Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Ватикан, во пресрет на погребот на папата Франциск. По состанокот, Трамп изјави дека е време за „поинаков пристап“ кон рускиот претседател Владимир Путин, посочувајќи дека можеби „не сака да ја запре војната“ во Украина. „Немаше никаква причина Путин да испукува проектили врз цивилни области, градови и населби во последниве денови. Тоа ме тера да ...

Според италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Пиантедоси, најмалку 400.000 верници и посетители присуствувале на погребот на папата Франциск кој се одржа во саботата во Ватикан. Многумина се собраа на плоштадот Свети Петар и покрај улиците на Рим низ кои помина ковчегот со телото на папата до базиликата Света Марија Велика, каде што беше и погребан. „Меѓу присутните на мисата и оние што стоеја по должината на трасата до базиликата, ...

Пакистан денеска повика на неутрална истрага за убиството на група претежно индиски туристи во областа Кашмир, за што Њу Делхи го обвини Исламабад, и истовремено соопшти дека е подготвен да соработува и дека се залага за мир. Индија идентификуваше двајца од тројцата милитанти осомничени за нападот како државјани на Пакистан, иако Исламабад негираше каква било улога во инцидентот во кој во вторникот беа убиени 25 индиски туристи и еден Непалец, ...

Половина од граѓаните на САД се незадоволни од работата на претседателот Доналд Трамп во првите 100 дена од неговиот втор мандат, покажува анкета на Центарот за истражување на јавни работи на Асошиетед прес и NORC. Секој четврти Американец смета дека Трамп е „ужасен“ претседател, додека секој десетти вели дека е „лош“. Од друга страна, една третина од анкетираните го оцениле како „одличен“ или „добар“, а половина од нив оценуваат дека неговиот ...

Третата рунда преговори помеѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма заврши денеска во главниот град на Оман, Мускат. Според шефот на дипломатијата на Оман, Бадр Албусаиди, следниот состанок на високо ниво е привремено закажан за 3 мај. Албусаиди напиша на платформата Х дека денешните разговори се фокусирале на „клучни принципи, цели и технички проблеми“ поврзани со иранската нуклеарна програма. Тој претходно посредуваше и во рундите ...

По денешниот погреб на папата Франциск во базиликата Света Марија Маџоре, на приватна церемонија која траела околу половина час, се поставува сè погласно прашањето кога ќе започне конклавата на која ќе биде избран неговиот наследник. Според традицијата, изборот на новиот поглавар на Католичката црква започнува меѓу 15 и 20 дена по смртта на понтифот, односно по девет дена жалост по погребот. Имајќи предвид дека папата Франциск почина во ...

Преку 700 луѓе се повредени во експлозија во пристаништето во јужниот ирански град Бандар Абас, објавија иранските државни медиуми. Според последните информации, пет лица загинале. Експлозијата се случила во момент кога Иран започнал третиот круг преговори со САД во Оман за својот нуклеарен програм. Причината за експлозијата сè уште не е позната. „Причината за овој инцидент беше експлозија на неколку контејнери на докот во пристаништето Шахид ...

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска изјави дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим. Во објава на социјалната мрежа X, Макрон истакна дека завршувањето на војната во Украина е цел која ја споделува и со американскиот претседател Доналд Трамп, и дека Киев сака да соработува со Европа и САД за постигнување примирје. „Сега е на претседателот Путин да ...

Папата Франциск беше погребан во Базиликата Света Марија Велика во Рим, без присуство на јавноста. Тој е првиот папа кој ќе почива таму од 17. век и првиот по повеќе од 100 години кој е погребан надвор од Ватикан. Пред погребот беше одржана погребна миса предводена од кардинал Џовани Батиста Ре, по која ковчегот на папата беше пренесен до базиликата. На крајот од обредот, кардиналот Ре ја предаде душата на папата на Бога и ги повика верниците да ...

Бројот на повредени во експлозијата што денеска се случи во иранското пристаниште Раджаи, во близина на Бандар Абас – главниот објект за контејнерски испораки во Иран – се зголеми на 516 лица, јави иранската новинска агенција Тасним. Експлозијата се случила во пристаништето Раджаи на југот од Иран, преку кое годишно минуваат околу 80 милиони тони (72,5 милиони метрички тони) различни видови стока, пренесува AP. Иранските власти сè уште не го ...

Програмата Empowering Women in Agrifood – EWA 2025, организирана од EIT Food во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, сега е достапна и за жени претприемачи од Македонија. Доколку имате иновативна идеја или бизнис во агро-прехранбениот сектор, ова е вашата шанса да добиете финансиска поддршка до 10.000 евра, специјализирани обуки за развој на вашата идеја и поддршка од искусни ментори Рок за аплицирање: 25 мај 2025 ...

Најмалку 115 лица се повредени во пожар и силна експлозија која денеска го погоди пристаништето на југот од Иран, објави државната телевизија, според најновиот биланс на настраданите. Претходно, иранската агенција Тасним јави дека во експлозијата во пристаништето Шахид Раџаи биле повредени 47 лица кои биле пренесени во болница. „Силна експлозија се случи на кејот во пристаништето Шахид Раџаи“, кое се наоѓа повеќе од 1.000 километри јужно од ...

Светската програма за храна (WFP) предупреди дека во Газа целосно снемало храна поради израелската блокада на Појасот. Организацијата соопшти дека последната пратка со намирници е веќе испорачана на народните кујни, и оттогаш нема внес на храна, лекови или хуманитарна помош повеќе од 50 дена. Главните гранични премини се затворени, што целосно ја отсекува Газа од потребните ресурси. Појасот Газа е целосно зависен од меѓународна помош, особено ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со неговиот американски колега Доналд Трамп во главниот град на Италија, каде што двајцата пристигнаа за погребот на папата Франциско, изјави портпаролот на Зеленски, додека Белата куќа соопшти дека разговорот бил „многу продуктивен“. „Претседателите се сретнаа во базиликата Свети Петар, а средбата траеше околу 15 минути“, соопшти кабинетот на Зеленски. „Лидерите се договорија денес да ги ...

Денес во 18.00 часот во Музејот на современа уметност во Скопје ќе биде отворена изложбата „Викиекспедиции“. По официјалното отворање ќе има и краток осврт од членовите вклучени во овие експедиции, кои низ десетте години беа различни. „Дојдете да ги видите дел од убавините на македонските села и природа погледната преку окото на тимот од проектот „Викиекспедиции“. Проектот е започнат во 2015 година со идеја за документирање на македонските села ...

Францускиот институт во Скопје со задоволство ја организира изложбата и уметничка средба со Дарко Алексовски — насловена како „Никогаш незаљубен“. Изложбата , составена од две поврзани дела: „Љубовни писма до осаменоста” и „Бранови”, е исповед во формат на писма и просторна инсталација на морски пејзаж, и отсликува размисла за љубовта, сеќавањето и променливоста на меѓучовечките врски. Кураторка: Мелоди Робин ….Писмата ги содржат тие чувства на ...

Денес од 12.00 часот во населба Железара ќе се одржи вториот „МААЛСКИ БУВЉАК“ во дворот на Комбо, купете и поддржете локално.ж„Првиот „Малски бувААЛСКИ БУВЉАК“ во соработка со „Комбо“ – здружение за креативна одржливост беше полн погодок – и не можевме да бидеме поблагодарни за сета добра енергија, пријателски расположени лица и креативни откритија што го исполнија дворот на Комбо. Од винтиџ предмети, рачно изработен накит до книги, облека, ...

Прекинот на огнот и безбедносните гаранции за Украина мора да претходат на секој договор што вклучува преговори за територија, сметаат европските лидери. „Немаме доволно оружје, а не ни луѓе – за да ја вратиме контролата над Крим“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Тој нагласи дека САД нема да мораат да испраќаат војници како дел од безбедносните гаранции. „Вистина е тоа што го кажа Доналд Трамп, американскиот претседател – ...

Иван Димишков – Димиш музичарот кој одлично се етаблира на македонската рок сцена, неодамна во „Лабораториум“ одржа промоција за неговата најнова песна „Срце и мозок“. Ова песна вели „зборува за мислите кои ме уништуваат, но сепак личноста која гордо стои до мене, ми помага да се изборам со истите и да бидам подобар човек“. Спотот го направи Exstasia, а актери во истиот се Анастасија Трајковска и Гоце Андонов. Димиш сам ги пишува, снима и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Украина би била подготвена да разговара за територијални прашања во рамките на мировни преговори, но само по целосно и безусловно примирје од страна на Русија. „Целосно и безусловно примирје отвора можност да разговараме за сè,“ изјави Зеленски пред новинарите во Киев. Трамп во интервју за Тајм рече дека „Крим ќе остане со Русија“. „Тоа што го кажа претседателот Трамп е вистина. Се ...

Шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани изјави дека верува оти на погребот на папата утре во Рим, на кој ќе присуствува претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, нема да се зборува за американските царини, бидејќи тоа би било непочитување кон покојниот поглавар на Римокатоличката црква, пренесоа денес италијанските медиуми. Тајани додаде дека, покрај тоа, за состанокот на таа тема е потребна подготовка, пренесе ...

Повеќе од 480 цивили се убиени во изминатите две недели во северниот дел на Дарфур во Судан, соопштија денеска Обединети нации, истакнувајќи оти најверојатно бројот на загинати е многу поголем. Канцеларијата на ОН за човекови права наведе дека е потврдено оти од 10 април загинале најмалку 481 човек во северниот дел на Дарфур. Помеѓу загинатите најмалку 210 се цивили, вклучително и девет здравствени работници кои се убиени во кампот за раселени ...

Од Агенцијата информираат дека акцијата била спроведена на депонијата „Краста“ со која менаџира јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ Куманово. Акцијата беше организирана и спроведена од страна на Комисијата за уништување на одземени наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, формирана од Управниот одбор на Агенцијата. Согласно претходно изготвените списоци и одлуки, уништени беа предмети кои не можат да се продаваат поради ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ја обвини Украина за денешниот напад со автомобил-бомба во Москва, при што загина рускиот генерал-потполковник Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на руската армија. – Режимот во Киев уште еднаш ја покажа својата вистинска природа. Режимот во Киев продолжува да учествува во терористички активности во нашата земја. Тоа уште еднаш покажува дека, и покрај ...

Индија и Пакистан разменија оган од лесно оружје преку линијата на контрола во Кашмир по нападот во кој загинаа 26 индиски цивили, при што Индија го обвини Пакистан за прекуграничен екстремизам и започна голем безбедносен одговор. Пакистан најави серија одмазднички акции против Индија по обвинувањата на Њу Делхи за вмешаност во нападот во Кашмир, отфрлајќи ги тврдењата како неосновани и политички мотивирани. Володимир Зеленски ја поврза ракетата ...

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) денеска ја уапси окружната судијка од Висконсин, поради наводно помагање на еден човек да ги избегне антиимиграциските мерки во САД, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател. Пател на Икс објави дека ФБИ има основано сомневање дека судијката Дуган „намерно им дала лажни информации на федералните агенти за субјектот да не биде уапсен во нејзината судница“. Тој „субјектот“ го идентификува како државјанин на ...

Францускиот производител на железнички возила „Алстом“ објави дека потпишал договор со бугарското Министерство за транспорт и комуникации за испорака на 35 електрични меѓурегионални возови од типот Coradia Stream, заедно со 15-годишно одржување. Проектот ќе го реализираат „Алстом“ и бугарската компанија RVP Invest, која ќе обезбеди објект за одржување на возовите. Вкупната вредност на договорот изнесува 720 милиони евра, од кои 600 милиони се ...

Полицајците влегле во домот на Гордон Ремзи во Лос Анџелес откако добиле повик за истрели. Но, кога провериле сè, се покажало дека нема знаци на провала, ниту присуство на некаков натрапник. Како што објави TMZ, соседите исто така изјавиле дека во куќата не се случило ништо необично. Ремзи, 58, не бил на имотот за време на инцидентот и се верува дека е најновата позната жртва на „свотинг“ – опасна шега во која „шегаџиите“ испраќаат полицајци од ...

Многу верници ќе имаат можност да се збогуваат со папата Франциск до утре вечер, минувајќи покрај неговиот погреб во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан. Пред погребот, кој ќе се одржи задутре, стотици илјади аџии од целиот свет пристигнуваат во Рим. Интересно е што Италија активираше детален безбедносен план: полицијата ги следи сите улици околу Ватикан, вклучувајќи ги станиците на метрото и областа покрај реката Тибар, а се користат и ...

Според податоците на Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), по земјотресот со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала кој е регистриран во Кутахија, западна Турција, утрово се случил и втор потрес во 10:20 часот, со јачина од 4,6 степени. Земјотресот се случил на длабочина од 12 километри и предизвикал паника. Училиштата во округот Симаф и околните села се затворени на еден ден. Потресот се почувствувал ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
29%
1012
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
4.63
43%
1012
weather icon

Загреб

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
88%
1008
weather icon

Софија

31ᴼ / 30ᴼ
2.06
38%
1014
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.77
30%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
98%
1007
weather icon

Атина

34ᴼ / 29ᴼ
5.14
41%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
54%
1016
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
45%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
7.72
49%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
66%
1012
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
42%
1016
Currency

61.54

Currency

52.6113

Currency

71.1425

Currency

34.7556

Currency

37.9725

Currency

65.9533

Currency

7.38768

Currency

0.62047

Currency

0.35675

Currency

0.52533

Currency

1.27435

Currency

0.59672