – „Плачот на Адам“ е пророчки и мисиолошки симбол на уметникот за првиот Адам кој плаче и за вториот Адам – Христос кој извикува „Ете, јас ...

Поради најавениот топлотен бран, односно портокалова фаза, што ќе ја зафати Македонија, Владата донесе мерки за заштита на населението. Во наредните три дена (до 14 август), од работни обврски се ослободени најранивите групи: бремените жени и лица на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење ...

Театарот „Златен Елец“ синоќа гостуваше на Џез фестивалот „Нишвил“ во Ниш, Србија. Актерите Лео Поповиќ и Бобан Алексоски ја изведоа својата дуодрама „Кенди“, во режија на Тамара Стојаноска пред полно гледалиште на отворено. Претставата е дел од официјалната конкуренција на фестивалот кој од година в година расте со својата програма. Музиката е на Лука Тошев. Претставата имаше своја премиера во 2022 година на Фестивалот „Бранко Ѓорчев“ во ...

На летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ од 18 часот, во организација на Клубот на литературни творци – Прилеп, ќе се одржи 17. традиционална меѓународна поетска манифестација „Поетско Маркукуле“. -И оваа година манифестацијата предизвика огромен интерес кај поетите од Македонија и од странство. Прилеп повторно ќе биде центарот на поезијата и убавиот пишан збор, а присутните ќе имаат можност да уживаат во поетските восклици на ...

Владо Јовановски е актер кој во кадар може да чита од телефонски именик, а ние тоа да го доживееме како приказна, тажна и среќна во исто време. Владо Јовановски е она што на почетокот од ова патување наречено филм, од журналот го создало филмот, таков каков што го знаеме денес. Владо Јовановски е посебна, оригинална, неповторлива уметничка големина, и за наша среќа, актер во најдобрите години од својот живот од кого допрва ги очекуваме ...

Книгите на Љупчо Јолевски се „текстуални винили“. Документаристички раритет. Искра светлина од мрачните лавиринти на македонското копи-пејст новинарство. Навезени вистини за едни времиња, гледани од горе, од високо, а срочени лесно, чиниш, како со пердув, вели писателот и поранешен новинар Дејан Трајкоски за книгите „Радио“ и „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“ кои неделава беа промовирани во предворјето на ...

Рокот за достава на дела на конкурсот за наградата „Мост“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2023 година, за дела објавени на некој од јазиците на националностите, се продолжува до 1 септември, објави писателската асоцијација. – Потсетуваме дека согласно Правилникот за доделување на годишните награди на ДПМ, за секоја од наградите потребно е да се достават најмалку 3 дела за да биде конституирана жири-комисија и наградата да се додели – ...

Професорка по македонски јазик и литература Дијана Петрова е авторка на „Јоанес Даубманус“ кој пријавен под шифра „Фанатик“ беше избран за најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“. Повикот го распишува Општина Охрид. Одлуката ја донесе комисијата составена од проф. д-р Димитар Пандев, претседател и членовите д-р Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо Димоски. „Ова е пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена ...

Со претставите „2-квадратни метри“ од Унгарија и „Воздух“ од Словачка заврши 13. ИДТФ „Битолино“. Битолската публика уживаше во претставите што беа дел од годинешното издание на фестивалот кое годинава се одвиваше под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“. Гран при доби претставата „Големото езеро“ од Португалија во продукција на Imaginar do Gigante. Жирито беше во состав, претседател Милан Пајиќ, актер од Србија, режисерите Драгана ...

Васил Хаџиманов, истакнатиот српски пијанист со македонско потекло, композитор и лидер на бенд утревечер во 22 часот на сцената на Долни Сарај во Охрид ќе биде гостин на концертот на Националниот џез оркестар. Диригинт ќе биде маестро Џијан Емин. На концертот ќе бидат изведени дел од најпознатите композиции на Хаџиманов, адаптирани за изведба со биг-бенд, како и композиции од неодамна промовираниот албум “Keyf.” Аранжманите на композициите се на ...

Наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот ќе му биде врачена на актерот Владо Јовановски, вечерва во 20.30 часот кај Црквата Свети Илија во Стар Дојран. Од филмската програма на фестивалот ќе биде прикажан играниот филм „Руски конзул“ во режија на Мирослав Лекиќ од Србија, последниот филм во кој игра Мето Јовановски, а играат заедно со Жарко Лаушевиќ. Во филмот играат: Небојша Дугалиќ, Висар Вишка, ...

Филмски ентузијасти на возраст од 15 до 25 години од земјите од Западен Балкан може да се пријават најдоцна до 25 август за учество на работилница Prishtina Kino Kabaret Младите од Македонија и од останатите пет земји од Западен Балкан имаат нова можност за бесплатна едукација од областа на филмот. Мрежата Edu Cuts, како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs)“, поддржан од British Council, објавува повик за учество на ...

15. издание на „Македокс“ ќе се одржи од 15 до 22 август во традиционалните простори на Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и новиот простор „Лабораториум“ во Скопје Проекција на 92 филмски остварувања, од кои десет се од македонски автори, стотина гости од странство, македонска премиера на „Патување пеш“ на Тамара Котевска, концерт на Дуке Бојаџиев, се дел од програмата на 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера во вилата „Билјана“ во Охрид ги прими средношколците-олимпијци што ја претставија Македонија на 56. Меѓународна олимпијада по хемија на која освоија златен и сребрен медал. Таа им честитаза постигнувањата и им посака да бидат поттик и инспирација за сите млади луѓе што се занимаваат со научно-истражувачка работа. – Ја истакнав својата заложба за изнаоѓање на одржливо системско решение за ...

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга синоќа почна 8. издание на фестивалот за краток филм „Дрим шорт 2024“. Тема во фокус е слободата – термин што денес често се користи, а ретко се ползува. Слободата, која е безброј пати злоупотребена, погазена, украдена и прелажана. Слободата, која денес е заробена од „слободниот свет“. – Затоа 8. издание на фестивалот се одржува со идејата за „Бесконечна слобода“, за оние кои измислуваат нови ...

Со журка за загревање, вечерва во 21 часот во Музјеот на современата уметност во Скопје ќе биде најавен Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ што ќе се одржи од 15 до 22 август на повеќе локации во Скопје. – Петок отсекогаш бил ден за корзо и добра журка. Протегнете ги нозете до МСУ и дојдете на игранка со диџеј Шурбе. Секој нека си го донесе шанкот од дома, а ние ќе се погрижиме за вода, ем ракија, вино и по некое пивце за живце. ...

Концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски ќе се одржи вечерва во 21 часот во охрислата цтква „Св. Софија“ во рамките на фетсивалот Охридско лето. Ќе настапат пијанистите Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтиари и Васил Богоевски на виолина. На програмата се „Соната за две пијана“ од Тошевски и „Рапсодија за виолина и пијано оп. 103“ и „Соната за две пијана“ од Зографски. Анастасија Грговска е родена во Куманово каде го започнува ...

Математичарот Лука Хаџи Јорданов (21) е единствениот Македонец кој добил стипендија Paris Graduate School for Mathematical Sciences за магистерски студии на познатиот универзитет „Сорбона“ во Франција, кој на Шангајската листа е 4. во светот за студии по математика. Оваа стипендија годинава ја добиле 32 студенти во првиот рок за аплицирање, односно вкупно 44 студенти. Хаџи Јорданов неодамна дипломираше теориска математика на Математичкиот ...

Од печат излезе поетската книга „Процвет“ од Цветанка Невчева, издание на „Дата песнопој“ од Битола. Книгата е дел од едицијата Современата македонска книжевност – книжевни меридијани, објавена во рамките на конкурсот на книгоиздателството за што ја доби наградата „Душата на чаршијата“. Илустрација на корицата е дело на Живко Поповски-Цветин, а низ страниците се проткаени слики од д-р Јордан Невчев. Песните во „Процвет“ се врамени во четири ...

„Македоника литера“ деновиве го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“, со илустрации на Славица Купенкова и со поговор на Ацо Ѓоргиев. Приказната во романот се случува меѓу сонот и јавето. Се одвива во едно планинско село во коешто кај своите баба и дедо доаѓаат две внучиња за да го минат летниот распуст. Еден ден, играјќи тенис, топчето малку посилно удрено одлетува во напуштено штрково гнездо. Дедото е ...

Рекорден 351 автор од сите континенти се пријавија на 11. Меѓународен салон за стрип „Велес 2024“. Сите пристигнати дела ќе бидат прегледани од жири-комисија составена од стрип и ликовни дејци од Велес, а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отворање на Меѓународниот стрип салон во Велес, на 20 август. Според Томе Трајков, програм координатор на Стрип центарот на Македонија, големата бројка се должи, пред се, на засилената работа и контакти ...

„Македоника литера“ деновиве го објави најновиот роман за деца на Киро Донев „Дневникот од штрковото гнездо“, со илустрации на Славица Купенкова и со поговор на Ацо Ѓоргиев. Приказната во романот се случува меѓу сонот и јавето. Се одвива во едно планинско село во коешто кај своите баба и дедо доаѓаат две внучиња за да го минат летниот распуст. Еден ден, играјќи тенис, топчето малку посилно удрено одлетува во напуштено штрково гнездо. Дедото е ...

Од денеска до 13 август, по 16. пат во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков-Дрен 2024“ на која ќе учествуваат уметници од земјава и од странство. И годинава уметниците ќе работат на слободна тема. – Очекуваме да се создадат нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот, ...

Филмот „На сè ќе дојде крај“ (Svemu dođe kraj) на режисерот Рајко Грлиќ, во кој и Македонија е копродуцент, ќе учествува на програмата Open Air во рамките на 30. Сараевски филмски фестивал. Ова е последен филм на хрватскиот режисер Рајко Грлиќ, според сценарио на Анте Томиќ. Филмот е соработка помеѓу: Хрватска, Бугарија, Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Турција. Македонски продуцент е Елена Станишева и „Веда филм“. Улогите ги ...

Со „Стела“ и анимирани филмови за деца синхронизирани на македонски јазик започна 3. фестивал „Преку езерото“ во Дојран. Најмладата публика уживаше, а имаа можност одблиску да го запознаат Столе Вујичиќ, режисерот на „Стела“ и да прашаат сè за првиот македонски екофилм. Претходно, во Музејот на Град Дојран се оддржа работилница за филмска писменост со директорот на фестивалот „Преку езерото“, Јани Бојаџи, режисерот на „Стела“, Столе Вујичиќ и ...

Со анимирани филмови за деца синхронизирани на македонски јазик вечерва во 20 часот во Дојран ќе започна 3. фестивал „Преку езерото“. Фестивалот и годинава обрнува внимание на програмата за деца која ќе се одвива на отворено. Годинава „Преку езерото“ се организира со своја програма и во Гевгелија, Валандово и во Богданци. Официјалното отворање ќе биде на 9 август со доделување на наградата „Мето Јовановски“ на актерот Владо Јовановски, како и ...

На сцената Долни Сарај во Охрид, вечерва во 21 часот концерт ќе одржи салса-ансамблот „Меркадонегро“. Анламблот успева да создаде нов стил во жанрот на салса музика. Неговите членови доаѓаат од различни делови на Латинска Америка и секој од нив носи сопствени традиционални тенденции, но оние на Перу, Куба, Колумбија, Венецуела, Италија и Бразил се составен дел на овој музички микс и го прават стилот на Меркадонегро специфичен и препознатлив. ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
40%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.47
60%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
1.54
52%
1013
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
76%
1014
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.47
76%
1015
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
65%
1014
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.14
40%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
45%
1016
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
52%
1016
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
76%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
58%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
77%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52